фиба Archives - Република https://republika.mk/tema/fiba/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 18:53:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фиба Archives - Република https://republika.mk/tema/fiba/ 32 32 Македонските кошаркари на 57 место на ФИБА ранг-листата, скок за една позиција https://republika.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-na-57-mesto-na-fiba-rang-listata-skok-za-edna-pozitsija/ Thu, 15 Aug 2024 18:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=806994

Македонската машка кошаркарска репрезентација напредуваше една позиција на најновата светска ранг-листа на ФИБА и се наоѓа на 57 место.

Македонската репрезентација на јулското рангирање има 198.2 поени и во европски рамки е на 30 место.

На челното место на ФИБА рангирањето се САД со 838,8 бодови, а Србија (758,9) изби на второто место со освојувањето на бронзениот олимписки медал. По победата во мечот за третото место, Србите ги оставија зад себе актуелните светски шампиони, Германците, на третото место на ранг-листата на ФИБА (755,3), додека Франција (753) се пресели од деветтото на четвртото со освојувањето на олимпиското сребро.

Скок во првата петорка направи канадската репрезентација (747,8), која на последното рангирање беше на седмата позиција.

The post Македонските кошаркари на 57 место на ФИБА ранг-листата, скок за една позиција appeared first on Република.

]]>

Македонската машка кошаркарска репрезентација напредуваше една позиција на најновата светска ранг-листа на ФИБА и се наоѓа на 57 место. Македонската репрезентација на јулското рангирање има 198.2 поени и во европски рамки е на 30 место. На челното место на ФИБА рангирањето се САД со 838,8 бодови, а Србија (758,9) изби на второто место со освојувањето на бронзениот олимписки медал. По победата во мечот за третото место, Србите ги оставија зад себе актуелните светски шампиони, Германците, на третото место на ранг-листата на ФИБА (755,3), додека Франција (753) се пресели од деветтото на четвртото со освојувањето на олимпиското сребро. Скок во првата петорка направи канадската репрезентација (747,8), која на последното рангирање беше на седмата позиција.

The post Македонските кошаркари на 57 место на ФИБА ранг-листата, скок за една позиција appeared first on Република.

]]>
Македонските кошаркари ќе ги стартуваат олимписките претквалификации во Талин или Гливице https://republika.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-ke-gi-startuvaat-olimpiskite-pretkvalifikatsii-vo-talin-ili-glivitse/ Sat, 29 Apr 2023 13:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=635275

Од 12 до 20 август во Естонија и Полска, ФИБА предвиде два од трите турнири на европскиот континент, последниот ќе се игра во Истанбул. Македонија ќе ги стартува олимписките претквалификации во Талин или Гливице, соопшти КФСМ.

 

Вкупно 32. национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи (по осум учесници). Согласно со предвидениот план, групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната во полскиот град), а групите „Ц“ и „Д“ во Турција.

 

Како осми носител, Македонија заедно со Португалија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четвртата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).

 

Победниците на групите ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз во 2025 година.

The post Македонските кошаркари ќе ги стартуваат олимписките претквалификации во Талин или Гливице appeared first on Република.

]]>

Од 12 до 20 август во Естонија и Полска, ФИБА предвиде два од трите турнири на европскиот континент, последниот ќе се игра во Истанбул. Македонија ќе ги стартува олимписките претквалификации во Талин или Гливице, соопшти КФСМ.   Вкупно 32. национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи (по осум учесници). Согласно со предвидениот план, групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната во полскиот град), а групите „Ц“ и „Д“ во Турција.   Како осми носител, Македонија заедно со Португалија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четвртата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).   Победниците на групите ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз во 2025 година.

The post Македонските кошаркари ќе ги стартуваат олимписките претквалификации во Талин или Гливице appeared first on Република.

]]>
ФИБА размислува да ги врати Русија и Белорусија, девет членки најавија бојкот https://republika.mk/sport/kosarka/fiba-razmisluva-da-gi-vrati-rusija-i-belorusija-devet-chlenki-najavija-bojkot/ Sat, 04 Mar 2023 16:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=615876

На Централниот одбор во април ФИБА ќе ја разгледа можноста за враќање на репрезентациите на Русија и Белорусија во системот на натпреварување, соопшти Генералниот секретар Андреас Заглис.

Двете селекции, како и клубовите од овие држави, се суспендирани од мај 2022 година, со образолжение без преседан поради руската воена инвазија во Украина.

Можноста за враќање во системот се однесува само на националните тимови, но не и на клубовите, а прв чекор кон тоа би биле претквалификациите за Олимписките игри кои се планирани за август оваа година во Париз.

