Фонд за пензиско Archives - Република https://republika.mk/tema/fond-za-penzisko/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Aug 2023 10:24:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фонд за пензиско Archives - Република https://republika.mk/tema/fond-za-penzisko/ 32 32 МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, редовната непречена исплата на пензиите го потврдува тоа https://republika.mk/vesti/ekonomija/mtsp-penziskiot-fond-e-stabilen-redovnata-neprechena-isplata-na-penziite-go-potvrduva-toa/ Wed, 09 Aug 2023 10:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=670325

Го демантираме и го отфрламе тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките, велат во писмено соопштение од Фондот.

Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на  новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 %. Првото усогласување  во Септември 2022 година беше 6.8%, второто во Март 2023година  – 8.4% и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто.

Ниту едно од овие зголемувања не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите.

Тоа е јасен показател на посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и сигурност на пензионерите.

Пензионерите се приоритет на Владата на Република Македонија. Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму.

Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креираат страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени.

 

The post МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, редовната непречена исплата на пензиите го потврдува тоа appeared first on Република.

]]>

Го демантираме и го отфрламе тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките, велат во писмено соопштение од Фондот.
Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите. Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на  новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 %. Првото усогласување  во Септември 2022 година беше 6.8%, второто во Март 2023година  – 8.4% и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто.
Ниту едно од овие зголемувања не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите. Тоа е јасен показател на посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и сигурност на пензионерите. Пензионерите се приоритет на Владата на Република Македонија. Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму. Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креираат страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени.  

The post МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, редовната непречена исплата на пензиите го потврдува тоа appeared first on Република.

]]>
Државниот ревизор утврдил дека во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување владее тотален хаос https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-revizor-utvrdil-deka-vo-fondot-na-penzisko-i-invalidsko-osiguruvane-vladee-totalen-haos/ Tue, 28 Mar 2023 09:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=624587

Државниот завод за ревизија (ДЗР), по извршена ревизија во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, јавно објавува дека изразиле мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на активностите и финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

„ДЗР изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2021 година. Со извршената ревизија за 2021 година изразивме мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на активностите и финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Извршена е ревизија и издаден е извештај на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2020 година, при што е изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики“, наведено е во резимето на извештајот на ДЗР, кој е јавно достапен.

Понатака се вели дека со ревизијата било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, и било констатирано дека од вкупно осумнаесет препораки, само една е спроведена, додека спроведувањето на три препораки е во тек, а три препораки имаат статус на делумно спроведени. Единаесет препораки воопшто не биле спроведени, објавува ДЗР.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година, ревизијата утврдила дека:

– Системот на внатрешни контроли во процесот на остварување на правата од ПИО и процесот на исплата на пензиските примања е уреден со повеќе поединечни интерни акти и процедури од кои дел не се ажурирани целосно согласно на електронскиот систем кој е во примена;

– Отсуствува целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесот поради недостиг на вработени, а воспоставените внатрешни контроли не секогаш го покриваат ризикот од комплетност на документацијата во електронското пензиско досие, точност и навременост во постапката.

Поради наведеното, смета ДЗР, постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право.

Фондот се соочува со недостиг на потребните кадровски капацитети во делот на стручен и обучен кадар за актуарство поради што изостанува реализирање на активности за изготвување анализи за состојбите во пензискиот систем, недоволен е бројот на вработени во Секторот за ИТ, а внатрешната ревизија функционира без утврдениот законски минимум на потребен кадар.

Слабостите во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО.

Поради недобиени соодветни податоци за вработување и регистрација на обврзниците, како и грешки при внесот од страна на други институции, на уплатната сметка наменета за прибирање средства од наплатен придонес за ПИО има нераспоредени средства кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО;

Недоволните механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии за кои се евидентираат побарувања од граѓани, а нискиот процент на поврат на повеќе исплатените средства упатува на неизвесност за наплата на истите во наредниот период.

„Постојат слабости при спроведувањето и реализацијата на дел од постапките за јавни набавки. За констатираните состојби ревизијата даде препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период“, наведува ДЗР.

Во делот на нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ревизијата обелоденува за:

– Неповолна финансиска состојба во која се наоѓа друштвото за угостителство, одмор и рекреација на пензионери Борец во Битола, чиј основач е Фондот

– Судските постапки во кои Фондот е тужена страна односно тужител и

– Состојбата на неосновано повлечени средства од сметката на Фондот од страна на извршителите по основ на налози за извршување, во кои како должници се јавуваат корисници на пензија, како и активности од страна на Фондот поврзани со реализација на налози за извршување.

