Фонд за иновации Archives - Република https://republika.mk/tema/fond-za-inovacii/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 14:05:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фонд за иновации Archives - Република https://republika.mk/tema/fond-za-inovacii/ 32 32 Фондот за иновации сомничи повеќе фирми за измами и малверзации: Ова се компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон https://republika.mk/vesti/makedonija/fondot-za-inovatsii-somnichi-poveke-firmi-za-izmami-i-malverzatsii-ova-se-kompaniite-koi-bi-mozhele-da-se-soochat-so-krivichen-progon/ Wed, 30 Oct 2024 14:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=832485

И во текот на денешниот ден течат постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител, откако вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) јавно обелодени дека околу 60 компании од различни дејности со фантомски проекти и на други незаконити начини испумпале 3,2 милиони евра од буџетот на Фондот, објави Плусинфо.

Директорот Никола Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови.

Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави.

Новиот директор не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, но иако нагласи дека внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи и во фирми поврзани со политички функционери.

Плусинфо ексклузивно дојде до имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности.

Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар.

Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите.

Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово.

Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи.

Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија.

Покрај овие фирми, во фаза на извршување се и предметите за следните фирми:

„Тецуп Груп“ од Тетово. Со неа е раскинат договорот поради несоодветно менаџирање со средства од проектот. Купени се машини пред потпишување на договорот за финансирање.

„Лемакс-пак” од Струмица. Раскинат е договорот поради незавршување на активности и несоодветно менаџирање со проекти.

Друштво услуги и програмирање „МЕЛСТЕК СОЛУШНС ДООЕЛ“ увоз-извоз Битола од Битола. Раскинат е договорот поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

„АЗЗА ИННОВА“ од Скопје. Раскинат договор поради незавршени активности и некоректно трошење средства.

„Добри деца“ од Скопје. Непостапување по договор и неподнесување извештаи.

„Зафиров кетеринг” од Неготино. Утврдено е трошење на средства без покритие и неспроведување на активности според договорните обврски.

„Агор линк” од Велес. Утврдено е незавршување на проектот и трошење на државни средства без покритие.

„Проген 3 ДОО” од Скопје. Раскинат договор поради незавршени активности и поради некоректно трошење средства.

„МГТ Шпед Логистик“ од Штип. Утврдено е трошење на средствата без покритие и неспроведување на активности според договорните обврски.

„Био лаин“ од Кавадарци. Раскинат е договорот поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

„ЕТС-АЛМ“ од Скопје. Раскинат договор поради незавршување на активности и поради несоодветно менаџирање со проекти.

„Инспирион Солушнс“ од Скопје. Раскинат договор поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности.

Студио за убавина „Мираж“. Оваа фирма е отидена во стечај, но директно ќе се поведе кривична постапка за злоупотреба на државни средства и за измама на државни органи.

Фирмите од овој список ризикуваат да се соочат со пријави за кривичното дело Измама, додека управителите со пријави за кривичното дело Злоупотреба на службена должност Ревизијата во ФИТР утврдила дека не биле склучувани договори согласно со Законот за иновациска дејност. Во некои договори нотарите ставале извршни клаузули во нотарските акти, а во други не – во вториве само се наведува дека исправата има својство на јавна исправа и е подобна да претставува извршна исправа, без да се наведе извршната клаузула во нотарскиот акт.

За ова официјално ќе биде известена Нотарската комора. Потписници на најпроблематичните се проекти поранешните директори Јован Деспотовски и Коста Петров, кои би можеле да се соочат со кривични пријави за Несовесно работење.

Извор: Плусинфо

The post Фондот за иновации сомничи повеќе фирми за измами и малверзации: Ова се компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон appeared first on Република.

