Со проекција на „Дали си маж“ од македонскиот режисер Ѓорче Ставревски, во 19,30 часот на „Плочник“ и изложба на аналогни фотографии „Мозаик во зрно“ од Љубомир Трајковски вечерва во „Котур“ во Скопје почнува шестото издание на „Ѕирни“, Фестивал на филм и музика кој ќе трае до 10 октомври. Организаторот најавува филмови, концерти, тетарски претстави, интервіуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма.
Оваа година официјалната селекција на кратки филмови, кои се натпреваруваат за наградата „Данчо Чеврески”, станува интернационална. Се воведува и уште еден натпреварувачки дел во програмата - интернационални кратки студентски филмови.
Во ова издание на фестивалот по вторпат ќе се одржи и 48часовниот филмски предизвик. Ќе уживаме и во маестралните улоги на Мето Јовановски во филмските проекции на „Тетовирање“ и „Среќна Нова 49-та“. На наше големо задоволство, покрај кино салата на , оваа година фестивалот ќе се одржи и на нови локации. Филмови од официјалната селекција и концерти на „Аудио Цигла“ и „Фанк Шуи“ ќе гледаме на Плочник (во блокот на градски ѕид веднаш до соборниот храм), а театарската претстава „Кенди“ во „Лабораториум“.
The post Со проекција на „Дали си маж“ на Ѓорче Ставревски почнува шестото издание на „Ѕирни” – фестивал на филм и музика appeared first on Република.
]]>The post Со проекција на „Дали си маж“ на Ѓорче Ставревски почнува шестото издание на „Ѕирни” – фестивал на филм и музика appeared first on Република.
]]>Состојбата во македонскиот филм во моментов е најтешка од кога било, смета киноматрограферот Душан Кардалевски, но се надеваат дека ќе дојдат подобри времиња.
Кардалевски гостуваше на прес-конфренцијата која денеска се одржа во Битола каде што е во тек Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Неговиот краткометражен филм „Состојба на умот“ (“Frame of Mind”), во режија на Александра Кардалевска беше прикажан вчера во киното „Манаки“ во Битола, како дел официјалната краткометражна натпреварувачка програма за наградата „Златна камера 300“. Филмот досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил.
Кардалевски смета дека исто така тешка е состојбата и со копродукциите и за долгометражни и за краткометражни филмови, но ако имате добра проект, добро сценарио, сепак е можно.
На денешната прес конференција за своите искуства во соработката со режисерите освен Карадалевски проговорија и кинематограферите Кинан Масарани и Петер Колањи.
Од една страна е тешко да се работи со режисер, во мојот случај тоа е сестра ми, но од друга страна е полесно за некои работи. Таа е многу прецизна, и кога ќе го подготви филмот доаѓа со книга и веднаш кажува како сака снимањето да изгледа и тоа е едноставно за работа, рече Кардалевски.
„Состојба на умот“ во режија на Александра Кардалевска, говори за случајната средба меѓу еден фотограф и една мистериозна девојка води до ноќ на заедничка интимност и конекција. Но, новиот ден открива скриена вистина, што фрла сенка врз нивната романса.
Прв пат снимав со „Сони“ камера, користев светлина од излозите во близина, набавив и филтри, но поради големата загаденост на воздухот додека снимавме немаше потреба да ги користам, рече Кардалевски кој подвлече дека снимале едно попладне и една ноќ.
Кинан Масарани, кинематограферот на филмот „Добро момче“, кој е всушност прв филм на режисерот Пол Венсан Де Лестард, рече дека немало потреба да го води како поискусен бидејќи Пол бил мошне сигурен и веќе имал снимено студентски филм и немало потреба од поголема помош.
Филмот ја раскажува приказната за Максим има шеснаесет години. Како надежен пливач, тој е на пат да се запише на студиска програма за спорт. Едно попладне, полицијата го прекинува тренингот за да разговара со неговиот тренер, кој е обвинет за сексуална злоупотреба од страна на еден од младите пливачи во клубот.
Петер Колањи, пак, со режисерката Ребека Румел се познавале од училишните денови и немале потешкотии во соработката одлично се познавале.
Приказната на филмот „Оддалечување“ говори за тоа кога Вера оди во советското одморалиште за да му се придружи на својот сопруг астронаут, Алексеј, летната идила е нарушена од сомнежите за сопругот, што тајно ѝ ја загорчуваат душата.
Јошио Китагава, јапонски кинематографер, чиј филм „Зло не постои“ вчера беше прикажан на „Браќа Манаки“ во рамките на Официјалната селекција Камера 300, на денешната прес конференција говореше за искуствата при снимањето со режисерот Рјусуке Хамагучи, со кој веќе го сними „Среќен час“.
Китагава истакна дека имале и други соработки при снимање на кратки филмови и истакна дека е среќен што има можност да работи со него по големиот успех со филмот „Вози ја мојата кола“.
Со овој филм тој стана многу популарен во Јапонија, но и во странство, но сепак за филмот „Зло не постои“ не доби многу голем буџет. Композиторката со која соработувале на филмот „Вози ја мојата кола“ му понудила да ја визуелизира нејзината музика на фестивалот на филм во Гент, Рјуске го прифатил тоа , а потоа и јас и така почна соработката, рече Китагава.
Такуми и неговата ќерка Хана живеат во едно село близу Токио. Како и нивните предци, тие живеат скромни животи што ги следат циклусите и редот на природата. Еден ден, кога од Токио пристигнуваат претставници на една компанија за да го претстават планот за изградба на гламурозен камп („гламп“) кој ќе им понуди на жителите на градот можност за луксузно „бегство во природа“, станува јасно дека проектот ќе му наштети на локалното водоснабдување.
Актерите не се професионалци и одлично ја презентираат идејата дека не е се црно и бело, и дека злото некогаш постои, а некогаш не. Филмот ја тера публиката да мисли што ни значи природата и да доаѓа во кино-салите, порача Китагава, заблагодарувајќи се на прекрасното искуство да биде дел од програмата на „Браќа Манаки“.
Во Европската Lo-Sap програма, вчера публиката можеше да го погледне филмот „Бегај“ на казахстанскиот кинематографер Азамат Дулатов.
Филмот го прикажува Казахстан во времето на Советскиот Сојуз, во 1930-те години, време обележано со брзата колективизација на фармите на Сталин и со најбруталниот глад што некогаш го видел модерниот свет. Локалниот гробар Исатај мора да се соочи со тежок избор.
