фестивали Archives - Република https://republika.mk/tema/festivali/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 16:08:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивали Archives - Република https://republika.mk/tema/festivali/ 32 32 Фестивалите на EXIT исцртуваат големо срце на регионалната мапа! https://republika.mk/scena/festivalite-na-exit-istsrtuvaat-golemo-srtse-na-regionalnata-mapa/ Mon, 04 Mar 2024 17:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=751166

На почетокот на сѐ беше EXIT. Веќе во своите први години, фестивалот испиша историја како прв масовен собир на младите по војните во деведесеттите, етаблирајќи се како столб на помирувањето на нашите простори. Како што растеше организацијата, само во изминатите две години, EXIT организираше 50 настани во 12 земји, а неговото срце се наоѓа и чука токму во нашиот регион. Ако со црвен молив ги поврземе пулсните точки на Егзитовите регионални настани, вклучувајќи го и најновото дополнување, фестивалот Unity84 кој викендов ќе прослави 40 години од одржувањето на Зимските олимписки игри во Сараево, го добиваме токму тоа – едно големо срце кое ја симболизира љубовта и синергијата што EXIT со своите фестивали ја шири на просторите на поранешна Југославија.

Симболично е што фестивалот со кој се слави годишнината на еден од најголемите дострели на поранешна Југославија го комплетира нашето регионално срце. Олимпијадата е симбол на заедништво и здрав дух, а токму таквите вредности се вткаени во ДНК-та на нашите настани“, изјави Душан Ковачевиќ, основач и директор на фестивалот EXIT.

Денес меѓународниот и повеќекратно наградуван летен музички фестивал е основан уште во далечната 2000 година, пред речиси четврт век и се одржува секоја година на една од најубавите фестивалски локации во светот - Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Светската препознатливост на EXIT му ја донесоа големите имиња кои се слушаа од бините на фестивалот, бројните посетители од целиот свет, но и добро познатата и грижливо чувана магична енергија на фестивалот.

Уште во своите први години, EXIT изгради силна репутација како општествено движење на младите и се позиционираше како столб на помирувањето во регионот. Со цел да се негуваат вредностите на мирот и слободата, покрај матичниот фестивал во Нови Сад, основани се No Sleep во Белград, Sea Dance и Ada Divine Awakening во Црна Гора, Sea Star во Хрватска, Get EXITed во Македонија и најновото дополнување во Егзитовото фестивалско семејство – Unity84 во Босна и Херцеговина. Сите заедно, тие се тука да ја претставуваат универзалната љубов и кокреација во регионот.

Големото регионалнo срце на Exit прикажано е и во анимацијата, додека за музичката подлога симболично е искористен синглот на еден од најуспешните продуценти од овие простори, Space Motion, на кој му се придружува и американската пејачка JES. Станува збор за траката „Universe“, првото издание објавено на растечката издавачка куќа на Exit, Soundscape, кое на врвот на водечката Beatport Hype: Melodic House & Techno листа се задржа 12 последователни недели!

Покрај регионалните фестивали, EXIT организира и бројни настани во Европа и светот - во 2023 година од Егзитовата организација произлегоа 24 настани во 13 различни градови и 6 земји во светот. Заедно со 2022 година, таа бројка изнесува дури 50 настани во 12 земји и околу милион посетители од сите краеви на светот.

 

The post Фестивалите на EXIT исцртуваат големо срце на регионалната мапа! appeared first on Република.

