финска и шведска Archives - Република https://republika.mk/tema/finska-i-shvedska/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 08:28:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png финска и шведска Archives - Република https://republika.mk/tema/finska-i-shvedska/ 32 32 Финска нема да ја чека Шведска за влезот во НАТО https://republika.mk/vesti/svet/finska-nema-da-ja-cheka-shvedska-za-vlezot-vo-nato/ Tue, 28 Feb 2023 08:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=614026

Во Парламентот на Финска денеска ќе се одржи завршната расправа за приклучување во НАТО и однапред ќе се гласа со цел што побрзо земјата да влезе во таа воена алијанса, одлучувајќи дека нема чека на претходна потврда на Турција и Унгарија, ниту на изборите во својата земја на почетокот на април.

Владата на премиерката Сана Марин се соочува со избори на 2 април, а Хелсинки сака да избегне каков било политички вакум за да се качи на возот за НАТО штом Анкара и Будимпешта ќе го ратификуваат нивното барање за членство во матичните парламенти.

Тоа значи дека можеби нема да ја чека соседна Шведска, исто така кандидат за НАТО, но која во моментов се соочува со вето од Турција.

Двесте пратеници во финскиот Парламент денеска ќе одржат финална расправа за предлог-законот за влез во НАТО, а гласањето ќе се одржи најдоцна до утре.

Нивната дискусија се совпаѓа со пристигнувањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Финска. Тој ќе се сретне со лидерите на таа нордиска земја со 5,5 милиони жители.

Усвојувањето на законот за приклучување во НАТО не значи дека Хелсинки, по ратификацијата на Турција и Унгарија, автоматски ќе влезе во НАТО, но ќе има јасен календар: по усвојувањето на законот, претседателот Саули Ниинисто има најмногу три месеци да го потпише. Тој веќе најави дека ќе го стори тоа веднаш штом законот биде усвоен.

Мнозинството од 53 проценти од Финците сакаат да влезат во НАТО не чекајќи на Шведска.

The post Финска нема да ја чека Шведска за влезот во НАТО appeared first on Република.

]]>

Во Парламентот на Финска денеска ќе се одржи завршната расправа за приклучување во НАТО и однапред ќе се гласа со цел што побрзо земјата да влезе во таа воена алијанса, одлучувајќи дека нема чека на претходна потврда на Турција и Унгарија, ниту на изборите во својата земја на почетокот на април. Владата на премиерката Сана Марин се соочува со избори на 2 април, а Хелсинки сака да избегне каков било политички вакум за да се качи на возот за НАТО штом Анкара и Будимпешта ќе го ратификуваат нивното барање за членство во матичните парламенти. Тоа значи дека можеби нема да ја чека соседна Шведска, исто така кандидат за НАТО, но која во моментов се соочува со вето од Турција. Двесте пратеници во финскиот Парламент денеска ќе одржат финална расправа за предлог-законот за влез во НАТО, а гласањето ќе се одржи најдоцна до утре. Нивната дискусија се совпаѓа со пристигнувањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Финска. Тој ќе се сретне со лидерите на таа нордиска земја со 5,5 милиони жители. Усвојувањето на законот за приклучување во НАТО не значи дека Хелсинки, по ратификацијата на Турција и Унгарија, автоматски ќе влезе во НАТО, но ќе има јасен календар: по усвојувањето на законот, претседателот Саули Ниинисто има најмногу три месеци да го потпише. Тој веќе најави дека ќе го стори тоа веднаш штом законот биде усвоен. Мнозинството од 53 проценти од Финците сакаат да влезат во НАТО не чекајќи на Шведска.

The post Финска нема да ја чека Шведска за влезот во НАТО appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Можеме да ја прифатиме Финска во НАТО, но без Шведска https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-mozheme-da-ja-prifatime-finska-vo-nato-no-bez-shvedska/ Mon, 30 Jan 2023 08:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=602481

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прв пат изјави дека Анкара може да ја прифати Финска во НАТО, но без Шведска.

„Ако е потребно, можеме да дадеме поинаков одговор во врска со Финска. Шведска ќе биде шокирана кога ќе дадеме поинаков одговор за Финска“, рече Ердоган неколку дена откако Анкара ги прекина преговорите за пристап во НАТО со двете земји.

„Ако апсолутно сакате да влезете во НАТО, ќе ни ги вратите тие терористи“, рече тој, мислејќи на Шведска, која има поголема курдска дијаспора од Финска и посериозен спор со Анкара.

Финска и Шведска поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Турција и Унгарија се единствените членки на НАТО кои не ги ратификуваа кандидатурите на овие две земји со гласање во парламентот.