Пред снимањето на филмот веќе сум работел на музички видеа и реклами со режисерот и постојано разговаравме да снимаме филм и овој пат одлучивме да го направиме тоа. Направивме подготовки со сценариото, актерите, баравме локации и откако се подготвивме почна снимањето. Токму поради добрата подготовка снимањето одеше многу мазно, рече Дулатов на денешната прес конференција, и потенцираше дека во мајсторството на прикажувањето на сцените кои се снимале во степите многу му помогнала неговата едукација, бидејќи, како што рече има дипломирано ликовна уметност.
Кинематограферката Јошико Такано, преку камерата раскажа интересна проказна со документарниот филм „Гама“.
Во Окинава, местото каде што кон крајот на Втората светска војна се случиле интензивни копнени битки, постојат многу природни пештери наречени “ГАМА”. Мицуо Мацунага собира остатоци од битката за Окинава и опишува како цивилите кои учествувале во војната се засолниле во ГАМА.
Се обидовме да ја раскажеме историјата на ГАМА во Окинава. ГАМА пештерите за многумина не се познати во Јапонија, но на овој начин преку филмот ќе се запознаат со овие засолништа. Во документарниот филм внесовме визуелна поезија, а гледачот преку очите на девојчето ги следи настаните, раскажа Такано, која посочи дека снимале во ноември бидејќи тоа е најповолниот период за снимање бидејќи во тој предел е многу топло.
The post Кардалевски: Состојбата во македонскиот филм во моментов е најтешка од било кога appeared first on Република.
]]>Од една страна е тешко да се работи со режисер, во мојот случај тоа е сестра ми, но од друга страна е полесно за некои работи. Таа е многу прецизна, и кога ќе го подготви филмот доаѓа со книга и веднаш кажува како сака снимањето да изгледа и тоа е едноставно за работа, рече Кардалевски.„Состојба на умот“ во режија на Александра Кардалевска, говори за случајната средба меѓу еден фотограф и една мистериозна девојка води до ноќ на заедничка интимност и конекција. Но, новиот ден открива скриена вистина, што фрла сенка врз нивната романса.
Прв пат снимав со „Сони“ камера, користев светлина од излозите во близина, набавив и филтри, но поради големата загаденост на воздухот додека снимавме немаше потреба да ги користам, рече Кардалевски кој подвлече дека снимале едно попладне и една ноќ.Кинан Масарани, кинематограферот на филмот „Добро момче“, кој е всушност прв филм на режисерот Пол Венсан Де Лестард, рече дека немало потреба да го води како поискусен бидејќи Пол бил мошне сигурен и веќе имал снимено студентски филм и немало потреба од поголема помош. Филмот ја раскажува приказната за Максим има шеснаесет години. Како надежен пливач, тој е на пат да се запише на студиска програма за спорт. Едно попладне, полицијата го прекинува тренингот за да разговара со неговиот тренер, кој е обвинет за сексуална злоупотреба од страна на еден од младите пливачи во клубот. Петер Колањи, пак, со режисерката Ребека Румел се познавале од училишните денови и немале потешкотии во соработката одлично се познавале. Приказната на филмот „Оддалечување“ говори за тоа кога Вера оди во советското одморалиште за да му се придружи на својот сопруг астронаут, Алексеј, летната идила е нарушена од сомнежите за сопругот, што тајно ѝ ја загорчуваат душата. Јошио Китагава, јапонски кинематографер, чиј филм „Зло не постои“ вчера беше прикажан на „Браќа Манаки“ во рамките на Официјалната селекција Камера 300, на денешната прес конференција говореше за искуствата при снимањето со режисерот Рјусуке Хамагучи, со кој веќе го сними „Среќен час“. Китагава истакна дека имале и други соработки при снимање на кратки филмови и истакна дека е среќен што има можност да работи со него по големиот успех со филмот „Вози ја мојата кола“.
Со овој филм тој стана многу популарен во Јапонија, но и во странство, но сепак за филмот „Зло не постои“ не доби многу голем буџет. Композиторката со која соработувале на филмот „Вози ја мојата кола“ му понудила да ја визуелизира нејзината музика на фестивалот на филм во Гент, Рјуске го прифатил тоа , а потоа и јас и така почна соработката, рече Китагава.Такуми и неговата ќерка Хана живеат во едно село близу Токио. Како и нивните предци, тие живеат скромни животи што ги следат циклусите и редот на природата. Еден ден, кога од Токио пристигнуваат претставници на една компанија за да го претстават планот за изградба на гламурозен камп („гламп“) кој ќе им понуди на жителите на градот можност за луксузно „бегство во природа“, станува јасно дека проектот ќе му наштети на локалното водоснабдување.
Актерите не се професионалци и одлично ја презентираат идејата дека не е се црно и бело, и дека злото некогаш постои, а некогаш не. Филмот ја тера публиката да мисли што ни значи природата и да доаѓа во кино-салите, порача Китагава, заблагодарувајќи се на прекрасното искуство да биде дел од програмата на „Браќа Манаки“.Во Европската Lo-Sap програма, вчера публиката можеше да го погледне филмот „Бегај“ на казахстанскиот кинематографер Азамат Дулатов. Филмот го прикажува Казахстан во времето на Советскиот Сојуз, во 1930-те години, време обележано со брзата колективизација на фармите на Сталин и со најбруталниот глад што некогаш го видел модерниот свет. Локалниот гробар Исатај мора да се соочи со тежок избор.
Пред снимањето на филмот веќе сум работел на музички видеа и реклами со режисерот и постојано разговаравме да снимаме филм и овој пат одлучивме да го направиме тоа. Направивме подготовки со сценариото, актерите, баравме локации и откако се подготвивме почна снимањето. Токму поради добрата подготовка снимањето одеше многу мазно, рече Дулатов на денешната прес конференција, и потенцираше дека во мајсторството на прикажувањето на сцените кои се снимале во степите многу му помогнала неговата едукација, бидејќи, како што рече има дипломирано ликовна уметност.Кинематограферката Јошико Такано, преку камерата раскажа интересна проказна со документарниот филм „Гама“. Во Окинава, местото каде што кон крајот на Втората светска војна се случиле интензивни копнени битки, постојат многу природни пештери наречени “ГАМА”. Мицуо Мацунага собира остатоци од битката за Окинава и опишува како цивилите кои учествувале во војната се засолниле во ГАМА.
Се обидовме да ја раскажеме историјата на ГАМА во Окинава. ГАМА пештерите за многумина не се познати во Јапонија, но на овој начин преку филмот ќе се запознаат со овие засолништа. Во документарниот филм внесовме визуелна поезија, а гледачот преку очите на девојчето ги следи настаните, раскажа Такано, која посочи дека снимале во ноември бидејќи тоа е најповолниот период за снимање бидејќи во тој предел е многу топло.