]]>

На почетокот на сѐ беше EXIT. Веќе во своите први години, фестивалот испиша историја како прв масовен собир на младите по војните во деведесеттите, етаблирајќи се како столб на помирувањето на нашите простори. Како што растеше организацијата, само во изминатите две години, EXIT организираше 50 настани во 12 земји, а неговото срце се наоѓа и чука токму во нашиот регион. Ако со црвен молив ги поврземе пулсните точки на Егзитовите регионални настани, вклучувајќи го и најновото дополнување, фестивалот Unity84 кој викендов ќе прослави 40 години од одржувањето на Зимските олимписки игри во Сараево, го добиваме токму тоа – едно големо срце кое ја симболизира љубовта и синергијата што EXIT со своите фестивали ја шири на просторите на поранешна Југославија.
Симболично е што фестивалот со кој се слави годишнината на еден од најголемите дострели на поранешна Југославија го комплетира нашето регионално срце. Олимпијадата е симбол на заедништво и здрав дух, а токму таквите вредности се вткаени во ДНК-та на нашите настани“, изјави Душан Ковачевиќ, основач и директор на фестивалот EXIT. Денес меѓународниот и повеќекратно наградуван летен музички фестивал е основан уште во далечната 2000 година, пред речиси четврт век и се одржува секоја година на една од најубавите фестивалски локации во светот - Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Светската препознатливост на EXIT му ја донесоа големите имиња кои се слушаа од бините на фестивалот, бројните посетители од целиот свет, но и добро познатата и грижливо чувана магична енергија на фестивалот. Уште во своите први години, EXIT изгради силна репутација како општествено движење на младите и се позиционираше како столб на помирувањето во регионот. Со цел да се негуваат вредностите на мирот и слободата, покрај матичниот фестивал во Нови Сад, основани се No Sleep во Белград, Sea Dance и Ada Divine Awakening во Црна Гора, Sea Star во Хрватска, Get EXITed во Македонија и најновото дополнување во Егзитовото фестивалско семејство – Unity84 во Босна и Херцеговина. Сите заедно, тие се тука да ја претставуваат универзалната љубов и кокреација во регионот. Големото регионалнo срце на Exit прикажано е и во анимацијата, додека за музичката подлога симболично е искористен синглот на еден од најуспешните продуценти од овие простори, Space Motion, на кој му се придружува и американската пејачка JES. Станува збор за траката „Universe“, првото издание објавено на растечката издавачка куќа на Exit, Soundscape, кое на врвот на водечката Beatport Hype: Melodic House & Techno листа се задржа 12 последователни недели! Покрај регионалните фестивали, EXIT организира и бројни настани во Европа и светот - во 2023 година од Егзитовата организација произлегоа 24 настани во 13 различни градови и 6 земји во светот. Заедно со 2022 година, таа бројка изнесува дури 50 настани во 12 земји и околу милион посетители од сите краеви на светот.
 

The post Фестивалите на EXIT исцртуваат големо срце на регионалната мапа! appeared first on Република.

]]>
„Бизнисот на задоволството“ селектиран на два нови фестивали во САД https://republika.mk/vesti/kultura/biznisot-na-zadovolstvoto-selektiran-na-dva-novi-festivali-vo-sad-2/ Mon, 22 Jan 2024 07:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=735258

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“, кој ќе се одржи од 24 февруари до 3 март во Аризона. Мисијата на организаторите е поддршка на независните филмски дела од целиот свет, потребата да се разбере човековата природа и препознавањето на вистинските вредности преку филмот.

Филмот на Цветановски исто така ќе биде еден од осумте филма во официјалната селекција на „Фарго филм фестивал“, кој ќе се одржи од 19 до 23 март. Публиката ќе може да го проследи во историската кино сала Фарго во Северна Дакота. Фестивалот постои 24 години, а неговата програма низ годините е збогатена со присуството на бројни еминентни имиња од светот на филмот.

Членовите на жирито на Фарго Филм Фестивал, во писмото за официјалната селекција истакнаа: „Добивме многу квалитетни апликации оваа година, но жирито сметаше дека вашиот филм е навистина впечатлив и суштински ја доловува кризната и трагична состојба во светот. Навистина сме возбудени што ќе го споделиме овој филм со нашата публика.“

Режисерот Цветановски го радува тоа што филмот и годинава продолжува со успешната фестивалска турнеја.

„Секоја нова селекција ме исполнува со радост и возбуда. Со нетрпение го чекам на пролет прикажувањето во македонските кино сали. Реакциите низ светот се позитивни, верувам дека и на македонската публика ќе и‘ се допадне оваа приказна“, вели Цветановски.

