финансирање Archives - Република https://republika.mk/tema/finansiranje/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 08:26:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png финансирање Archives - Република https://republika.mk/tema/finansiranje/ 32 32 Дурмиши: Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата (проектот) за заштита на потрошувачите https://republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-ministerstvoto-za-ekonomija-i-trud-dodeluva-finansiski-sredstva-za-realizirane-na-programata-proektot-za-zashtita-na-potroshuvachite/ Fri, 06 Sep 2024 08:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=813713

Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите.

Преку ова финансиска поддршка Министерство за економија и труд доделува финансиски средства за реализација на програма (проект) за заштита на потрошувачите во износ од 300.000,00 денари до 500.000,00 денари согласно доставените предлог програми (проекти) за заштита на потрошувачите до исцрпување на финасиските средства предвидени за овој повик, на невладините организации за заштита на потрошувачите за обезбедување информации и помош за потрошувачите.

Оваа иницијатива е дел од нашите постојани напори да се подобри квалитетот на животот на сите граѓани и да се зајакне нивната заштита и права.

Ги охрабруваме сите здруженија на потрошувачите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка која ќе им овозможи да реализираат значајни проекти за доброто на потрошувачите. Овој повик е доказ за нашата посветеност кон транспарентноста, правичноста и инклузивноста во креирањето на политики кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани.

Повеќе информации за условите за аплицирање, висината на финансиските средства и рокот за доставување на барањата можете да најдете на нашата веб-страница www.economy.gov.mk

The post Дурмиши: Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата (проектот) за заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите. Преку ова финансиска поддршка Министерство за економија и труд доделува финансиски средства за реализација на програма (проект) за заштита на потрошувачите во износ од 300.000,00 денари до 500.000,00 денари согласно доставените предлог програми (проекти) за заштита на потрошувачите до исцрпување на финасиските средства предвидени за овој повик, на невладините организации за заштита на потрошувачите за обезбедување информации и помош за потрошувачите. Оваа иницијатива е дел од нашите постојани напори да се подобри квалитетот на животот на сите граѓани и да се зајакне нивната заштита и права. Ги охрабруваме сите здруженија на потрошувачите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка која ќе им овозможи да реализираат значајни проекти за доброто на потрошувачите. Овој повик е доказ за нашата посветеност кон транспарентноста, правичноста и инклузивноста во креирањето на политики кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани. Повеќе информации за условите за аплицирање, висината на финансиските средства и рокот за доставување на барањата можете да најдете на нашата веб-страница www.economy.gov.mk

The post Дурмиши: Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата (проектот) за заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>
ДКСК препорача да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-preporacha-da-se-ukine-drzhavnoto-finansirane-na-partiite-i-da-se-kaznuvaat-institutsiite-shto-krijat-podatotsi/ Fri, 30 Aug 2024 10:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=811500

Во извештајот, ДКСК меѓу другото забележува дека помалку од половината од институциите не ја исполниле законската обврска да достават податоци за службените возила со кои располагаат. Од 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства.

„Најзагрижувачки е фактот дека 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства. Ова претставува сериозен недостаток во исполнувањето на законските обврски и може да укаже на свесно прикривање на информации за избегнување на надзор. Недоставувањето на податоци од страна на голем број институции, вклучително и министерства, е особено проблематично бидејќи овие институции управуваат со значителни ресурси и јавни средства, што може да укаже на потенцијални злоупотреби, каде што службените возила се користат за лични или партиски цели, наместо за потреби на институцијата. Од аспект на превенција, оваа ситуација бара итна реакција. Потребно е да се зајакнат механизмите за надзор и контрола, како и да се воведат построги санкции за институциите кои не ги исполнуваат своите обврски во однос на доставување на информации. Исто така, треба да се разгледа можноста за автоматизирање на процесите за поднесување и обработка на овие податоци“, велат од ДКСК.