The post Кардалевски: Состојбата во македонскиот филм во моментов е најтешка од било кога appeared first on Република.
]]>Филмот е национална добробит и мора континуирано да се прави. Филмот е одлична комуникација со светот и затоа треба да се инвестира во филмот, вели во интервју за МИА, професорот во пензија Димитар Грбевски, основач на Катедрата за филмска и ТВ монатажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, познат и признат македонски филмски и телевизиски монтажер, годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“. Наградата што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија-ДФРМ, беше врачена на ИФФК „Браќа Манаки“ за исклучителен придонес на Грбевски во македонската кинематографија.
Радосен сум. Ова е признание кое долги години се формирало за да се дојде до признание. Првиот филм што го направив е „Црвениот коњ“ на Столе Попов, а пред него за телевизиски игран филм работев со Димитрие Османли. Во мојата професионална кариера работев во „Јадран филм“ во Хрватска каде и студирав. Последниот филм го работев со Митко Панов, станува збор за филмот „Сведок“. А во меѓувреме, во Македонија работев со сите режисери меѓу кои Ѓурчинов, Блажевски, Трајчов, Попов, Гапо, Мето Петровски, Зоран Младеновиќ, Стево Црвеновски…можеби некого во овој момент ненамерно нема да посочам, вели Грбевски во интервју за МИА.
Според Грбевски, филм мора да се прави.
Ние можеме целата македонска култура да ја префрлиме на филмот и да ја презентираме. Тоа е одлична комуникација со светот. Друг начин не постои. Снимен филм може да се пласира насекаде, на секој фестивал. Затоа треба да се инвестира во филмот. На пример, само со филм може да се оди на фестивалот во Кан. Филмот е најкомуникативен. Може да се понуди на е-мрежи и да се пласира насекаде. Ние со филмот „Медена земја“ се закитивме со две номинации за Оскар. Номинација за Оскар имавме и кога со Столе Попов го работевме филмот „Дае“. Јас како дел од тимот бев во Холивуд на доделувањето на наградата Оскар. Ден денес памтам кога еден господин ми пријде и ме праша -Што очекувате? Јас му одговорив: – Очекуваме да добиеме Оскар! А, тој веднаш рече: – Но, вие веќе го добивте оскарот бидејќи со самата номинација вие веќе имате Оскар, ми рече соговорникот. Престојот во Холивуд за мене е магија што ја видов и секогаш ќе ја паметам, додава годинешниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.
The post Можеме целата македонска култура да ја префрлиме на филмот и да ја презентираме, тоа е одлична комуникација со светот, вели Димитар Грбевски, лауреат на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ appeared first on Република.
]]>Радосен сум. Ова е признание кое долги години се формирало за да се дојде до признание. Првиот филм што го направив е „Црвениот коњ“ на Столе Попов, а пред него за телевизиски игран филм работев со Димитрие Османли. Во мојата професионална кариера работев во „Јадран филм“ во Хрватска каде и студирав. Последниот филм го работев со Митко Панов, станува збор за филмот „Сведок“. А во меѓувреме, во Македонија работев со сите режисери меѓу кои Ѓурчинов, Блажевски, Трајчов, Попов, Гапо, Мето Петровски, Зоран Младеновиќ, Стево Црвеновски…можеби некого во овој момент ненамерно нема да посочам, вели Грбевски во интервју за МИА.Според Грбевски, филм мора да се прави.
Ние можеме целата македонска култура да ја префрлиме на филмот и да ја презентираме. Тоа е одлична комуникација со светот. Друг начин не постои. Снимен филм може да се пласира насекаде, на секој фестивал. Затоа треба да се инвестира во филмот. На пример, само со филм може да се оди на фестивалот во Кан. Филмот е најкомуникативен. Може да се понуди на е-мрежи и да се пласира насекаде. Ние со филмот „Медена земја“ се закитивме со две номинации за Оскар. Номинација за Оскар имавме и кога со Столе Попов го работевме филмот „Дае“. Јас како дел од тимот бев во Холивуд на доделувањето на наградата Оскар. Ден денес памтам кога еден господин ми пријде и ме праша -Што очекувате? Јас му одговорив: – Очекуваме да добиеме Оскар! А, тој веднаш рече: – Но, вие веќе го добивте оскарот бидејќи со самата номинација вие веќе имате Оскар, ми рече соговорникот. Престојот во Холивуд за мене е магија што ја видов и секогаш ќе ја паметам, додава годинешниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.
The post Можеме целата македонска култура да ја префрлиме на филмот и да ја презентираме, тоа е одлична комуникација со светот, вели Димитар Грбевски, лауреат на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ appeared first on Република.
]]>На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ.
Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ. Една од улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска.
Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.
Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа „Интерфилм“ од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку „Партизанс“.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.
The post Започна снимањето на филмот „Соучесници” во копродукција со Србија, Хрватска и Македонија appeared first on Република.
]]>The post Започна снимањето на филмот „Соучесници” во копродукција со Србија, Хрватска и Македонија appeared first on Република.
]]>Македонскиот независен краток игран филм Мавера во режија на Батухан Ибрахим е селектиран во официјалната селекција на реномираниот филмски фестивал во Тирана. Филмот својата албанска премиера ќе ја има во програмата Балканска компетиција.
Фестивалот во Тирана е познат по тоа што филмовите кои што се прикажуваат таму се квалификуваат за Оскари и Европски филмски награди.
Приказната ги следи двете сестри, Билјана и Вики, кои се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата сестра Билјана ја носи одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нивниот татко е починат.
Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, продуцентите на филмот велат: “Филмот дури беше во фаза на развивање и снимање, генерално реакциите од многуте наши колеги од оваа област беа дека ова е преголем залак и лудило, затоа што ние бевме финансиери на филмот и со помош на прекрасната екипа успеавме филмот да го снимиме во 12 снимачки дена. Тука почуствувавме дека независниот филм во нашата држава сеуште се перцепира како незериозна, но нашите успеси со овој филм покажаа дека тоа не е така, дека филм кој што не е поддржан од државата исто така може да направи големи успеси, односно дека успехот и квалитетот на филмот не е го одредуваат парите и изворот на финансирањето. Се надеваме дека ваквиот принцип на работа ќе ги мотивира нашите колеги. Македонскиот независен филм постои и ќе се издигнува.”