Филмот лани успешно се претстави на „Орландо Филм Фестивал“ во САД, каде имаше номинации во пет категории. Потоа го затвори 34. издание на филмскиот фестивал „Синеворлд филм фестивал“ на Флорида.

„Бизнисот на задоволството“ досега беше селектиран на дваесеттина фестивали, а се закити со пет награди.

Поддржан е од Агенцијата за филм.

 

The post „Бизнисот на задоволството“ селектиран на два нови фестивали во САД appeared first on Република.

]]>

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“, кој ќе се одржи од 24 февруари до 3 март во Аризона. Мисијата на организаторите е поддршка на независните филмски дела од целиот свет, потребата да се разбере човековата природа и препознавањето на вистинските вредности преку филмот. Филмот на Цветановски исто така ќе биде еден од осумте филма во официјалната селекција на „Фарго филм фестивал“, кој ќе се одржи од 19 до 23 март. Публиката ќе може да го проследи во историската кино сала Фарго во Северна Дакота. Фестивалот постои 24 години, а неговата програма низ годините е збогатена со присуството на бројни еминентни имиња од светот на филмот. Членовите на жирито на Фарго Филм Фестивал, во писмото за официјалната селекција истакнаа: „Добивме многу квалитетни апликации оваа година, но жирито сметаше дека вашиот филм е навистина впечатлив и суштински ја доловува кризната и трагична состојба во светот. Навистина сме возбудени што ќе го споделиме овој филм со нашата публика.“ Режисерот Цветановски го радува тоа што филмот и годинава продолжува со успешната фестивалска турнеја. „Секоја нова селекција ме исполнува со радост и возбуда. Со нетрпение го чекам на пролет прикажувањето во македонските кино сали. Реакциите низ светот се позитивни, верувам дека и на македонската публика ќе и‘ се допадне оваа приказна“, вели Цветановски. Филмот лани успешно се претстави на „Орландо Филм Фестивал“ во САД, каде имаше номинации во пет категории. Потоа го затвори 34. издание на филмскиот фестивал „Синеворлд филм фестивал“ на Флорида. „Бизнисот на задоволството“ досега беше селектиран на дваесеттина фестивали, а се закити со пет награди. Поддржан е од Агенцијата за филм.  

The post „Бизнисот на задоволството“ селектиран на два нови фестивали во САД appeared first on Република.

]]>
„Народен непријател“ на МНТ го отвора фестивалот „Отело“ во Гостивар, „Бакхи: Агава“ ќе гостува на „Стоби“ https://republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-go-otvora-festivalot-otelo-vo-gostivar-bakhi-agava-ke-gostuva-na-stobi/ Fri, 06 Oct 2023 10:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=688527

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ на 9 октомври го отвора 7. Интернационален театарски фестивал „Отело“ во Гостивар.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

Ден потоа, на 10 октомври во рамките на официјалната програма на 20. ИФАД „Стоби“, на сцената - „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, Велес, ќе се одигра и претставата „Бакхи: Агава“.

Претставата е работена според Еврипид и Тамара Барачков, a играат: Симона Спировска — Агава; Александар Михајловски — Пентеј, а актерите Григор Јовановски — Дионис, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови.

Во претставата се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Претставата е копродукциски проект меѓу: Перипетија продукција - Скопје, МНТ и Градски театар од Јанина, Грција.

Двете претстави се во режија на Нина Николиќ.

The post „Народен непријател“ на МНТ го отвора фестивалот „Отело“ во Гостивар, „Бакхи: Агава“ ќе гостува на „Стоби“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ на 9 октомври го отвора 7. Интернационален театарски фестивал „Отело“ во Гостивар. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски. Ден потоа, на 10 октомври во рамките на официјалната програма на 20. ИФАД „Стоби“, на сцената - „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, Велес, ќе се одигра и претставата „Бакхи: Агава“. Претставата е работена според Еврипид и Тамара Барачков, a играат: Симона Спировска — Агава; Александар Михајловски — Пентеј, а актерите Григор Јовановски — Дионис, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови. Во претставата се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Претставата е копродукциски проект меѓу: Перипетија продукција - Скопје, МНТ и Градски театар од Јанина, Грција. Двете претстави се во режија на Нина Николиќ.

