фирми Archives - Република https://republika.mk/tema/firmi/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 10:33:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фирми Archives - Република https://republika.mk/tema/firmi/ 32 32 Фирма со нула вработени свртела 12 милиони евра: Во државата има 1.535 фирми без вработени https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-drzhavata-ima-1-535-firmi-bez-vraboteni-a-svrtele-bezmalku-42-milioni-evra/ Wed, 05 Jun 2024 10:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=784913

Бизнисот со нула вработени цвета. Тоа се фирми управувани од еден човек, најчесто газда кој не е пријавен како вработен, затоа што обично има и други фирми, па некаде му течат придонесите. Но, како што велат упатените, тоа може да биде и некое ангажирано лице со некаков менаџерски договор. Постојат дејности, како на пример, продажба на струја, каде што е лесно да се врти милионскиот бизнис со еден управител без вработени, Но, така може да функционираат и некои сосема мали бизниси. Едноставно, тоа го дозволува Законот за трговски друштва, анализира Pari.com.mk

И така, во државава се собрало едно сериозно друштво на фирми без вработени, кое брои дури 1.535 компании! Тие имаат вкупен приход од 41,9 милиони евра и чист профит од 5,2 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“ во соработка со Бизнис мрежа.

Повеќе на Pari.com.mk

The post Фирма со нула вработени свртела 12 милиони евра: Во државата има 1.535 фирми без вработени appeared first on Република.

]]>

Бизнисот со нула вработени цвета. Тоа се фирми управувани од еден човек, најчесто газда кој не е пријавен како вработен, затоа што обично има и други фирми, па некаде му течат придонесите. Но, како што велат упатените, тоа може да биде и некое ангажирано лице со некаков менаџерски договор. Постојат дејности, како на пример, продажба на струја, каде што е лесно да се врти милионскиот бизнис со еден управител без вработени, Но, така може да функционираат и некои сосема мали бизниси. Едноставно, тоа го дозволува Законот за трговски друштва, анализира Pari.com.mk И така, во државава се собрало едно сериозно друштво на фирми без вработени, кое брои дури 1.535 компании! Тие имаат вкупен приход од 41,9 милиони евра и чист профит од 5,2 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“ во соработка со Бизнис мрежа. Повеќе на Pari.com.mk

The post Фирма со нула вработени свртела 12 милиони евра: Во државата има 1.535 фирми без вработени appeared first on Република.

]]>
Од утре и фирмите можат да го користат единствениот таг на автопатите во Србија и во Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-i-firmite-mozhat-da-go-koristat-edinstveniot-tag-na-avtopatite-vo-srbija-i-vo-makedonija/ Fri, 21 Jul 2023 10:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=663864

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, изјави дека од утре сите правни лица ќе можат да станат корисници на веб-платформата за електронска наплата на патарина, преку која ќе им биде овозможено плаќање патарина преку интернет за возење на автопатиштата во Србија и Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Заедничкиот таг меѓу Србија и Македонија се покажа како одличен потег, за што најдобро говори фактот што речиси 20.000 луѓе во Србија ја искористија можноста да патуваат низ двете земји со еден таг, рече Весиќ, соопштија денеска на порталот на ресорното Министерство.

Тој додаде дека компаниите со заедничкиот таг ќе го забрзаат протокот на стоки и услуги, и појасни дека можноста за користење на заедничкиот таг ќе важи за сите правни лица кои сакаат да станат нови корисници, како и за постоечките корисници на припејд системот и за оние кои имаат договор со ЈП „Патишта Србија“, како овластен дистрибутер за електронска наплата на патарина во постпејд системот.

Весиќ рече дека сите правни субјекти треба да ги проверат дневните лимити на платежните картички пред да станат корисници на веб-платформата, за да се уверат дека се во рамки на нивното планирано дневно трошење.

