финансиска полиција Archives - Република https://republika.mk/tema/finansiska-policija/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 12:37:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png финансиска полиција Archives - Република https://republika.mk/tema/finansiska-policija/ 32 32 Со лажни испратници за стари акумулатори наплатиле 350.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-lazhni-ispratnitsi-za-stari-akumulatori-naplatile-350-000-evra/ Mon, 29 Apr 2024 12:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=772214

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднела кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „измама” по чл. 247 и „фалсификување исправа” по чл. 378 од Кривичниот Законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари.

Како што се наведува во соопштението од Финансиска полиција, првопријавеното физичко лице во својство на вработено и третопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на четвртопријавеното правно лице, заедно со второпријавеното физичко лице вработено кај оштетеното правно лице, со намера да се стекнат со противправна имотна корист со лажно прикажување на факти, го довеле во заблуда оштетеното правно лице, неосновано да исплати значителен износ на парични средства по основ на откуп на стари акумулатори.

Првопријавеното и третопријавеното лице во свое име и за сметка на пријавеното правно лице изготвувале и употребувале лажни формулари за отпад на стари акумулатори, кои второпријавеното физичко лице како вработено во оштетеното правно лице ги потпишувало и ги одобрувало лажните испратници и откупните белешки, иако истото знаело дека робата не била испорачана и примена, со што овозможило оштетеното правно лице неосновано да исплати вкупен износ од 214.411.861 денари, се појаснува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

The post Со лажни испратници за стари акумулатори наплатиле 350.000 евра appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднела кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „измама” по чл. 247 и „фалсификување исправа” по чл. 378 од Кривичниот Законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари. Како што се наведува во соопштението од Финансиска полиција, првопријавеното физичко лице во својство на вработено и третопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на четвртопријавеното правно лице, заедно со второпријавеното физичко лице вработено кај оштетеното правно лице, со намера да се стекнат со противправна имотна корист со лажно прикажување на факти, го довеле во заблуда оштетеното правно лице, неосновано да исплати значителен износ на парични средства по основ на откуп на стари акумулатори. Првопријавеното и третопријавеното лице во свое име и за сметка на пријавеното правно лице изготвувале и употребувале лажни формулари за отпад на стари акумулатори, кои второпријавеното физичко лице како вработено во оштетеното правно лице ги потпишувало и ги одобрувало лажните испратници и откупните белешки, иако истото знаело дека робата не била испорачана и примена, со што овозможило оштетеното правно лице неосновано да исплати вкупен износ од 214.411.861 денари, се појаснува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

The post Со лажни испратници за стари акумулатори наплатиле 350.000 евра appeared first on Република.

]]>
Финансова уште не открива какви криминалии пронајде по влезот во Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/finansova-ushte-ne-otkriva-kakvi-kriminalii-pronajde-po-vlezot-vo-grad-skopje/ Tue, 13 Feb 2024 15:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=743707

Управата за финансиска полиција сè уште не открива што утврдиле по влезот во Град Скопје, од каде што одземаа документација со цел да истражат како се потрошени 30.000 евра за новогодишното украсување, пренесува „Фокус“. За потсетување, градоначалничката Данела Арсовска не го објави јавно договорот за украсување, ако воопшто постои, по што следуваше реакција од Управата.

Управата за финансиска полиција превзема мерки и активности кои се однесуваат на утврдување на сомненија за сторени кривични дела во нејзина надлежност, поврзани со начинот за новогодишно украсување на Градот Скопје, одговораат за „Фокус“ од Управата за финансиска полиција на прашањето до каде е постапката.

Од Управата посочуваат дека засега не можат да споделат детали со јавноста.

The post Финансова уште не открива какви криминалии пронајде по влезот во Град Скопје appeared first on Република.

Финасиската полиција врши истрага во нафтените компании што со лажни фактури сакале да украдат пари од државата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/finasiskata-politsija-vrshi-istraga-vo-naftenite-kompanii-shto-so-lazhni-fakturi-sakale-da-ukradat-pari-od-drzhavata/ Tue, 16 Jan 2024 15:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=733713

Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека доставила Известување до надлежното јавно обвинителство во врска со информациите со кои располага до овој момент во однос на предметот со  нафтени компании кои со лажни фактури се обиделе да го оштетат државниот Буџет, а за кој вчера детали изнесе Управата за јавни приходи.  Најавува дека  по комплетирање на проверките  ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежниот јавен обвинител.

Управата за финансиска полиција наведува дека за конкретниот предмет активно соработува со Управата за јавни приходи.

-Од страна на Управата за финансиска полиција се превземаат мерки и активности кои се однесуваат на утврдување на сомненија за сторени кривични дела во нејзина надлежност. Согласно Законот за кривична постапка доставено е Известување до надлежното јавно обвинителство во врска со информациите со кои располагаме до овој момент. Имајќи во предвид дека сите дејствија преземени во предистражната постапка, согласно член 289 од Законот за кривична постапка, се сметаат за тајна, за добиените пријави и сознанија на евентуално сторени инкриминирани дејствија од страна на физички и правни лица, по комплетирање на проверките Управата за финансиска полиција ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежниот јавен обвинител, наведува Упрвата за финансиска полиција во соопштение.

УЈП вчера објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход, во износ од 160.117.130 денари, односно 18. 969.998 денари. За овие случаи  како што рекоа од УЈП, доставиле писмени пријави со докази до Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година.