Минатата година, на филмот му беше доделено специјално признание во ракмите на ИФФК „ Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во склоп на филмскиот фестивал „Sирни“ ја доби наградата за најдобар филм - “Данчо Чеврески”. Оваа година „Мавера“ беше претставен на маркетот за кратки филмови во склоп на интернационалниот филмски фестивал Clermont-Ferrand.
Режисер и сценарист на филмот е Батухан Ибрахим, продуценти се Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а монтажер е Драган Спасов, дизајнот на звук е на Ристо Алчинов, костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска - Костовска.
https://www.youtube.com/watch?v=gJE1v6taUG0
The post Независниот краток игран филм “Мавера” во офивијалната селекција на филмскиот фестивал во Тирана appeared first on Република.
]]>Македонскиот независен краток игран филм Мавера во режија на Батухан Ибрахим е селектиран во официјалната селекција на реномираниот филмски фестивал во Тирана. Филмот својата албанска премиера ќе ја има во програмата Балканска компетиција.
Фестивалот во Тирана е познат по тоа што филмовите кои што се прикажуваат таму се квалификуваат за Оскари и Европски филмски награди.
Приказната ги следи двете сестри, Билјана и Вики, кои се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата сестра Билјана ја носи одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нивниот татко е починат.
Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, продуцентите на филмот велат: “Филмот дури беше во фаза на развивање и снимање, генерално реакциите од многуте наши колеги од оваа област беа дека ова е преголем залак и лудило, затоа што ние бевме финансиери на филмот и со помош на прекрасната екипа успеавме филмот да го снимиме во 12 снимачки дена. Тука почуствувавме дека независниот филм во нашата држава сеуште се перцепира како незериозна, но нашите успеси со овој филм покажаа дека тоа не е така, дека филм кој што не е поддржан од државата исто така може да направи големи успеси, односно дека успехот и квалитетот на филмот не е го одредуваат парите и изворот на финансирањето. Се надеваме дека ваквиот принцип на работа ќе ги мотивира нашите колеги. Македонскиот независен филм постои и ќе се издигнува.”
Минатата година, на филмот му беше доделено специјално признание во ракмите на ИФФК „ Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во склоп на филмскиот фестивал „Sирни“ ја доби наградата за најдобар филм - “Данчо Чеврески”. Оваа година „Мавера“ беше претставен на маркетот за кратки филмови во склоп на интернационалниот филмски фестивал Clermont-Ferrand.
Режисер и сценарист на филмот е Батухан Ибрахим, продуценти се Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а монтажер е Драган Спасов, дизајнот на звук е на Ристо Алчинов, костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска - Костовска.
https://www.youtube.com/watch?v=gJE1v6taUG0The post Независниот краток игран филм “Мавера” во офивијалната селекција на филмскиот фестивал во Тирана appeared first on Република.
]]>Македонскиот независен краток игран филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим е селектиран во официјалната селекција на реномираниот филмски фестивал во Тирана. Филмот својата албанска премиера ќе ја има во програмата Балканска компетиција.
Фестивалот во Тирана е познат по тоа што филмовите кои што се прикажуваат таму се квалификуваат за Оскари и Европски филмски награди.
Приказната ги следи двете сестри, Билјана и Вики, кои се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата сестра Билјана ја носи одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината на Вики. Наративот се развива додека таа се соочува со бирократскиот лавиринт, обидувајќи се да докаже дека нивниот татко е починат.
Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, продуцентите на филмот велат:
Филмот дури беше во фаза на развивање и снимање, генерално реакциите од многуте наши колеги од оваа област беа дека ова е преголем залак и лудило, затоа што ние бевме финансиери на филмот и со помош на прекрасната екипа успеавме филмот да го снимиме во 12 снимачки дена. Тука почуствувавме дека независниот филм во нашата држава сеуште се перцепира како незериозна, но нашите успеси со овој филм покажаа дека тоа не е така, дека филм кој што не е поддржан од државата исто така може да направи големи успеси, односно дека успехот и квалитетот на филмот не е го одредуваат парите и изворот на финансирањето. Се надеваме дека ваквиот принцип на работа ќе ги мотивира нашите колеги. Македонскиот независен филм постои и ќе се издигнува.
Минатата година, на филмот му беше доделено специјално признание во ракмите на ИФФК „ Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во склоп на филмскиот фестивал „Sирни“ ја доби наградата за најдобар филм - “Данчо Чеврески”. Оваа година „Мавера“ беше претставен на маркетот за кратки филмови во склоп на интернационалниот филмски фестивал Clermont-Ferrand.
Режисер и сценарист на филмот е Батухан Ибрахим, продуценти се Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а монтажер е Драган Спасов, дизајнот на звук е на Ристо Алчинов, костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска - Костовска.
https://youtu.be/gJE1v6taUG0?si=r9Ei0aVvoCcHAxOB
The post Независниот краток игран филм „Мавера” во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Тирана appeared first on Република.
]]>Филмот дури беше во фаза на развивање и снимање, генерално реакциите од многуте наши колеги од оваа област беа дека ова е преголем залак и лудило, затоа што ние бевме финансиери на филмот и со помош на прекрасната екипа успеавме филмот да го снимиме во 12 снимачки дена. Тука почуствувавме дека независниот филм во нашата држава сеуште се перцепира како незериозна, но нашите успеси со овој филм покажаа дека тоа не е така, дека филм кој што не е поддржан од државата исто така може да направи големи успеси, односно дека успехот и квалитетот на филмот не е го одредуваат парите и изворот на финансирањето. Се надеваме дека ваквиот принцип на работа ќе ги мотивира нашите колеги. Македонскиот независен филм постои и ќе се издигнува.Минатата година, на филмот му беше доделено специјално признание во ракмите на ИФФК „ Браќа Манаки“ од познатиот кинематографер Питер Бижу. На премиерата во Скопје, во склоп на филмскиот фестивал „Sирни“ ја доби наградата за најдобар филм - “Данчо Чеврески”. Оваа година „Мавера“ беше претставен на маркетот за кратки филмови во склоп на интернационалниот филмски фестивал Clermont-Ferrand. Режисер и сценарист на филмот е Батухан Ибрахим, продуценти се Батухан Ибрахим и Стефан Ѓоргиевски, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а монтажер е Драган Спасов, дизајнот на звук е на Ристо Алчинов, костимограф на филмот е Андреј Ѓоргиевски-Папаз. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска - Костовска. https://youtu.be/gJE1v6taUG0?si=r9Ei0aVvoCcHAxOB
The post Независниот краток игран филм „Мавера” во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Тирана appeared first on Република.