The post Од утре и фирмите можат да го користат единствениот таг на автопатите во Србија и во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, изјави дека од утре сите правни лица ќе можат да станат корисници на веб-платформата за електронска наплата на патарина, преку која ќе им биде овозможено плаќање патарина преку интернет за возење на автопатиштата во Србија и Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Заедничкиот таг меѓу Србија и Македонија се покажа како одличен потег, за што најдобро говори фактот што речиси 20.000 луѓе во Србија ја искористија можноста да патуваат низ двете земји со еден таг, рече Весиќ, соопштија денеска на порталот на ресорното Министерство. Тој додаде дека компаниите со заедничкиот таг ќе го забрзаат протокот на стоки и услуги, и појасни дека можноста за користење на заедничкиот таг ќе важи за сите правни лица кои сакаат да станат нови корисници, како и за постоечките корисници на припејд системот и за оние кои имаат договор со ЈП „Патишта Србија“, како овластен дистрибутер за електронска наплата на патарина во постпејд системот. Весиќ рече дека сите правни субјекти треба да ги проверат дневните лимити на платежните картички пред да станат корисници на веб-платформата, за да се уверат дека се во рамки на нивното планирано дневно трошење.

The post Од утре и фирмите можат да го користат единствениот таг на автопатите во Србија и во Македонија appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Додека фирмите на Дрин Ахмети добиваат 80.000 евра од ФИТР, млади умови од Македонија си заминуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-dodeka-firmite-na-drin-ahmeti-dobivaat-80-000-evra-od-fitr-mladi-umovi-od-makedonija-si-zaminuvaat/ Sat, 01 Jul 2023 12:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=657108

„Околу Фондот за иновации, би сакал да ги искоментирам и оние последниве случувања во изминативе неколку дена, а тоа е околу семејствово на Али Ахмети кое е најверојатно како „успешни бизнисмени“ кои што произлегле изминативе години, успеале да бидат и „добри иноватори“. Имено, фирмите не неговиот внук Дрин Ахмети земале од Фондот за иновации во 2022 година околу 80.000 евра за проекти кои што наводно ги спровеле“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната панел дискусија насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“.

Арсовски додаде дека Антикорупциската комисија можеше и тоа да го преиспита, да види дали има некаков конфликт на интереси бидејќи таму се внуците на Али Ахмети, а тој е пратеник и претседател на ДУИ.

Но, од сето тоа што реков, антикорупционерите спијат и им дозволуваат да сите овие работи едноставно си поминат многу лесно на ДУИ, рече Арсовски.

Арсовски посочи дека заради сет овој криминал што се случува, а институциите молчат, многу млади умови си заминуваат од Македонија.

Ова е уште еден показател дека нам општеството ни е руинирано, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Арсовски: Додека фирмите на Дрин Ахмети добиваат 80.000 евра од ФИТР, млади умови од Македонија си заминуваат appeared first on Република.

]]>

„Околу Фондот за иновации, би сакал да ги искоментирам и оние последниве случувања во изминативе неколку дена, а тоа е околу семејствово на Али Ахмети кое е најверојатно како „успешни бизнисмени“ кои што произлегле изминативе години, успеале да бидат и „добри иноватори“. Имено, фирмите не неговиот внук Дрин Ахмети земале од Фондот за иновации во 2022 година околу 80.000 евра за проекти кои што наводно ги спровеле“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната панел дискусија насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“. Арсовски додаде дека Антикорупциската комисија можеше и тоа да го преиспита, да види дали има некаков конфликт на интереси бидејќи таму се внуците на Али Ахмети, а тој е пратеник и претседател на ДУИ.
Но, од сето тоа што реков, антикорупционерите спијат и им дозволуваат да сите овие работи едноставно си поминат многу лесно на ДУИ, рече Арсовски.
Арсовски посочи дека заради сет овој криминал што се случува, а институциите молчат, многу млади умови си заминуваат од Македонија.
Ова е уште еден показател дека нам општеството ни е руинирано, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Арсовски: Додека фирмите на Дрин Ахмети добиваат 80.000 евра од ФИТР, млади умови од Македонија си заминуваат appeared first on Република.

]]>
Дали бизнисот ги поврзува Георгиевски и Заев во Струмица?! https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-biznisot-gi-povrzuva-georgievski-i-zaev-vo-strumitsa/ Sat, 18 Mar 2023 08:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=620917

Според она што го говори струмичката чаршија и Зоран Заев и Љубчо Георгиевски, двајцата поранешни премиери кои потпишаа договори со Бугарија, и повеќе од убаво заработуваат во овој град, известува „Алфа“, додавајќи дека иако едниот е горд на своите бизниси и не го крие тоа, другиот очигледно се обидува да ги сокрие своите фирми, регистрирани на име на друго лице.

