филоошки факултет Archives - Република https://republika.mk/tema/filooshki-fakultet/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 10:21:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png филоошки факултет Archives - Република https://republika.mk/tema/filooshki-fakultet/ 32 32 Меѓународна научна конференција за митот и драмата за првпат во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/megunarodna-nauchna-konferentsija-za-mitot-i-dramata-za-prvpat-vo-skopje/ Thu, 28 Nov 2024 10:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=842672

Во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи дводневна меѓународна научна конференција со наслов Мит и драма: современи интерпретации (29-30 ноември 2024).

Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје.

Повеќе од педесет експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Италија, Шпанија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија, Мароко, Финска и др.), ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки.

[caption id="attachment_842681" align="alignnone" width="1024"] Светлана Слапшак, редовен професор и декан во пензија, Институт за балкански и медитерански студии и култура, ИБАМЕСК, Љубљана[/caption]

Конференцијата предвидува и две пленарни предавања, од истакнати професорки од оваа област: Светлана Слапшак (редовен професор и декан во пензија, Институт за балкански и медитерански студии и култура, ИБАМЕСК, Љубљана) и Катерина Колозова (редовен професор и директор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје).

Свеченото отворање на конференцијата е закажано за на 29 ноември во 10 ч., во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. По завршувањето на конференцијата, предвидени се и презентации на резултатите од работилниците наменети за студенти, по креативно пишување и театарска изведба, кои ги водеа професорите Зоја Бузалковска, Маја Стевановиќ и Александар Степанулевски од Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Конференцијата е отворена за сите заинтересирани, а програмата е достапна на следниов линк:

https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/Mit-i-drama_Programa-.pdf

 

 

 

The post Меѓународна научна конференција за митот и драмата за првпат во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи дводневна меѓународна научна конференција со наслов Мит и драма: современи интерпретации (29-30 ноември 2024). Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје. Повеќе од педесет експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Италија, Шпанија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија, Мароко, Финска и др.), ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки. [caption id="attachment_842681" align="alignnone" width="1024"] Светлана Слапшак, редовен професор и декан во пензија, Институт за балкански и медитерански студии и култура, ИБАМЕСК, Љубљана[/caption] Конференцијата предвидува и две пленарни предавања, од истакнати професорки од оваа област: Светлана Слапшак (редовен професор и декан во пензија, Институт за балкански и медитерански студии и култура, ИБАМЕСК, Љубљана) и Катерина Колозова (редовен професор и директор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје). Свеченото отворање на конференцијата е закажано за на 29 ноември во 10 ч., во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. По завршувањето на конференцијата, предвидени се и презентации на резултатите од работилниците наменети за студенти, по креативно пишување и театарска изведба, кои ги водеа професорите Зоја Бузалковска, Маја Стевановиќ и Александар Степанулевски од Факултетот за драмски уметности во Скопје. Конференцијата е отворена за сите заинтересирани, а програмата е достапна на следниов линк: https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/Mit-i-drama_Programa-.pdf      

The post Меѓународна научна конференција за митот и драмата за првпат во Скопје appeared first on Република.

]]>