The post Ердоган: Можеме да ја прифатиме Финска во НАТО, но без Шведска appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прв пат изјави дека Анкара може да ја прифати Финска во НАТО, но без Шведска.
„Ако е потребно, можеме да дадеме поинаков одговор во врска со Финска. Шведска ќе биде шокирана кога ќе дадеме поинаков одговор за Финска“, рече Ердоган неколку дена откако Анкара ги прекина преговорите за пристап во НАТО со двете земји. „Ако апсолутно сакате да влезете во НАТО, ќе ни ги вратите тие терористи“, рече тој, мислејќи на Шведска, која има поголема курдска дијаспора од Финска и посериозен спор со Анкара.
Финска и Шведска поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Турција и Унгарија се единствените членки на НАТО кои не ги ратификуваа кандидатурите на овие две земји со гласање во парламентот.

The post Ердоган: Можеме да ја прифатиме Финска во НАТО, но без Шведска appeared first on Република.

]]>
Шпанскиот парламент го одобри влезот на Шведска и Финска во НАТО https://republika.mk/vesti/svet/shpanskiot-parlament-go-odobri-vlezot-na-shvedska-i-finska-vo-nato/ Thu, 15 Sep 2022 20:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=551192

Шпанскиот парламент вечерва го одобри влезот на Шведска и Финска во НАТО и покрај поделбите за ова прашање во левичарската влада.„Конгресот го одобри потпишувањето на протоколите на Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Шведска и Финска“, соопшти Долниот дом на шпанскиот Парламент.

Во Парламентот, кој има 350 пратенички места, за влез на Шведска и Финска гласаа 290 пратеници, 11 беа против, а 47 беа воздржани.

Иницијативата беше поддржана од Социјалистичката партија, но нејзиниот радикален левичарски партнер Подемос во владината коалиција беше воздржан.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО по почетокот на руската инвазија на Украина.

Сите земји членки на НАТО, 30 од нив, мора да се согласат за прием на тие две земји.

Уште шест земји-членки официјално не го ратификуваа барањето, а тоа се Чешка, Грција, Унгарија, Португалија, Словачка и Турција.

The post Шпанскиот парламент го одобри влезот на Шведска и Финска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот парламент вечерва го одобри влезот на Шведска и Финска во НАТО и покрај поделбите за ова прашање во левичарската влада.„Конгресот го одобри потпишувањето на протоколите на Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Шведска и Финска“, соопшти Долниот дом на шпанскиот Парламент. Во Парламентот, кој има 350 пратенички места, за влез на Шведска и Финска гласаа 290 пратеници, 11 беа против, а 47 беа воздржани. Иницијативата беше поддржана од Социјалистичката партија, но нејзиниот радикален левичарски партнер Подемос во владината коалиција беше воздржан. Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО по почетокот на руската инвазија на Украина. Сите земји членки на НАТО, 30 од нив, мора да се согласат за прием на тие две земји. Уште шест земји-членки официјално не го ратификуваа барањето, а тоа се Чешка, Грција, Унгарија, Португалија, Словачка и Турција.

The post Шпанскиот парламент го одобри влезот на Шведска и Финска во НАТО appeared first on Република.

]]>
Македонија ги ратификува Протоколите на Финска и на Шведска за членство во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-gi-ratifikuva-protokolite-na-finska-i-na-shvedska-za-chlenstvo-vo-nato/ Wed, 27 Jul 2022 15:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=533917

Македонските пратеници на денешната 82-ра собраниска седница ги ратификуваа Протоколите на Шведска и на Финска за членство во НАТО.

Протоколите на двете скандинавски држави за пристапување кон Северноатлантската Алијанса беа потпишани на 5 јули во Брисел од овластени претставници на државите членки на НАТО.

Владата ги пушти законските предлози во собраниска процедура, а денеска беа прифатени од пратениците, со што се дава зелено светло за натамошните процедури на Шведска и на Финска во рамки на НАТО.

Со овој чин, Македонија уште еднаш ја потврдува својата стратешка определба за целосна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО и неговото проширување.

The post Македонија ги ратификува Протоколите на Финска и на Шведска за членство во НАТО appeared first on Република.

]]>

Македонските пратеници на денешната 82-ра собраниска седница ги ратификуваа Протоколите на Шведска и на Финска за членство во НАТО. Протоколите на двете скандинавски држави за пристапување кон Северноатлантската Алијанса беа потпишани на 5 јули во Брисел од овластени претставници на државите членки на НАТО. Владата ги пушти законските предлози во собраниска процедура, а денеска беа прифатени од пратениците, со што се дава зелено светло за натамошните процедури на Шведска и на Финска во рамки на НАТО. Со овој чин, Македонија уште еднаш ја потврдува својата стратешка определба за целосна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО и неговото проширување.

The post Македонија ги ратификува Протоколите на Финска и на Шведска за членство во НАТО appeared first on Република.

]]>