Една од фирмите која се поврзува со Георгиевски, а е со седиште во Струмица е „АМГ Едилха“, која официјално е во сопственост на физичко лице од селото Секирник, општина Босилово. Но како што претхдоно објави Фактор, две третини од вкупниот влог во Едилха имала фирмата ВИП Проект, каде соспственик е физичкото лице Љубчо Георгиевски, чиј матичен број кореспондира со денот, месецот и годината на раѓање на поранешниот премиер.

На истата адреса со Едилха постои и уште една фирма, Ди Фи Мар, a и таа се води на име на друго физичко лице.

Улица „Свети Климент Охридски“ број 240, едно обично стовариште, но на оваа адреса според централниот регистар се наоѓаат и уште две компании АДМ Едилха и Ди-Фи Мар.

Според информациите главниот бизнис на Георгиевски во Струмица е градежништвото и изградбата на згради во овој град.

Повеќе на „Алфа

The post Дали бизнисот ги поврзува Георгиевски и Заев во Струмица?! appeared first on Република.

]]>

Според она што го говори струмичката чаршија и Зоран Заев и Љубчо Георгиевски, двајцата поранешни премиери кои потпишаа договори со Бугарија, и повеќе од убаво заработуваат во овој град, известува „Алфа“, додавајќи дека иако едниот е горд на своите бизниси и не го крие тоа, другиот очигледно се обидува да ги сокрие своите фирми, регистрирани на име на друго лице.
Една од фирмите која се поврзува со Георгиевски, а е со седиште во Струмица е „АМГ Едилха“, која официјално е во сопственост на физичко лице од селото Секирник, општина Босилово. Но како што претхдоно објави Фактор, две третини од вкупниот влог во Едилха имала фирмата ВИП Проект, каде соспственик е физичкото лице Љубчо Георгиевски, чиј матичен број кореспондира со денот, месецот и годината на раѓање на поранешниот премиер.
На истата адреса со Едилха постои и уште една фирма, Ди Фи Мар, a и таа се води на име на друго физичко лице. Улица „Свети Климент Охридски“ број 240, едно обично стовариште, но на оваа адреса според централниот регистар се наоѓаат и уште две компании АДМ Едилха и Ди-Фи Мар. Според информациите главниот бизнис на Георгиевски во Струмица е градежништвото и изградбата на згради во овој град. Повеќе на „Алфа

The post Дали бизнисот ги поврзува Георгиевски и Заев во Струмица?! appeared first on Република.

]]>
Стаменкоска Трајкоска до Ковачевски: Вашата така наречена револуција во соларните панели е за вашите бизнис интереси, затоа вашата сопруга отвора фирма https://republika.mk/vesti/makedonija/stamenkoska-trajkoska-do-kovachevski-vashata-taka-narechena-revolutsija-vo-solarnite-paneli-e-za-vashite-biznis-interesi-zatoa-vashata-sopruga-otvora-firma/ Fri, 24 Feb 2023 18:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=612892

Спомнувате енергетска револуција која државата не ја видела со децении, а сте направиле нешто што функционира само помеѓу десет и 14 часот, ако има сонце дај боже и за 150 мегавати, Козјак произведува повеќе електрична енергија од вашата револуција која е само за вашите бизнис интереси, премиере. Да не беше за вашите бизнис интереси, немаше вашата сопруга да отвора фирма. Немаше Пиксел груп да добива толку државна помош, како што добива, немаше тие ред други фирми кои ги има на отворени финансии и на кои јавноста може да види, да добиваат толкава финансиска поддршка, му посочи на премиерот Димитар Ковачевски пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната седница за именување на нови министри.

Таа посочи дека премиерот нема со што да се пофали затоа што како влада немаат постигнато резултати и затоа, место да го ги образложи квалификациите на новите предлози за министри и постигнатите резултати во изминатата година, Ковачевски поголемиот дел од говорот го троши на навреди на опозицијата.

„За вашиот говор околу предложените кандидати кој ви траеше 15 минути вие кажавте само еден краток дел за новите министри. Само ги прочитавте со име и со презиме и на тоа останавте. Но вашиот говор, поделен на два дела во седум минути помалку зборувавте за некакви политики на градење, а всушност гледаме политики на крадење. Зборувавте за постоење на ред и поредок, ама да имаше ред и поредок во државава немаше ние како опозиција да се буниме толку многу. А останатите минути премиерот ги потроши да ја навредува опозицијата. А, ако имавте резултат многу повеќе од говорот, место за навреди на опозицијата ќе задржуваше на нивно презентирање“, истакна пратеничката Стаменкоска Трајкоска.