The post Финасиската полиција врши истрага во нафтените компании што со лажни фактури сакале да украдат пари од државата appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека доставила Известување до надлежното јавно обвинителство во врска со информациите со кои располага до овој момент во однос на предметот со  нафтени компании кои со лажни фактури се обиделе да го оштетат државниот Буџет, а за кој вчера детали изнесе Управата за јавни приходи.  Најавува дека  по комплетирање на проверките  ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежниот јавен обвинител. Управата за финансиска полиција наведува дека за конкретниот предмет активно соработува со Управата за јавни приходи.
-Од страна на Управата за финансиска полиција се превземаат мерки и активности кои се однесуваат на утврдување на сомненија за сторени кривични дела во нејзина надлежност. Согласно Законот за кривична постапка доставено е Известување до надлежното јавно обвинителство во врска со информациите со кои располагаме до овој момент. Имајќи во предвид дека сите дејствија преземени во предистражната постапка, согласно член 289 од Законот за кривична постапка, се сметаат за тајна, за добиените пријави и сознанија на евентуално сторени инкриминирани дејствија од страна на физички и правни лица, по комплетирање на проверките Управата за финансиска полиција ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежниот јавен обвинител, наведува Упрвата за финансиска полиција во соопштение.
УЈП вчера објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход, во износ од 160.117.130 денари, односно 18. 969.998 денари. За овие случаи  како што рекоа од УЈП, доставиле писмени пријави со докази до Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година.

The post Финасиската полиција врши истрага во нафтените компании што со лажни фактури сакале да украдат пари од државата appeared first on Република.

]]>
Финансиска полиција во моментов врши проверки во М-НАВ https://republika.mk/vesti/makedonija/finansiska-politsija-vo-momentov-vrshi-proverki-vo-m-nav/ Tue, 09 Jan 2024 13:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=731179

Управата за финансиска полиција во моментов врши проверки во Македонски навигации, потврдуваат од М-НАВ за МИА.

Контролата и увидот во работењето на М-НАВ, како што информираа, ги прават врз основа на направениот извештај.

Во врска со упадот во М-НАВ се осомничени осум лица меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ.

На денешната седница Владата, како што е најавено, ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои и разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако минатата недела осумте лица упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.

The post Финансиска полиција во моментов врши проверки во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција во моментов врши проверки во Македонски навигации, потврдуваат од М-НАВ за МИА. Контролата и увидот во работењето на М-НАВ, како што информираа, ги прават врз основа на направениот извештај. Во врска со упадот во М-НАВ се осомничени осум лица меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ. На денешната седница Владата, како што е најавено, ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои и разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако минатата недела осумте лица упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.

The post Финансиска полиција во моментов врши проверки во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Финансиската полиција во вторник влегува во М-НАВ https://republika.mk/vesti/makedonija/finansiskata-politsija-vo-vtornik-vleguva-vo-m-nav/ Fri, 05 Jan 2024 19:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=730197

Финансиската полиција најави дека во вторник ќе влезе во Македонската навигација – М-НАВ за да го испитува целокупното финансиско работење, пренесе Сител.

Според најавите, ќе се испитува целокупното финансиско работење, работата на целокупниот менаџмент, јавните набавки, работењето на синдикатот како и последните вработувања.

Ова следи по нападот врз вработените во контрола на летање, што се случи вчера по прес-конференцијата на Синдикатот на М-НАВ, на која беше објавен ставот на членството, дека не прифаќаат вработувања по притисок на раководството.

The post Финансиската полиција во вторник влегува во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Финансиската полиција најави дека во вторник ќе влезе во Македонската навигација – М-НАВ за да го испитува целокупното финансиско работење, пренесе Сител. Според најавите, ќе се испитува целокупното финансиско работење, работата на целокупниот менаџмент, јавните набавки, работењето на синдикатот како и последните вработувања. Ова следи по нападот врз вработените во контрола на летање, што се случи вчера по прес-конференцијата на Синдикатот на М-НАВ, на која беше објавен ставот на членството, дека не прифаќаат вработувања по притисок на раководството.

The post Финансиската полиција во вторник влегува во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Финансиска полиција денеска треба да влезе во Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/finansiska-politsija-deneska-treba-da-vleze-vo-grad-skopje/ Mon, 25 Dec 2023 07:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=726326

Финансиската полиција денеска се очекува да влезе во Град Скопје за да провери како е реализирано новогодишното украсување на главниот град.

По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.

Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации, информираа од Град Скопје.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години.

По реакциите во јавноста, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов преку статус на „Фејсбук“ побара оставка од градоначалничката Арсовска и предложи на пролет да се одржат и избори за Скопје затоа што според него, Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација.

The post Финансиска полиција денеска треба да влезе во Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Финансиската полиција денеска се очекува да влезе во Град Скопје за да провери како е реализирано новогодишното украсување на главниот град. По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.
Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации, информираа од Град Скопје.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години. По реакциите во јавноста, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов преку статус на „Фејсбук“ побара оставка од градоначалничката Арсовска и предложи на пролет да се одржат и избори за Скопје затоа што според него, Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација.

The post Финансиска полиција денеска треба да влезе во Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Финансова со кривична за злоупотреба на европски средства против пет лица https://republika.mk/vesti/makedonija/finansova-so-krivichna-za-zloupotreba-na-evropski-sredstva-protiv-pet-litsa/ Fri, 22 Dec 2023 15:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=725764

Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет физички лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 и измама на штета на средствата на Европската заедница по член 249-а и Несовесно работење во служба по член 353-в и против едно правно лице – деловна банка поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Измама на средства на Европската заедница по член 249-а став од Кривичниот Законик.