Од вкупните извори на финансирање на изборната кампања во износ од 385.022.129 денари, 64 отсто се пари од Буџетот на државата, поради што ДКСК укажува на потребата државното финансирање на партиите да се укине, поради постоење на ризици од корупција и идното влијание на политичките партии врз уредувачката политика на медиумите.

„Истакнавме дека Државната изборна комисија има исплатено само 3 проценти од вкупната обврска за платено политичко рекламирање, соопштуваат од ДКСК.

Што се однесува до парите од донации што се влеваат во партските каси, од Антикорупциска констатирале дека пријавувањето на донациите и трошоците е премногу комплексно и неефикасно, што доведува до зголемени административни трошоци и одложувања.

„Неопходна е реформа на овие процеси за постигнување поголема ефикасност и намалување на можностите за корупција“, препорачуваат од Комисијата.

Извештајот исто така посочува на потребата од зајакнување на системите за мониторинг и надзор за обезбедување поголема транспарентност и отчетност во финансирањето на изборните кампањи.

„Финансиското управување останува сериозен предизвик. ДКСК препорачува воведување нови механизми за следење на приходите и расходите, како и реорганизација на административните процеси за поефикасно управување со ресурсите и намалување на можностите за корупција“, се наведува во извештајот.

Во однос на постапувањето по предмети за овој изборен процес, ДКСК оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, предмети оформени по сопствена иницијатива, по поднесени пријави, како и приговор поднесен од една политичка партија.

„Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека осум предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина. По предметите за парламентарните избори, покренавме шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење, како и четири иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица“, посочуваат од ДКСК.

Во однос на законската обврска за доставување на извештаи, ДКСК констатира дека четири партии што учествувале на изборите немаат доставено вкупен финансиски извештај, додека значително мал број од фирмите кои вршат платено политичко рекламирање имаат доставено извештаи до ДКСК, со што, како што велат, се нарушува принципот на транспарентност на изборната кампања и се намалува довербата во целокупниот изборен процес, за што не се изречени санкции од страна на надлежните институции.

The post ДКСК препорача да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци appeared first on Република.

]]>

Во извештајот, ДКСК меѓу другото забележува дека помалку од половината од институциите не ја исполниле законската обврска да достават податоци за службените возила со кои располагаат. Од 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства.
„Најзагрижувачки е фактот дека 826 институции воопшто не доставиле информации, од кои 10 се министерства. Ова претставува сериозен недостаток во исполнувањето на законските обврски и може да укаже на свесно прикривање на информации за избегнување на надзор. Недоставувањето на податоци од страна на голем број институции, вклучително и министерства, е особено проблематично бидејќи овие институции управуваат со значителни ресурси и јавни средства, што може да укаже на потенцијални злоупотреби, каде што службените возила се користат за лични или партиски цели, наместо за потреби на институцијата. Од аспект на превенција, оваа ситуација бара итна реакција. Потребно е да се зајакнат механизмите за надзор и контрола, како и да се воведат построги санкции за институциите кои не ги исполнуваат своите обврски во однос на доставување на информации. Исто така, треба да се разгледа можноста за автоматизирање на процесите за поднесување и обработка на овие податоци“, велат од ДКСК. Од вкупните извори на финансирање на изборната кампања во износ од 385.022.129 денари, 64 отсто се пари од Буџетот на државата, поради што ДКСК укажува на потребата државното финансирање на партиите да се укине, поради постоење на ризици од корупција и идното влијание на политичките партии врз уредувачката политика на медиумите. „Истакнавме дека Државната изборна комисија има исплатено само 3 проценти од вкупната обврска за платено политичко рекламирање, соопштуваат од ДКСК. Што се однесува до парите од донации што се влеваат во партските каси, од Антикорупциска констатирале дека пријавувањето на донациите и трошоците е премногу комплексно и неефикасно, што доведува до зголемени административни трошоци и одложувања. „Неопходна е реформа на овие процеси за постигнување поголема ефикасност и намалување на можностите за корупција“, препорачуваат од Комисијата. Извештајот исто така посочува на потребата од зајакнување на системите за мониторинг и надзор за обезбедување поголема транспарентност и отчетност во финансирањето на изборните кампањи. „Финансиското управување останува сериозен предизвик. ДКСК препорачува воведување нови механизми за следење на приходите и расходите, како и реорганизација на административните процеси за поефикасно управување со ресурсите и намалување на можностите за корупција“, се наведува во извештајот. Во однос на постапувањето по предмети за овој изборен процес, ДКСК оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, предмети оформени по сопствена иницијатива, по поднесени пријави, како и приговор поднесен од една политичка партија. „Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека осум предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина. По предметите за парламентарните избори, покренавме шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење, како и четири иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица“, посочуваат од ДКСК. Во однос на законската обврска за доставување на извештаи, ДКСК констатира дека четири партии што учествувале на изборите немаат доставено вкупен финансиски извештај, додека значително мал број од фирмите кои вршат платено политичко рекламирање имаат доставено извештаи до ДКСК, со што, како што велат, се нарушува принципот на транспарентност на изборната кампања и се намалува довербата во целокупниот изборен процес, за што не се изречени санкции од страна на надлежните институции.