Во делот на останати прашања, ДЗР известува за:

– Структурата и нивото на остварени приходи во известувачкиот период дефицитот во исплатата на пензиските примања, како и неизвесностите по работењето на Фондот поврзани со инфлаторните движења и неповолните демографски движења;

– воспоставениот систем за утврдување, контрола и наплата на придонес кој не се базира на целосно ажурно и точно интегрирање и навремена размена на податоци од институциите, што влијае на комплетноста на приходите, како и на ликвидноста на Фондот и одржливоста на пензискиот систем;

– Неплатениот придонес од 2009 година наваму за кој Фондот нема целосно точни информации поради несинхронизираност, неажурност и непотполност на податоците од различни институции

– Најголем дел од побарувањата за неплатен придонес кои заклучно со 2008 година се од неактивни обврзници или обврзници за кои е покрената стечајна постапка и за истите постои неизвесност за наплата.

„Од страна на раководството и поранешниот директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување доставени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, истите се разгледани и е констатирано дека една забелешка се прифаќа, една забелешка е делумно прифатена и две забелешки не се прифатени, а останатите преставуваат известување и образложение за констатираните состојби и преземени мерки или мерки кои ќе бидат преземени во идниот период“, објавува Државниот завод за ревизија.

The post Државниот ревизор утврдил дека во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување владее тотален хаос appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија (ДЗР), по извршена ревизија во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, јавно објавува дека изразиле мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на активностите и финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. „ДЗР изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2021 година. Со извршената ревизија за 2021 година изразивме мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на активностите и финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Извршена е ревизија и издаден е извештај на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2020 година, при што е изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики“, наведено е во резимето на извештајот на ДЗР, кој е јавно достапен. Понатака се вели дека со ревизијата било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, и било констатирано дека од вкупно осумнаесет препораки, само една е спроведена, додека спроведувањето на три препораки е во тек, а три препораки имаат статус на делумно спроведени. Единаесет препораки воопшто не биле спроведени, објавува ДЗР. Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година, ревизијата утврдила дека: – Системот на внатрешни контроли во процесот на остварување на правата од ПИО и процесот на исплата на пензиските примања е уреден со повеќе поединечни интерни акти и процедури од кои дел не се ажурирани целосно согласно на електронскиот систем кој е во примена; – Отсуствува целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесот поради недостиг на вработени, а воспоставените внатрешни контроли не секогаш го покриваат ризикот од комплетност на документацијата во електронското пензиско досие, точност и навременост во постапката. Поради наведеното, смета ДЗР, постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право. „Фондот се соочува со недостиг на потребните кадровски капацитети во делот на стручен и обучен кадар за актуарство поради што изостанува реализирање на активности за изготвување анализи за состојбите во пензискиот систем, недоволен е бројот на вработени во Секторот за ИТ, а внатрешната ревизија функционира без утврдениот законски минимум на потребен кадар. Слабостите во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО. Поради недобиени соодветни податоци за вработување и регистрација на обврзниците, како и грешки при внесот од страна на други институции, на уплатната сметка наменета за прибирање средства од наплатен придонес за ПИО има нераспоредени средства кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО; Недоволните механизми за присилна наплата на утврдените штети поради неоснована исплата на пензии за кои се евидентираат побарувања од граѓани, а нискиот процент на поврат на повеќе исплатените средства упатува на неизвесност за наплата на истите во наредниот период. „Постојат слабости при спроведувањето и реализацијата на дел од постапките за јавни набавки. За констатираните состојби ревизијата даде препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период“, наведува ДЗР. Во делот на нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ревизијата обелоденува за: – Неповолна финансиска состојба во која се наоѓа друштвото за угостителство, одмор и рекреација на пензионери Борец во Битола, чиј основач е Фондот – Судските постапки во кои Фондот е тужена страна односно тужител и – Состојбата на неосновано повлечени средства од сметката на Фондот од страна на извршителите по основ на налози за извршување, во кои како должници се јавуваат корисници на пензија, како и активности од страна на Фондот поврзани со реализација на налози за извршување. Во делот на останати прашања, ДЗР известува за: – Структурата и нивото на остварени приходи во известувачкиот период дефицитот во исплатата на пензиските примања, како и неизвесностите по работењето на Фондот поврзани со инфлаторните движења и неповолните демографски движења; – воспоставениот систем за утврдување, контрола и наплата на придонес кој не се базира на целосно ажурно и точно интегрирање и навремена размена на податоци од институциите, што влијае на комплетноста на приходите, како и на ликвидноста на Фондот и одржливоста на пензискиот систем; – Неплатениот придонес од 2009 година наваму за кој Фондот нема целосно точни информации поради несинхронизираност, неажурност и непотполност на податоците од различни институции – Најголем дел од побарувањата за неплатен придонес кои заклучно со 2008 година се од неактивни обврзници или обврзници за кои е покрената стечајна постапка и за истите постои неизвесност за наплата. „Од страна на раководството и поранешниот директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување доставени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, истите се разгледани и е констатирано дека една забелешка се прифаќа, една забелешка е делумно прифатена и две забелешки не се прифатени, а останатите преставуваат известување и образложение за констатираните состојби и преземени мерки или мерки кои ќе бидат преземени во идниот период“, објавува Државниот завод за ревизија.