The post „Народен непријател“ на МНТ го отвора фестивалот „Отело“ во Гостивар, „Бакхи: Агава“ ќе гостува на „Стоби“ appeared first on Република.

]]>
„Шеќерни луѓе“ патува на фестивалите во Прованса, Римини и Камбрија https://republika.mk/scena/film/shekjerni-lugje-patuva-na-festivalite-vo-provansa-rimini-i-kambrija/ Wed, 02 Nov 2022 13:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=568838

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ во ноември ќе биде прикажан на 40-то издание на Festival Tous Courts of Aix-en-Provence и 15-то издание на Amarcort Film Festival во Римини, а во февруари 2023 година, и на Cambria Film Festival во Калифорнија, САД.

Филмот кој премиерно беше прикажан на 22. Филмски фестивал во Беверли Хилс, САД, во јуни, годинава, освои четири награди во изминатите три месеци на различни интернационални фестивали за краткометражни филмови.

Наградата за најдобра оригинална музика чиј автор е Дуке Бојаџиев ја понесе на CineParis Film Festival, за најдобар постер дизајниран од Коста Лазаревски, беше награден на Toronto Women Film Festival, а Сара Климоска која ја толкува една од главните улоги, за најдобра актерка е прогласена на Kiez Berlin Film Festival и на Reale Film Festival.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју Продукција“, досега е селектиран во официјална селекција на 12 интернационални фестивали за краткометражни филмови во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија и Парагвај, а ја имаше својата интернационалната премиера на 22-то издание на филмскиот фестивал во Беверли Хилс во САД на 4 јуни 2022. Пред премиерата, филмот беше селектиран и беше дел од каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови со одржана проекција во рамките на филмскиот маркет на 26 мај оваа година, како единствениот македонски краткометражен филм, што беше претставен оваа година на маркетот во Кан.

The post „Шеќерни луѓе“ патува на фестивалите во Прованса, Римини и Камбрија appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ во ноември ќе биде прикажан на 40-то издание на Festival Tous Courts of Aix-en-Provence и 15-то издание на Amarcort Film Festival во Римини, а во февруари 2023 година, и на Cambria Film Festival во Калифорнија, САД.
Филмот кој премиерно беше прикажан на 22. Филмски фестивал во Беверли Хилс, САД, во јуни, годинава, освои четири награди во изминатите три месеци на различни интернационални фестивали за краткометражни филмови.
Наградата за најдобра оригинална музика чиј автор е Дуке Бојаџиев ја понесе на CineParis Film Festival, за најдобар постер дизајниран од Коста Лазаревски, беше награден на Toronto Women Film Festival, а Сара Климоска која ја толкува една од главните улоги, за најдобра актерка е прогласена на Kiez Berlin Film Festival и на Reale Film Festival. Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју Продукција“, досега е селектиран во официјална селекција на 12 интернационални фестивали за краткометражни филмови во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија и Парагвај, а ја имаше својата интернационалната премиера на 22-то издание на филмскиот фестивал во Беверли Хилс во САД на 4 јуни 2022. Пред премиерата, филмот беше селектиран и беше дел од каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови со одржана проекција во рамките на филмскиот маркет на 26 мај оваа година, како единствениот македонски краткометражен филм, што беше претставен оваа година на маркетот во Кан.

The post „Шеќерни луѓе“ патува на фестивалите во Прованса, Римини и Камбрија appeared first on Република.