The post ДКСК препорача да се укине државното финансирање на партиите и да се казнуваат институциите што кријат податоци appeared first on Република.

]]>
Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ristovski-ke-finansirame-iskluchivo-talentirani-idni-olimpijtsi-a-ne-olimpiski-turizam/ Tue, 13 Aug 2024 12:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=806178

Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, туку ќе ги форсираме најталентираните, ќе ги финансираме нивните програми, но ќе бараме и соодветни резултати. Комплетно ќе го смениме пристапот. Ќе направиме целосна анализа на сите потенцијални следни олимпијци и ќе се фокусираме на нив, најави денеска министерот за спорт Борко Ристовски.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ристовски напомена дека за да се бараат резултати од нашите спортисти, мора најпрво да се обезбедат соодветни услови. Сепак, оцени, досегашните слаби олимписки резултати се последица на неправилното работење, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови.

Имаме олимпијци во регионот како во Косово на пример, кои имаат двојно или многу повеќе резултати на олимпијадите. Значи, не се работело правилно, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови. Со должна почит, не можеме да кажеме дека Косово е Германија, Франција или Италија во однос на условите, но поважен е начинот на кој се работело со олимпијците, истакна Ристовски.

Програмите на Министерството за спорт ќе бидат јавно достапни, напомена, а сите федерации и спортови што ќе влезат во четиригодишната стратегија ќе бидат целосно финансирани и за нивното развивање ќе бидат комплетно обезбедени условите. Дури тогаш ќе можеме да бараме резултати, се дотогаш можеме да се надеваме на поединечни блесоци, како Дарио, Милијана.

Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци и програми кои ќе бидат строги и стриктни. Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, за жал, туку ќе бараме резултати од соодветните федерации кои ќе бидат означени како наш приоритет. Тоа е она што сакаме да го направиме во спортот, што сакаме да го постигнеме и нема да застанеме се додека не ги видиме вистинските дечиња, вистинските спортисти, вистинските професионалци на Олимпијада. Премногу е рано да е зборува за Олимпијадата, но не и за резултатите и за тоа кои млади категории сакаме да ги форсираме. Целта е да обезбедиме за Дарио и нему сличните подобри услови, за да може да го развиваат својот талент, а со тоа и резултати на Олимпијада. Апсолутно стоиме на тоа дека за да барате резултати, мора да има соодветни улови, најпрво мора да ги направиме тие улови на краток период, а потоа да финансираме програми и да бараме резултати. Но, тие што ќе добијат финансии од државата, а нема да ги исполнат резултатите, ќе бидат тргнати од листата и на нивно мето ќе дојдат други нови деца, нови спортисти, ито така талентирани, потенцира министерот.

Тој информира и дека веќе е во подготовка изградбата на повеќе атлетски стази низ државата, а ќе се почне од Гевгелија.

