филтер Archives - Република https://republika.mk/tema/filter/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Mar 2022 07:14:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png филтер Archives - Република https://republika.mk/tema/filter/ 32 32 Панел дискусија на тема: Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/panel-diskusija-na-tema-namaluvanje-na-tekstilniot-otpad-preku-kruzni-ekonomii/ Wed, 30 Mar 2022 07:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=480638

Во рамки на проектот "ФИЛТЕР", здружението на граѓани за нови уметности, технологија и екологија "3.14 Брокули", организира панел дискусија на тема: "Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии".

"ФИЛТЕР" е проект за одржливи системи и кружна (циркуларна) економија.
Во согласност со присуството на отпад и неговата селективност, идејата на "ФИЛТЕР" е да обезбеди неформална едукативна и практична програма за работа со повеќе од 7 типови на органски и неоргански отпад.

"ФИЛТЕР" е медиум каде можат да се споделат нови идеи, модели и пракси, со цел креирање на функционални и еколошки одржливи производи.

Првата епизода под наслов: "ФИЛТЕР - Текстилна индустрија" e за намалување на текстилниот отпад преку кружни економии. Планирано е да се обработат повеќе теми: текстилниот отпад како нов ресурс за работа, нови "зелени" материјали за работа, циркуларна економија, еколошки менаџмент, започнување на сопствен бизнис, моден дизајн и други.

Проектот "ФИЛТЕР - Текстилна индустрија" е организиран со финансиска поддршка од Британскиот совет во Република Македонија, во соработка со "Кинотека на Република Македонија", Текстилната компанија "ММЦ Прогрес" и "КОКОС Продукција".

Настанот ќе се одвива според протоколите за заштита од КОВИД-19 назначени од Влада на Република Македонија.

Локацијата е "Кинотека на Република Македонија", на ден 02.04.2022 година, со почеток во 12 часот.

Информации за настанот:

Модератор:

- Мартин Анастасовски

Панелисти:

- Проф. д-р Пеце Недановски (Економски факултет - Скопје)

- Марија Божиновска Богојевска (Директор за Увоз-Извоз во Окитекс ДОО)

- Проф. д-р Игор Јорданов (Институт за текстилно инженерство)

- Христина Алексовска (Одговорен соработник во "Копче")

- Александра Спасеска (Новинар, преведувач, активист, дел од тимот на Fashion Revolution Macedonia)

- Ирина Тошева (Моден дизајнер)

- Драган Христов (Моден дизајнер)

ПРИЈАВA: https://docs.google.com/.../1FAIpQLScOWfhZ9E0.../viewform...

The post Панел дискусија на тема: Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии appeared first on Република.

]]>

Во рамки на проектот "ФИЛТЕР", здружението на граѓани за нови уметности, технологија и екологија "3.14 Брокули", организира панел дискусија на тема: "Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии". "ФИЛТЕР" е проект за одржливи системи и кружна (циркуларна) економија. Во согласност со присуството на отпад и неговата селективност, идејата на "ФИЛТЕР" е да обезбеди неформална едукативна и практична програма за работа со повеќе од 7 типови на органски и неоргански отпад. "ФИЛТЕР" е медиум каде можат да се споделат нови идеи, модели и пракси, со цел креирање на функционални и еколошки одржливи производи. Првата епизода под наслов: "ФИЛТЕР - Текстилна индустрија" e за намалување на текстилниот отпад преку кружни економии. Планирано е да се обработат повеќе теми: текстилниот отпад како нов ресурс за работа, нови "зелени" материјали за работа, циркуларна економија, еколошки менаџмент, започнување на сопствен бизнис, моден дизајн и други. Проектот "ФИЛТЕР - Текстилна индустрија" е организиран со финансиска поддршка од Британскиот совет во Република Македонија, во соработка со "Кинотека на Република Македонија", Текстилната компанија "ММЦ Прогрес" и "КОКОС Продукција". Настанот ќе се одвива според протоколите за заштита од КОВИД-19 назначени од Влада на Република Македонија. Локацијата е "Кинотека на Република Македонија", на ден 02.04.2022 година, со почеток во 12 часот. Информации за настанот: Модератор: - Мартин Анастасовски Панелисти: - Проф. д-р Пеце Недановски (Економски факултет - Скопје) - Марија Божиновска Богојевска (Директор за Увоз-Извоз во Окитекс ДОО) - Проф. д-р Игор Јорданов (Институт за текстилно инженерство) - Христина Алексовска (Одговорен соработник во "Копче") - Александра Спасеска (Новинар, преведувач, активист, дел од тимот на Fashion Revolution Macedonia) - Ирина Тошева (Моден дизајнер) - Драган Христов (Моден дизајнер) ПРИЈАВA: https://docs.google.com/.../1FAIpQLScOWfhZ9E0.../viewform...

The post Панел дискусија на тема: Намалување на текстилниот отпад преку кружни економии appeared first on Република.

]]>