„Во ноември ФИБА ја продолжи суспензијата на руските и белоруските клубови до крајот на април, бидејќи тогаш ќе се одржи нашиот следен состанок. Олимписките квалификации се почнати одамна, на пример, во женска конкуренција тие одат преку Европското првенство, а ни Русија, ни Белорусија нема да учествуваат на него. Таков е случајот и со машката белоруска репрезентација.

Постои можност да ја вратиме Русија во олимписките претквалификации, но одлуката ќе биде донесена во април. Соработуваме со Интернационалниот олимписки комитет и заеднички ќе решиме што ќе правиме“, изјави Заглис.

Тој не кажа дали во овој план влегуваат и младинските репрезентации на Русија и Белорусија кои, евентуално, би биле вклучени во европските првенства претстојното лето.

Девет држави веќе се спротивставија на тоа и најавија дека ќе ги бојкотираат натпреварувањата во кои ќе учествуваат репрезентациите на Русија и Белорусија или клубови од овие земји.

Станува збор за петте нордиски држави (Финска, Шведска, Норвешка, Данска и Исланд), трите прибалтички (Литванија, Летонија и Естонија) и Полска. Станува за шестина од вкупниот број членки на ФИБА Европа, а нема да биде изненадување ако и други држави се приклучат под политички притисок.

The post ФИБА размислува да ги врати Русија и Белорусија, девет членки најавија бојкот appeared first on Република.

]]>

На Централниот одбор во април ФИБА ќе ја разгледа можноста за враќање на репрезентациите на Русија и Белорусија во системот на натпреварување, соопшти Генералниот секретар Андреас Заглис. Двете селекции, како и клубовите од овие држави, се суспендирани од мај 2022 година, со образолжение без преседан поради руската воена инвазија во Украина. Можноста за враќање во системот се однесува само на националните тимови, но не и на клубовите, а прв чекор кон тоа би биле претквалификациите за Олимписките игри кои се планирани за август оваа година во Париз.
„Во ноември ФИБА ја продолжи суспензијата на руските и белоруските клубови до крајот на април, бидејќи тогаш ќе се одржи нашиот следен состанок. Олимписките квалификации се почнати одамна, на пример, во женска конкуренција тие одат преку Европското првенство, а ни Русија, ни Белорусија нема да учествуваат на него. Таков е случајот и со машката белоруска репрезентација. Постои можност да ја вратиме Русија во олимписките претквалификации, но одлуката ќе биде донесена во април. Соработуваме со Интернационалниот олимписки комитет и заеднички ќе решиме што ќе правиме“, изјави Заглис.
Тој не кажа дали во овој план влегуваат и младинските репрезентации на Русија и Белорусија кои, евентуално, би биле вклучени во европските првенства претстојното лето. Девет држави веќе се спротивставија на тоа и најавија дека ќе ги бојкотираат натпреварувањата во кои ќе учествуваат репрезентациите на Русија и Белорусија или клубови од овие земји. Станува збор за петте нордиски држави (Финска, Шведска, Норвешка, Данска и Исланд), трите прибалтички (Литванија, Летонија и Естонија) и Полска. Станува за шестина од вкупниот број членки на ФИБА Европа, а нема да биде изненадување ако и други држави се приклучат под политички притисок.

The post ФИБА размислува да ги врати Русија и Белорусија, девет членки најавија бојкот appeared first on Република.

]]>
САД за прв пат нема најдобра кошаркарска репрезентација на светскиот ранкинг https://republika.mk/sport/kosarka/sad-za-prv-pat-nema-najdobra-kosharkarska-reprezentacija-na-svetot/ Fri, 18 Nov 2022 18:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=575579

САД го држеше првото место цели 12 години, односно од 2010 година кога беше претставено рангирањето.

Првото место сега го зазема Шпанија, која го освои Светското првенство во 2019 година и Евробаскетот во 2022 година и стигна до четвртфиналето на Олимписките игри во Токио.

Рангирање на ФИБА:

1. Шпанија - 758,6

2. САД - 757,5

3. Австралија - 740,3

4. Аргентина - 734,3

5. Франција - 715,0

6. Србија - 710,9

7. Словенија - 704,3

8. Литванија - 669,5

9. Грција - 665,9

10. Италија - 646,6

САД освоија злато на Олимпијадата, но беа елиминирани во четвртфиналето на СП 2019, кога загубија од Србија. Тимот на Серхио Скариола води во поредокот на ФИБА со 758,6 бодови, пред САД, кои имаат 757,5 бодови. Во првите десет нема други промени.

