ФМУ Archives - Република https://republika.mk/tema/fmu/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Dec 2023 08:00:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФМУ Archives - Република https://republika.mk/tema/fmu/ 32 32 Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност https://republika.mk/vesti/kultura/godishen-kontsert-na-fakultetot-za-muzichka-umetnost/ Wed, 06 Dec 2023 08:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=720176

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од 20 часот ќе се одржи традиционалниот годишен свечен концерт на кој ќе настапат студенти од сите студиски насоки на ФМУ. Тие ќе изведат дела од Шуплевски, Перт, Прокофјев, Глазунов, Пјацола, Даутовски и Костов.

-Концертот претставува една од централните воннаставни активности на факултетот, содржи стилски и жанровски богата програма изведена од студентите од речиси сите образновни профили, соопшти ФМУ за концертот за кој влезот е слободен.

Ќе учествуваат мешаниот хор при ФМУ „Драган Шуплевски”, симфонискиот оркестар на ФМУ, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ”, студенти од одделите за народни инструменти и за популарни жанрови, од класите на професорите: Драган Даутовски, Сашо Татарчевски, Борјан Цанев, Кирил Туфекчиевски, Иван Иванов, Андријана Јаневска, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски.

 

The post Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од 20 часот ќе се одржи традиционалниот годишен свечен концерт на кој ќе настапат студенти од сите студиски насоки на ФМУ. Тие ќе изведат дела од Шуплевски, Перт, Прокофјев, Глазунов, Пјацола, Даутовски и Костов. -Концертот претставува една од централните воннаставни активности на факултетот, содржи стилски и жанровски богата програма изведена од студентите од речиси сите образновни профили, соопшти ФМУ за концертот за кој влезот е слободен. Ќе учествуваат мешаниот хор при ФМУ „Драган Шуплевски”, симфонискиот оркестар на ФМУ, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ”, студенти од одделите за народни инструменти и за популарни жанрови, од класите на професорите: Драган Даутовски, Сашо Татарчевски, Борјан Цанев, Кирил Туфекчиевски, Иван Иванов, Андријана Јаневска, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски.  

The post Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност appeared first on Република.

]]>
ФМУ организира мини танцов фестивал https://republika.mk/vesti/kultura/fmu-organizira-mini-tantsov-festival/ Tue, 20 Jun 2023 08:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=653271

Факултетот за музичка уметност (ФМУ) - Скопје од денеска до 24 јуни првпат организира мини танцов фестивал „Creadance Dance: Вечери на класичен и современ танц“ чија цел е да се овозможи претставување на студентите на ФМУ од катедрата за балетска педагогија и алумните на факултетот.

Покрај тоа, концептот ги соединува идните студенти и професионалниот танцова кадар. Конципиран е во два изведувачки блока односно во две концертни вечери, соопшти ФМУ.

На малата сцена на Нацоналната опера и балет вечер од 19.30 часот ќе биде презентиран современиот танц од студентите на ФМУ со учество на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Ексклузивен гостин на вечерта е поранешниот студент на ФМУ, Бојан Мицев, и неговата партнерка Амбре Твардовски со која се дел од Оснабрук танцовата компанија во Германија.

Втората вечер од фестивалот, која ќе се одржи на 24 јуни од 20 часот на големата сцена на НОБ, е со доминантно класична балетска програма. Покрај студентите, ќе настапат истакнати солисти од НОБ - Христина Наќевска и Балаж Лочеи и ученици од средното балетско училиште.

Круна на целиот фестивал е настапот на нашиот реномиран балетски играч Марко Мицов и неговата партнерка Маризе Фумеро од Милвоки балет компанијата од САД. На фестивалот ќе бидат доделени награди за млади надежи и трајни вредности во танцовата уметност на Македонија, соопшти Факултетот за музичка уметност.

Мини танцовиот фестивал е поддржан од Министерството за култура. Влезот за посетители е слободен.

The post ФМУ организира мини танцов фестивал appeared first on Република.

