Филип Фидановски Archives - Република https://republika.mk/tema/filip-fidanovski/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 08:22:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Филип Фидановски Archives - Република https://republika.mk/tema/filip-fidanovski/ 32 32 Изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски „Пикасо можеби јас“ во Вараждин https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-makedonskiot-keramichar-filip-fidanovski-pikaso-mozhebi-jas-vo-varazhdin/ Fri, 17 May 2024 08:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=779068

Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе ја постави изложбата „Пикасо можеби јас“ во чест на големиот уметник во галеријата „Керамеикон К10“ на улица Кукуљевиќева 10, во Вараждин, Хрватска, на 18 мај годинава во 19 часот, во организација на Керамика мултиплекс 2024, Керамеикон - Друштво на керамичари на Хрватска.

Изложбата во галеријата ќе трае до 05 јуни 2024 година.

После успешните претставувања на во Скопје, Кичево, Охрид, Битола и Куманово изложбата „Пикасо Можеби јас“, овој пат дополнета со нови дела изработени во 2024 година ќе биде претставена пред хрватската јавност која ќе има можност да погледне 13 керамички скулптури инспирирани од делата на големиот Пабло Пикасо.

Изложбата се реализира со финансиска подршка на Министерството за култура на Република Македонија, изложбата ќе ја отвори Милаим Фетаи, амбасадор на Република Македонија во Хрватска.

Филип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година. Во 1996 година завршува средното уметничко училиште во Скопје во касата на Професорите Раде Перчуклиевски и Михо Лазаров. Го продолжува своето образование на Националната уметничка академија во Софија , Република Бугарија каде во 2004 година магистрира на катедрата за керамика во класата на Професор Красимир Џидров. Од 1995 година до денес има реализирано 23 самостојни изложби, над 50 групни и жирани изложби, има учествувано на многу уметнички колонии и симпозиуми. Добитник е на 5 награди. Член е на повеќе професионални здруженија. Професор е по предметот Дизајн на керамика и Технологија на керамика во уметничкото училиште во Скопје. Во периодот од 2003 - 2010 е доцент на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија, 2002 - 2006 Стручен соработник во Музеј на Македонија, оделение за едукација, од 2002 -до 2003 работи во ателје за музејски копии при Музеј на Македонија, од 2019 - 2022 е Претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, ДЛУМ, во периодот од 2020 - 2021 е директор на уметничкото училиште, ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, од 2020 – 2022 е претседател на комисија за полагање приправнички испит по ликовно образование при Државниот испитен центар на Македонија, во 2023 е член на комисија за визуелни уметности, архитектура и дизајн при Министерство за култура на Мкедонија.

Автор е на прирачник за изведување на настава по ликовно обравони како и на практични вежби материјали за учење за ученици по ликовно образование за 3-то и 5-то одделение во основното образование. Уредник е на повеќе монографски изданија, списанија и каталози. Учествува во организација на многу настани од облата на уметноста и културата на некои од ние е и автор. Денес живее и работи во Скопје.

The post Изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски „Пикасо можеби јас“ во Вараждин appeared first on Република.

]]>

Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе ја постави изложбата „Пикасо можеби јас“ во чест на големиот уметник во галеријата „Керамеикон К10“ на улица Кукуљевиќева 10, во Вараждин, Хрватска, на 18 мај годинава во 19 часот, во организација на Керамика мултиплекс 2024, Керамеикон - Друштво на керамичари на Хрватска. Изложбата во галеријата ќе трае до 05 јуни 2024 година. После успешните претставувања на во Скопје, Кичево, Охрид, Битола и Куманово изложбата „Пикасо Можеби јас“, овој пат дополнета со нови дела изработени во 2024 година ќе биде претставена пред хрватската јавност која ќе има можност да погледне 13 керамички скулптури инспирирани од делата на големиот Пабло Пикасо. Изложбата се реализира со финансиска подршка на Министерството за култура на Република Македонија, изложбата ќе ја отвори Милаим Фетаи, амбасадор на Република Македонија во Хрватска. Филип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година. Во 1996 година завршува средното уметничко училиште во Скопје во касата на Професорите Раде Перчуклиевски и Михо Лазаров. Го продолжува своето образование на Националната уметничка академија во Софија , Република Бугарија каде во 2004 година магистрира на катедрата за керамика во класата на Професор Красимир Џидров. Од 1995 година до денес има реализирано 23 самостојни изложби, над 50 групни и жирани изложби, има учествувано на многу уметнички колонии и симпозиуми. Добитник е на 5 награди. Член е на повеќе професионални здруженија. Професор е по предметот Дизајн на керамика и Технологија на керамика во уметничкото училиште во Скопје. Во периодот од 2003 - 2010 е доцент на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија, 2002 - 2006 Стручен соработник во Музеј на Македонија, оделение за едукација, од 2002 -до 2003 работи во ателје за музејски копии при Музеј на Македонија, од 2019 - 2022 е Претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, ДЛУМ, во периодот од 2020 - 2021 е директор на уметничкото училиште, ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, од 2020 – 2022 е претседател на комисија за полагање приправнички испит по ликовно образование при Државниот испитен центар на Македонија, во 2023 е член на комисија за визуелни уметности, архитектура и дизајн при Министерство за култура на Мкедонија. Автор е на прирачник за изведување на настава по ликовно обравони како и на практични вежби материјали за учење за ученици по ликовно образование за 3-то и 5-то одделение во основното образование. Уредник е на повеќе монографски изданија, списанија и каталози. Учествува во организација на многу настани од облата на уметноста и културата на некои од ние е и автор. Денес живее и работи во Скопје.

