ФИЈУК Archives - Република https://republika.mk/tema/fijuk/ За подобро да се разбереме Sat, 20 May 2023 14:08:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФИЈУК Archives - Република https://republika.mk/tema/fijuk/ 32 32 ФИЈУК – Саем на независни издавачи денеска во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/fijuk-saem-na-nezavisni-izdavachi-deneska-vo-skopje/ Sat, 20 May 2023 14:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=642998

Во дворот на библиотеката Браќа Миладиновци, денеска од 14 до 21 часот, во организација на Партизанска штампа, Арт Еквилибриум и Гола Планина Колектив ќе се одржува издавачкиот саем „Фијук“. Отворањето на саемот ќе биде со три мини соло изложби на авторите Алис Лаурешес, Марта Патлињанковска и Владимир Муратовски, а ќе биде затворено со Oтворена музичка сесија на „Гола Планина Колектив“.

Како што информираат организаторите, на овој „ФИЈУК саем“ ќе има работилница за печатење колаграфија од 16 до 18 часот со Алиса Лаурешес и Ана Трајковска.

Оттаму велат дека „Фијук“ саемот е настан инициран од колективот Матријаршија во Белград, со цел да собере на едно место што поголем број на мали издавачи кои се бават со уметничка продукција, со цел нивно поврзување, вмрежување и поголема видливост. Истиот се шири во овој формат и под ова име и во Хрватска, Шведска, Словенија со повремени настани кои привлекуваат значителен број на публика и е секогаш поддржан со музичка програма.

„ФИЈУК саем го задржува својот специфичен идентитет со една единствена цел, да презентира нови возбудливи изданија и да овозможи нивен понатамошен живот. Досега е одржуван три пати на БОШ Фестивал, а со неговото прво издание во Скопје, го најавуваме 15-тото издание на фестивалот кој ќе се одржи оваа година од 18 до 20 август во Гевгелија.

Фијук е место на нови идеи, реализирани во различни материјални форми, графики, плакати, постери, музика, мапи, арт книги, фотографии или монотипии. Фијук е простор за средби, размени, разговори, љубови и симпатии, каде ќе го најдете она парче среќа што долго го баравте. Почувствувајте го пулсот на локалната независна уметничка сцена, поддржете го истот со допир, насмевка, критика или најдобро купете си дело и овозможете понатамошен крвтоток на жилавата алтернативна сцена“, пишуваат во објавата на Фејсбук од ФИЈУК саем и информираат дека плакотот е дело на Јелена Белиќ.

The post ФИЈУК – Саем на независни издавачи денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во дворот на библиотеката Браќа Миладиновци, денеска од 14 до 21 часот, во организација на Партизанска штампа, Арт Еквилибриум и Гола Планина Колектив ќе се одржува издавачкиот саем „Фијук“. Отворањето на саемот ќе биде со три мини соло изложби на авторите Алис Лаурешес, Марта Патлињанковска и Владимир Муратовски, а ќе биде затворено со Oтворена музичка сесија на „Гола Планина Колектив“. Како што информираат организаторите, на овој „ФИЈУК саем“ ќе има работилница за печатење колаграфија од 16 до 18 часот со Алиса Лаурешес и Ана Трајковска. Оттаму велат дека „Фијук“ саемот е настан инициран од колективот Матријаршија во Белград, со цел да собере на едно место што поголем број на мали издавачи кои се бават со уметничка продукција, со цел нивно поврзување, вмрежување и поголема видливост. Истиот се шири во овој формат и под ова име и во Хрватска, Шведска, Словенија со повремени настани кои привлекуваат значителен број на публика и е секогаш поддржан со музичка програма.