]]>
Три фестивали од различен формат во јулската програма на Кинотека https://republika.mk/vesti/tri-festivali-od-razlichen-format-vo-julskata-programa-na-kinoteka/ Mon, 04 Jul 2022 13:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=523637

По годинешното летно издане на фестивалот на музички документарци СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ, јулската програма на Кинотеката продолжува со проекции на филмовите од програмата на фестивалот на нов европски филм – СИНЕДЕЈС.

На репертоарот на СИНЕДЕЈС ќе можете да видите неколку нови остварувања од европските кинематографии, како и четири наслови на еден од најзначајните автори на германската и европската кинематографија во овој век, Фатих Акин. НА РАБОТ ОД РАЈОТ (Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven), ОД НИКАДЕ (In The Fade / Aus Dem Nichts), РЕЗ (The Cut) и ДУШЕВНА КУЈНА (Soul Kitchen) се насловите на овој мајстор на човековата драма кои скопската публика ќе може да ги види под отворено небо во летното кино.

Средната на јули е резервирана за новото издание на Фестивалот на електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми – ДЕСОНАНЗ. Јулската програма на Кинотеката го содржи и уникатниот француски документарен филм КАДИФЕНА КРАЛИЦА ( La panthère des neiges / Velvet Queen), снимен на Тибет, чии автори трагаат по реткото животно и смислата на денешниот живот, а на програмата е и кинеската акциона драма ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain).

Францускиот филм ТИТАН (Titane) во режија на Жулија Дукурно (Julia Ducournau) е од оние наслови што не треба да се пропуштат. Победата на минатогодишниот кански фестивал, но многу повеќе контроверзите што ги предизвикува, го прават ТИТАН филм што ги бранува духот и вкусовите на филмофилите.

СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine) на Франсоа Озон (François Ozon) е уште еден нов бисер на актуелната француска кинематографија: семејната драма со ѕвездената актерска екипа предводена од Софи Марсо (Sophie Marceau) го третира контровезното прашање за евтаназијата како спас.

Австриско-германската копродукција ГОЛЕМА СЛОБОДА (Große Freiheit / Great Freedom) на режисерот Себастијан Мајзе (Sebastian Meise) го осветлува криминализирањето на машката хомосексуалност во Германија долго век и половина, кое опстојувало во неколку дијаметрално различни општествено-идеолошки уредувања, од феудализмот преку нацизмот, до современата демократија.

Уште еден наградуван германски филм е на јулската програма. Станува збор за ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs) во режија на Доминик Граф (Dominik Graf), чија сторија го осветлува Берлин во почетокот на 30-тите години од минатиот век. Францускиот филм ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District) на режисерот Жак Одијар (Jacques Audiard) е необично црно-бело остварување за сексуалноста како бегство од сè она што го гуши модерното општество.

На таа критичка линија се наоѓа и СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn) на Раду Јуде (Radu Jude), па го повторуваме овој романски филм на репертоарот на Кинотеката. На јулската програма е и МЕМОРИЈА (Memoria), филм во режија на уникатниот тајландски автор Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul), кој раскажува мистериозна сторија за Шкотланѓанка во Колумбија.

 

РАСПОРЕД ПРОГРАМА ЈУЛИ 2022 

 

1 ЈУЛИ (ПЕТОК)

20:15 ч.:

-ПОБЕДНИЦИТЕ СЕ ДОСАДНИ  (Победници су досадни)

-НАЈВАЖНИОТ ДЕЧКО НА СВЕТОТ (Најважнији дечко на свету)

РЕПЕТИТОР: СТЕСНЕТИ СОНИШТА (Сужени снови)

ВИКТОРИЈА (Викторија)

 

 

2 ЈУЛИ (САБОТА)

20:15 ч.: ЕЛА ФИЦЏЕРАЛД: ЕДНА ОД ОНИЕ РАБОТИ

(Ella Fitzgerald: Just one of those things) – режија: Лезли Вудхед

21:30 ч.: РОНИ ВУД: НЕКОЈ ОД ГОРЕ МЕ САКА

(Ronnie Wood: Somebody up there likes me)

 