Пријавените физички лица спротивно на кредитната политика, без знаење на кредитобарателите, со намера да ги искористат средствата кои потекнуваат од кредитната линија наменета за зголемување на енергетската ефикасност во Република Македонија и намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на CO2 обезбедена од GGF, Green for Growth Fund основан како јавно – приватно партнерство од страна на Развојната банка KfW на Германија и Европскиот инвестициски фонд, во прилог на поднесените барања за одобрување на еко кредити изготвиле и приложиле про-фактури со невистинита содржина, како кредитобарателите да вршат набавка на демит фасада од правно лице од Битола, иако знаеле дека паричните средства ќе бидат искористени за лични цели на кредитобарателите, а потоа врз основа на решенија за одобрување на кредитни барања биле склучени 36 договори за еко кредити, на кој начин биле исплатени девизни средства во вкупен износ од 15.449.023 денари, стои во соопштението на Финансиската полиција.

The post Финансова со кривична за злоупотреба на европски средства против пет лица appeared first on Република.

Финансика полиција ќе истражува како Арсовска го украси Скопје за 30.000 евра без тендер https://republika.mk/vesti/crna-hronika/finansika-politsija-ke-istrazhuva-kako-arsovska-go-ukrasi-skopje-za-30-000-evra-bez-tender/ Thu, 21 Dec 2023 14:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=725340

Финансиската полиција следната недела ќе отвори предмет за украсувањето на главниот град за кое градоначалничката Данела Арсовска тврди дека чини само 30.000 евра.

Ова доаѓа откако Арсовска јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил 30.000 евра, наместо претходните години кога цифрата се движела помеѓу 90.000 и 245.000 евра. Сепак, на веб страницата на Јавни набавки сè уште не е објавен тендерот за украсувањето на Скопје. Токму тоа е и причината зошто Финансиската полиција ќе го истражува целиот случај.

Од Јавното обвинителство велат дека за да постапат, прво Финансиска ќе мора да оформи предмет.

-Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки.

The post Финансика полиција ќе истражува како Арсовска го украси Скопје за 30.000 евра без тендер appeared first on Република.

]]>

Финансиската полиција следната недела ќе отвори предмет за украсувањето на главниот град за кое градоначалничката Данела Арсовска тврди дека чини само 30.000 евра. Ова доаѓа откако Арсовска јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил 30.000 евра, наместо претходните години кога цифрата се движела помеѓу 90.000 и 245.000 евра. Сепак, на веб страницата на Јавни набавки сè уште не е објавен тендерот за украсувањето на Скопје. Токму тоа е и причината зошто Финансиската полиција ќе го истражува целиот случај. Од Јавното обвинителство велат дека за да постапат, прво Финансиска ќе мора да оформи предмет. -Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки.  

The post Финансика полиција ќе истражува како Арсовска го украси Скопје за 30.000 евра без тендер appeared first on Република.

]]>
Акции на финансиската полиција во повеќе градови, како резултат од повеќемесечната постапка за „Синџир“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/aktsii-na-finansiskata-politsija-vo-poveke-gradovi-kako-rezultat-od-povekemesechnata-postapka-za-sindhir-2/ Thu, 02 Nov 2023 14:41:31 +0000 https://republika.mk/?p=697517

Управата за финансиска полиција денеска информира дека во текот на оваа недела спровела акции во повеќе градови низ државата, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.

Дополнително сакаме да ја известиме јавноста дека првопријавениот кој воедно е еден организаторите на злосторничкото здружување, е обезбеден од страна на Управата за финансиска полиција, изведен пред суд при што од страна на Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

The post Акции на финансиската полиција во повеќе градови, како резултат од повеќемесечната постапка за „Синџир“ appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција денеска информира дека во текот на оваа недела спровела акции во повеќе градови низ државата, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. Дополнително сакаме да ја известиме јавноста дека првопријавениот кој воедно е еден организаторите на злосторничкото здружување, е обезбеден од страна на Управата за финансиска полиција, изведен пред суд при што од страна на Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

The post Акции на финансиската полиција во повеќе градови, како резултат од повеќемесечната постапка за „Синџир“ appeared first on Република.

]]>
Финансиска полиција со кривична пријава против претседател на УО и три службени лица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/finansiska-politsija-so-krivichna-prijava-protiv-pretsedatel-na-uo-i-tri-sluzhbeni-litsa/ Tue, 08 Aug 2023 11:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=669962

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднела кривична пријава против едно физичко лице во својство на претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело Измама по член 247 став 4 од К.З. на РСМ и три службени лица за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 од К.З на Република Македонија.

Во текот на 2021 година во судска постапка пред Апелационен суд во Гостивар со намера да се стекне со противправна имотна корист првопријавеното физичко лице лажно прикажал факти, односно второпријавениот, третопријавениот во својство на овластени ветеринари и четвртопријавениот во својство на в.д директор на Јавно претпријатие со искористување на своите службени положби прибавиле противправна имотна корист за првопријавениот на начин што во два записници од Агенција за храна и ветеринарство на Р.Македонија и еден Записникот од Јавно претпријатие, внеле невистинити податоци и истите ги овериле со свој печат и потпис, а првопријавениот ги употребил во судска постапка и по основ на штета, се здобил со противправна имотна корист од 5.905.636,00 денари на штета на Буџетот на Република Македонија, појаснуваат од Управата за финансиска полиција.

The post Финансиска полиција со кривична пријава против претседател на УО и три службени лица appeared first on Република.