The post Државниот ревизор утврдил дека во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување владее тотален хаос appeared first on Република.

]]>
Лекарите ќе добијат плата од централниот трезор https://republika.mk/vesti/makedonija/lekarite-ke-dobijat-plata-od-tsentralniot-trezor/ Fri, 17 Feb 2023 17:57:39 +0000 https://republika.mk/?p=610332

Изнајдено е решение за исплата на платите во здравството, дури и ако до понеделник не се реши проблемот со системот на Фондот за здравство. Министерот за финансии Фатмир Бесими, во гостување на националниот сервис МТВ, рече дека доколку до понеделник ФЗО не го реши проблемот со хакираниот систем, средства ќе бидат префрлени директно од средствата на централниот трезор, а понатаму ќе се изврши порамнување со Фондот.

 

-Очигледен е техничкиот проблем со системот во ФЗО, и тоа е хибридна војна која не се случува само кај нас, следствено на тоа и со исплатата на платите за здравствените работници. Доколку набрзо (зборувам за ден два) не се отстрани проблемот со системот на ФЗО, платите ќе се исплатат од Трезорот, а понатаму ќе се направи порамнување со буџетот на ФЗО. Мора да нагласам дека ФЗО има друг систем на исплата од трезорот па затоа е проблемот. Ова е вон редовните процедури, но е во рамки на законот, рече Бесими.

На прашањето дали има доволно средства за исплата на платите на здравствениот сектор, министерот истакна дека буџетот е ликвиден, како и дека приходите во буџетот од почетокот на годината заклучно со средината на февруари се повисоки за 10% во однос на истиот период лани.

The post Лекарите ќе добијат плата од централниот трезор appeared first on Република.

]]>

Изнајдено е решение за исплата на платите во здравството, дури и ако до понеделник не се реши проблемот со системот на Фондот за здравство. Министерот за финансии Фатмир Бесими, во гостување на националниот сервис МТВ, рече дека доколку до понеделник ФЗО не го реши проблемот со хакираниот систем, средства ќе бидат префрлени директно од средствата на централниот трезор, а понатаму ќе се изврши порамнување со Фондот.
  -Очигледен е техничкиот проблем со системот во ФЗО, и тоа е хибридна војна која не се случува само кај нас, следствено на тоа и со исплатата на платите за здравствените работници. Доколку набрзо (зборувам за ден два) не се отстрани проблемот со системот на ФЗО, платите ќе се исплатат од Трезорот, а понатаму ќе се направи порамнување со буџетот на ФЗО. Мора да нагласам дека ФЗО има друг систем на исплата од трезорот па затоа е проблемот. Ова е вон редовните процедури, но е во рамки на законот, рече Бесими. На прашањето дали има доволно средства за исплата на платите на здравствениот сектор, министерот истакна дека буџетот е ликвиден, како и дека приходите во буџетот од почетокот на годината заклучно со средината на февруари се повисоки за 10% во однос на истиот период лани.

The post Лекарите ќе добијат плата од централниот трезор appeared first on Република.

]]>
Партиски вработувања во Фондот за пензиско осигурување: Братучедот и професорот по физичко го советуваат директорот https://republika.mk/vesti/makedonija/partiski-vrabotuvanja-vo-fondot-za-penzisko-osiguruvanje-bratuchedot-i-profesorot-po-fizichko-go-sovetuvaat-direktorot/ Fri, 21 Oct 2022 18:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=564170

Во редакцијата на ТВ Клан стигнал анонимен олик во кој имало документи за вработувања во Фондот за пензиско осигурување.

Како што обајснува новинарот Фуркан Салиу, документите и тоа што е напишано во нив, потврдуваат дека директорот, Дритан беџети, вработил неколку лица само затоа што се негови сопартијци, а не затоа што Фондот има потреба од нивните услуги.

 

 

The post Партиски вработувања во Фондот за пензиско осигурување: Братучедот и професорот по физичко го советуваат директорот appeared first on Република.

]]>

Во редакцијата на ТВ Клан стигнал анонимен олик во кој имало документи за вработувања во Фондот за пензиско осигурување. Како што обајснува новинарот Фуркан Салиу, документите и тоа што е напишано во нив, потврдуваат дека директорот, Дритан беџети, вработил неколку лица само затоа што се негови сопартијци, а не затоа што Фондот има потреба од нивните услуги.    

The post Партиски вработувања во Фондот за пензиско осигурување: Братучедот и професорот по физичко го советуваат директорот appeared first on Република.

]]>