фолклорен фестивал „Св.Троица“ Archives - Република https://republika.mk/tema/folkloren-festival-sv-troitsa/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Jun 2023 10:12:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фолклорен фестивал „Св.Троица“ Archives - Република https://republika.mk/tema/folkloren-festival-sv-troitsa/ 32 32 Во општина Илинден се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ https://republika.mk/vesti/skopje/vo-opshtina-ilinden-se-odrzha-megunaroden-detski-folkloren-festival-sv-troitsa/ Sun, 04 Jun 2023 10:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=647604

Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа меѓународниот детски фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Фестивалот е во организација на КУД ,,Гоце Марковски” од Долно Лисиче и годинава се одржа по деветти пат, но за прв пат во општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од земјава и странство.

Фестивалот започна со прекрасно дефиле каде сите учесници тргнувајќи од пред спортската сала ,,Гоце Делчев” се движеа по главната улица во Илинден се до Домот на култура ,,Илинден”, каде настапија културно уметнучки друштва од соседна Бугарија, Србија, како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ „Илинден“ , ФА „Седенка“ и ФА „Плетеница“.

Фестивалот има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини, размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци.

 

The post Во општина Илинден се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ appeared first on Република.

]]>

Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа меѓународниот детски фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Фестивалот е во организација на КУД ,,Гоце Марковски” од Долно Лисиче и годинава се одржа по деветти пат, но за прв пат во општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од земјава и странство. Фестивалот започна со прекрасно дефиле каде сите учесници тргнувајќи од пред спортската сала ,,Гоце Делчев” се движеа по главната улица во Илинден се до Домот на култура ,,Илинден”, каде настапија културно уметнучки друштва од соседна Бугарија, Србија, како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ „Илинден“ , ФА „Седенка“ и ФА „Плетеница“. Фестивалот има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини, размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци.  

The post Во општина Илинден се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ appeared first on Република.

]]>