Финансиска поднесе кривична пријава против тројца сметководители на ЈСП, забошотиле половина милион евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/finansiska-podnese-krivichna-prijava-protiv-trojca-smetkovoditeli-na-jsp-zaboshotile-polovina-milion-evra/ Fri, 11 Nov 2022 08:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=572617

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје” за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување” и „затајување”, информираат од Министерството за финансии.

– Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења во сметководствената евиденција без поткрепа на сметководствени документи, неправилно внеле почетни состојби во сметководствената евиденција и не извршиле усогласување на аналитичката со синтетичката евиденција на приходите и расходите согласно утврден контен план, а паричните средства кои им биле доверени од остварениот дневен промет, ги предале во помал износ во правниот субјект со цел истите да ги присвојат за себе, на начин што го оштетиле буџетот на ЈСП Скопје за вкупен износ од 28.065.476,00 денари, се наведува во соопштението од министерството.

The post Финансиска поднесе кривична пријава против тројца сметководители на ЈСП, забошотиле половина милион евра appeared first on Република.

ОЈО: Финансиската полиција влезе во „Водовод“ https://republika.mk/vesti/skopje/ojo-finansiskata-policija-vleze-vo-vodovod/ Fri, 16 Sep 2022 15:36:21 +0000 https://republika.mk/?p=551529

Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи влегоа во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, потврдија за МИА од Основното јавно ибвинителство (ОЈО) и од скопски „Водовод“.

Од ОЈО велат дека е известен јавен обвинител и дека обвинителството ќе постапи согласно надлежностите доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело.

– Во овој момент обвинителството има консултативна и координативна улога и јавниот обвинител редовно се известува за преземените дејствија. Доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО.

МИА денеска упати прашања и до Финансиската полиција и Кабинетот на градоначалничката на Град Скопје, но од нив до објавувањето на веста не доби одговор.

Град Скопје неделава соопшти дека го разрешува в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Златко Перински, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер.

По ова, оставки поднесоа и директорите на уште неколку јавни претпријатија коишто се под надлежност на Град Скопје.

The post ОЈО: Финансиската полиција влезе во „Водовод“ appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи влегоа во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, потврдија за МИА од Основното јавно ибвинителство (ОЈО) и од скопски „Водовод“. Од ОЈО велат дека е известен јавен обвинител и дека обвинителството ќе постапи согласно надлежностите доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело.
– Во овој момент обвинителството има консултативна и координативна улога и јавниот обвинител редовно се известува за преземените дејствија. Доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО.
МИА денеска упати прашања и до Финансиската полиција и Кабинетот на градоначалничката на Град Скопје, но од нив до објавувањето на веста не доби одговор. Град Скопје неделава соопшти дека го разрешува в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Златко Перински, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. По ова, оставки поднесоа и директорите на уште неколку јавни претпријатија коишто се под надлежност на Град Скопје.

The post ОЈО: Финансиската полиција влезе во „Водовод“ appeared first on Република.

]]>
Финансиска полиција влезе во ЈП „Водовод и канализација“, ги интересирал тендерот за пречистителната станица, комисијата не се менува https://republika.mk/vesti/skopje/finansiska-policija-vleze-vo-jp-vodovod-i-kanalizacija-gi-interesiral-tenderot-za-prechistitelnata-stanica-komisijata-ne-se-menuva/ Fri, 16 Sep 2022 11:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=551434

Обвинители и припадници на Финансиската полиција од вчера се влезени во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, објави Плаусинфо.

Да, обвинителите беа тука, имавме состанок, тоа беше првично, но ништо конкретно не е преземено. Овие што беа од финансиска полиција и од МВР, најверојано по допрен глас, зашто во медиумите тоа се објавуваше, беа тука во врска со тендерот за дизајн и изработка на Пречистителната станица за отпадни води во Град Скопје. Немаа други цели, само за тој тендер се интересираа – изјави директорот Марјанчо Митовски за „Плусинфо“.

За тој тендер, кој беше во фокусот на конфликтот со неговиот претходник, новиот директор Митовски вели дека непречено си тече. На прашање дали ќе се менува составот на Комитетот за евалуација на понудите на тендерот, Митовски вели „досега нема измени, а не сме размислувале за такво нешто“.

Тендерот си тече и не е ни спречен. Во тек е евалуација и тука не се мешаме. Јас како директор не влијаам дали тендерот ќе продолжи да се евалуира, а сега се евалуира, не е прекината постапката. Само беа луѓето од Министерство за внатрешни работи за да добијат информации, постапката не е прекината, а тие понатаму ќе прават анализи и стратегија, како и што ќе се постапува, и не е ништо прекинато – рече Митовски.

The post Финансиска полиција влезе во ЈП „Водовод и канализација“, ги интересирал тендерот за пречистителната станица, комисијата не се менува appeared first on Република.

Горан Иванов, нов директор на Финансиска полиција? https://republika.mk/vesti/makedonija/goran-ivanov-nov-direktor-na-finansiska-policija/ Tue, 23 Aug 2022 13:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=543312

Според информации на Телма, за нов директор на Финансиската полиција на денешната седница е назначен Горан Иванов.

Иванов е вработен во финансиската полиција како инспектор и е назначен за вршител на должност.

На Арафат Муареми му е истечен мандатот во февруари, но потоа уште 6 месеци ја извршуваше функцијата како в.д., а се повлече по судирот со Вилма Русковска и по претресот којшто го изврши обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во Управата за финансиска полиција и во кабинетот на директорот Муареми.

The post Горан Иванов, нов директор на Финансиска полиција? appeared first on Република.