 

4 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

20:15 ч.: ОМАЖ НА ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ:

 

 

5 ЈУЛИ (ВТОРНИК)

20:15 ч.: СЕСТРИ СО ТРАНЗИСТОРИ (Sisters with Transistors)

21:45 ч.: МОБИ (Moby Doc)

 

 

6 ЈУЛИ (СРЕДА)

18:00 ч.: КАДИФЕНА КРАЛИЦА (La panthère des neiges / Velvet Queen)

20:15 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)

 

 

8 ЈУЛИ (ПЕТОК)

20:15 ч.: 107 МАЈКИ (Cenzorka / 107 Mothers)

22:15 ч.: REBIRTH: VOICE OF SILENCE

 

 

9 ЈУЛИ (САБОТА)

20:15 ч.: ПЛАНЕТА НА ОВЦИТЕ: НАДВОР ВО СВЕТОТ / НАДВОР ВО ИДНИНАТА

(Planet of the Sheep: Out into the World / Out into the future)

22:15 ч.: НАСТАВНИЧКА КАНЦЕЛАРИЈА (Zbornica The Staff Room)

 

 

10 ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

20:15 ч.: КРАТ (Kratt)

22:15 ч.: НА РАБОТ ОД РАЈОТ (Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven)

 

 

11 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

20:15 ч.: #dogpoopgirl

22:15 ч.: ОД НИКАДЕ (In The Fade / Aus Dem Nichts)

 

 

12 ЈУЛИ (ВТОРНИК)

20:15 ч.: КРПЕНИЦА (Patchwork)

22:15 ч.: РЕЗ (The Cut)

 

 

13 ЈУЛИ (СРЕДА)

20:15 ч.: ДРУГИ ЛУЃЕ (Inni ludzie / Other People)

22:15 ч.: ДУШЕВНА КУЈНА (Soul Kitchen)

 

 

15 ЈУЛИ (ПЕТОК)

20:15 ч.: ДЕСОНАНЗ – ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА,

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ И НОВИ МЕДИУМИ

 

 

16 ЈУЛИ (САБОТА)

20:15 ч.: ДЕСОНАНЗ – ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА,

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ И НОВИ МЕДИУМИ

 

 

19 ЈУЛИ (ВТОРНИК)

18:00 ч.: ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs)

20:15 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)

 

 

18 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18:00 ч.: СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine)

20:15 ч.: ГОЛЕМА СЛОБОДА  (Große Freiheit / Great Freedom)

 

 

 

20 ЈУЛИ (СРЕДА)

18:00 ч.: КЛОВНОВИ (I Clowns / The Clowns)

20:15 : ТИТАН (Titane)

 

 

21 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

18:00 ч.: ВСЕЛЕНСКО МОМЧЕ (SpaceBoy)

20:15 ч.: СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО

(Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn)

 

 

22 ЈУЛИ (ПЕТОК)

18:00 ч.: ГОЛЕМА СЛОБОДА (Große Freiheit / Great Freedom)

20:15 ч.: СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine)

 

 

23 ЈУЛИ (САБОТА)

18:00 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)

 20:15 ч.: КАДИФЕНА КРАЛИЦА (La panthère des neiges / Velvet Queen)

 

 

25 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18:00 ч.: МЕСЕЧИНА ОД ХАРТИЈА (Paper Moon)

20:15 ч.: ТИТАН (Titane)

 

 

26 ЈУЛИ (ВТОРНИК)

18:00 ч.: СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО

(Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn)

20:15 ч.: ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs)

 

 

27 ЈУЛИ (СРЕДА)

18:00 ч.: СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine)

20:15 ч.: МЕМОРИЈА (Memoria)

 

 

28 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

18:00 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)

20:15 ч.: МЕМОРИЈА (Memoria)

 

 

29 ЈУЛИ (ПЕТОК)

18:00 ч.: КАДИФЕНА КРАЛИЦА (La panthère des neiges / Velvet Queen)

20:15 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)

 

 

30 ЈУЛИ (САБОТА)

18:00 ч.: ТИТАН (Titane)

20:15 ч.: ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District)

 

 

 

 

 

 

The post Три фестивали од различен формат во јулската програма на Кинотека appeared first on Република.