Во однос предлозите за новите министри Стаменкоска Трајкоска истакна дека со нивните предлози, Премиерот поддржува нелегални стекнати имоти на министри, како куќата на предлогот за министер за здравство, Фатмир Меџити што покажува дека во државава ќе си врват криминалот и корупцијата.

„Премиере, погледнете, ова е тоа што вие го поддржувате. Ова е куќата на вашиот нов, ако го одберете, министер за здравство Фатмир Меџити, соседот на Арбен Таравари. Оној кој незаконски има стекнато имот во Тафталиџе, оној кој зборуваше во минатото едно, а денес прави друго. Оваа слика нека ја потсетува македонската јавност дека криминалот и корупцијата продолжуваат да врват во државава“, исткна Стаменкоска Трајкоска.

The post Стаменкоска Трајкоска до Ковачевски: Вашата така наречена револуција во соларните панели е за вашите бизнис интереси, затоа вашата сопруга отвора фирма appeared first on Република.

Претрес во фирми во Атина поврзани со нелегалниот софтвер за прислушување https://republika.mk/vesti/balkan/pretres-vo-firmi-vo-atina-povrzani-so-nelegalniot-softver-za-prislushuvanje/ Tue, 13 Dec 2022 14:47:59 +0000 https://republika.mk/?p=585229

Во шест фирми во Атина поврзани со нелегалниот софтвер за следење Предатор, извршила претрес Службата за борба со електронски криминал по добиен налог од грчкото обвинителство, објави весникот „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно во рамките на истрагата, според грчкиот весник, претрес бил извршен и во домовите на вработени во конкретните фирми.

Државната новинска агенција АНА-МПА објави дека станува збор за широка операција на обвинителството со ненадејни претреси, а во фокусот се најмалку шест компании поврзани со конкретниот софтвер.

Според информациите на кои се повикува АНА-МПА, обвинителите кои ја водат истрагата искористиле податоци од изминатите денови, но и документи, како и изјави на сведоци.

Согласно натписите во медиумите во Грција од изминатиот период, политичари, бизнисмени, новинари и сл биле прислушувани и од Националната служба за разузнавање, но и со помош на нелегалниот софтвер Предатор.

Ставот на грчката Влада е дека ниту тие, ниту пак некоја државна служба никогаш не го набавиле или користеле конкретниот софтвер.

Во петокот, Парламентот го изгласа новиот закон за Националната служба за разузнавање (ЕИП) и безбедност на комуникациите, кој меѓу другото, предвидува и целосна забрана на поседување, употреба или трговија на нелегални софтвер за следење.

The post Претрес во фирми во Атина поврзани со нелегалниот софтвер за прислушување appeared first on Република.

]]>

Во шест фирми во Атина поврзани со нелегалниот софтвер за следење Предатор, извршила претрес Службата за борба со електронски криминал по добиен налог од грчкото обвинителство, објави весникот „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно во рамките на истрагата, според грчкиот весник, претрес бил извршен и во домовите на вработени во конкретните фирми. Државната новинска агенција АНА-МПА објави дека станува збор за широка операција на обвинителството со ненадејни претреси, а во фокусот се најмалку шест компании поврзани со конкретниот софтвер. Според информациите на кои се повикува АНА-МПА, обвинителите кои ја водат истрагата искористиле податоци од изминатите денови, но и документи, како и изјави на сведоци. Согласно натписите во медиумите во Грција од изминатиот период, политичари, бизнисмени, новинари и сл биле прислушувани и од Националната служба за разузнавање, но и со помош на нелегалниот софтвер Предатор. Ставот на грчката Влада е дека ниту тие, ниту пак некоја државна служба никогаш не го набавиле или користеле конкретниот софтвер. Во петокот, Парламентот го изгласа новиот закон за Националната служба за разузнавање (ЕИП) и безбедност на комуникациите, кој меѓу другото, предвидува и целосна забрана на поседување, употреба или трговија на нелегални софтвер за следење.

The post Претрес во фирми во Атина поврзани со нелегалниот софтвер за прислушување appeared first on Република.

]]>
Расте бројот на банкротирани компании во Шведска https://republika.mk/vesti/svet/raste-brojot-na-bankrotirani-kompanii-vo-shvedska/ Wed, 02 Nov 2022 11:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=568734

Во септември банкротираа 635 компании во Шведска. Ова е најголемиот број од мај 2020-та година, односно од почетокот на пандемијата на коронавирусот и е зголемен за 38 отсто во однос на септември 2021-ва година, пишува „Bloomberg“.