 

The post Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам appeared first on Република.

]]>

Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, туку ќе ги форсираме најталентираните, ќе ги финансираме нивните програми, но ќе бараме и соодветни резултати. Комплетно ќе го смениме пристапот. Ќе направиме целосна анализа на сите потенцијални следни олимпијци и ќе се фокусираме на нив, најави денеска министерот за спорт Борко Ристовски. Одговорајќи на новинарски прашања, Ристовски напомена дека за да се бараат резултати од нашите спортисти, мора најпрво да се обезбедат соодветни услови. Сепак, оцени, досегашните слаби олимписки резултати се последица на неправилното работење, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови.
Имаме олимпијци во регионот како во Косово на пример, кои имаат двојно или многу повеќе резултати на олимпијадите. Значи, не се работело правилно, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови. Со должна почит, не можеме да кажеме дека Косово е Германија, Франција или Италија во однос на условите, но поважен е начинот на кој се работело со олимпијците, истакна Ристовски.
Програмите на Министерството за спорт ќе бидат јавно достапни, напомена, а сите федерации и спортови што ќе влезат во четиригодишната стратегија ќе бидат целосно финансирани и за нивното развивање ќе бидат комплетно обезбедени условите. Дури тогаш ќе можеме да бараме резултати, се дотогаш можеме да се надеваме на поединечни блесоци, како Дарио, Милијана.
Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци и програми кои ќе бидат строги и стриктни. Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, за жал, туку ќе бараме резултати од соодветните федерации кои ќе бидат означени како наш приоритет. Тоа е она што сакаме да го направиме во спортот, што сакаме да го постигнеме и нема да застанеме се додека не ги видиме вистинските дечиња, вистинските спортисти, вистинските професионалци на Олимпијада. Премногу е рано да е зборува за Олимпијадата, но не и за резултатите и за тоа кои млади категории сакаме да ги форсираме. Целта е да обезбедиме за Дарио и нему сличните подобри услови, за да може да го развиваат својот талент, а со тоа и резултати на Олимпијада. Апсолутно стоиме на тоа дека за да барате резултати, мора да има соодветни улови, најпрво мора да ги направиме тие улови на краток период, а потоа да финансираме програми и да бараме резултати. Но, тие што ќе добијат финансии од државата, а нема да ги исполнат резултатите, ќе бидат тргнати од листата и на нивно мето ќе дојдат други нови деца, нови спортисти, ито така талентирани, потенцира министерот.
Тој информира и дека веќе е во подготовка изградбата на повеќе атлетски стази низ државата, а ќе се почне од Гевгелија.  

The post Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам appeared first on Република.

]]>
Непостоечи, вчера отворени, како и портали со косовски адреси меѓу медиумите што бараат државни пари https://republika.mk/vesti/makedonija/nepostoechi-vchera-otvoreni-kako-i-portali-so-kosovski-adresi-megu-mediumite-shto-baraat-drzhavni-pari/ Sat, 02 Mar 2024 08:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=750251

37 телевизии, 35 радија, 11 весници и дури 249 портали се пријавиле за да објавуваат реклами на претседателските избори. И додека кај традиционалните медиуми нема изненадувања, кај порталите, повеќе од половината се практично непознати на македонската медиумска сцена, анализира „Сител“.  Интересно е што повеќе од половина портали известуваат на албански јазик, а меѓу нив, најинтересна е групата од 10 портали на фирмата „Инфините солушнс 2023“ која медиумите ја поврзуваат со директорот на државна лотарија и за кои имаше обвинувања дека работат во министерството на Артан Груби.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zgradata-na-ministerstvoto-na-grubi-se-smesteni-10-portali-se-plakaat-so-nashi-pari/

Законските ограничувања не дозволуваат една партија да се рекламира за повеќе од 15.000 евра во еден портал, па лансирањето на 10 во кампањата изгледа како добра можност од државниот буџет да се извлечат максимални 150.000 евра.