]]>

По годинешното летно издане на фестивалот на музички документарци СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ, јулската програма на Кинотеката продолжува со проекции на филмовите од програмата на фестивалот на нов европски филм – СИНЕДЕЈС. На репертоарот на СИНЕДЕЈС ќе можете да видите неколку нови остварувања од европските кинематографии, како и четири наслови на еден од најзначајните автори на германската и европската кинематографија во овој век, Фатих Акин. НА РАБОТ ОД РАЈОТ (Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven), ОД НИКАДЕ (In The Fade / Aus Dem Nichts), РЕЗ (The Cut) и ДУШЕВНА КУЈНА (Soul Kitchen) се насловите на овој мајстор на човековата драма кои скопската публика ќе може да ги види под отворено небо во летното кино. Средната на јули е резервирана за новото издание на Фестивалот на електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми – ДЕСОНАНЗ. Јулската програма на Кинотеката го содржи и уникатниот француски документарен филм КАДИФЕНА КРАЛИЦА ( La panthère des neiges / Velvet Queen), снимен на Тибет, чии автори трагаат по реткото животно и смислата на денешниот живот, а на програмата е и кинеската акциона драма ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain). Францускиот филм ТИТАН (Titane) во режија на Жулија Дукурно (Julia Ducournau) е од оние наслови што не треба да се пропуштат. Победата на минатогодишниот кански фестивал, но многу повеќе контроверзите што ги предизвикува, го прават ТИТАН филм што ги бранува духот и вкусовите на филмофилите. СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine) на Франсоа Озон (François Ozon) е уште еден нов бисер на актуелната француска кинематографија: семејната драма со ѕвездената актерска екипа предводена од Софи Марсо (Sophie Marceau) го третира контровезното прашање за евтаназијата како спас. Австриско-германската копродукција ГОЛЕМА СЛОБОДА (Große Freiheit / Great Freedom) на режисерот Себастијан Мајзе (Sebastian Meise) го осветлува криминализирањето на машката хомосексуалност во Германија долго век и половина, кое опстојувало во неколку дијаметрално различни општествено-идеолошки уредувања, од феудализмот преку нацизмот, до современата демократија. Уште еден наградуван германски филм е на јулската програма. Станува збор за ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs) во режија на Доминик Граф (Dominik Graf), чија сторија го осветлува Берлин во почетокот на 30-тите години од минатиот век. Францускиот филм ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District) на режисерот Жак Одијар (Jacques Audiard) е необично црно-бело остварување за сексуалноста како бегство од сè она што го гуши модерното општество. На таа критичка линија се наоѓа и СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn) на Раду Јуде (Radu Jude), па го повторуваме овој романски филм на репертоарот на Кинотеката. На јулската програма е и МЕМОРИЈА (Memoria), филм во режија на уникатниот тајландски автор Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul), кој раскажува мистериозна сторија за Шкотланѓанка во Колумбија.   