]]>

И во текот на денешниот ден течат постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител, откако вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) јавно обелодени дека околу 60 компании од различни дејности со фантомски проекти и на други незаконити начини испумпале 3,2 милиони евра од буџетот на Фондот, објави Плусинфо. Директорот Никола Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови. Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави. Новиот директор не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, но иако нагласи дека внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи и во фирми поврзани со политички функционери. Плусинфо ексклузивно дојде до имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности. Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар. Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите. Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово. Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи. Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија. Покрај овие фирми, во фаза на извршување се и предметите за следните фирми: „Тецуп Груп“ од Тетово. Со неа е раскинат договорот поради несоодветно менаџирање со средства од проектот. Купени се машини пред потпишување на договорот за финансирање. „Лемакс-пак” од Струмица. Раскинат е договорот поради незавршување на активности и несоодветно менаџирање со проекти. Друштво услуги и програмирање „МЕЛСТЕК СОЛУШНС ДООЕЛ“ увоз-извоз Битола од Битола. Раскинат е договорот поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности. „АЗЗА ИННОВА“ од Скопје. Раскинат договор поради незавршени активности и некоректно трошење средства. „Добри деца“ од Скопје. Непостапување по договор и неподнесување извештаи. „Зафиров кетеринг” од Неготино. Утврдено е трошење на средства без покритие и неспроведување на активности според договорните обврски. „Агор линк” од Велес. Утврдено е незавршување на проектот и трошење на државни средства без покритие. „Проген 3 ДОО” од Скопје. Раскинат договор поради незавршени активности и поради некоректно трошење средства. „МГТ Шпед Логистик“ од Штип. Утврдено е трошење на средствата без покритие и неспроведување на активности според договорните обврски. „Био лаин“ од Кавадарци. Раскинат е договорот поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности. „ЕТС-АЛМ“ од Скопје. Раскинат договор поради незавршување на активности и поради несоодветно менаџирање со проекти. „Инспирион Солушнс“ од Скопје. Раскинат договор поради непочитување на договорните обврски и неспроведување на активности. Студио за убавина „Мираж“. Оваа фирма е отидена во стечај, но директно ќе се поведе кривична постапка за злоупотреба на државни средства и за измама на државни органи. Фирмите од овој список ризикуваат да се соочат со пријави за кривичното дело Измама, додека управителите со пријави за кривичното дело Злоупотреба на службена должност Ревизијата во ФИТР утврдила дека не биле склучувани договори согласно со Законот за иновациска дејност. Во некои договори нотарите ставале извршни клаузули во нотарските акти, а во други не – во вториве само се наведува дека исправата има својство на јавна исправа и е подобна да претставува извршна исправа, без да се наведе извршната клаузула во нотарскиот акт. За ова официјално ќе биде известена Нотарската комора. Потписници на најпроблематичните се проекти поранешните директори Јован Деспотовски и Коста Петров, кои би можеле да се соочат со кривични пријави за Несовесно работење. Извор: Плусинфо

The post Фондот за иновации сомничи повеќе фирми за измами и малверзации: Ова се компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон appeared first on Република.

]]>
60 компании со фантомски проекти исцицале 3,2 милиони евра од Фондот за иновации https://republika.mk/vesti/ekonomija/60-kompanii-so-fantomski-proekti-istsitsale-3-2-milioni-evra-od-fondot-za-inovatsii/ Tue, 29 Oct 2024 10:43:16 +0000 https://republika.mk/?p=832001

192 милиони денари или 3,2 милиони евра се испумпани од Фондот за иновации и технолошки развој со фантомски проекти, соопшти директорот на ФИТР, Никола Додов на денешната прес-конференција за ревизијата во оваа институција. Се работи за 60 фирми за кои се води истрага.

Постои и долг за оперативни трошоци од 1.3 милиони евра ненаплатени од поранешното раководство, се преземаат чекори за утврдување одговорност, а за само еден месец 600 илјади евра веќе се наплатени од сегашното, ново раководство.

Директорот Додов соопшти дека во тек е сеопфатна ревизија на исплатените средства за проектите и на самите проекти како се одвивале и одвиваат во моментот. Се истражува и како и по кој законски основ станале корисници на средства од ФИТР.

Постои и основан сомнеж дека со политички договори се дадени огромни средства за проекти, а не според законските прописи и услови на ФИТР.

Се истражува и случај на големи средства дадени во ковид кризата на медицински установи блиски до минатата власт.

Компанија во блиска врска со тогашната власт, поврзана со СДСМ и ДУИ добивала огромни средства од фондот, а истото лице е поврзано и со други 4 компании, каде 80 насто од средствата се префрлаат на сметка на иста компанија, извести директорот на ФИТР, кој најави одговоорност за сериозните неправилности во работата на претходното раководство.