Околу третина од порталите кои се пријавиле да учествуваат во кампањата воопшто не се регистрирани во македонскиот регистар на домејни. Меѓу нив има портали регистрирани во Данска, Албанија и Косово. Дури 6 портали имаат домејн регистриран во Албанија а еден портал во својот импресум прецизно наведува дека има адреса во Косово. Неколку портали пријавиле свои поддомејни, а некои две различни адреси за еден ист портал.

Ако решите да го отворите секој портал посебно ќе забележите дека половина од нив воопшто немаат импресум, за една година објавиле неколку десетици содржини а има и такви кои се формирале на истиот ден кога ДИК го објави повикот за медиумите, објавиле десетина вести и оттогаш до денеска нема ништо.

Интересно е што меѓу пријавените портали има и такви кои воопшто не постојат. На пример порталот Специ.мк не постои во регистарот на Марнет иако има мк домејн. Неколку портали имаат регистриран домејн но воопшто не постојат а има и такви на кои им стои дека баш во овој момент се сервисираат.

Во желбата да се земе некој денар повеќе од кампањата, некој го пријавил порталот Грамофони.ком посветен на аудио опрема а се чини најдобра од сите е матична докторка од Скопје која исто така со поддомејн се пријавила за да објавува реклами.

Од ДИК велат дека законот е таков и дека имаат врзани раце во овој случај иако се свесни за проблемот. Објаснуваат дека секој портал што во ДИК ќе испрати тековна состојба и барање за пријава има право да објавува реклами без разлика што во овој момент никој во Македонија нема никаков регистар на онлајн медиуми, што значи дека нема никаков проблем, било која фирма од земјава да го пријави порталот на Си Ен Ен како свој.

The post Непостоечи, вчера отворени, како и портали со косовски адреси меѓу медиумите што бараат државни пари appeared first on Република.

]]>

37 телевизии, 35 радија, 11 весници и дури 249 портали се пријавиле за да објавуваат реклами на претседателските избори. И додека кај традиционалните медиуми нема изненадувања, кај порталите, повеќе од половината се практично непознати на македонската медиумска сцена, анализира „Сител“.  Интересно е што повеќе од половина портали известуваат на албански јазик, а меѓу нив, најинтересна е групата од 10 портали на фирмата „Инфините солушнс 2023“ која медиумите ја поврзуваат со директорот на државна лотарија и за кои имаше обвинувања дека работат во министерството на Артан Груби. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zgradata-na-ministerstvoto-na-grubi-se-smesteni-10-portali-se-plakaat-so-nashi-pari/ Законските ограничувања не дозволуваат една партија да се рекламира за повеќе од 15.000 евра во еден портал, па лансирањето на 10 во кампањата изгледа како добра можност од државниот буџет да се извлечат максимални 150.000 евра. Околу третина од порталите кои се пријавиле да учествуваат во кампањата воопшто не се регистрирани во македонскиот регистар на домејни. Меѓу нив има портали регистрирани во Данска, Албанија и Косово. Дури 6 портали имаат домејн регистриран во Албанија а еден портал во својот импресум прецизно наведува дека има адреса во Косово. Неколку портали пријавиле свои поддомејни, а некои две различни адреси за еден ист портал. Ако решите да го отворите секој портал посебно ќе забележите дека половина од нив воопшто немаат импресум, за една година објавиле неколку десетици содржини а има и такви кои се формирале на истиот ден кога ДИК го објави повикот за медиумите, објавиле десетина вести и оттогаш до денеска нема ништо. Интересно е што меѓу пријавените портали има и такви кои воопшто не постојат. На пример порталот Специ.мк не постои во регистарот на Марнет иако има мк домејн. Неколку портали имаат регистриран домејн но воопшто не постојат а има и такви на кои им стои дека баш во овој момент се сервисираат. Во желбата да се земе некој денар повеќе од кампањата, некој го пријавил порталот Грамофони.ком посветен на аудио опрема а се чини најдобра од сите е матична докторка од Скопје која исто така со поддомејн се пријавила за да објавува реклами. Од ДИК велат дека законот е таков и дека имаат врзани раце во овој случај иако се свесни за проблемот. Објаснуваат дека секој портал што во ДИК ќе испрати тековна состојба и барање за пријава има право да објавува реклами без разлика што во овој момент никој во Македонија нема никаков регистар на онлајн медиуми, што значи дека нема никаков проблем, било која фирма од земјава да го пријави порталот на Си Ен Ен како свој.