]]>

Според информации на Телма, за нов директор на Финансиската полиција на денешната седница е назначен Горан Иванов. Иванов е вработен во финансиската полиција како инспектор и е назначен за вршител на должност. На Арафат Муареми му е истечен мандатот во февруари, но потоа уште 6 месеци ја извршуваше функцијата како в.д., а се повлече по судирот со Вилма Русковска и по претресот којшто го изврши обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во Управата за финансиска полиција и во кабинетот на директорот Муареми.

The post Горан Иванов, нов директор на Финансиска полиција? appeared first on Република.

]]>
Муараеми поднесе кривична пријава против Русковска https://republika.mk/vesti/crna-hronika/upravata-za-finansiska-policija-podnese-krivichna-prijava-do-ojo-skopje/ Mon, 08 Aug 2022 11:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=537998

Управата за финансиска полиција денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), соопшти Управата, наведувајќи дека во пријавата биле опфатени сите обвинители за кои се смета дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела.

Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е се што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка, се вели во изјавата на Управата за финансиска полиција.

Деновиве Финансиската полиција објави дека обвинителите доставиле до судот лажни податоци за да добијат налог за претрес, со што е прекршен Законот за кривична постапка. Обвинителката Вилма Русковска деновиве се пожали на притисоци во нејзината работа, а за тоа побара помош од странските амбасади во земјава. Но, одговорот кој го доби од САД и ЕУ беше дека случајот мора да го решат надлежните органи во нашата земја. Во меѓувреме, директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми побара од обвинителката Русковска доколку има докази да поднесе пријава против него.

The post Муараеми поднесе кривична пријава против Русковска appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), соопшти Управата, наведувајќи дека во пријавата биле опфатени сите обвинители за кои се смета дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела. Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е се што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка, се вели во изјавата на Управата за финансиска полиција. Деновиве Финансиската полиција објави дека обвинителите доставиле до судот лажни податоци за да добијат налог за претрес, со што е прекршен Законот за кривична постапка. Обвинителката Вилма Русковска деновиве се пожали на притисоци во нејзината работа, а за тоа побара помош од странските амбасади во земјава. Но, одговорот кој го доби од САД и ЕУ беше дека случајот мора да го решат надлежните органи во нашата земја. Во меѓувреме, директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми побара од обвинителката Русковска доколку има докази да поднесе пријава против него.

The post Муараеми поднесе кривична пријава против Русковска appeared first on Република.

]]>
УЈП и Финансиската полиција рекератски дувла, обвинува ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/ujp-i-finansiskata-policija-rekeratski-duvla-obvinuva-vmro-dpmne/ Fri, 05 Aug 2022 06:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=536921

Од препукувањата на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска и првиот човек на Финансиската полиција Арафат Муареми полека излегува на виделина сето она што го правеле, сето она што го ставале под тепих и мислеле дека нема да се дознае, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија обвинува дека наместо борба против криминалот Русковска и Муареми ги злоупотребувале институциите и правеле криминал.

Муареми и другите институции во системот мора да кажат дали и ако да, зошто биле злоупотребувани истраги од страна на финансиската полиција за рекет? Дали се отворани предмети за да се држат под закана од прогон луѓе или фирми, а потоа откако ги дисциплинирале ги ставале во фиока? Русковска пак треба да каже зошто молчеле до сега и од кога знае за таквите наводи, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дека институциите се гнили, велат оттаму, покажува и даночниот криминал од скоро 100 милиони евра, кој бил правен со фиктивни фактури, а кој УЈП го криеше од јавноста се додека ВМРО-ДПМНЕ не обелодени сомнежи за криминал.

Како доаѓа крајот на власта на СДСМ и ДУИ, така се повеќе излегуваат на површина нивните криминали. Ваквите случаи дополнително ќе бидат истражени по промената на власта и секој кој се огрешил пред законот ќе треба да одговара, а не да се крие зад поранешни функции или политички позиции. Законот ќе важи еднакво за сите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post УЈП и Финансиската полиција рекератски дувла, обвинува ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Освен обвинителката Русковска, Муареми бара разрешување и на судијата кој издал наредба за претрес во Финансиската полиција https://republika.mk/vesti/makedonija/osven-obvinitelkata-ruskovska-muaremi-bara-razreshuvanje-i-na-sudijata-koj-izdal-naredba-za-pretres-vo-finansiskata-policija/ Thu, 28 Jul 2022 12:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=534296

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, побарал до Судскиот совет разрешување на одговорност на судијата на претходна постапка Седат Реџепагиќ, кој ја дал наредбата за претрес на Финансова, на барање на обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, објави СДК.МК.

Претходно тој претставка за незаконски претрес според него, поднесе и до Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој кажа дека денови ќе се изјасни за наводите во претставката.

Да, точно е, во архивата на Судскиот совет е заведено барањето за испитување одговорност на судија. На некоја од следните седници на Советот, по пат на ждрепка ќе се формира комисија од три члена. Таа комисија ќе подготви записник – дали постапката за судијата ќе продолжи или ќе прекине. Со оглед дека ваквите предмети се доверливи Судскиот совет во моментов не може да изнесува повеќе детали, одговориле од Советот, со објаснување дека постапката била тајна и оти до правосилност, нема да открива имиња на судии.

Вчера пак, кривична пријава за малтретирање во вршење на службата, но и за насилство, против директорот Муареми поднесе дебарски бизнисмен, кој тврди дека бил малтретиран и рекетиран од него. Кривичната ја поднел до Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Во меѓувреме, Русковска се пожали на притисок во вршење на самостојната работа на обвинителството од Муареми, кого го именува Владата.