Посочи и дека неколку фирми биле корисници на повеќе грантови за исти, идентични проекти.

Потенцира и дека два „Иновациски“ градови во Македонија се „лидери“ по иновации со најголем број средства од ФИТР по глава на жител.

Во Фондот се само 8 лица вработени со редовен работен однос. Повеќе лица земале хонорари од 60-на илјади денари, не оделе на работа, а само тројца запишани со редовно работно време, дел запишани како „експерти“ одбивале да ги извршат своите задачи.

Се работи на поднесување кривични, а на следната прес-конференција директорот Додов најави дека ќе извести за кривичните пријави.

The post 60 компании со фантомски проекти исцицале 3,2 милиони евра од Фондот за иновации appeared first on Република.

Николоски: Ќе се укине Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-ke-se-ukine-fondot-za-inovatsii-tamu-ke-ima-seriozna-istraga/ Wed, 19 Jun 2024 20:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=789179

Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за вицепремиер и министер за транспорт, изјави дека покрај кратењето на институции ќе има и кратење на директорски места, а ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата.

Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Николоски рече дека освен кратењето на бројот на институции во државава за околу 20 проценти и дваесеттина проценти од функционерските позиции, кратење ќе има и во делот на економските директори.

- Во болниците нема да има по два директори затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа, ќе има само еден директор за цел клинички, Фондот за здравствено осигурување ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден, не по двајца директори, рече Николоски.

Дополни дека ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата.

- Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага, изјави Николоски.

Николоски потенцираше дека нема сите новоназначени луѓе да бидат под политичка заслуга, а во врска со реформите кои водат кон поефикасна работа најави дека ќе се намали и бројот на вработени со цел поефикасна администрација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-idejata-za-poefikasna-administratsija-ja-pravime-preku-kratene-na-institutsii-no-i-funktsii/

- Сите сме свесни дека јавната администрација е преобемна и неефикасна, а сите сме свесни дека приватниот сектор веќе има недостаток на работна сила. Тоа се работи кои што мора да се менуваат во корист на приватниот сектор. Ако сакаме колку-толку ефикасна држава, мора да се намалува јавниот сектор, а да расте приватниот, рече Николоски

The post Николоски: Ќе се укине Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага appeared first on Република.

]]>

Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за вицепремиер и министер за транспорт, изјави дека покрај кратењето на институции ќе има и кратење на директорски места, а ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата. Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Николоски рече дека освен кратењето на бројот на институции во државава за околу 20 проценти и дваесеттина проценти од функционерските позиции, кратење ќе има и во делот на економските директори.
- Во болниците нема да има по два директори затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа, ќе има само еден директор за цел клинички, Фондот за здравствено осигурување ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден, не по двајца директори, рече Николоски.
Дополни дека ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата. - Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага, изјави Николоски. Николоски потенцираше дека нема сите новоназначени луѓе да бидат под политичка заслуга, а во врска со реформите кои водат кон поефикасна работа најави дека ќе се намали и бројот на вработени со цел поефикасна администрација. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-idejata-za-poefikasna-administratsija-ja-pravime-preku-kratene-na-institutsii-no-i-funktsii/
- Сите сме свесни дека јавната администрација е преобемна и неефикасна, а сите сме свесни дека приватниот сектор веќе има недостаток на работна сила. Тоа се работи кои што мора да се менуваат во корист на приватниот сектор. Ако сакаме колку-толку ефикасна држава, мора да се намалува јавниот сектор, а да расте приватниот, рече Николоски

The post Николоски: Ќе се укине Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага appeared first on Република.

]]>
Измамен од Фондот за иновации: Парите ги инвестирал, а сега му ги бараат назад, 30 илјади евра! https://republika.mk/vesti/ekonomija/izmamen-od-fondot-za-inovatsii-parite-gi-investiral-a-sega-mu-gi-baraat-nazad-30-iljadi-evra/ Sat, 06 Jan 2024 09:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=730308

Си добив честитка за Нова Година од -30.000 евра од иновативниот фонд за сопки на мали бизниси 🥳 ајде нека ми е со среќа дуплирање на моите долгови за проект/производ кој веќе се продава (е реализиран) а нив ги мрзи да го проверат🧐 и тврдат дека не сум го реализирал 🫣 😡🫣 Ве замолувам погледнете, изреагирајте, споделете го видеово 🙏 Сериозна е работава и ми треба ФБ поддршка!!!