Агенцијата истакна дека бизнисот во земјата е погоден од растот на цените и политиката на централната банка за зголемување на каматните стапки во обид да се запре инфлацијата.

Според анализите на шведската кредитна агенција „UC“, бројот на компании во стечај се зголемува во 9 од 10 во набљудуваните економски сектори. Ова ги зголемува стравувањата од рецесија во повеќето земји на скандинавскиот полуостров.

Според Јохана Бломе, економист во „UC“, земјата се соочува со целата сила на ефектите од „совршената бура“ која ги комбинира ефектите од војната во Украина, инфлацијата, високите каматни стапки и цените на енергијата.

Сепак, аналитичарите го забележуваат и фактот дека цените на електричната енергија се повисоки во јужните делови на земјата, но несолвентноста на бизнисите се зголемува наместо во северните региони.

Засега нема јасна поврзаност меѓу поскапувањето на струјата, но и очекувањата дека ефектите за малите бизниси ќе станат видливи во зима, особено што стечајната постапка трае одредено време.

Бројот на банкротирани компании во секторот „Трговија на големо“ во септември е зголемен за 72 отсто на годишно ниво, кај хотелиерите и рестораните зголемувањето е 66 отсто, а кај трговците на мало за 45 отсто.

The post Расте бројот на банкротирани компании во Шведска appeared first on Република.

]]>

Во септември банкротираа 635 компании во Шведска. Ова е најголемиот број од мај 2020-та година, односно од почетокот на пандемијата на коронавирусот и е зголемен за 38 отсто во однос на септември 2021-ва година, пишува „Bloomberg“. Агенцијата истакна дека бизнисот во земјата е погоден од растот на цените и политиката на централната банка за зголемување на каматните стапки во обид да се запре инфлацијата. Според анализите на шведската кредитна агенција „UC“, бројот на компании во стечај се зголемува во 9 од 10 во набљудуваните економски сектори. Ова ги зголемува стравувањата од рецесија во повеќето земји на скандинавскиот полуостров. Според Јохана Бломе, економист во „UC“, земјата се соочува со целата сила на ефектите од „совршената бура“ која ги комбинира ефектите од војната во Украина, инфлацијата, високите каматни стапки и цените на енергијата. Сепак, аналитичарите го забележуваат и фактот дека цените на електричната енергија се повисоки во јужните делови на земјата, но несолвентноста на бизнисите се зголемува наместо во северните региони. Засега нема јасна поврзаност меѓу поскапувањето на струјата, но и очекувањата дека ефектите за малите бизниси ќе станат видливи во зима, особено што стечајната постапка трае одредено време. Бројот на банкротирани компании во секторот „Трговија на големо“ во септември е зголемен за 72 отсто на годишно ниво, кај хотелиерите и рестораните зголемувањето е 66 отсто, а кај трговците на мало за 45 отсто.

The post Расте бројот на банкротирани компании во Шведска appeared first on Република.

]]>
Исени: Бизнисите во моментов имаат две опции, да работат со загуба или да се затворат привремено или целосно https://republika.mk/vesti/ekonomija/iseni-firmite-rabotat-so-30-40-otsto-od-kapacitetite-ochekuvame-vladata-da-izleze-vo-presret-na-nashite-baranja/ Tue, 25 Oct 2022 12:50:23 +0000 https://republika.mk/?p=565447

Бизнисот очекува в петок, на 28 октомври, да се одржи редовна седница на Платформата за јавно-приватен дијалог и Владата да каже кои ќе бидат следните чекори за поддршка на стопанството.

Како што вели за МИА претседавачот на Платформата и извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Дриљон Исени, засега нема информација од фирмите членки за отпуштања, но сите работат минимално, со 30 – 40 отсто од производствените капацитети, за да одржат кондиција и да заштедат струја.

Според Исени, бизнисите во моментов имаат две солуции, да работат со загуба што не може да трае долго или да се затворат привремено или целосно.