The post Непостоечи, вчера отворени, како и портали со косовски адреси меѓу медиумите што бараат државни пари appeared first on Република.

]]>
Бетина Жотева, претседателка на Советот на електронски медиуми во Бугарија: Голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија https://republika.mk/vesti/balkan/betina-zoteva-pretsedatelka-na-sovetot-na-elektronski-mediumi-vo-bugarija-golem-broj-bugarski-mediumi-dobivaat-finansii-od-rusija/ Mon, 18 Apr 2022 12:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=490035

Претседателката на Советот за електронски медиуми (СЕМ) Бетина Жотева за ТВ Нова изјави дека голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија и дека е невозможно да се санкционираат.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според неа, голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија во различни форми. Тоа се весници и веб-локации кои добиваат, на пример, спонзорство за рекламирање или спонзорство за некој настан. Според Жотева, имало примери за спротивното – западно влијание во бугарските медиуми.

Советот за електронски медиуми во Бугарија ги проверува сите овие информации.

Според Жотева, не може да се обвинат приватните медиуми што заземале една или друга страна во случајот. Секој можел да воспостави руско влијание, но никој не може да го санкционира, рече таа, додавајќи дека станува збор за саморегулација и чувство на професионализам.

Бетина Жотева го коментираше и случајот со новинарот на БНР, Петар Волгин, кој стана познат по ширење лажна вест, за што беше казнет од неговиот медиумски менаџмент. Таа рече дека случајот е испратен до етичката комисија.

На тема руско финансирање во бугарските медиуми, првиот човек на меѓународната платформа за истражувачко новинарство Bellingcat Христо Грозев за Нова коментира дека случајно дошле до писмени докази за плаќања на одреден интернет медиум во Бугарија. Тоа не е огромен медиум, но очигледно зазеде позиција да го брани наративот на Кремљ во Бугарија и врз основа на ова може да се заклучи дека и другите медиуми кои се поважни од него добиваат значително поголеми суми. Тој одби да им даде име на медиумите пред платформата да го објави и рече дека тоа ќе се случи во рок од неколку дена.

Според Грозев, станува збор за пари дадени специјално за објавување на материјали кои требало да се објават по одреден редослед на зборови даден од Москва и требало да бидат преведени и објавени, но се чини дека бугарскиот медиум сам ги објавил.

The post Бетина Жотева, претседателка на Советот на електронски медиуми во Бугарија: Голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Советот за електронски медиуми (СЕМ) Бетина Жотева за ТВ Нова изјави дека голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија и дека е невозможно да се санкционираат. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според неа, голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија во различни форми. Тоа се весници и веб-локации кои добиваат, на пример, спонзорство за рекламирање или спонзорство за некој настан. Според Жотева, имало примери за спротивното – западно влијание во бугарските медиуми.
Советот за електронски медиуми во Бугарија ги проверува сите овие информации. Според Жотева, не може да се обвинат приватните медиуми што заземале една или друга страна во случајот. Секој можел да воспостави руско влијание, но никој не може да го санкционира, рече таа, додавајќи дека станува збор за саморегулација и чувство на професионализам. Бетина Жотева го коментираше и случајот со новинарот на БНР, Петар Волгин, кој стана познат по ширење лажна вест, за што беше казнет од неговиот медиумски менаџмент. Таа рече дека случајот е испратен до етичката комисија. На тема руско финансирање во бугарските медиуми, првиот човек на меѓународната платформа за истражувачко новинарство Bellingcat Христо Грозев за Нова коментира дека случајно дошле до писмени докази за плаќања на одреден интернет медиум во Бугарија. Тоа не е огромен медиум, но очигледно зазеде позиција да го брани наративот на Кремљ во Бугарија и врз основа на ова може да се заклучи дека и другите медиуми кои се поважни од него добиваат значително поголеми суми. Тој одби да им даде име на медиумите пред платформата да го објави и рече дека тоа ќе се случи во рок од неколку дена. Според Грозев, станува збор за пари дадени специјално за објавување на материјали кои требало да се објават по одреден редослед на зборови даден од Москва и требало да бидат преведени и објавени, но се чини дека бугарскиот медиум сам ги објавил.

