Филип Иванов Archives - Република https://republika.mk/tema/filip-ivanov/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 08:57:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Филип Иванов Archives - Република https://republika.mk/tema/filip-ivanov/ 32 32 Делата на композиторите Светиев, Пандевска и Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/delata-na-kompozitorite-svetiev-pandevska-i-ivanov-se-izbrani-na-konkursot-za-otkup-na-muzichki-dela-od-domashni-avtori-koj-go-objavi-filharmonija/ Tue, 24 Sep 2024 08:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=819203

Делата на композиторите Борис Светиев, Ана Пандевска и Филип Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Филхармонија во мај, оваа година, соопштија од оваа национална установа.

Комисијата составена од македонски композитори, музиколози, домашни и странски диригенти ги награди симфониските дела „Јубилејна фантазија“ на композиторот Борис Светиев, „Куклици“ на Ана Пандевска и „Итар Пејо“ од Филип Иванов.

Делата на Светиев, Пандевска и Иванов ќе бидат изведени до крајот на годината, во јубилејната концертна сезона на Македонската филхармонија во која институцијата ќе прослави осумдесет години од формирањето.

Конкурсот беше инициран како дел од активностите по повод прославата на осумдесетгодишнината на Филхармонија со цел да се поттикнат и мотивираат домашните автори да напишат нови симфониски дела кои својата праизведба ќе ја доживеат во јубилејната сезона 2024/2025, насловена „Одисеја“. Делата кои премиерно ќе прозвучат во роденденската сезона, ќе бидат изведувани и на концертите на Македонска филхармонија во странство со цел да се промовира домашното творештво надвор од нашата земја, соопштија од Филхармонија.

The post Делата на композиторите Светиев, Пандевска и Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Делата на композиторите Борис Светиев, Ана Пандевска и Филип Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Филхармонија во мај, оваа година, соопштија од оваа национална установа. Комисијата составена од македонски композитори, музиколози, домашни и странски диригенти ги награди симфониските дела „Јубилејна фантазија“ на композиторот Борис Светиев, „Куклици“ на Ана Пандевска и „Итар Пејо“ од Филип Иванов.
Делата на Светиев, Пандевска и Иванов ќе бидат изведени до крајот на годината, во јубилејната концертна сезона на Македонската филхармонија во која институцијата ќе прослави осумдесет години од формирањето. Конкурсот беше инициран како дел од активностите по повод прославата на осумдесетгодишнината на Филхармонија со цел да се поттикнат и мотивираат домашните автори да напишат нови симфониски дела кои својата праизведба ќе ја доживеат во јубилејната сезона 2024/2025, насловена „Одисеја“. Делата кои премиерно ќе прозвучат во роденденската сезона, ќе бидат изведувани и на концертите на Македонска филхармонија во странство со цел да се промовира домашното творештво надвор од нашата земја, соопштија од Филхармонија.  

The post Делата на композиторите Светиев, Пандевска и Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Пастор Филип: Класично подведување на малолетници https://republika.mk/vesti/makedonija/pastor-filip-klasichno-podveduvane-na-maloletnitsi/ Thu, 14 Sep 2023 12:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=681948

После сè што сум видел во државава и по светот, мислев дека сум видел доволно, кога утрово наидувам на овие работни листови по предметот Образование за животни вештини, реагира познатиот македонски хуманист и пастор, велешанецот Филип Иванов.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-mozhno-da-ste-homoseksualets-poveketo-mentalno-bolni-se-hetero-shto-uchat-srednioshkoltsite-vo-makedonija/

Читајте ги прашањава, апелира тој, видете колку манипулативно се формулирани и насочени кон децата. Класично подведување на малолетници.

Ете вакви и пострашни нешта допрва „се готват“ во кујните на сите тие невладини организации, во соработка со неколку пратенички од Собранието. Според нив, ова се основните животни вештини кои им се потребни на децата и младите. Секако, зашто без ова како поинаку ќе регрутираат деца за својот изопачен и хипер-сексуализиран светоглед?
Поради ова, а и еден куп други нешта, апел до вас родителите: обрнете поголемо внимание на своите деца, внимавајте што им се сервира како нормално, бестрашно предизвикајте ги „авторитетиве“ и дајте им до знаење дека нашите деца се наши деца, не ѝ припаѓаат на државата или на родовите идеолози кои сакаат да експериментираат со психата, односно душите на децата и младите.
ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА, ОВА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!, порача пасторот.

На крај, вели, погледнете ја последната слика, да видите кој е авторот на прашалников.

The post Пастор Филип: Класично подведување на малолетници appeared first on Република.

]]>

После сè што сум видел во државава и по светот, мислев дека сум видел доволно, кога утрово наидувам на овие работни листови по предметот Образование за животни вештини, реагира познатиот македонски хуманист и пастор, велешанецот Филип Иванов. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-mozhno-da-ste-homoseksualets-poveketo-mentalno-bolni-se-hetero-shto-uchat-srednioshkoltsite-vo-makedonija/ Читајте ги прашањава, апелира тој, видете колку манипулативно се формулирани и насочени кон децата. Класично подведување на малолетници.
Ете вакви и пострашни нешта допрва „се готват“ во кујните на сите тие невладини организации, во соработка со неколку пратенички од Собранието. Според нив, ова се основните животни вештини кои им се потребни на децата и младите. Секако, зашто без ова како поинаку ќе регрутираат деца за својот изопачен и хипер-сексуализиран светоглед? Поради ова, а и еден куп други нешта, апел до вас родителите: обрнете поголемо внимание на своите деца, внимавајте што им се сервира како нормално, бестрашно предизвикајте ги „авторитетиве“ и дајте им до знаење дека нашите деца се наши деца, не ѝ припаѓаат на државата или на родовите идеолози кои сакаат да експериментираат со психата, односно душите на децата и младите. ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА, ОВА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!, порача пасторот.
На крај, вели, погледнете ја последната слика, да видите кој е авторот на прашалников.

The post Пастор Филип: Класично подведување на малолетници appeared first on Република.

]]>
Пастор Иванов: Современите џелати од Аушвиц се на Онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/pastor-ivanov-sovremenite-dhelati-od-aushvits-se-na-onkologija/ Sun, 03 Sep 2023 16:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=678407

Познатиот македонски хуманист и пастор, велешанецот Филип Иванов со остра критика кон најновиот мега скандал на Онкологија.

Ако некогаш сте се прашувале какви биле луѓето што работеле во Аушвиц, каква психа и свест имале, не барајте примери подалеку од тие на Онкологија. Ете такви биле, навидум обични луѓе, но во суштина целосно бездушни, пишува Иванов.

Според Иванов „Аушвиц да успее, морало целиот тој синџир на злото да биде непрекинат, од прв до последен, од Хитлер до најмалиот чиновник морале да бидат оддадени на култ на зло и смрт. Така и овде, од министер и директор, па се до медицинска сестра морале да се во ист демонски шаблон“.

Се плашам дека во овој случај, како оној за модуларната болница што изгоре, сега наместо кабелот ќе излезат криви шишенцата, може сами си ги смениле местата, па тие скапите случајно завршиле во Косово, а другиве со солена водичка кај тешко болни пациенти, заклучува овој македонски хуманист.

The post Пастор Иванов: Современите џелати од Аушвиц се на Онкологија appeared first on Република.