Целиот текст на СДК.МК.

https://republika.mk/vesti/makedonija/objavena-krivichna-prijava-za-direktorot-na-upravata-za-finansiskata-policija/

The post Освен обвинителката Русковска, Муареми бара разрешување и на судијата кој издал наредба за претрес во Финансиската полиција appeared first on Република.

]]>

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, побарал до Судскиот совет разрешување на одговорност на судијата на претходна постапка Седат Реџепагиќ, кој ја дал наредбата за претрес на Финансова, на барање на обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, објави СДК.МК. Претходно тој претставка за незаконски претрес според него, поднесе и до Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој кажа дека денови ќе се изјасни за наводите во претставката. Да, точно е, во архивата на Судскиот совет е заведено барањето за испитување одговорност на судија. На некоја од следните седници на Советот, по пат на ждрепка ќе се формира комисија од три члена. Таа комисија ќе подготви записник – дали постапката за судијата ќе продолжи или ќе прекине. Со оглед дека ваквите предмети се доверливи Судскиот совет во моментов не може да изнесува повеќе детали, одговориле од Советот, со објаснување дека постапката била тајна и оти до правосилност, нема да открива имиња на судии. Вчера пак, кривична пријава за малтретирање во вршење на службата, но и за насилство, против директорот Муареми поднесе дебарски бизнисмен, кој тврди дека бил малтретиран и рекетиран од него. Кривичната ја поднел до Обвинителството за организиран криминал и корупција. Во меѓувреме, Русковска се пожали на притисок во вршење на самостојната работа на обвинителството од Муареми, кого го именува Владата. Целиот текст на СДК.МК. https://republika.mk/vesti/makedonija/objavena-krivichna-prijava-za-direktorot-na-upravata-za-finansiskata-policija/

The post Освен обвинителката Русковска, Муареми бара разрешување и на судијата кој издал наредба за претрес во Финансиската полиција appeared first on Република.

]]>
Муареми нема да ја остави Рускоска на раат: Бара Советот на јавни обвинители да ја преиспита нејзината работа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/muaremi-nema-da-ja-ostavi-ruskoska-na-raat-bara-sovetot-na-javni-obviniteli-da-ja-preispita-nejzinata-rabota/ Wed, 27 Jul 2022 16:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=533952

Арафат Муареми не се откажува од барањето одговорност од Вилма Рускоска за претресот во Финансиската полиција.

Откако минатиот вторник поднесе претставка до шефот на јавното обвинителството Љубомир Јовески, Финансиската полиција денеска поднесе претставка до Советот на јавни обвинители, објави Канал 5. Институцијата со која раководи Муареми бара да се испита работењето на Обвинителството на Рускоска и да се утврди врз која основа е баран претресот, но и на кои докази е базиран статусот основано сомнение.

Претседателот на обвинителскиот совет, пак Антонио Јолевски во телефонски разговор вели дека претставката ќе мора да му ја препратат на Јовески. Ако тој евентуално им даде предлог за разрешување, дури тогаш советот може да одлучува за разрешување. Во Јавното обвинителство веќе една недела се разгледува претстваката на Муареми. Јовески во телефонски разговор за Канал 5 вели дека во републичкото обвинителство веќе е разговарано со обвинителите кои наредиле претрес во Финансиската полиција. Се проверуваат наводите во наредбата, а по ова деновиве ќе има одлука за претставката.

Од Управата за финансиска полиција за Канал 5 велат дека се подготвува и претставка до Судскиот совет. Со неа бараат судското тело да провери по кои индиции и докази судијата на претходна постапка од скопскиот Кривичен суд оценил дека треба на обвинителството да му одобри да изврши претрес во канцелариите на финансова. За разлика од Советот на јавни обвинители, Судскиот совет има ингеренции да одлучи дали да отвора предмет за евентуална дисциплинска или пак постапка за разрешување на судијата.

The post Муареми нема да ја остави Рускоска на раат: Бара Советот на јавни обвинители да ја преиспита нејзината работа appeared first on Република.

]]>

Арафат Муареми не се откажува од барањето одговорност од Вилма Рускоска за претресот во Финансиската полиција. Откако минатиот вторник поднесе претставка до шефот на јавното обвинителството Љубомир Јовески, Финансиската полиција денеска поднесе претставка до Советот на јавни обвинители, објави Канал 5. Институцијата со која раководи Муареми бара да се испита работењето на Обвинителството на Рускоска и да се утврди врз која основа е баран претресот, но и на кои докази е базиран статусот основано сомнение. Претседателот на обвинителскиот совет, пак Антонио Јолевски во телефонски разговор вели дека претставката ќе мора да му ја препратат на Јовески. Ако тој евентуално им даде предлог за разрешување, дури тогаш советот може да одлучува за разрешување. Во Јавното обвинителство веќе една недела се разгледува претстваката на Муареми. Јовески во телефонски разговор за Канал 5 вели дека во републичкото обвинителство веќе е разговарано со обвинителите кои наредиле претрес во Финансиската полиција. Се проверуваат наводите во наредбата, а по ова деновиве ќе има одлука за претставката. Од Управата за финансиска полиција за Канал 5 велат дека се подготвува и претставка до Судскиот совет. Со неа бараат судското тело да провери по кои индиции и докази судијата на претходна постапка од скопскиот Кривичен суд оценил дека треба на обвинителството да му одобри да изврши претрес во канцелариите на финансова. За разлика од Советот на јавни обвинители, Судскиот совет има ингеренции да одлучи дали да отвора предмет за евентуална дисциплинска или пак постапка за разрешување на судијата.  