„Ова не е прва титула и веројатно нема да трае предолго, но е нешто уникатно, престижно и историско. Секако, исклучително сум горд на сите што придонесоа за тоа“, најави шпанскиот селектор Скариоло.

The post САД за прв пат нема најдобра кошаркарска репрезентација на светскиот ранкинг appeared first on Република.

]]>

САД го држеше првото место цели 12 години, односно од 2010 година кога беше претставено рангирањето. Првото место сега го зазема Шпанија, која го освои Светското првенство во 2019 година и Евробаскетот во 2022 година и стигна до четвртфиналето на Олимписките игри во Токио. Рангирање на ФИБА: 1. Шпанија - 758,6 2. САД - 757,5 3. Австралија - 740,3 4. Аргентина - 734,3 5. Франција - 715,0 6. Србија - 710,9 7. Словенија - 704,3 8. Литванија - 669,5 9. Грција - 665,9 10. Италија - 646,6 САД освоија злато на Олимпијадата, но беа елиминирани во четвртфиналето на СП 2019, кога загубија од Србија. Тимот на Серхио Скариола води во поредокот на ФИБА со 758,6 бодови, пред САД, кои имаат 757,5 бодови. Во првите десет нема други промени.
„Ова не е прва титула и веројатно нема да трае предолго, но е нешто уникатно, престижно и историско. Секако, исклучително сум горд на сите што придонесоа за тоа“, најави шпанскиот селектор Скариоло.

The post САД за прв пат нема најдобра кошаркарска репрезентација на светскиот ранкинг appeared first on Република.

]]>
ТФТ домаќин на квалификациски турнир од официјалната кошаркарска лига на шампиони во организација на ФИБА https://republika.mk/sport/kosarka/tft-domakjin-na-kvalifikaciski-turnir-od-oficijalnata-kosharkarska-liga-na-shampioni-vo-organizacija-na-fiba/ Fri, 16 Sep 2022 09:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=551321

Убава вест за сите љубители на спортот, а особено на кошарката. Скопје за прв пат во својата историја има чест да биде домаќин на квалификациски турнир од официјалната кошаркарска лига на шампиони во организација на светската кошаркарска федерација ФИБА. Нашата гордост од Тафталиџе, екипата на ТФТ, храбро го прифати предизвикот да биде домаќин на великани од самиот врв на европската кошаркарска елита. Во период од 21.9 – 25.9. 2022 година, во три натпреварувачки дена, преку елиминационен систем на натпревари, Европа ќе го добие новиот учесник во групната фаза од лигата на шампионите. За престижното „столче“ во елитата, покрај нашиот ТФТ, како минатогодишен освојувач на купот на Македонија, ќе се борат и романскиот ЦСО Волунтари, швајцарски Фрибург, најстариот британски кошаркарски клуб Лестер Рајдерс, како и одлично познатите Кемниц од Германија и Тофаш Бурса.
Натпреварите ќе се играат во салата „Борис Трајковски“, а карти за истите може да се набават на овој линк.

The post ТФТ домаќин на квалификациски турнир од официјалната кошаркарска лига на шампиони во организација на ФИБА appeared first on Република.

]]>

Убава вест за сите љубители на спортот, а особено на кошарката. Скопје за прв пат во својата историја има чест да биде домаќин на квалификациски турнир од официјалната кошаркарска лига на шампиони во организација на светската кошаркарска федерација ФИБА. Нашата гордост од Тафталиџе, екипата на ТФТ, храбро го прифати предизвикот да биде домаќин на великани од самиот врв на европската кошаркарска елита. Во период од 21.9 – 25.9. 2022 година, во три натпреварувачки дена, преку елиминационен систем на натпревари, Европа ќе го добие новиот учесник во групната фаза од лигата на шампионите. За престижното „столче“ во елитата, покрај нашиот ТФТ, како минатогодишен освојувач на купот на Македонија, ќе се борат и романскиот ЦСО Волунтари, швајцарски Фрибург, најстариот британски кошаркарски клуб Лестер Рајдерс, како и одлично познатите Кемниц од Германија и Тофаш Бурса. Натпреварите ќе се играат во салата „Борис Трајковски“, а карти за истите може да се набават на овој линк.

The post ТФТ домаќин на квалификациски турнир од официјалната кошаркарска лига на шампиони во организација на ФИБА appeared first on Република.

]]>
Скандалозен пропуст на ФИБА, не именуваа – Македонија Косово https://republika.mk/sport/fudbal/skandalozen-propust-na-fiba-ne-imenuvaa-s-makedonija-kosovo/ Sun, 17 Jul 2022 13:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=530339

Младинската репрезентација на Македонија во во главниот град на Грузија, Тбилиси го игра мечот од третото коло од Европското Првенство – Б дивизија.