Бизнисите немаат пари, треба да ги покачат платите за да ги задржат вработените и да плаќаат поскапа електрична енергија, а од друга страна има ослабена потрошувачка. За бизнисите кои се на слободниот пазар ова е веќе реална закана. Владата треба да размисли како да ги поддржи во овој дел, како да се најде начин најмалку да плаќаат за струја. Компаниите имаат две солуции, да работат со загуба што не може да трае долго или да се затворат привремено или целосно. Ако се затворат привремено, треба да ги отпуштат своите работници, а гаранција дека тие ќе останат во земјава нема. Може веднаш да заминат што дополнително ќе го зголеми проблемот со недостиг на работна сила, односно квалификуван кадар. Очекуваме дека Владата ќе ги земе предвид нашите предупредувања зашто ситуацијата е многу тешка - истакнува Исени.

Стопанството, додаде, е во исчекување на последниот пакет мерки за поддршка.

Тоа што се презентира сега е во рамки на досегашната пракса да се нуди повеќе поддршка за социјално ранливите категории и тоа не е лошо, но треба да се најде начин и како бизнисот да се растовари од овој голем товар што го има сега. За бизнисите најголеми три проблеми се поскапувањето на енергенсите, особено електричната енергија, човечкиот капитал и ликвидните средства. Еден од нашите предлози беше како да се намали или целосно привремено да се тргне ДДВ-то за електрична енергија, но и да се стави профитна маржа за дистрибутерите, што и се случи. Наш последен предлог, кој сметаме дека ќе се земе предвид, е да се воспостави горна граница на цена на струјата до одредена сума која треба да ја покријат бизнисите, а разликата да ја покрива државата, по моделот на земјите од регионот. Нека се задолжи уште малку државата, не е проблем, треба бизнисите да ги зачуваме зашто ако бидат принудени да се затворат, ќе ги загубиме и вработените, а на компаниите ќе им треба многу време за да се вратат во нормала - вели Исени.

Во однос на предлогот за горна граница на цена на струјата, од Владата се уште нема согласност.

Владата првично го третира потрошувачот како важен елемент од економијата и тоа е во ред, но прашањето е колку долго може бизнис заедницата да ги трпи поскапувањата. Очекувањата се дека сепак фокусот ќе биде на граѓаните во вид на социјални мерки, но бизнисот уште се надева дека ќе има нешто и за него зашто со оваа цена на електричната енергија, компаниите тешко можат да преживеат - подвлече Исени пред почетокот на денешната визионерска работилница за креирање национална развојна стратегија.

The post Исени: Бизнисите во моментов имаат две опции, да работат со загуба или да се затворат привремено или целосно appeared first on Република.

]]>

Бизнисот очекува в петок, на 28 октомври, да се одржи редовна седница на Платформата за јавно-приватен дијалог и Владата да каже кои ќе бидат следните чекори за поддршка на стопанството. Како што вели за МИА претседавачот на Платформата и извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Дриљон Исени, засега нема информација од фирмите членки за отпуштања, но сите работат минимално, со 30 – 40 отсто од производствените капацитети, за да одржат кондиција и да заштедат струја. Според Исени, бизнисите во моментов имаат две солуции, да работат со загуба што не може да трае долго или да се затворат привремено или целосно.
Бизнисите немаат пари, треба да ги покачат платите за да ги задржат вработените и да плаќаат поскапа електрична енергија, а од друга страна има ослабена потрошувачка. За бизнисите кои се на слободниот пазар ова е веќе реална закана. Владата треба да размисли како да ги поддржи во овој дел, како да се најде начин најмалку да плаќаат за струја. Компаниите имаат две солуции, да работат со загуба што не може да трае долго или да се затворат привремено или целосно. Ако се затворат привремено, треба да ги отпуштат своите работници, а гаранција дека тие ќе останат во земјава нема. Може веднаш да заминат што дополнително ќе го зголеми проблемот со недостиг на работна сила, односно квалификуван кадар. Очекуваме дека Владата ќе ги земе предвид нашите предупредувања зашто ситуацијата е многу тешка - истакнува Исени.
Стопанството, додаде, е во исчекување на последниот пакет мерки за поддршка.
Тоа што се презентира сега е во рамки на досегашната пракса да се нуди повеќе поддршка за социјално ранливите категории и тоа не е лошо, но треба да се најде начин и како бизнисот да се растовари од овој голем товар што го има сега. За бизнисите најголеми три проблеми се поскапувањето на енергенсите, особено електричната енергија, човечкиот капитал и ликвидните средства. Еден од нашите предлози беше како да се намали или целосно привремено да се тргне ДДВ-то за електрична енергија, но и да се стави профитна маржа за дистрибутерите, што и се случи. Наш последен предлог, кој сметаме дека ќе се земе предвид, е да се воспостави горна граница на цена на струјата до одредена сума која треба да ја покријат бизнисите, а разликата да ја покрива државата, по моделот на земјите од регионот. Нека се задолжи уште малку државата, не е проблем, треба бизнисите да ги зачуваме зашто ако бидат принудени да се затворат, ќе ги загубиме и вработените, а на компаниите ќе им треба многу време за да се вратат во нормала - вели Исени.
Во однос на предлогот за горна граница на цена на струјата, од Владата се уште нема согласност.
Владата првично го третира потрошувачот како важен елемент од економијата и тоа е во ред, но прашањето е колку долго може бизнис заедницата да ги трпи поскапувањата. Очекувањата се дека сепак фокусот ќе биде на граѓаните во вид на социјални мерки, но бизнисот уште се надева дека ќе има нешто и за него зашто со оваа цена на електричната енергија, компаниите тешко можат да преживеат - подвлече Исени пред почетокот на денешната визионерска работилница за креирање национална развојна стратегија.