]]>Обожавателите на Ентони Бордејн со нетрпение го чекаат играниот филм „Тони“. Засега се шпекулира дека ќе го игра Доминик Сеса, кој минатата година ја воодушеви светската јавност во филмот на Александар Пејн „The Holdovers“, а режијата наводно ќе ја потпише Мет Џонсон, кој стои зад добро прифатениот филм „Blackberry“.
Сè уште нема информации кој период од животот на Бордејн ќе биде прикажан во овој биографски филм.
„Тони“ не е првиот филмски проект базиран на животот на Бордејн. Документарниот филм „Roadrunner“ беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Трибека пред три години, и иако проектот наиде на позитивни критики, се соочи со контроверзии кога режисерот Морган Невил откри дека користел вештачка интелигенција за да создаде три изјави со гласот на покојниот Бордејн.
Бордејн стана познат како хроничар на сцената на ресторанот во Њујорк „рокенрол“ со своите мемоари „Kitchen Confidential“. Потоа стана телевизиско лице и синоним за патување низ светот и добра храна со неговата серија „No Reservations“, која се емитуваше осум сезони на Травел каналот, а потоа и со серијата „Parts Unknown“ на Си-Ен-Ен, која ја водеше до неговата смрт во 2018 година.
„Kitchen Confidential“ беше претворена во ТВ серија во 2005 година, во која Бредли Купер го играше познатиот автор и водител.
The post Се подготвува „Тони“- биографски филм за Ентони Бордејн appeared first on Република.
]]>The post Се подготвува „Тони“- биографски филм за Ентони Бордејн appeared first on Република.
]]>Македонскиот филм “М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамите на официјалната конкуренција за наградите “Златна арена“ на годинешното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал. Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од „Фокус Покус Филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција “4Филм“ и Хрватскиот нацинален аудио-визуелен центар.
Филмскиот фестивал во Пула, со мотото “Филм под ѕвездите“, е еден од најстарите и водечките регионални фестивали. Основан во далечната 1954-та година, овој настан континуирано се одржува до денес, со две откажувања во 90-тите, за време на воените превирања низ регионот. Започнат како смотра на најзначајните домашни остварувања од времињата на поранешна Југославија, во последните декади, програмата Пулскиот фестивал се трасформира и распределува во две натпреварувачки категории – за хрватска продукции и копродукции, како и интернационална селекција
The post Хрватска премиера на македонскиот филм „М“ на Пулскиот филмски фестивал appeared first on Република.
]]>The post Хрватска премиера на македонскиот филм „М“ на Пулскиот филмски фестивал appeared first on Република.
]]>На втората вечер на летното кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ вечерва ќе биде прикажан македонскиот филм „Ефектот на среќа“.
Станува збор за филм од 2019 година, во режија на Борјан Зафировски, додека главните улоги ги играат Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.
Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија.
Проекцијата на филмот закажана во 21 часот ќе биде во Касарна Охрид, а влезот ќе биде отворен од 20:00 часот. По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување.
Билетите се по цена од 500 денари по автомобил и можете да ги набавите во Кафе бар Шила или на влез.
The post Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ вечерва во Касарна Охрид appeared first on Република.
]]>The post Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ вечерва во Касарна Охрид appeared first on Република.
]]>В понеделник, 17 јуни, почнува Конкурсот за дипломски краткометражен игран или краткометражен документарен/експериментален филм, што е дел од годинашниот Фестивал на медитерански и балкански филм „Преку езерото“. Конкурсот е наменет за студентите од Факултетот за драмски уметности при УКИМ и од Универзитетот „Еуропа Прима“ – Скопје, од класата режија за филм и телевизија, а филмот со кој ќе учествуваат треба да е нивна дипломска работа.
Како што беше речено денеска на прес-конференција, на Конкурсот ќе се финансираат најмногу три проекти со по 100 000, 80 000 и 60 000 денари.
Пријавите треба да се доставуваат на македонски јазик и исклучиво електронски на [email protected]. Предност ќе имаат авторите кои ќе изберат локации за снимање во југоисточниот дел на земјава или кои живеат и работат таму, за што поголема регионализација на филмската индустрија, културата и уметноста.
Ќе се направи и напор филмовите од Конкурсот да бидат прикажани надвор, на некој А или Б фестивал, со цел промовирање на нашите млади автори и нивно насочување за натамошно користење на европските филмски фондови.
Конкурсот почнува во понеделник и ќе трае до 15 јули. Сите апликации ќе бидат разгледани и ќе се направи селекција. Идеката е младите автори да бидат дел од фестивалска атмосфера, да запознаат сериозни луѓе, да разменат искуства, да се претстават себе си, да им овозможиме на поголем аврата да пристапат кон светот, да не бидат инфериорни, да бидат слободни и силни, да се чувствуваат како господари на сопствената уметност, а Фестивалот да им биде порта кон животот, Ќе бидеме прсреќни ако еден од нив за пет години дојде со долгометражен игран или документарен филм, Инвестицијата во деца и во млади се најдобрите инвестиции во општеството, истакна директорот на Фестивалот Јани Бојаџи.
Според претседателката на Советот на Фестивалот, Мими Ѓорговска Илиевска, целта на Конкурсот е да се поттикнат дипломците од факултетите за филмски уметности да создаваат квалитетни производи, а истворемено да бидат инволвирани и едуцирани во целокупниот процес на создавањето филмско дело од аплциирање, преку изработка на синопсис, сценарио, до креирање на буџет.
За учество на Конкурсот, филмовите треба да се со должина до 15 минути, да бидат реализирани и подготвени за киноприкажување до 1 јули 2025 година и премиерно да бидат прикажани на Фестивалот „Преку езерото“ идната година. Авторите треба да испратат синопсис, играно сценарио, карактеризација, режисерска, продуцентска и продукциска експликација, како и други визуелни или наративни содржини кои подобро го претставуваат филмот.
На Конкурсот не може да учествуваат продукции, здруженија или трговски друштва. Средствата се доделуваат на режисерот или продуцентот и тие одлучуваат за буџетот и начинот на трошење на парите во соработка со продукцијата „Синемон медија фактори“. Режисерот и продуцентот (кој може да е дипломиран, но ова да му е дебитантски, самостоен проект) може да се пријават и заедно, што ќе се смета за предност, но право на „фајнл кат“ има режисерот.
Трите филма кои ќе ги добијат грантовите ќе бидат избрани најдоцна до 10 август 2024 година.
Најдобро ќе биде директорот на фотографија да биде дебитант и сценографот да биде дебитант. Севкупно, сакаме дебитантски прв филм. Тука ќе бидеме за време на целиот процес, ќе нудиме помош, целосна опремена камера, сет објективи, филмско светло, две до три возила. Останува само да се одлучи текот на пред продукцијата, избор на локации и актери и да се влезе на монтажа, Дејан Милошeвски.