Противник е селекцијата на Косово, но тоа што го привлече вниманието на јавноста е огромниот превид на организаторите кои нашата држава ја именуваа – Македонија Косово.

За време на натпреварот, селекциите се означени со официјалните кратенки, но на полувремето од официјалниот пренос на јутјуб-страницата на ФИБА можеше да се забележи Косово од едната и Македонија Косово од другата страна.

The post Скандалозен пропуст на ФИБА, не именуваа – Македонија Косово appeared first on Република.

]]>

Младинската репрезентација на Македонија во во главниот град на Грузија, Тбилиси го игра мечот од третото коло од Европското Првенство – Б дивизија.
Противник е селекцијата на Косово, но тоа што го привлече вниманието на јавноста е огромниот превид на организаторите кои нашата држава ја именуваа – Македонија Косово. За време на натпреварот, селекциите се означени со официјалните кратенки, но на полувремето од официјалниот пренос на јутјуб-страницата на ФИБА можеше да се забележи Косово од едната и Македонија Косово од другата страна.

The post Скандалозен пропуст на ФИБА, не именуваа – Македонија Косово appeared first on Република.

]]>
Бајиќ го објави поширокиот список на кошаркари за јулскиот ФИБА прозорец https://republika.mk/sport/kosarka/bajikj-go-objavi-poshirokiot-spisok-na-kosharkari-za-julskiot-fiba-prozorec/ Thu, 09 Jun 2022 21:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=513273

Селекторот македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ, попладнево го објави поширокиот список на играчи на чии услуги ќе смета во третиот, последен квалификациски прозорец за Светското првенство закажано за идната календарска година.

На списокот на Бајиќ се најдоа:

Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Бобан Стајиќ – Пелистер
Ненад Димитријевиќ – Валенсија, Шпанија
Лука Савиќевиќ – МЗТ Скопје Уни Банка
Рубин Стефанов – Канту, Италија
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Митревски – Феникс 2010
Виктор Ефремовски – Гостивар
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Максим Митевски – МЗТ Скопје Уни Банка
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Димитар Иванов – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Јакимовски – Вашингтон Кугарс, САД
Лука Стојановски – Еуро Никел 2005
Марко Миловановиќ – Ју Ви Кремона, Италија
Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Уни Банка
Ваљмир Какруки – Работнички
Амар Хот – Феникс 2010
Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија
Џејкоб Вајли – Шига Лејкстарс, Јапонија
Љубомир Младеновски – Пелистер

На 1 јули, македонските репрезентативци ќе се пресметаат со актуелниот светски шампион Шпанија, а три дена подоцна ќе си ги одмерат силите со Украина, во Скопје.

Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи на 25 јуни, во СЦ „Борис Трајковски“. зс

The post Бајиќ го објави поширокиот список на кошаркари за јулскиот ФИБА прозорец appeared first on Република.

]]>

Селекторот македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ, попладнево го објави поширокиот список на играчи на чии услуги ќе смета во третиот, последен квалификациски прозорец за Светското првенство закажано за идната календарска година. На списокот на Бајиќ се најдоа: Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром Бобан Стајиќ – Пелистер Ненад Димитријевиќ – Валенсија, Шпанија Лука Савиќевиќ – МЗТ Скопје Уни Банка Рубин Стефанов – Канту, Италија Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром Андреј Митревски – Феникс 2010 Виктор Ефремовски – Гостивар Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром Максим Митевски – МЗТ Скопје Уни Банка Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром Димитар Иванов – МЗТ Скопје Аеродром Андреј Јакимовски – Вашингтон Кугарс, САД Лука Стојановски – Еуро Никел 2005 Марко Миловановиќ – Ју Ви Кремона, Италија Андреј Маслинко – ТФТ Скопје Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром Стојан Ѓуроски – Пелистер Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Уни Банка Ваљмир Какруки – Работнички Амар Хот – Феникс 2010 Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија Џејкоб Вајли – Шига Лејкстарс, Јапонија Љубомир Младеновски – Пелистер На 1 јули, македонските репрезентативци ќе се пресметаат со актуелниот светски шампион Шпанија, а три дена подоцна ќе си ги одмерат силите со Украина, во Скопје. Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи на 25 јуни, во СЦ „Борис Трајковски“. зс

The post Бајиќ го објави поширокиот список на кошаркари за јулскиот ФИБА прозорец appeared first on Република.

]]>