The post Измамен од Фондот за иновации: Парите ги инвестирал, а сега му ги бараат назад, 30 илјади евра! appeared first on Република.

Фонд за иновации се пере за гревовите: Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од стручни лица од 22 области на експертиза https://republika.mk/vesti/makedonija/fond-za-inovatsii-se-pere-za-grevovite-site-prijaveni-kompanii-pominuvaat-protses-na-pretselektsija-sprovedena-od-struchni-litsa-od-22-oblasti-na-ekspertiza/ Sun, 02 Jul 2023 11:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=657428

Поради бројните написи во медиумите, поврзани со работата на ФИТР, и начинот на кој се финансираат проектите, дозволете да информираме прецизно:

Фондот за иновации и технолошки развој е водечка државна институција за поддршка на стартапи и иновативни компании во Република Македонија. Бројката од речиси 1.000 поддржани проекти, со обем на инвестиции од преку 118 милиони евра, говори дека Фондот е вистински дом на сите иновативни компании и главен мотор за развој на македонската компанија. ФИТР е единствена институција во државата која има сертификат ISO : 31007 за борба против корупција.

Јавниот повик за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст” е наменет за претпријатија и приватни здравствени установи, со цел да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандмиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, зелени и дигитални технологии за нивна трансформација.

Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза. Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликантот и влијание на проектот. Сите проекти кои ќе добијат просечена оцена од минумум 51 поен продолжуваат во следна фаза. Финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 светски експерти. Марвин Лиао, кој е Претседател на КОИ е поранешен директор на Јаху а и самиот има инвестирано во над 400 стартапи.

Исто така, сакаме да истакнеме дека согласно Правилникот на инструментот, финансиската поддршка од страна на Фондот е повратна и истата се врши по стапка од 7,5% од оперативната добивка на корисникот, до остварување на поврат на 105% од износот исплатен од страна на Фондот, или пак за период од пет години по завршување на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен.

Во однос на наведените компаниите: Тор индустрис и Еверест ЏД, кои се добитници на финансиска поддршка под инструментот „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”, истииот претприемач има поднесено предлог проекти под други инструменти за поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, но истите биле одбиени од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции. Тоа значи, дека секоја компанија која не ги исполнува критериумите за подобност на апликант и добил негативна оценка од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, нема да биде одобрен за финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.

The post Фонд за иновации се пере за гревовите: Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од стручни лица од 22 области на експертиза appeared first on Република.

]]>

Поради бројните написи во медиумите, поврзани со работата на ФИТР, и начинот на кој се финансираат проектите, дозволете да информираме прецизно: Фондот за иновации и технолошки развој е водечка државна институција за поддршка на стартапи и иновативни компании во Република Македонија. Бројката од речиси 1.000 поддржани проекти, со обем на инвестиции од преку 118 милиони евра, говори дека Фондот е вистински дом на сите иновативни компании и главен мотор за развој на македонската компанија. ФИТР е единствена институција во државата која има сертификат ISO : 31007 за борба против корупција. Јавниот повик за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст” е наменет за претпријатија и приватни здравствени установи, со цел да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандмиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, зелени и дигитални технологии за нивна трансформација. Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза. Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликантот и влијание на проектот. Сите проекти кои ќе добијат просечена оцена од минумум 51 поен продолжуваат во следна фаза. Финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции, составен од 5 светски експерти. Марвин Лиао, кој е Претседател на КОИ е поранешен директор на Јаху а и самиот има инвестирано во над 400 стартапи. Исто така, сакаме да истакнеме дека согласно Правилникот на инструментот, финансиската поддршка од страна на Фондот е повратна и истата се врши по стапка од 7,5% од оперативната добивка на корисникот, до остварување на поврат на 105% од износот исплатен од страна на Фондот, или пак за период од пет години по завршување на проектот, во зависност од тоа кој услов е прв остварен. Во однос на наведените компаниите: Тор индустрис и Еверест ЏД, кои се добитници на финансиска поддршка под инструментот „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”, истииот претприемач има поднесено предлог проекти под други инструменти за поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој, но истите биле одбиени од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции. Тоа значи, дека секоја компанија која не ги исполнува критериумите за подобност на апликант и добил негативна оценка од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, нема да биде одобрен за финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.  