The post Бетина Жотева, претседателка на Советот на електронски медиуми во Бугарија: Голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија appeared first on Република.

]]>
Британските власти го намалуваат финансирањето на Би-Би-Си https://republika.mk/vesti/svet/britanskite-vlasti-go-namaluvaat-finansiranjeto-na-bi-bi-si/ Mon, 17 Jan 2022 09:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=445690

Според „Мејл“, британската влада има намера да го намали финансирањето на Би-Би-Си, односно ќе нареди двегодишно замрзнување на таксата што гледачите ја плаќаат за гледање емисии. Владата на премиерот Борис Џонсон неодамна ја спомена потребата од реформирање на финансирањето на оваа јавна телевизија.

Замрзнувањето на цената на претплатата на сегашните 159 фунти ќе им даде одредено олеснување на потрошувачите поради инфлацијата, која се очекува да достигне највисоко ниво во последните 30 години во април. Но, тоа би било и голем удар за финансиската структура на Би-Би-Си, која на пазарот се натпреварува со приватни компании како Нетфликс.

Изгледа дека премиерот и министерката за култура намерно сакаат да и го отежнат животот на оваа голема британска институција бидејќи не им се допаѓа начинот на кој известува“, изјави пратеничката Луси Пауел, цитирана од Си-Ен-Ен.

Британските политички партии редовно ги критикуваат вестите на Би-Би-Си. Поддржувачите на Брегзит сметаа дека Би-Би-Си е премногу критичен за ова прашање. Минатата недела, конзервативен пратеник рече дека известувањето на Би-би-си за забавите на Џонсон во Даунинг стрит за време на заклучувањето било „обид за државен удар“.

The post Британските власти го намалуваат финансирањето на Би-Би-Си appeared first on Република.

]]>

Според „Мејл“, британската влада има намера да го намали финансирањето на Би-Би-Си, односно ќе нареди двегодишно замрзнување на таксата што гледачите ја плаќаат за гледање емисии. Владата на премиерот Борис Џонсон неодамна ја спомена потребата од реформирање на финансирањето на оваа јавна телевизија. Замрзнувањето на цената на претплатата на сегашните 159 фунти ќе им даде одредено олеснување на потрошувачите поради инфлацијата, која се очекува да достигне највисоко ниво во последните 30 години во април. Но, тоа би било и голем удар за финансиската структура на Би-Би-Си, која на пазарот се натпреварува со приватни компании како Нетфликс.
Изгледа дека премиерот и министерката за култура намерно сакаат да и го отежнат животот на оваа голема британска институција бидејќи не им се допаѓа начинот на кој известува“, изјави пратеничката Луси Пауел, цитирана од Си-Ен-Ен.
Британските политички партии редовно ги критикуваат вестите на Би-Би-Си. Поддржувачите на Брегзит сметаа дека Би-Би-Си е премногу критичен за ова прашање. Минатата недела, конзервативен пратеник рече дека известувањето на Би-би-си за забавите на Џонсон во Даунинг стрит за време на заклучувањето било „обид за државен удар“.

The post Британските власти го намалуваат финансирањето на Би-Би-Си appeared first on Република.

]]>