Директорот Бојаџи најави најави исклучително сериозна и атрактивна програма на Фестивалот, со филмови од 15-на земји. Фестивалот ќе почне на 31 јули со програма за деца и млади, а во официјалната програма ќе има пет долгометражни филмови од кои четири играни и еден документарен. Филмовите, според Бојаџи, се од три европски и две медитерански земји, а на публиката ќе и понудат „спој од медитеранска страст и лудост и европска фокусираност и јасност“. Селектор на прогарамата е Небојша Јовановиќ.
The post Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм appeared first on Република.
]]>Конкурсот почнува во понеделник и ќе трае до 15 јули. Сите апликации ќе бидат разгледани и ќе се направи селекција. Идеката е младите автори да бидат дел од фестивалска атмосфера, да запознаат сериозни луѓе, да разменат искуства, да се претстават себе си, да им овозможиме на поголем аврата да пристапат кон светот, да не бидат инфериорни, да бидат слободни и силни, да се чувствуваат како господари на сопствената уметност, а Фестивалот да им биде порта кон животот, Ќе бидеме прсреќни ако еден од нив за пет години дојде со долгометражен игран или документарен филм, Инвестицијата во деца и во млади се најдобрите инвестиции во општеството, истакна директорот на Фестивалот Јани Бојаџи.Според претседателката на Советот на Фестивалот, Мими Ѓорговска Илиевска, целта на Конкурсот е да се поттикнат дипломците од факултетите за филмски уметности да создаваат квалитетни производи, а истворемено да бидат инволвирани и едуцирани во целокупниот процес на создавањето филмско дело од аплциирање, преку изработка на синопсис, сценарио, до креирање на буџет. За учество на Конкурсот, филмовите треба да се со должина до 15 минути, да бидат реализирани и подготвени за киноприкажување до 1 јули 2025 година и премиерно да бидат прикажани на Фестивалот „Преку езерото“ идната година. Авторите треба да испратат синопсис, играно сценарио, карактеризација, режисерска, продуцентска и продукциска експликација, како и други визуелни или наративни содржини кои подобро го претставуваат филмот. На Конкурсот не може да учествуваат продукции, здруженија или трговски друштва. Средствата се доделуваат на режисерот или продуцентот и тие одлучуваат за буџетот и начинот на трошење на парите во соработка со продукцијата „Синемон медија фактори“. Режисерот и продуцентот (кој може да е дипломиран, но ова да му е дебитантски, самостоен проект) може да се пријават и заедно, што ќе се смета за предност, но право на „фајнл кат“ има режисерот. Трите филма кои ќе ги добијат грантовите ќе бидат избрани најдоцна до 10 август 2024 година.
Најдобро ќе биде директорот на фотографија да биде дебитант и сценографот да биде дебитант. Севкупно, сакаме дебитантски прв филм. Тука ќе бидеме за време на целиот процес, ќе нудиме помош, целосна опремена камера, сет објективи, филмско светло, две до три возила. Останува само да се одлучи текот на пред продукцијата, избор на локации и актери и да се влезе на монтажа, Дејан Милошeвски.Директорот Бојаџи најави најави исклучително сериозна и атрактивна програма на Фестивалот, со филмови од 15-на земји. Фестивалот ќе почне на 31 јули со програма за деца и млади, а во официјалната програма ќе има пет долгометражни филмови од кои четири играни и еден документарен. Филмовите, според Бојаџи, се од три европски и две медитерански земји, а на публиката ќе и понудат „спој од медитеранска страст и лудост и европска фокусираност и јасност“. Селектор на прогарамата е Небојша Јовановиќ.
The post Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм appeared first on Република.
]]>По долгото одложување, снимањето на филмот за поп-ѕвездата Мадона треба да започне следната година.
Како режисер и косценарист, пејачката со години работеше на филмот, кој првпат беше најавен во 2020 година, но поради турнејата таа го одложи снимањето. Сега британските медиуми пишуваат дека ѕвездата избрала и актерка која ќе ја портретира.
Во улога на познатата пејачка ќе биде Џулија Гарнер, актерката најпозната по улогата на Рут Лангмор во криминалната драмска серија „Озарк“. Наградуваната актерка првпат беше вклучена во проектот во 2022 година, откако беше подложена на исцрпувачка 11-часовна аудиција. Меѓу актерките кои беа кандидати за улогата се Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Леард.
Мадона минатиот месец ја заврши турнејата во Бразил и сега конеќно ќе се фокусира на снимање биографски филм.
„Џулија е сè уште нејзиниот избор за главната актерка и тие останаа во контакт во текот на минатата година. Разговараа за идеи”, изјавил извор за „Сан“.
„Имаме многу работа за да го избереме остатокот од актерската екипа, да го организираме снимањето и да го финализираме сценариото, но се надеваме дека ќе започнеме со снимање во следните 12 месеци“, заклучува изворот.
The post Почнува снимањето на филмот за Мадона: Џулија Гарнер ќе ја глуми легендарната пејачка appeared first on Република.
]]>„Џулија е сè уште нејзиниот избор за главната актерка и тие останаа во контакт во текот на минатата година. Разговараа за идеи”, изјавил извор за „Сан“. „Имаме многу работа за да го избереме остатокот од актерската екипа, да го организираме снимањето и да го финализираме сценариото, но се надеваме дека ќе започнеме со снимање во следните 12 месеци“, заклучува изворот.
The post Почнува снимањето на филмот за Мадона: Џулија Гарнер ќе ја глуми легендарната пејачка appeared first on Република.
]]>На Средно Водно денеска во 11 часот ќе падне првата клапа од снимањето на македонскиот долгометражен филм со работен наслов „Касапско оро“, во режија на Срѓан Јанаќијевиќ.
Станува збор за политички трилер со примеси на црна комедија во продукција на „Ново македонско видео“. Главните улоги ги играат актерите Никола Ристановски и Дарја Ризова. Идејата за филмот е на Срѓан Јанаќијевиќ, сценариото е на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски, а главен продуцент е Сашо Пешев.
The post На Средно Водно денеска почнува да се снима „Касапско оро“ во режија на Срѓан Јанаќијевиќ appeared first on Република.
]]>The post На Средно Водно денеска почнува да се снима „Касапско оро“ во режија на Срѓан Јанаќијевиќ appeared first on Република.
]]>Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот влезе во официјална селекција на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. Во официјалната селекција влегоа 149 филмови од 39 земји меѓу кои и филмот „Мала Шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар.