The post Муареми нема да ја остави Рускоска на раат: Бара Советот на јавни обвинители да ја преиспита нејзината работа appeared first on Република.

]]>
Муареми до Русковска: Знаев дека ќе го злоупотребите институтот на „наводен притисок“ врз институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/muaremi-do-ruskovska-znaev-deka-kje-go-zloupotrebite-institutot-na-navoden-pritisok-vrz-instituciite/ Mon, 25 Jul 2022 17:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=533110

Претседателот на Агенцијата за финансиска полиција, Арафат Муареми, реагира на  изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која тврди дека претставката за претрес на просториите на агенцијата е поднесена минатиот вторник до обвинителот  Љубомир Јовески, а нејзиното соопштување сега во јавноста го смета за директен притисок врз работата на обвинителството и судот.

Уште кога го пишував соопштението свесен бев дека Русковска ќе го злоупотреби институтот на „ наводен притисок“ врз институциите, но сепак, Обвинителке, штитењето на своите права и правата на Управата за финасиска полиција од неосновани и незаконити дејствија и реакција до надлежните органи е моја обврска и по Уставот и по законите, реагира Муареми.

Ние само проверуваме наводи во пријава и во тоа нема ништо лично. Ако е работено сѐ по закон, тогаш не ја разбирам паниката и притисокот што се прави, ќе повторам, врз обвинителството и судот, рече Русковска.

Муареми,  претходно во врска со претресот што Обвинителството за организиран криминал го започна на 18 јули, денеска соопшти дека има суштествени недостатоци на наредбата за претрес и начинот на постапувањето при неговото спроведување.

Поради „низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската практика, како и неоснованоста на примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на Обвинителството од страна на Управата за финансиска полиција, до Јавниот обвинител е поднесена претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, се вели во соопштението.

Муареми оценува дека со овие дејствија била нанесена голема штета на угледот на Управата за финансиска полиција, на сите вработени во Управата, но и на неговиот углед како директор.

Обвинителството за организиран криминал и корупција минатата недела влезе во Управата за финансиска полиција. Првичните информации беа дека наредбата е издадена по пријава на група граѓани против директорот.

Тој појаснува дека со наредбата дале квалификација основано соменение, а Русковска вели дека само проверуваат наводи по пријава, ваква мерка и кфалификација се дава кога веќе е на располагање доказниот материјал.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-pretstavkata-e-podnesena-minatiot-vtornik-nejzinoto-soopshtuvanje-sega-vo-javnosta-go-smetam-za-direkten-pritisok-vrz-obvinitelstvoto-i-sudot/?fbclid=IwAR3HFak1TdkFmElL5L6lOY-ItnQ4IQP3aHYiYUTJzmLCLr5fCWB4ajH5lLc

The post Муареми до Русковска: Знаев дека ќе го злоупотребите институтот на „наводен притисок“ врз институциите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Агенцијата за финансиска полиција, Арафат Муареми, реагира на  изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која тврди дека претставката за претрес на просториите на агенцијата е поднесена минатиот вторник до обвинителот  Љубомир Јовески, а нејзиното соопштување сега во јавноста го смета за директен притисок врз работата на обвинителството и судот.
Уште кога го пишував соопштението свесен бев дека Русковска ќе го злоупотреби институтот на „ наводен притисок“ врз институциите, но сепак, Обвинителке, штитењето на своите права и правата на Управата за финасиска полиција од неосновани и незаконити дејствија и реакција до надлежните органи е моја обврска и по Уставот и по законите, реагира Муареми.
Ние само проверуваме наводи во пријава и во тоа нема ништо лично. Ако е работено сѐ по закон, тогаш не ја разбирам паниката и притисокот што се прави, ќе повторам, врз обвинителството и судот, рече Русковска. Муареми,  претходно во врска со претресот што Обвинителството за организиран криминал го започна на 18 јули, денеска соопшти дека има суштествени недостатоци на наредбата за претрес и начинот на постапувањето при неговото спроведување.
Поради „низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската практика, како и неоснованоста на примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на Обвинителството од страна на Управата за финансиска полиција, до Јавниот обвинител е поднесена претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, се вели во соопштението.
Муареми оценува дека со овие дејствија била нанесена голема штета на угледот на Управата за финансиска полиција, на сите вработени во Управата, но и на неговиот углед како директор. Обвинителството за организиран криминал и корупција минатата недела влезе во Управата за финансиска полиција. Првичните информации беа дека наредбата е издадена по пријава на група граѓани против директорот. Тој појаснува дека со наредбата дале квалификација основано соменение, а Русковска вели дека само проверуваат наводи по пријава, ваква мерка и кфалификација се дава кога веќе е на располагање доказниот материјал. https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-pretstavkata-e-podnesena-minatiot-vtornik-nejzinoto-soopshtuvanje-sega-vo-javnosta-go-smetam-za-direkten-pritisok-vrz-obvinitelstvoto-i-sudot/?fbclid=IwAR3HFak1TdkFmElL5L6lOY-ItnQ4IQP3aHYiYUTJzmLCLr5fCWB4ajH5lLc

The post Муареми до Русковска: Знаев дека ќе го злоупотребите институтот на „наводен притисок“ врз институциите appeared first on Република.

