флурона Archives - Република https://republika.mk/tema/flurona/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jan 2022 10:15:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png флурона Archives - Република https://republika.mk/tema/flurona/ 32 32 Во Македонија потврдени седум пациенти инфицирани со флурона https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-makedonija-potvrdeni-sedum-pacienti-inficirani-so-flurona/ Tue, 25 Jan 2022 10:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=449129

Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје како резултат на паралелно тестирање на грип и на ковид-19, добиени се седум позитивни тестови на двете вирусни заболувања, односно на флурона како што стручно е именувана оваа двојна зараза, пренесе Слободен печат. До Институтот досега не се пријавени починати лица од флурона.

Првпат двојната инфекција флурона во земјава пристигна на 5 јануари, кај 26-годишен пациент од општина Зајас. Според епидемиолошката анкета, тој непосредно пред новогодишните празници се вратил во Македонија од САД каде примил вакцина против ковид-19, а се ревакцинирал непосредно пред да дојде во земјава.

Пациентот беше упатен на домашно лекување без тешка клиничка слика.

Флурона е комбинација на инфлуенца и коронавирус во исто време кај иста личност. Според Алијансата за вакцинација ГАВИ, особено кај луѓе со коморбидитети, ваквата инфекција може да ги зголеми компликациите предизвикани од ковид-19. Можноста за флурона првпат беше детектирана рано во пандемијата кај пациенти во Вухан, Кина. Вакви коинфекции почесто се очекуваат да се случат во зима, поради растот на случаите со омикрон варијантата на коронавирусот и почетокот на сезоната на грип

The post Во Македонија потврдени седум пациенти инфицирани со флурона appeared first on Република.

]]>

Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје како резултат на паралелно тестирање на грип и на ковид-19, добиени се седум позитивни тестови на двете вирусни заболувања, односно на флурона како што стручно е именувана оваа двојна зараза, пренесе Слободен печат. До Институтот досега не се пријавени починати лица од флурона. Првпат двојната инфекција флурона во земјава пристигна на 5 јануари, кај 26-годишен пациент од општина Зајас. Според епидемиолошката анкета, тој непосредно пред новогодишните празници се вратил во Македонија од САД каде примил вакцина против ковид-19, а се ревакцинирал непосредно пред да дојде во земјава. Пациентот беше упатен на домашно лекување без тешка клиничка слика. Флурона е комбинација на инфлуенца и коронавирус во исто време кај иста личност. Според Алијансата за вакцинација ГАВИ, особено кај луѓе со коморбидитети, ваквата инфекција може да ги зголеми компликациите предизвикани од ковид-19. Можноста за флурона првпат беше детектирана рано во пандемијата кај пациенти во Вухан, Кина. Вакви коинфекции почесто се очекуваат да се случат во зима, поради растот на случаите со омикрон варијантата на коронавирусот и почетокот на сезоната на грип

The post Во Македонија потврдени седум пациенти инфицирани со флурона appeared first on Република.

]]>
Што е флурона и кои се најчестите симптоми? https://republika.mk/zivot/zdravje/shto-e-flurona-i-koi-se-najchestite-simptomi/ Wed, 05 Jan 2022 09:08:43 +0000 https://republika.mk/?p=440820

Во Хрватска е потврден првиот случај на флурона. Спротивно на некои тврдења на социјалните мрежи, ова не е нов вид на коронавирус. Што е тогаш флурона?
Имено, иако се шпекулираше дека флурона е нова варијанта на ковид 19, не е тоа. Последната откриена варијанта на ковид 19 е омикрон, а Светската здравствена организација оттогаш не идентификувала друга варијанта.
Имено, кога во телото истовремено ќе се појават коронавирусот и вирусот на грип, тоа е болест наречена флурона, пишуваат хрватските медиуми.
И грипот и Ковид 19 се болести кои влијаат на респираторниот систем и имаат слични симптоми.

Според Светската здравствена организација, симптомите и на грипот и на ковид 19 варираат од личност до личност, но постои група на исти симптоми кои се забележани кај пациентите, пишува Business Insider.
Тие вклучуваат губење на чувството за вкус и мирис, треска, кашлица, отежнато дишење, губење на апетит, постојана болка во градите.
СЗО вели дека благите симптоми на флурона може да се лекуваат дома и дека нема потреба од хоспитализација.
Сепак, постојат потешки симптоми на флурона, а тие може да вклучуваат пневмонија, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.

The post Што е флурона и кои се најчестите симптоми? appeared first on Република.