ОФФ фестивалот (Меѓународен филмски фестивал Оденсе) се одржува секоја година од 1975-та во срцето на Данска, а кратките филмови кои се прикажуваат на овој фестивал се квалификуваат за Оскари и за Европските филмски награди (ЕФА). Оваа година фестивалот ќе се одржува од 26-ти август до 1-ви септември во Оденсе.
The post Македонскиот краток филм „Мала шега“ во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска appeared first on Република.
]]>The post Македонскиот краток филм „Мала шега“ во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска appeared first on Република.
]]>Македонскиот режисер Вардан Тозија ја освои главната награда за Најдобра режија во интернационална конкуренција на најголемиот жанровски филмски фестивал во Јужна Америка, Fantaspoa. Fantaspoa, чие јубилејно 20-то издание се одржа во Порто Алегре, Бразил, е единствениот фестивал од Јужна Америка што е дел од престижната Мелиес – Европска Филмска Федерација на фантастични филмови, организација која ги обединува најзначајните 22 жанровски филмски фестивали во светот.
Силвија Каминер, членка на интернационалното жири на Фантаспоа, го опиша филмот „М“ како „прекрасна и прогонувачка приказна. Тозија внесува нов живот во зомби жанрот, преку чудесен визуелен израз и исклучителна актерска изведба на двете мали ѕвезди“.
Филмот „М“ беше дел од интернационалната селекција, составена од 24 филмови од целиот свет, во најголем дел со свои светски и континентални премиери. По успехот на овој македонски филм, се очекува широка дистрибуција низ земјите на Јужна Америка.
Ова не е единствениот неодамнешен успех на “М“. На годинашното издание на еден од најстарите филмски фестивали во САД, World Fest Houston International Film Festival, македонскиот филм ја доби наградата „Златно Реми“ во огромна конкуренција од над 4.000 филмови.
Фестивалот во Хјустон низ својата петдецениска историја, промовирал голем број на прославени филмски имиња на американската и меѓународната сцена. Во последните години, фестивалот има ревијален карактер, при што доделува бројни награди во десет одделни категории во рамките на светската кинематографија.
Вториот долгометражен филм на Вардар Тозија, „М“ е во продукција на „Фокус покус филмс“. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм и е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција.
The post Награди за филмот „М“ на Вардан Тозија на фестивали во Јужна Америка и САД appeared first on Република.
]]>The post Награди за филмот „М“ на Вардан Тозија на фестивали во Јужна Америка и САД appeared first on Република.
]]>Лена и Владимир ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на Julien Dubuque International Film Festival! Целата екипа е длабоко почестена и ја изразува својата благодарност до #JDIFF и сите наши поддржувачи!
Ова е дебитански игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“. Филмот е по сценарио на Александар Русјаков, а главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска.
Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуценти се и „Дрим фектори Македонија“, како и српската „Терирем“. Филмот е подржан од Агенцијата за филм на Македонија.
Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.
Во филмот играат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а истиот е во режија на Игор Алексов.
The post Награда за најдобар долгометражен филм на Julien Dubuque International Film Festival за македонскиот филм „Лена и Владимир“ appeared first on Република.
]]>Лена и Владимир ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на Julien Dubuque International Film Festival! Целата екипа е длабоко почестена и ја изразува својата благодарност до #JDIFF и сите наши поддржувачи!Ова е дебитански игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“. Филмот е по сценарио на Александар Русјаков, а главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска. Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуценти се и „Дрим фектори Македонија“, како и српската „Терирем“. Филмот е подржан од Агенцијата за филм на Македонија. Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот. Во филмот играат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски, а истиот е во режија на Игор Алексов.
The post Награда за најдобар долгометражен филм на Julien Dubuque International Film Festival за македонскиот филм „Лена и Владимир“ appeared first on Република.
]]>Македонската режисерка Дина Дума денеска почнува со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во продукција на „Сестри и брат Митевски“, соопштија од продуцентската куќа.
Овој проект е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска од каде доаѓа креативна и техничка екипа.
Приказната е сместена во енергична ромска заедница во Шуто Оризари. Ова е филм кој следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата.
Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација, Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула.
Сценариото е на Дина Дума, косценаристи Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж.
„Скејтањето не е за девојчиња” е втор долгометражен филм на Дума. Дебитанстскиот „Сестри“ имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде освои Специјална награда на жирито во програмата Источно од Западот, а беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во прелиминарниот избор на Американската филмска академија.
„Сестри“ е и првиот македонски филм достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.
The post Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ appeared first on Република.
]]>The post Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ appeared first on Република.
]]>Утревечер, недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од 96-тото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки.
Водител на шоуто во театарот Долби во Холивуд ќе биде Џими Кимел.
Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23.30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3.30. наутро.
Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации. Филмот „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има 8 номинации.
Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.
Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.
Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди.
Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.
Во вторник, 12 март од 21 ч. ќе се емитува скратена двочасовна снимка на Македонската Телевизија.
The post 96. Оскари утревечер на МТВ appeared first on Република.
]]>Утревечер, недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од 96-тото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки.
Водител на шоуто во театарот Долби во Холивуд ќе биде Џими Кимел.
Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23.30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3.30. наутро.
Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации. Филмот „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има 8 номинации.
Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.
Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.
Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди.
Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.
Во вторник, 12 март од 21 ч. ќе се емитува скратена двочасовна снимка на Македонската Телевизија.
The post 96. Оскари утревечер на МТВ appeared first on Република.
]]>На денешната прес-конференцијата, Амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата ја претставија културната програма и другите активности во рамките на одбележувањето на Франфонијата во текот месец март и на почетокот на април 2024 година.
Празникот на Франкофонијата во Скопје ќе се одбележува од 1 март до почетокот на април, а на 4 април и во Битола, информираа францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер, швајцарската амбасадорка Вероника Улман и директорот на Францускиот институт во Скопе, Иго Бештел, кои истакнаа дека Франкофонијата во Скопје ќе се прославува со филмови, концерти и гастрономија.
На 1 март прославата на Деновите на Франкофонијата ќе почне со проекција на филмот „Страста на Доден Буфан“ на режисерот Тран Ан Хунг во киното Милениум, а потоа следуваат и други активности како Собрание на млади франкофони, концерт на швајцарскиот бенд „Хубрис“, Недела на франкофонски филм во Кинотека, финале на натпреварот по изразно читање, изложбата во Националната галерија на Македонија, „Париски рефлекси 3“, но и музичка вечер „Вино и музика“.