]]>
Судир во полициско-обвинителниот врв: Финансиската полиција на Арафат Муареми лута на ЈО на Вилма Русковска https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudir-vo-policisko-obvinitelniot-vrv-finansiskata-policija-na-arafat-muaremi-luta-na-jo-na-vilma-ruskovska/ Mon, 25 Jul 2022 10:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=532934

Управата за финансиска полиција информира дека до јавниот обвинител поднела претставка во врска со претресот што истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал минатата недела го извршиле во просториите на институцијата по наредба издадена од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје, врз основа на претходно доставено барање Обвинителството.

Како што соопшти денеска Управата за финансиска полиција, на истражителите од ОЈО за гонење на организиран криминал на 18 јули им бил дозволен непречен пристап во просториите на Управата, како и непречено извршување на наредбата, иако нејзината содржина, како што се тврди, не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена.

Според Управата за финансиска полиција, со наведените дејствија е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“.

Видно од наредбата воопшто не е јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата кој што таквата наредба ја издал. Наведеното упатува на тоа дека при издавањето на наредбата, од страна на судијата на претходна постапка запазена е само формата, но не и суштината за да се издаде наредба за примена на ваква инвазивна мерка, каква што е претресот, се наведува во соопштението од Управата.

Од содржината на наредбата, според Финансиската полиција, може да се констатира дека таа е „воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување“, што упатува на тоа дека подносителот на барањето за претрес ОЈО ГОКК „не располага со јасна и конкретна цел каков доказен материјал со примената на ваквата мерка сакал да обезбеди, а со кој само дополнително би го зајакнале основаното сомнение и би го комплетирале веќе обезбедениот доказен материјал за некакво сторено кривично дело“.

Според наредбата за претрес, претресот се спроведува „поради постоење на основано сомнение дека е сторено кривично дело…“. Согласно член 21 точка 15 од Законот за кривична постапка, „основано сомневање е повисок степен на сомневање заснован врз прибавените докази кои упатуваат на заклучок дека определено лице сторило кривично дело “, а од друга страна јавноста е сведок на изјавите на шефицата на ОЈО ГОКК објавени во медиумите во кои самата изјавува дека нема осомничени лица, односно дека „..,чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, се посочува во соопштението.

Дополнително, според Управата, претресот е апсолутно непотребен, имајќи предвид дека согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал може во кој било момент да и се обрати и со само едно барање да го добие кој било предмет или документ за кој што е заинтересирано и за кој смета дека му е потребен.

Токму поради суштествените недостатоци на наредбата за претрес, начинот на постапувањето при спроведување на истата, низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската пракса како и неоснованоста за примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на ОЈО ГОКК, од страна на Управата за финансиска полиција до Јавниот обвинител на Република  Македонија поднесена е претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, информираат од Управата за финансиска полиција.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-prostoriite-na-direktorot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/

The post Судир во полициско-обвинителниот врв: Финансиската полиција на Арафат Муареми лута на ЈО на Вилма Русковска appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција информира дека до јавниот обвинител поднела претставка во врска со претресот што истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал минатата недела го извршиле во просториите на институцијата по наредба издадена од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје, врз основа на претходно доставено барање Обвинителството. Како што соопшти денеска Управата за финансиска полиција, на истражителите од ОЈО за гонење на организиран криминал на 18 јули им бил дозволен непречен пристап во просториите на Управата, како и непречено извршување на наредбата, иако нејзината содржина, како што се тврди, не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена. Според Управата за финансиска полиција, со наведените дејствија е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“. Видно од наредбата воопшто не е јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата кој што таквата наредба ја издал. Наведеното упатува на тоа дека при издавањето на наредбата, од страна на судијата на претходна постапка запазена е само формата, но не и суштината за да се издаде наредба за примена на ваква инвазивна мерка, каква што е претресот, се наведува во соопштението од Управата. Од содржината на наредбата, според Финансиската полиција, може да се констатира дека таа е „воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување“, што упатува на тоа дека подносителот на барањето за претрес ОЈО ГОКК „не располага со јасна и конкретна цел каков доказен материјал со примената на ваквата мерка сакал да обезбеди, а со кој само дополнително би го зајакнале основаното сомнение и би го комплетирале веќе обезбедениот доказен материјал за некакво сторено кривично дело“. Според наредбата за претрес, претресот се спроведува „поради постоење на основано сомнение дека е сторено кривично дело…“. Согласно член 21 точка 15 од Законот за кривична постапка, „основано сомневање е повисок степен на сомневање заснован врз прибавените докази кои упатуваат на заклучок дека определено лице сторило кривично дело “, а од друга страна јавноста е сведок на изјавите на шефицата на ОЈО ГОКК објавени во медиумите во кои самата изјавува дека нема осомничени лица, односно дека „..,чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, се посочува во соопштението. Дополнително, според Управата, претресот е апсолутно непотребен, имајќи предвид дека согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал може во кој било момент да и се обрати и со само едно барање да го добие кој било предмет или документ за кој што е заинтересирано и за кој смета дека му е потребен. Токму поради суштествените недостатоци на наредбата за претрес, начинот на постапувањето при спроведување на истата, низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската пракса како и неоснованоста за примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на ОЈО ГОКК, од страна на Управата за финансиска полиција до Јавниот обвинител на Република  Македонија поднесена е претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, информираат од Управата за финансиска полиција. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-prostoriite-na-direktorot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/

The post Судир во полициско-обвинителниот врв: Финансиската полиција на Арафат Муареми лута на ЈО на Вилма Русковска appeared first on Република.

]]>