]]>

Во Хрватска е потврден првиот случај на флурона. Спротивно на некои тврдења на социјалните мрежи, ова не е нов вид на коронавирус. Што е тогаш флурона? Имено, иако се шпекулираше дека флурона е нова варијанта на ковид 19, не е тоа. Последната откриена варијанта на ковид 19 е омикрон, а Светската здравствена организација оттогаш не идентификувала друга варијанта. Имено, кога во телото истовремено ќе се појават коронавирусот и вирусот на грип, тоа е болест наречена флурона, пишуваат хрватските медиуми. И грипот и Ковид 19 се болести кои влијаат на респираторниот систем и имаат слични симптоми. Според Светската здравствена организација, симптомите и на грипот и на ковид 19 варираат од личност до личност, но постои група на исти симптоми кои се забележани кај пациентите, пишува Business Insider. Тие вклучуваат губење на чувството за вкус и мирис, треска, кашлица, отежнато дишење, губење на апетит, постојана болка во градите. СЗО вели дека благите симптоми на флурона може да се лекуваат дома и дека нема потреба од хоспитализација. Сепак, постојат потешки симптоми на флурона, а тие може да вклучуваат пневмонија, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.

The post Што е флурона и кои се најчестите симптоми? appeared first on Република.

]]>
Во 2022 година добредојде за нова болест – флурона – и грип и корона https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-2022-godina-dobredojde-za-nova-bolest-flurona-i-grip-i-korona/ Sat, 01 Jan 2022 19:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=439412

Првиот случај на „флурона”, односно истовремена зараза со корона вирус и грип, е забележан во Израел.

Локалните медиуми известуваат дека пациентката е млада трудница со благи симптоми, која моментално е примена во болницата Беилинсон во градот Петач Тиква, јави Индепендент

„Ѝ беа дијагностицирани грип и коронавирус веднаш штом пристигна“, изјави професорот Арнон Вижницер, директор на Одделот за гинекологија во болницата, за локалниот весник Хамодија.

„Двата теста се вратија позитивни, дури и откако повторно ги проверивме“.

„Болеста е истата болест; тие се вирусни и предизвикуваат отежнато дишење бидејќи и двете го напаѓаат горниот респираторен тракт“, додаде тој.

Израелското министерство за здравство соопшти дека го проучуваат случајот за да утврдат дали комбинацијата од двете инфекции може да предизвика посериозно заболување.

Вижницер додаде дека трудницата не била вакцинирана против коронавирус или грип, но немала особено силни симптоми. Таа се чувствува добро и се очекува да биде пуштена од болница во четврток, јави Њузвик.

Ова е прв документиран случај на истовремена инфекција со коронавирус и вирус на грип, но здравствените експерти веруваат дека имало и други кои не се документирани.

Бројот на случаи на зараза со коронавирус во Израел е во пораст. Секој ден се евидентираат околу 2.300 нови случаи.

The post Во 2022 година добредојде за нова болест – флурона – и грип и корона appeared first on Република.

]]>

Првиот случај на „флурона”, односно истовремена зараза со корона вирус и грип, е забележан во Израел. Локалните медиуми известуваат дека пациентката е млада трудница со благи симптоми, која моментално е примена во болницата Беилинсон во градот Петач Тиква, јави Индепендент „Ѝ беа дијагностицирани грип и коронавирус веднаш штом пристигна“, изјави професорот Арнон Вижницер, директор на Одделот за гинекологија во болницата, за локалниот весник Хамодија. „Двата теста се вратија позитивни, дури и откако повторно ги проверивме“. „Болеста е истата болест; тие се вирусни и предизвикуваат отежнато дишење бидејќи и двете го напаѓаат горниот респираторен тракт“, додаде тој. Израелското министерство за здравство соопшти дека го проучуваат случајот за да утврдат дали комбинацијата од двете инфекции може да предизвика посериозно заболување. Вижницер додаде дека трудницата не била вакцинирана против коронавирус или грип, но немала особено силни симптоми. Таа се чувствува добро и се очекува да биде пуштена од болница во четврток, јави Њузвик. Ова е прв документиран случај на истовремена инфекција со коронавирус и вирус на грип, но здравствените експерти веруваат дека имало и други кои не се документирани. Бројот на случаи на зараза со коронавирус во Израел е во пораст. Секој ден се евидентираат околу 2.300 нови случаи.

The post Во 2022 година добредојде за нова болест – флурона – и грип и корона appeared first on Република.

]]>