Фестивалот на класична музика Archives - Република https://republika.mk/tema/festivalot-na-klasichna-muzika/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 13:25:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивалот на класична музика Archives - Република https://republika.mk/tema/festivalot-na-klasichna-muzika/ 32 32 Почнува третото издание на Фестивалот на класична музика во Струмица https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-tretoto-izdanie-na-festivalot-na-klasichna-muzika-vo-strumitsa/ Sat, 01 Jun 2024 13:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=783875

Третото издание на Фестивалот на класична музика „Класичен меѓународен фестивал Струмица 2024“ ќе биде отворено вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица со концерт на клавирското трио „3-ОС“. во триото членуваат виолинистот Кирил Наумов, виолончелистот Жељко Штрбац и пијанистот Мирослав Мајиќ, професионални дипломирани музичари, кои долги години активно соработуваат со културните институции во Хрватска како оркестарски уметници, како педагози во музичките училишта и како високи уметнички соработници на камерна музика на Академијата за уметност и култура во Осиек. Настапувале во Хрватска и во странство со истакнати хрватски и странски оркестри, ансамбли и камерни состави на голем број концерти.

Најголемиот дел од програмата е посветен на камерната музика.

Досега на фестивалот, освен познати македонски уметници, настапуваа и гости од Србија, Бугарија, Грција, Словенија, а годинава гостуваат и уметници од Хрватска.

На 3 јуни, во 20 часот, во црковниот храм „Св. Петнаесет тивериополски великомаченици“, концерт ќе има градскиот мешан хор „Гортинија“ од Македонија со диригентот Илија Атанасов.

Концертот на „Дуо гитари“ од Бугарија во состав на Цветелина Брешкова и Божидара Трохарова е закажан за 5 јуни, во 20 часот. „Дуо пијано“ со Тања Божиновска и Билјана Димовска од Македонија ќе има концерт на 7 јуни.

The post Почнува третото издание на Фестивалот на класична музика во Струмица appeared first on Република.

]]>

Третото издание на Фестивалот на класична музика „Класичен меѓународен фестивал Струмица 2024“ ќе биде отворено вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица со концерт на клавирското трио „3-ОС“. во триото членуваат виолинистот Кирил Наумов, виолончелистот Жељко Штрбац и пијанистот Мирослав Мајиќ, професионални дипломирани музичари, кои долги години активно соработуваат со културните институции во Хрватска како оркестарски уметници, како педагози во музичките училишта и како високи уметнички соработници на камерна музика на Академијата за уметност и култура во Осиек. Настапувале во Хрватска и во странство со истакнати хрватски и странски оркестри, ансамбли и камерни состави на голем број концерти. Најголемиот дел од програмата е посветен на камерната музика. Досега на фестивалот, освен познати македонски уметници, настапуваа и гости од Србија, Бугарија, Грција, Словенија, а годинава гостуваат и уметници од Хрватска. На 3 јуни, во 20 часот, во црковниот храм „Св. Петнаесет тивериополски великомаченици“, концерт ќе има градскиот мешан хор „Гортинија“ од Македонија со диригентот Илија Атанасов. Концертот на „Дуо гитари“ од Бугарија во состав на Цветелина Брешкова и Божидара Трохарова е закажан за 5 јуни, во 20 часот. „Дуо пијано“ со Тања Божиновска и Билјана Димовска од Македонија ќе има концерт на 7 јуни.

The post Почнува третото издание на Фестивалот на класична музика во Струмица appeared first on Република.

]]>