The post Фонд за иновации се пере за гревовите: Сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од стручни лица од 22 области на експертиза appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Освен концесии за каменолом и хидроцентрала, трговски центар без потрошен денар, внукот на Али Ахмети добил државни пари како иноватор https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-osven-kontsesii-za-kamenolom-i-hidrotsentrala-trgovski-tsentar-bez-potroshen-denar-vnukot-na-ali-ahmeti-dobil-drzhavni-pari-kako-inovator/ Sun, 02 Jul 2023 08:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=657339

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Скандалите поврзани со кланот Зајас немаат крај. Во партиско соопштение се наведува дека внукот на Али Ахмети, младиот Дрин Ахмети со „претприемачки дух“, добивал и државни пари од Фондот за иновации.

Освен концесија за каменолом, концесија за хидроцентрала, трговски центар без потрошен денар, внукот на Али Ахмети се пробал и како иноватор. Од фондот за иновации добил 82 илјади евра. Имено 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети, „Тор индустрис“ и „Еверест ЏД“ добиле државни пари за кофинансирање на иновации. Патем Фондот за иновации од јануари 2022 година го води кадарот на ДУИ, Фестим Халили, кој според фотографиите кои излегоа во медиумите важи за близок пријател со семејството на Дрин Ахмети, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму реагираат дека „од толку многу млади и иновативни луѓе во Македонија, токму на внукот на Али Ахмети му биле доделени пари од страна на институцијата водена кадарот на Али Ахмети“.

За ова мора да реагираат надлежните институции. За ова мора да има и одговорност. Ковачевски молчи и бега од одговори, затоа што не смее да им писне на газдите од Зајас и Мала Речица. Но колку тој бега од одговори толку побрзо и него и неговите газди ќе ги стаса казната од народот, а потоа ќе следи одговорност за секој проневерен денар од народните пари и за секој криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Освен концесии за каменолом и хидроцентрала, трговски центар без потрошен денар, внукот на Али Ахмети добил државни пари како иноватор appeared first on Република.

„Многу иновативно“: Фондот за иновации дал 65.000 евра грант на „Електра Солушн“, еден ден откако добила лиценца https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-inovativno-fondot-za-inovatsii-dal-65-000-evra-grant-na-elektra-solushn-eden-den-otkako-dobiva-litsentsa/ Fri, 17 Mar 2023 11:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=620669

Артан Груби и Димитар Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги. Фамозната „Електра Солушн“, која според власта првин беше локален партнер стана главен столб на проект со 8,3 милиони за неа од вкупно 22 милионскиот тендер, обвини денеска Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Електра Солушн“ не само што нема искуство, бидејќи е фирма за производство на долна облека која во последен момент се префрла во градежништво, туку и за лиценцата за надзор поднесува 12 дена по распишување на повикот за доставување на понудите, а ја добива 5 дена потоа.

Брзината со која „Електра Солушн“ се вклопува во новиот бизнис и станува миленик на власта не застанува тука. Имено, еден ден откако истата добива лиценца за надзор, таа добива грант од Фондот за иновации од 65.000 евра  за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“.

„Електра Солушн“ од фирма која нема никакво искуство од надзор, станува преку ноќ експерт и од фирма за производство на долна облека наплатува 65.000 евра за наводна иновација на програма, која очигледно ќе ја користат при надзорот.

https://www.youtube.com/watch?v=DUFvpXByCso&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Ковачевски и Груби не само што проектот за надзор го дале на фирма која нема никакво искуство при надзор, не само што истата преку ноќ вади лиценца, туку и со буџетски пари наплаќа алатка за надзор.

Јавното обвинителство не смее да остане пасивно. Власта првин тврдеше дека надзорот ќе го вршат странски експерти, а домашните се само локална помош, за на крај да се испостави дека главен играч околу кој се врти целиот тендер е фирма која произведувала долна облека, а за лиценца за надзор поднесува барање дури откако се распишува огласот за поднесување на понуди за надзорот на Коридорите 8 и 10Д, за ден потоа да добие и грант

The post „Многу иновативно“: Фондот за иновации дал 65.000 евра грант на „Електра Солушн“, еден ден откако добила лиценца appeared first on Република.