The post Исени: Бизнисите во моментов имаат две опции, да работат со загуба или да се затворат привремено или целосно appeared first on Република.

]]>
За најранливите граѓани, мерки до вечер – за фирмите до крајот на месецот https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-najranlivite-gragjani-merki-do-vecher-za-firmite-do-krajot-na-mesecot/ Sat, 08 Oct 2022 14:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=558813

До вечер ќе бидат финализирани мерките за најранливите категории граѓани, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Од понеделник ќе имаме мерки кои ќе може да се најават за најранливите категории на граѓани, рече денеска премиерот.

Во однос на компаниите, пак, Ковачевски посочи дека постојано се разговара со стопанските комори и за помош на бизнисот.

Владата секојдневно разговара со стопанските комори како да им се помогне на големите компании кои се на либерализираниот пазар. Се подготвува пакет мерки кој би требало да биде финализиран до крајот на овој месец“, рече премиерот.

Според него, намалувањето на ДДВ-то не е клучно во однос на намалувањето на цената на електричната енергија која се зголеми десет пати во споредба со цените пред војната во Украина туку она што е потребно е максимално зголемување на производството на електрична енергија и ставање во функција на сите производствени капацитети.

Се разговара државата да им помогне на големите потрошувачи кои се на либерализираниот пазар. Разговараме за обезбедување поевтина струја од билатерални извори, со Бугарија, Турција, Грција, Србија. Во моментов се подготвува пакет мерки кој би требало да биде финализиран до крајот на овој месец. Ќе се земат предвид карактеристиките на индустриите и врз основа на таква анализа и на буџетските можности, да обезбедиме финансиска поддршка на компаниите кои се на либерализираниот пазар. Тоа во моментов се работи, ќе биде разговарано со стопанските комори. Прво ќе се излезе пред нив, а потоа и пред јавноста, кажа Ковачевски.

Во однос на енергетските капацитети, тој најави дека во понеделник ќе се пушти еден таков во употреба, но не откри детали.

Во понеделник ќе има пуштање во употреба на уште еден производствен енергетски капацитет. Верувам дека во мојот досегашен мандат од девет – десет месеци ќе имаме скоро еднакво инсталирана моќност на нови производствени капацитети на електрична енергија колку што биле инсталирани во последните 30 години, истакна Ковачевски.

За снабдувањето со природен гас преку компаниите што ги посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, тој рече дека министерот за економија Крешник Бектеши е тој што треба да го соопшти исходот.

Бектеши ќе соопшти сам каде бил и какви се резултатите. Тој ќе треба изворно да каже, зашто тој ја водеше нашата делегација. Позитивно е кога ќе стигне понуда и кога таа ќе биде подобра од другите. Јас не можам да интервенирам и да елаборирам понуди од приватни компании ако ги имаа воопшто, кои треба да стигнат во Комисија која независно треба да врши евалуација. Тоа е и етички и законски, рече премиерот.

The post За најранливите граѓани, мерки до вечер – за фирмите до крајот на месецот appeared first on Република.

