Флакрон Беџети Archives - Република https://republika.mk/tema/flakron-bedzeti/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 13:23:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Флакрон Беџети Archives - Република https://republika.mk/tema/flakron-bedzeti/ 32 32 Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerite-vo-poseta-na-kompanijata-tiamo-vo-saraj-250-milioni-evra-za-poddrshka-na-kompaniite/ Thu, 01 Aug 2024 13:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=802383

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Флакрон Беџети го посетија селото Глумово во Општина Сарај, каде извршија увид во фабриката за преработка и производство на месни производи „Тиамо“.

За време на посетата, министерот Дурмиши беше информиран од страна на менаџментот на компанијата за тековната работа, плановите за идните инвестиции, зголеменото производство и проширувањето на пазарите во регионот.

Фабриката „Тиамо“, основана во 1997 година, е еден од најпопуларните локални и национални брендови, препознатлив по својот квалитет и долга традиција. Фабриката користи напредна технологија која го забрзува и олеснува работниот процес, зголемувајќи го квалитетот на производите.

Министерот Дурмиши го информираше раководството дека за поддршка на микро, малите и средните претпријатија, Министерството за економија и труд објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2024 година. За овие мерки од Буџетот на Министерството се издвоени вкупно 80 милиони денари. Еден од јавните повици вклучува надоместување на дел од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ системот. За оваа мерка се предвидени 2 милиони денари, со кофинансирање од 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200 илјади денари за секој апликант. На овој повик може да аплицираат сите микро, мали и средни претпријатија од преработувачката индустрија кои ги исполнуваат поставените критериуми.

Исто така, министерот Дурмиши истакна дека се предвидени 250 милиони евра за поддршка на бизнисот, кредитни линии обезбедени од Владата во соработка со Република Унгарија. Министерството за финансии ги подготвува законите за оваа кредитна линија и ќе ги утврди условите за аплицирање. Финансиската поддршка ќе биде обезбедена преку комерцијалните банки или Банката за развој на Македонија, со цел да се создадат флексибилни услови за кредитирање на компаниите.

 

The post Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Флакрон Беџети го посетија селото Глумово во Општина Сарај, каде извршија увид во фабриката за преработка и производство на месни производи „Тиамо“. За време на посетата, министерот Дурмиши беше информиран од страна на менаџментот на компанијата за тековната работа, плановите за идните инвестиции, зголеменото производство и проширувањето на пазарите во регионот. Фабриката „Тиамо“, основана во 1997 година, е еден од најпопуларните локални и национални брендови, препознатлив по својот квалитет и долга традиција. Фабриката користи напредна технологија која го забрзува и олеснува работниот процес, зголемувајќи го квалитетот на производите. Министерот Дурмиши го информираше раководството дека за поддршка на микро, малите и средните претпријатија, Министерството за економија и труд објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2024 година. За овие мерки од Буџетот на Министерството се издвоени вкупно 80 милиони денари. Еден од јавните повици вклучува надоместување на дел од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ системот. За оваа мерка се предвидени 2 милиони денари, со кофинансирање од 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200 илјади денари за секој апликант. На овој повик може да аплицираат сите микро, мали и средни претпријатија од преработувачката индустрија кои ги исполнуваат поставените критериуми. Исто така, министерот Дурмиши истакна дека се предвидени 250 милиони евра за поддршка на бизнисот, кредитни линии обезбедени од Владата во соработка со Република Унгарија. Министерството за финансии ги подготвува законите за оваа кредитна линија и ќе ги утврди условите за аплицирање. Финансиската поддршка ќе биде обезбедена преку комерцијалните банки или Банката за развој на Македонија, со цел да се создадат флексибилни услови за кредитирање на компаниите.  

The post Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите appeared first on Република.

]]>