]]>

Факултетот за музичка уметност (ФМУ) - Скопје од денеска до 24 јуни првпат организира мини танцов фестивал „Creadance Dance: Вечери на класичен и современ танц“ чија цел е да се овозможи претставување на студентите на ФМУ од катедрата за балетска педагогија и алумните на факултетот.
Покрај тоа, концептот ги соединува идните студенти и професионалниот танцова кадар. Конципиран е во два изведувачки блока односно во две концертни вечери, соопшти ФМУ.
На малата сцена на Нацоналната опера и балет вечер од 19.30 часот ќе биде презентиран современиот танц од студентите на ФМУ со учество на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Ексклузивен гостин на вечерта е поранешниот студент на ФМУ, Бојан Мицев, и неговата партнерка Амбре Твардовски со која се дел од Оснабрук танцовата компанија во Германија. Втората вечер од фестивалот, која ќе се одржи на 24 јуни од 20 часот на големата сцена на НОБ, е со доминантно класична балетска програма. Покрај студентите, ќе настапат истакнати солисти од НОБ - Христина Наќевска и Балаж Лочеи и ученици од средното балетско училиште.
Круна на целиот фестивал е настапот на нашиот реномиран балетски играч Марко Мицов и неговата партнерка Маризе Фумеро од Милвоки балет компанијата од САД. На фестивалот ќе бидат доделени награди за млади надежи и трајни вредности во танцовата уметност на Македонија, соопшти Факултетот за музичка уметност.
Мини танцовиот фестивал е поддржан од Министерството за култура. Влезот за посетители е слободен.

The post ФМУ организира мини танцов фестивал appeared first on Република.

]]>
Хуманитарен концерт за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија https://republika.mk/vesti/kultura/humanitaren-kontsert-za-nastradanite-od-zemjotresite-vo-turtsija-i-sirija/ Mon, 20 Feb 2023 09:31:56 +0000 https://republika.mk/?p=610975

Денеска со почеток во 19 часот на Факултетот за музичка уметност, студентите и професорите ќе одржат хуманитарен концерт за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.

Кога човештвото се соочува со вакви трагедии и искушенија секој започнувајќи од себе треба да даде нешто свое за нов почеток. Болката за изгубен живот е огромна и отвора рани, но солидарноста е таа која ќе започне една нова етапа.

Ние како музичари, студенти и професори на Факултетот за музичка уметност ве повикуваме преку музика да дадеме нешто свое, за нас малку, за нив цело богатство.
Ве покануваме да бидете дел од еден поразличен концерт на кој заеднички ќе укажеме почит и солидарност кон настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.
Концертот ќе се одржи на 20.2.2023 год.(понеделник) почнувајќи од 19 часот во големата сала на Факултетот за музичка уметност-Скопје. Влезот ќе биде слободен. Дополнително ќе бидат поставени кутии од Црвен крст и секој кој сака ќе може да донира според своите можности.

Програмата ќе биде исполнета од различни инструменти и изведувачи.
Како специјални гости ќе настапат и Женскиот младински хор при МКЦ, велат организаторите.

The post Хуманитарен концерт за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

Денеска со почеток во 19 часот на Факултетот за музичка уметност, студентите и професорите ќе одржат хуманитарен концерт за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија.

Кога човештвото се соочува со вакви трагедии и искушенија секој започнувајќи од себе треба да даде нешто свое за нов почеток. Болката за изгубен живот е огромна и отвора рани, но солидарноста е таа која ќе започне една нова етапа.

Ние како музичари, студенти и професори на Факултетот за музичка уметност ве повикуваме преку музика да дадеме нешто свое, за нас малку, за нив цело богатство. Ве покануваме да бидете дел од еден поразличен концерт на кој заеднички ќе укажеме почит и солидарност кон настраданите од земјотресите во Турција и Сирија. Концертот ќе се одржи на 20.2.2023 год.(понеделник) почнувајќи од 19 часот во големата сала на Факултетот за музичка уметност-Скопје. Влезот ќе биде слободен. Дополнително ќе бидат поставени кутии од Црвен крст и секој кој сака ќе може да донира според своите можности.

Програмата ќе биде исполнета од различни инструменти и изведувачи. Како специјални гости ќе настапат и Женскиот младински хор при МКЦ, велат организаторите.

The post Хуманитарен концерт за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>
Музичка промоција на „Пијанистика 1“ од м-р Дирона Соколовска на ФМУ https://republika.mk/vesti/kultura/muzichka-promocija-na-pijanistika-1-od-m-r-dirona-sokolovska-na-fmu/ Wed, 07 Dec 2022 11:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=582913

Новата книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ од м-р Дирона Соколовска ќе биде промовирана на 12 декември (понеделник), со почеток во 19:30 часот во малата сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Промоторки на книгата ќе бидат уредничката Бранка Бугариска и рецензентката Катерина Ќетковиќ-Фидановска. Промоцијата ќе биде збогатена со музичка изведба на м-р Јована Трајчева и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје.

„Пијанистика 1“, која е во издание на „Арс Ламина – публикации“, претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретација на музичкиот инструмент пијано, наменето пред сè за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко образование.