Во Битола е предвидено на 4 април да се одржи Француска вечер на џез фестивалот во Битола со триото на Никола Гардел.
Воедно, тие проговорија и за универзалните вредностите на Франкофонијата, важечки не само за земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Р. Македонија е полноправна членка на оваа Организација од 2006 година), туку и за сите земји кои го почитуваат францускиот јазик и јазичниот диверзитет, солидарноста, мирот, демократијата и човековите права како ултимативни општествени вредности.
Францускиот јазик го говорат околу 320 милиони луѓе во светот. Тоа не е само јазик на Франција, туку и на други земји. Македонија е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји, истакна меѓудругото амбасадотор на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер.
Тој напомена дека во Македонија треба да се негува концептот на Франкофонијата, бидејќи тука францускиот јазик останува јазик којшто се изучува во образованието и денес има ученици кои го учат францускиот јазик. Постои Француско интернационално училиште во Скопје, Француски институт, Француска алијанса во Тетово и Француска алијанса во Битола.
Франкофонијата е реалност овде и има огромен број на луѓе коишто во минатото го изучувале францускиот јазик, иако можеби во секојдневниот живот немаат можност да го практикуваат. Францускиот јазик е реалност, тоа е богатство кое што треба да го зачуваме, додаде францускиот амбасадор.
Амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Хулман на прес-конференцијата денеска напомена дека Швајцарија е полноправна членка на Франкофонијата.
Од 1996 година Швајцарија е постојана членка и сака да го сподели своето искуство на ниво на повеќејазичноста, промоција на демократија, на правата на човекот. Швајцарскиот модел негува вредности на еднаквост и на национална кохезија. Признавање на идентитетот на луѓето преку признавање на јазикот значи да франкофонски простор да се споделат вредности на еднаквост, мир и демократија - суштински вредности и универзални на правата на човекот, рече Хулман.
Нашата држава е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји.
The post Денови на Франкофонијата во Скопје и Битола: Филмови, концерти, изложби, но и француско вино во чест на универзалните вредностите на Франкофонијата appeared first on Република.
]]>Празникот на Франкофонијата во Скопје ќе се одбележува од 1 март до почетокот на април, а на 4 април и во Битола, информираа францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер, швајцарската амбасадорка Вероника Улман и директорот на Францускиот институт во Скопе, Иго Бештел, кои истакнаа дека Франкофонијата во Скопје ќе се прославува со филмови, концерти и гастрономија.
Францускиот јазик го говорат околу 320 милиони луѓе во светот. Тоа не е само јазик на Франција, туку и на други земји. Македонија е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји, истакна меѓудругото амбасадотор на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер.Тој напомена дека во Македонија треба да се негува концептот на Франкофонијата, бидејќи тука францускиот јазик останува јазик којшто се изучува во образованието и денес има ученици кои го учат францускиот јазик. Постои Француско интернационално училиште во Скопје, Француски институт, Француска алијанса во Тетово и Француска алијанса во Битола.
Франкофонијата е реалност овде и има огромен број на луѓе коишто во минатото го изучувале францускиот јазик, иако можеби во секојдневниот живот немаат можност да го практикуваат. Францускиот јазик е реалност, тоа е богатство кое што треба да го зачуваме, додаде францускиот амбасадор.Амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Хулман на прес-конференцијата денеска напомена дека Швајцарија е полноправна членка на Франкофонијата.
Од 1996 година Швајцарија е постојана членка и сака да го сподели своето искуство на ниво на повеќејазичноста, промоција на демократија, на правата на човекот. Швајцарскиот модел негува вредности на еднаквост и на национална кохезија. Признавање на идентитетот на луѓето преку признавање на јазикот значи да франкофонски простор да се споделат вредности на еднаквост, мир и демократија - суштински вредности и универзални на правата на човекот, рече Хулман.Нашата држава е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји.
The post Денови на Франкофонијата во Скопје и Битола: Филмови, концерти, изложби, но и француско вино во чест на универзалните вредностите на Франкофонијата appeared first on Република.
]]>„Bob Marley: One Love“, биографскиот филм за легендарниот пејач од Јамајка, со недели по објавувањето ги руши рекордите на гледаност во кината ширум светот.
Филмот имаше светска премиера на Денот на вљубените, а сега претставува вистинска сензација во кината за сите генерации од публиката, носејќи уште една победа за процветување на биографските филмови за музичарите кои го преплавија Холивуд.
Посебно фасцинира демографската разновидност на публиката. Филмот го привлекол вниманието кај сите возрасти, а особено кај младите филмски посетители кои дури не биле ниту родени кога музичарот починал во 1981 година.
Главната улога во филмот ја толкува Кингсли Бен-Адир, а за продукцијата заслужен е синот на Боб Марли, Зиги Марли.
https://www.youtube.com/watch?v=ajw425Kuvtw
The post Биографскиот филм за Боб Марли со недели ги руши рекордите на гледаност appeared first on Република.
]]>The post Биографскиот филм за Боб Марли со недели ги руши рекордите на гледаност appeared first on Република.
]]>Познатиот британски сценарист, режисер и продуцент Сем Мендез вчеравечер најави дека до 2027 година ќе сними и истовремено ќе објави четири играни филмови за поп-рок групата „Битлси“ – по еден за секој од четворицата членови на составот. Притоа, секој филм ќе го претставува гледиштето на секој член на бендот.
Мендез доби „Оскар“ за режија на „Американска убавина“ во 1999 година, режираше два прилично успешни филмови за Џејмс Бонд, како и низа извонредни достигнувања („1917“, „Револуционерен пат“ итн.). Тој рече дека гореспоменатите четири филма ќе бидат поврзани во „иновативен и револуционерен“ концепт, без дополнителни подробности.
Чест е да се раскаже приказната за најголемиот рок-бенд на сите времиња, изјави филмаџијата.
Проектот го има благословот на Пол Мекартни и Ринго Стар, како и на семејствата на починатите Џон Ленон и Џорџ Харисон. Имињата на глумците не се објавени сѐ уште.
The post Сем Мендез ќе сними четири играни филмови за „Битлси“, по еден за секој од четворицата членови на составот appeared first on Република.
]]>Чест е да се раскаже приказната за најголемиот рок-бенд на сите времиња, изјави филмаџијата.Проектот го има благословот на Пол Мекартни и Ринго Стар, како и на семејствата на починатите Џон Ленон и Џорџ Харисон. Имињата на глумците не се објавени сѐ уште.
The post Сем Мендез ќе сними четири играни филмови за „Битлси“, по еден за секој од четворицата членови на составот appeared first on Република.
]]>