РАСПОРЕД ПРОГРАМА ЈУЛИ 2022    1 ЈУЛИ (ПЕТОК) 20:15 ч.: -ПОБЕДНИЦИТЕ СЕ ДОСАДНИ  (Победници су досадни) -НАЈВАЖНИОТ ДЕЧКО НА СВЕТОТ (Најважнији дечко на свету)РЕПЕТИТОР: СТЕСНЕТИ СОНИШТА (Сужени снови)ВИКТОРИЈА (Викторија)     2 ЈУЛИ (САБОТА) 20:15 ч.: ЕЛА ФИЦЏЕРАЛД: ЕДНА ОД ОНИЕ РАБОТИ (Ella Fitzgerald: Just one of those things) – режија: Лезли Вудхед 21:30 ч.: РОНИ ВУД: НЕКОЈ ОД ГОРЕ МЕ САКА (Ronnie Wood: Somebody up there likes me)     4 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:15 ч.: ОМАЖ НА ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ:     5 ЈУЛИ (ВТОРНИК) 20:15 ч.: СЕСТРИ СО ТРАНЗИСТОРИ (Sisters with Transistors) 21:45 ч.: МОБИ (Moby Doc)     6 ЈУЛИ (СРЕДА) 18:00 ч.: КАДИФЕНА КРАЛИЦА (La panthère des neiges / Velvet Queen) 20:15 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)     8 ЈУЛИ (ПЕТОК) 20:15 ч.: 107 МАЈКИ (Cenzorka / 107 Mothers) 22:15 ч.: REBIRTH: VOICE OF SILENCE     9 ЈУЛИ (САБОТА) 20:15 ч.: ПЛАНЕТА НА ОВЦИТЕ: НАДВОР ВО СВЕТОТ / НАДВОР ВО ИДНИНАТА (Planet of the Sheep: Out into the World / Out into the future) 22:15 ч.: НАСТАВНИЧКА КАНЦЕЛАРИЈА (Zbornica The Staff Room)     10 ЈУЛИ (НЕДЕЛА) 20:15 ч.: КРАТ (Kratt) 22:15 ч.: НА РАБОТ ОД РАЈОТ (Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven)     11 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:15 ч.: #dogpoopgirl 22:15 ч.: ОД НИКАДЕ (In The Fade / Aus Dem Nichts)     12 ЈУЛИ (ВТОРНИК) 20:15 ч.: КРПЕНИЦА (Patchwork) 22:15 ч.: РЕЗ (The Cut)     13 ЈУЛИ (СРЕДА) 20:15 ч.: ДРУГИ ЛУЃЕ (Inni ludzie / Other People) 22:15 ч.: ДУШЕВНА КУЈНА (Soul Kitchen)     15 ЈУЛИ (ПЕТОК) 20:15 ч.: ДЕСОНАНЗ – ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА, ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ И НОВИ МЕДИУМИ     16 ЈУЛИ (САБОТА) 20:15 ч.: ДЕСОНАНЗ – ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА, ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ И НОВИ МЕДИУМИ     19 ЈУЛИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.: ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs) 20:15 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)     18 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.: СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine) 20:15 ч.: ГОЛЕМА СЛОБОДА  (Große Freiheit / Great Freedom)       20 ЈУЛИ (СРЕДА) 18:00 ч.: КЛОВНОВИ (I Clowns / The Clowns) 20:15 : ТИТАН (Titane)     21 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК) 18:00 ч.: ВСЕЛЕНСКО МОМЧЕ (SpaceBoy) 20:15 ч.: СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn)     22 ЈУЛИ (ПЕТОК) 18:00 ч.: ГОЛЕМА СЛОБОДА (Große Freiheit / Great Freedom) 20:15 ч.: СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine)     23 ЈУЛИ (САБОТА) 18:00 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)  20:15 ч.: КАДИФЕНА КРАЛИЦА (La panthère des neiges / Velvet Queen)     25 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.: МЕСЕЧИНА ОД ХАРТИЈА (Paper Moon) 20:15 ч.: ТИТАН (Titane)     26 ЈУЛИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.: СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn) 20:15 ч.: ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs)     27 ЈУЛИ (СРЕДА) 18:00 ч.: СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine) 20:15 ч.: МЕМОРИЈА (Memoria)     28 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК) 18:00 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain) 20:15 ч.: МЕМОРИЈА (Memoria)     29 ЈУЛИ (ПЕТОК) 18:00 ч.: КАДИФЕНА КРАЛИЦА (La panthère des neiges / Velvet Queen) 20:15 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)     30 ЈУЛИ (САБОТА) 18:00 ч.: ТИТАН (Titane) 20:15 ч.: ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District)            

The post Три фестивали од различен формат во јулската програма на Кинотека appeared first on Република.

]]>