Книгата преку оригинален метод и интегрирани содржини од сродни подрачја (историја на музиката и теорија на музиката) на корисниците без и со претходно музичко образование ќе им овозможи системско и темелно совладување на вештината за свирење на пијано и запознавање со богат репертоар на национална и светска музичка литература. Во книгата, освен теориски содржини наменети за објаснување на поимите од теоријата на музиката (тоналитет, скала, акорд, интервал, начини на свирење итн.) и историјата на музика (конструирање на пијаното, историјат и типови на пијана), се содржат близу 150 нотирани музички дела – нотни партитури од композиции за свирење на пијано со две раце. Овие партитури опфаќаат оригинални авторски композиции од авторката за почетници, автентични композиции за пијано од светското класично музичко творештво, но и композиции од домашни, национални композитори, кои се вклучија со свој придонес во публикацијата. Во книгата, авторката користи и обработени популарни класични теми, песни од мјузикли на Бродвеј, џез-стандарди, како и аранжмани за пијано на песни и ора од регионалните етнички и културни поднебја.

Методот за изучување пијано во „Пијанистика 1“ е оригинален, создаден од авторката преку грижливо евидентирање, анализа на податоци и педагошка практика со ученици од најмала до средна возраст, во текот на сопствената 25-годишна работа како педагог по пијано, а со цел ефективно и ефикасно совладување на градивото и усвојување на знаењата. Секоја тематска единица е грижливо обработена и содржи: воведен текстуален дел, кој на корисникот му помага да го поврзе знаењето со претходни знаења; практичен дел – избор нотен материјал од ризницата на светската музика за свирење, наменет за усвојување на новото знаење преку свирење; и заклучен дел – за проверка на знаењето.

The post Музичка промоција на „Пијанистика 1“ од м-р Дирона Соколовска на ФМУ appeared first on Република.

]]>

Новата книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ од м-р Дирона Соколовска ќе биде промовирана на 12 декември (понеделник), со почеток во 19:30 часот во малата сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Промоторки на книгата ќе бидат уредничката Бранка Бугариска и рецензентката Катерина Ќетковиќ-Фидановска. Промоцијата ќе биде збогатена со музичка изведба на м-р Јована Трајчева и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје. „Пијанистика 1“, која е во издание на „Арс Ламина – публикации“, претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретација на музичкиот инструмент пијано, наменето пред сè за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко образование. Книгата преку оригинален метод и интегрирани содржини од сродни подрачја (историја на музиката и теорија на музиката) на корисниците без и со претходно музичко образование ќе им овозможи системско и темелно совладување на вештината за свирење на пијано и запознавање со богат репертоар на национална и светска музичка литература. Во книгата, освен теориски содржини наменети за објаснување на поимите од теоријата на музиката (тоналитет, скала, акорд, интервал, начини на свирење итн.) и историјата на музика (конструирање на пијаното, историјат и типови на пијана), се содржат близу 150 нотирани музички дела – нотни партитури од композиции за свирење на пијано со две раце. Овие партитури опфаќаат оригинални авторски композиции од авторката за почетници, автентични композиции за пијано од светското класично музичко творештво, но и композиции од домашни, национални композитори, кои се вклучија со свој придонес во публикацијата. Во книгата, авторката користи и обработени популарни класични теми, песни од мјузикли на Бродвеј, џез-стандарди, како и аранжмани за пијано на песни и ора од регионалните етнички и културни поднебја. Методот за изучување пијано во „Пијанистика 1“ е оригинален, создаден од авторката преку грижливо евидентирање, анализа на податоци и педагошка практика со ученици од најмала до средна возраст, во текот на сопствената 25-годишна работа како педагог по пијано, а со цел ефективно и ефикасно совладување на градивото и усвојување на знаењата. Секоја тематска единица е грижливо обработена и содржи: воведен текстуален дел, кој на корисникот му помага да го поврзе знаењето со претходни знаења; практичен дел – избор нотен материјал од ризницата на светската музика за свирење, наменет за усвојување на новото знаење преку свирење; и заклучен дел – за проверка на знаењето.

The post Музичка промоција на „Пијанистика 1“ од м-р Дирона Соколовска на ФМУ appeared first on Република.

]]>
„Звукот на идната генерација“ – концерт на студентите од ФМУ вечерва во Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/zvukot-na-idnata-generacija-koncert-na-studentite-od-fmu-vecherva-vo-filharmonija/ Thu, 09 Jun 2022 08:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=512965

Овој четврток во 20 часот во Филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Звукот на идната генерација“ на кој ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност. Диригент е Борјан Цанев, а на програмата се дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс. Како солисти ќе настапат Магдалена Кочоска, Виктор Богоевски, Анел Селим, Памела Велкова, Искра Атанасова Митуш, Ивона Базгаловска и Ана Спасовска.

Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Добитник е на наградата „Аугуст Манс“ за најдобар диригент токму на Кралскиот музички колеџ, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис. Во наредните години маестро Цанев остварува многубројни концерти со Македонската филхармонија, како и со нејзиниот Камерен оркестар во Македонија и во странство (Рим, Париз, Истанбул, Прага, Нови Сад, Загреб, Њујорк, турнеи во Полска и Казахстан). Од 2002 година до денес е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Во 2005 година Цанев дебитира во Македонската опера и балет, каде што следната година ја поставува премиерата на „Волшебната флејта“ од Моцарт. Покрај гореспоменатите, Цанев диригирал и со Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ - Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа“ и др. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Штефан Дор, Џозеф Алези, Дејвид Герет, Стефан Миленковиќ, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Роман Симовиќ, Зи Зи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Криштоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Ана Дурловски, Благој Нацоски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката - Загреб и др. Борјан Цанев како диригент се појавува во САД, Англија, Јапонија, Италија, Франција, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Казахстан, а има направено снимки за Македонската радио-телевизија, за Бугарското национално радио, како и за „F.A.M.E'S“ Македонија. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.

 

The post „Звукот на идната генерација“ – концерт на студентите од ФМУ вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Овој четврток во 20 часот во Филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Звукот на идната генерација“ на кој ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност. Диригент е Борјан Цанев, а на програмата се дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс. Како солисти ќе настапат Магдалена Кочоска, Виктор Богоевски, Анел Селим, Памела Велкова, Искра Атанасова Митуш, Ивона Базгаловска и Ана Спасовска. Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Добитник е на наградата „Аугуст Манс“ за најдобар диригент токму на Кралскиот музички колеџ, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис. Во наредните години маестро Цанев остварува многубројни концерти со Македонската филхармонија, како и со нејзиниот Камерен оркестар во Македонија и во странство (Рим, Париз, Истанбул, Прага, Нови Сад, Загреб, Њујорк, турнеи во Полска и Казахстан). Од 2002 година до денес е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент. Во 2005 година Цанев дебитира во Македонската опера и балет, каде што следната година ја поставува премиерата на „Волшебната флејта“ од Моцарт. Покрај гореспоменатите, Цанев диригирал и со Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер“ од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета“ - Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа“ и др. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Штефан Дор, Џозеф Алези, Дејвид Герет, Стефан Миленковиќ, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Роман Симовиќ, Зи Зи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Криштоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Ана Дурловски, Благој Нацоски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката - Загреб и др. Борјан Цанев како диригент се појавува во САД, Англија, Јапонија, Италија, Франција, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Казахстан, а има направено снимки за Македонската радио-телевизија, за Бугарското национално радио, како и за „F.A.M.E'S“ Македонија. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“.  

The post „Звукот на идната генерација“ – концерт на студентите од ФМУ вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
„Звукот на идната генерација“ – концерт на студентите на ФМУ https://republika.mk/vesti/kultura/zvukot-na-idnata-generacija-koncert-na-studentite-na-fmu/ Thu, 09 Jun 2022 07:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=512947

„Звукот на идната генерација“ е насловен концерот вечер од 20 часот во Филхаромнијата, на кој ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност.

На програмата се дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс. Како солисти ќе настапат Магдалена Кочоска, Виктор Богоевски, Анел Селим, Памела Велкова, Искра Атанасова Митуш, Ивона Базгаловска и Ана Спасовска.

Концертот ќе го води Борјан Цанев, кој од 1999 е постојан диригент на Филхармонијата. На чело на овој оркестар постигнал забележителни резултати во земјава и во странство, меѓу кои е и првото гостување на оркестарот во САД во 2015 година, вклучувајќи два концерта во Њујорк – во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“. Цанев е професор на Факултетот за музичка уметност од 2002 година.

 

The post „Звукот на идната генерација“ – концерт на студентите на ФМУ appeared first on Република.

]]>

„Звукот на идната генерација“ е насловен концерот вечер од 20 часот во Филхаромнијата, на кој ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност. На програмата се дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс. Како солисти ќе настапат Магдалена Кочоска, Виктор Богоевски, Анел Селим, Памела Велкова, Искра Атанасова Митуш, Ивона Базгаловска и Ана Спасовска. Концертот ќе го води Борјан Цанев, кој од 1999 е постојан диригент на Филхармонијата. На чело на овој оркестар постигнал забележителни резултати во земјава и во странство, меѓу кои е и првото гостување на оркестарот во САД во 2015 година, вклучувајќи два концерта во Њујорк – во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“. Цанев е професор на Факултетот за музичка уметност од 2002 година.  

The post „Звукот на идната генерација“ – концерт на студентите на ФМУ appeared first on Република.

]]>