Азески: Aко Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-ako-vladata-ne-pomogne-kje-ima-zatvoranja-na-kompanii-i-otpushtanja/ Thu, 21 Jul 2022 11:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=531798

Ако Владата не му помогне на бизнисот кој е соочен со енормни сметки за струја, ќе има намалување на производството, затворања на капацитетите и отпуштања на вработени, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Азески соопшти дека вечерва претставници од Комората ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Во Комората во овој момент 1 000 отсто ќе се третира само едно прашање – цената на струјата. Ако Владата не интервенира и не помогне во оваа ситуација, нема друго решение освен да затвораме. Се надеваме дека нема да дојде до тоа, сите ги знаеме проблемите кои се трупаат 30 години и со тоа ниско држење и субвенционирање на цената на струјата сега изгледа огромно тоа покачување во ваква ситуација. Тоа е прв и основен проблем на компаниите и има најава од неколку компании дека ќе почнат да размислуваат за намалување или за затворање на производството и отпуштање на вработените - изјави Азески пред посетата на компанијата „Костал Македонија“ во Охрид заедно со останатите членови на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).

Тој потсети дека Комората веќе побарала помош од Владата.

Побаравме енергично Владата да помогне и да се произнесе по ова прашање. Вечерва имаме средба со премиерот, а вчера е формирана меѓуресорска комисија која наредните десет дена треба да го подготви предлогот врз основа на предлози што ги даде Комората, да оцени дали се прифатливи или не, а потоа средба со премиерот веројатно ќе одржи за десетина дена - истакна Азески.

Според него, искуствата од регионот покажуваат дека во сите шест држави компаниите се во поповолна позиција зашто имаат субвенционирана струја, односно струја со определна цена која е директно од сопственото производство.

Ние сме на слободниот пазар и плаќаме огромни суми кои се движат и до 350 евра, а при комплицирана ситуација на прекин на рускиот гас во Европа, може да дојде до уште двојно поголемо зголемување на цените - рече Азески.

The post Азески: Aко Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања appeared first on Република.

]]>

Ако Владата не му помогне на бизнисот кој е соочен со енормни сметки за струја, ќе има намалување на производството, затворања на капацитетите и отпуштања на вработени, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Азески соопшти дека вечерва претставници од Комората ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Во Комората во овој момент 1 000 отсто ќе се третира само едно прашање – цената на струјата. Ако Владата не интервенира и не помогне во оваа ситуација, нема друго решение освен да затвораме. Се надеваме дека нема да дојде до тоа, сите ги знаеме проблемите кои се трупаат 30 години и со тоа ниско држење и субвенционирање на цената на струјата сега изгледа огромно тоа покачување во ваква ситуација. Тоа е прв и основен проблем на компаниите и има најава од неколку компании дека ќе почнат да размислуваат за намалување или за затворање на производството и отпуштање на вработените - изјави Азески пред посетата на компанијата „Костал Македонија“ во Охрид заедно со останатите членови на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).
Тој потсети дека Комората веќе побарала помош од Владата.
Побаравме енергично Владата да помогне и да се произнесе по ова прашање. Вечерва имаме средба со премиерот, а вчера е формирана меѓуресорска комисија која наредните десет дена треба да го подготви предлогот врз основа на предлози што ги даде Комората, да оцени дали се прифатливи или не, а потоа средба со премиерот веројатно ќе одржи за десетина дена - истакна Азески.
Според него, искуствата од регионот покажуваат дека во сите шест држави компаниите се во поповолна позиција зашто имаат субвенционирана струја, односно струја со определна цена која е директно од сопственото производство.
Ние сме на слободниот пазар и плаќаме огромни суми кои се движат и до 350 евра, а при комплицирана ситуација на прекин на рускиот гас во Европа, може да дојде до уште двојно поголемо зголемување на цените - рече Азески.

The post Азески: Aко Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања appeared first on Република.

]]>
Пожар во три фирми во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozar-vo-tri-firmi-vo-skopje/ Thu, 16 Jun 2022 17:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=516063

Синоќа околу 23.50 часот бил пријавен пожар во с. Долно Лисиче, скопско, а притоа биле зафатени три фирми.

„Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а нема повредени лица“, информира полицијата.

The post Пожар во три фирми во Скопје appeared first on Република.

]]>

Синоќа околу 23.50 часот бил пријавен пожар во с. Долно Лисиче, скопско, а притоа биле зафатени три фирми.   „Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а нема повредени лица“, информира полицијата.  

The post Пожар во три фирми во Скопје appeared first on Република.

]]>