The post Изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски „Пикасо можеби јас“ во Вараждин appeared first on Република.

]]>
Изложба „Пикасо можеби јас“ на уметникот Филип Фидановски во Битола https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-pikaso-mozhebi-jas-na-umetnikot-filip-fidanovski-vo-bitola/ Fri, 03 Mar 2023 08:03:24 +0000 https://republika.mk/?p=615342

Амбасадата на Кралството Шпанија во соработка со НУ Завод и Музеј, а по повод 140 години од раѓањето и 50 години од смртта на Пабло Пикасо, вечер во Битола ќе отворат изложба „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски.

На изложбата „Пикасо можеби јас“ во битолскиот Музеј ќе бидат претставени 10 скулптури изработени во керамика, инспирирани од делата на Пабло Пикасо, како и репродукции на оригиналните дела на Пикасо, од каде авторот Фидановски црпи инспирација за неговите дела.

Пикасо, основач на кубизмот, е непресушна инспирација и предизвик за многу светски познати уметници вклучувајќи го и македонскиот уметник Филип Фидановски чии дела во наредните денови ќе бидат достапни и за културната јавност во Битола.

 

 

The post Изложба „Пикасо можеби јас“ на уметникот Филип Фидановски во Битола appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Кралството Шпанија во соработка со НУ Завод и Музеј, а по повод 140 години од раѓањето и 50 години од смртта на Пабло Пикасо, вечер во Битола ќе отворат изложба „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски. На изложбата „Пикасо можеби јас“ во битолскиот Музеј ќе бидат претставени 10 скулптури изработени во керамика, инспирирани од делата на Пабло Пикасо, како и репродукции на оригиналните дела на Пикасо, од каде авторот Фидановски црпи инспирација за неговите дела. Пикасо, основач на кубизмот, е непресушна инспирација и предизвик за многу светски познати уметници вклучувајќи го и македонскиот уметник Филип Фидановски чии дела во наредните денови ќе бидат достапни и за културната јавност во Битола.    

The post Изложба „Пикасо можеби јас“ на уметникот Филип Фидановски во Битола appeared first on Република.

]]>
Изложба на уметникот Филип Фидановски по повод 140 години од раѓањето на Пабло Пикасо https://republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-umetnikot-filip-fidanovski-po-povod-140-godini-od-ragjanjeto-na-pablo-pikaso/ Mon, 24 Oct 2022 10:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=564895

По повод 140 години од раѓањето на Пабло Пикасо, Амбасадата на Кралството Шпанија ќе организира серија на изложби посветени на големиот Шпански уметник Пабло Пикасо. По големиот успех во 2016 година на изложбата „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски покажана пред скопската публика, овој пат изложбата ќе имаат можност да ја погледнат граѓаните на повеќе градови како Охрид, Куманово, Битола.

Со серијата на изложби кои се во организација на Амбасадата се одава достојна почит на уметникот кој остави голем број на дела на целиот свет. Пикасо како основач на кубизмот кој со својата уметност е непресушна инспирација и предизвик за многу светски познати уметници. Така и македонскиот уметник Филип Фидановски се вбројува во таа листа на уметници.

Амбасадата на Кралството Шпанија покрај промоцијата на Шпанските уметници успешно соработува и подржува многу Македнонски уметници кои го негуваат Шпанскиот уметнички дух.

На изложбата „Пикасо Можеби јас“ ќе бидат покажани 10 скулптури (портрети) изработени во керамика, инспирирани од делата на Пабло Пикасо. На оваа изложба покрај скулптурите во форма на легенди на делата ќе бидат претставени репродукции на оргиналните дела на Пикасо од каде Фидановски и ја црпи инспирацијата за неговите дела.

 

The post Изложба на уметникот Филип Фидановски по повод 140 години од раѓањето на Пабло Пикасо appeared first on Република.

]]>

По повод 140 години од раѓањето на Пабло Пикасо, Амбасадата на Кралството Шпанија ќе организира серија на изложби посветени на големиот Шпански уметник Пабло Пикасо. По големиот успех во 2016 година на изложбата „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски покажана пред скопската публика, овој пат изложбата ќе имаат можност да ја погледнат граѓаните на повеќе градови како Охрид, Куманово, Битола. Со серијата на изложби кои се во организација на Амбасадата се одава достојна почит на уметникот кој остави голем број на дела на целиот свет. Пикасо како основач на кубизмот кој со својата уметност е непресушна инспирација и предизвик за многу светски познати уметници. Така и македонскиот уметник Филип Фидановски се вбројува во таа листа на уметници. Амбасадата на Кралството Шпанија покрај промоцијата на Шпанските уметници успешно соработува и подржува многу Македнонски уметници кои го негуваат Шпанскиот уметнички дух. На изложбата „Пикасо Можеби јас“ ќе бидат покажани 10 скулптури (портрети) изработени во керамика, инспирирани од делата на Пабло Пикасо. На оваа изложба покрај скулптурите во форма на легенди на делата ќе бидат претставени репродукции на оргиналните дела на Пикасо од каде Фидановски и ја црпи инспирацијата за неговите дела.  

The post Изложба на уметникот Филип Фидановски по повод 140 години од раѓањето на Пабло Пикасо appeared first on Република.

]]>