]]>

Артан Груби и Димитар Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги. Фамозната „Електра Солушн“, која според власта првин беше локален партнер стана главен столб на проект со 8,3 милиони за неа од вкупно 22 милионскиот тендер, обвини денеска Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Електра Солушн“ не само што нема искуство, бидејќи е фирма за производство на долна облека која во последен момент се префрла во градежништво, туку и за лиценцата за надзор поднесува 12 дена по распишување на повикот за доставување на понудите, а ја добива 5 дена потоа.
Брзината со која „Електра Солушн“ се вклопува во новиот бизнис и станува миленик на власта не застанува тука. Имено, еден ден откако истата добива лиценца за надзор, таа добива грант од Фондот за иновации од 65.000 евра  за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“. „Електра Солушн“ од фирма која нема никакво искуство од надзор, станува преку ноќ експерт и од фирма за производство на долна облека наплатува 65.000 евра за наводна иновација на програма, која очигледно ќе ја користат при надзорот. https://www.youtube.com/watch?v=DUFvpXByCso&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Ковачевски и Груби не само што проектот за надзор го дале на фирма која нема никакво искуство при надзор, не само што истата преку ноќ вади лиценца, туку и со буџетски пари наплаќа алатка за надзор.
Јавното обвинителство не смее да остане пасивно. Власта првин тврдеше дека надзорот ќе го вршат странски експерти, а домашните се само локална помош, за на крај да се испостави дека главен играч околу кој се врти целиот тендер е фирма која произведувала долна облека, а за лиценца за надзор поднесува барање дури откако се распишува огласот за поднесување на понуди за надзорот на Коридорите 8 и 10Д, за ден потоа да добие и грант

The post „Многу иновативно“: Фондот за иновации дал 65.000 евра грант на „Електра Солушн“, еден ден откако добила лиценца appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју https://republika.mk/vesti/makedonija/dzr-fondot-za-inovatsii-potroshil-eden-milion-evra-za-honorartsi-i-eksperti-koi-ne-pominale-intervju/ Thu, 09 Mar 2023 13:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=617726

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај за работата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2022 година за периодот од 2019 до 2021 година. Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти и воспоставените политики од иновациска дејност, информираат од ДЗР.

ФИТР потрошил 750.000 евра за ангажирање на надворешни соработници во периодот од 2019 до 2021 година, а 250.000 евра за ангажирање на стручњаци кои требало да ги оценуваат проектите, а ниту тие како експерти не поминале процес на тестирање и интервју.

Со ревизијата е констатирано дека во периодот 2019-2021 година, ФИТР ангажира стручни лица за евалуација и давање на стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка, за кои исплатени се средства во вкупен износ од околу 16 милиони денари. Од страна на ФИТР не се преземени активности за категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции во Регистарот од кој ќе се избираат стручните лица по систем на ротација, не е формирана Комисија за оценување на стручните лица, не е донесен акт за работа на Комисијата и не се врши тестирање и интервју за оценување на стручните лица, врз основа на што ќе се изврши ажурирање на листата со редните броеви на стручните лица запишани во Регистарот.

Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага , поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори. Поради наведеното, а со цел навремено извршување на обврските кои произлегуваат од Договорите склучени со корисниците, чии проекти се одобрени за финансирање, ФИТР објавува јавен повик ,,Услуги за управување со проекти (мониторинг)“. Во периодот 2019-2021 година ФИТР има склучено четири рамковни спогодби за набавка на услуги за управување со проекти (мониторинг) во вкупен износ од околу 101 милион денари, заклучуваат од ДЗР.

Според податоците што ги објави ДЗР, ФИТР не извршил ажурирање на Статутот со измените на законите со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и друга состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност.

Ревизијата уште покажува дека ФИТР извршувал активности кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со планот на владата за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари а нецелосно се реализирани и мерките и активностите утврдени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015, 2016-2018 и 2019-2020 година.

Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки, од кои 7 седум мерки не се реализирани, отсуството на Стратегија за паметна специјализација, а со тоа и не обезбеден континуитет на активностите во иновациската дејност по 2020 година, стратешки документ кој има влијание на креирање и реализација на политиките во областа иновации, односно обезбедување на модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизнис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира, во актите не е определен рокот за склучување на договорите , а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен извештај за претходно спроведени активности. Утврдена е потреба од допрецизирање на програмите за работа на ФИТР со вредносните показатели по инструмент во рамките на одобрените буџетски средства и воспоставување на централизирана база со податоци за доделената финансиска поддршка, констатира ДЗР.

Заводот уште констатирал дека Годишните програми за работа за период 2019- 2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.

Со извршената анализа на актите за систематизација и организација на работните места , со ревизијата се утврди дека истите не соодветствуваат со надлежностите, тежината и обемноста на задачите на ФИТР, односно од систематизирани 16 работни места , пополнети се само 8. Поради зголемениот обем на работа како резултат на законските измени, зголемен буџет, проширените стратешки и програмски определби на ФИТР, доделените надлежности за спроведување на ПЕР, столб 3, во услови на недоволен административен капацитет, ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари,  забележуваат од ДЗР.

Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период.

ЛИНК до целиот извештај

The post ДЗР: Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај за работата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2022 година за периодот од 2019 до 2021 година. Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти и воспоставените политики од иновациска дејност, информираат од ДЗР. ФИТР потрошил 750.000 евра за ангажирање на надворешни соработници во периодот од 2019 до 2021 година, а 250.000 евра за ангажирање на стручњаци кои требало да ги оценуваат проектите, а ниту тие како експерти не поминале процес на тестирање и интервју. Со ревизијата е констатирано дека во периодот 2019-2021 година, ФИТР ангажира стручни лица за евалуација и давање на стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка, за кои исплатени се средства во вкупен износ од околу 16 милиони денари. Од страна на ФИТР не се преземени активности за категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции во Регистарот од кој ќе се избираат стручните лица по систем на ротација, не е формирана Комисија за оценување на стручните лица, не е донесен акт за работа на Комисијата и не се врши тестирање и интервју за оценување на стручните лица, врз основа на што ќе се изврши ажурирање на листата со редните броеви на стручните лица запишани во Регистарот.
Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага , поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори. Поради наведеното, а со цел навремено извршување на обврските кои произлегуваат од Договорите склучени со корисниците, чии проекти се одобрени за финансирање, ФИТР објавува јавен повик ,,Услуги за управување со проекти (мониторинг)“. Во периодот 2019-2021 година ФИТР има склучено четири рамковни спогодби за набавка на услуги за управување со проекти (мониторинг) во вкупен износ од околу 101 милион денари, заклучуваат од ДЗР.
Според податоците што ги објави ДЗР, ФИТР не извршил ажурирање на Статутот со измените на законите со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и друга состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност. Ревизијата уште покажува дека ФИТР извршувал активности кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со планот на владата за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари а нецелосно се реализирани и мерките и активностите утврдени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015, 2016-2018 и 2019-2020 година.
Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки, од кои 7 седум мерки не се реализирани, отсуството на Стратегија за паметна специјализација, а со тоа и не обезбеден континуитет на активностите во иновациската дејност по 2020 година, стратешки документ кој има влијание на креирање и реализација на политиките во областа иновации, односно обезбедување на модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизнис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира, во актите не е определен рокот за склучување на договорите , а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен извештај за претходно спроведени активности. Утврдена е потреба од допрецизирање на програмите за работа на ФИТР со вредносните показатели по инструмент во рамките на одобрените буџетски средства и воспоставување на централизирана база со податоци за доделената финансиска поддршка, констатира ДЗР.
Заводот уште констатирал дека Годишните програми за работа за период 2019- 2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.
Со извршената анализа на актите за систематизација и организација на работните места , со ревизијата се утврди дека истите не соодветствуваат со надлежностите, тежината и обемноста на задачите на ФИТР, односно од систематизирани 16 работни места , пополнети се само 8. Поради зголемениот обем на работа како резултат на законските измени, зголемен буџет, проширените стратешки и програмски определби на ФИТР, доделените надлежности за спроведување на ПЕР, столб 3, во услови на недоволен административен капацитет, ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари,  забележуваат од ДЗР.
Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период. ЛИНК до целиот извештај

The post ДЗР: Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју appeared first on Република.

]]>
Џабе го имаме Фондот за иновации: Maкедонија меѓу последните во Европа по иновациите https://republika.mk/vesti/ekonomija/dzabe-imame-fondot-za-inovacii-makedonija-megju-poslednite-vo-evropa-po-inovaciite/ Sun, 25 Dec 2022 11:11:10 +0000 https://republika.mk/?p=589595

Македонија е меѓу последните во Европа по однос на иновациите, покажува рангирањето на европските статистички институции по однос на најиновативните земји во Европа.

Европскиот индекс за иновации, која ги мери иновациите во Европа според различни показатели, покажува дека Швајцарија имала највисок резултат на збирниот индекс на иновации од 142,4 поени. Од друга страна, Украина има најнизок резултат на збирниот индекс на иновации од 31 поен.

Во групата најлоши е и Македонија со 45, 6 поени, а друштво и прават и Романија, Босна, Албанија и Бугарија.

табела.png

Ова секако е поразувачки податок за Македонија, затоа што државата во изминативе години преку Фондот за иновации и технолошки развој дава огромна буџетска поддршка за компании кои креираат иновативни решенија. Но, и распределбата на пари за таканаречени иновативни компании е постојано следена со скандали и обвинувања дека се финансираат фирми блиски до власта, кои во своите проекти не нудат иновации, или аплицираат за иновации кои се копирани од странски компании.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ постојано објавуваше скандалозен избор на домашни компании, блиски до власта кои добивале огромни средства од ФИТР, но до сега за истите обвинувања нема никаква правна разврска.

Од тука се поставува прашањето , каква оправданост има инстутуцијата Фондот за иновации и технолошки развој, која од една страна постојано дели пари за иновации, а од друга страна нема ништо иновативно, за што покажува и европското рангиирање.

Инаку, европскиот индекс за иновации обезбедува компаративна анализа на иновациските перформанси во земјите на ЕУ, другите европски земји и регионалните соседи. Ги проценува релативните силни и слаби страни на националните системи за иновации и им помага на земјите да ги идентификуваат областите што треба да ги решат.

Целото рангирање може да го погледнете на овој ЛИНК

The post Џабе го имаме Фондот за иновации: Maкедонија меѓу последните во Европа по иновациите appeared first on Република.

]]>

Македонија е меѓу последните во Европа по однос на иновациите, покажува рангирањето на европските статистички институции по однос на најиновативните земји во Европа.

Европскиот индекс за иновации, која ги мери иновациите во Европа според различни показатели, покажува дека Швајцарија имала највисок резултат на збирниот индекс на иновации од 142,4 поени. Од друга страна, Украина има најнизок резултат на збирниот индекс на иновации од 31 поен. Во групата најлоши е и Македонија со 45, 6 поени, а друштво и прават и Романија, Босна, Албанија и Бугарија. табела.png Ова секако е поразувачки податок за Македонија, затоа што државата во изминативе години преку Фондот за иновации и технолошки развој дава огромна буџетска поддршка за компании кои креираат иновативни решенија. Но, и распределбата на пари за таканаречени иновативни компании е постојано следена со скандали и обвинувања дека се финансираат фирми блиски до власта, кои во своите проекти не нудат иновации, или аплицираат за иновации кои се копирани од странски компании. Опозициската ВМРО ДПМНЕ постојано објавуваше скандалозен избор на домашни компании, блиски до власта кои добивале огромни средства од ФИТР, но до сега за истите обвинувања нема никаква правна разврска. Од тука се поставува прашањето , каква оправданост има инстутуцијата Фондот за иновации и технолошки развој, која од една страна постојано дели пари за иновации, а од друга страна нема ништо иновативно, за што покажува и европското рангиирање. Инаку, европскиот индекс за иновации обезбедува компаративна анализа на иновациските перформанси во земјите на ЕУ, другите европски земји и регионалните соседи. Ги проценува релативните силни и слаби страни на националните системи за иновации и им помага на земјите да ги идентификуваат областите што треба да ги решат. Целото рангирање може да го погледнете на овој ЛИНК

The post Џабе го имаме Фондот за иновации: Maкедонија меѓу последните во Европа по иновациите appeared first on Република.

]]>