Фестивал Видик Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-vidik/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 21:21:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал Видик Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-vidik/ 32 32 Театарско патување со „Торонто експрес“ на фестивалот „Видик“ https://republika.mk/vesti/kultura/teatarsko-patuvane-so-toronto-ekspres-na-festivalot-vidik/ Wed, 12 Jun 2024 16:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=786761

На 12 јуни во 20 часот ќе биде одиграна комедијата „Торонто експрес“. Претставата, со Александар Микиќ во главната улога, е работена според мотивите од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот)“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф. Книгата „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ е документаристичка стрип-проза, „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Напишана на скопски сленг, книгата нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Новите „печалбари“ се академски музичари кои разнесуваат пици, машински инженери – „конобари“ по свадби, ортопеди – стручњаци за гипс-картон... Нивните (не)употребливи дипломи чекаат во куферите зафрлени во подрумите на големите изнајмени куќи во Канада.

The post Театарско патување со „Торонто експрес“ на фестивалот „Видик“ appeared first on Република.

]]>

На 12 јуни во 20 часот ќе биде одиграна комедијата „Торонто експрес“. Претставата, со Александар Микиќ во главната улога, е работена според мотивите од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот)“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф. Книгата „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ е документаристичка стрип-проза, „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Напишана на скопски сленг, книгата нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Новите „печалбари“ се академски музичари кои разнесуваат пици, машински инженери – „конобари“ по свадби, ортопеди – стручњаци за гипс-картон... Нивните (не)употребливи дипломи чекаат во куферите зафрлени во подрумите на големите изнајмени куќи во Канада.

The post Театарско патување со „Торонто експрес“ на фестивалот „Видик“ appeared first on Република.

]]>
Интерактивната експериментална монодрама „Пингвинот“ утревечер на програмата на „Видик“ https://republika.mk/vesti/kultura/interaktivnata-eksperimentalna-monodrama-pingvinot-utrevecher-na-programata-na-vidik/ Tue, 04 Jun 2024 08:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=784579

Експериментална монодрама „Пингвинот“, во среда во 20 часот ќе биде прикажана во книжарницата Литература во Дајмонд мол како дел од првото издание на фестивалот „Видик“ во организација на „Литература.мк“.

Монодрамата е авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ, според текстот 𝘌𝘷𝘦𝘳𝘺 𝘉𝘳𝘪𝘭𝘭𝘪𝘢𝘯𝘵 𝘛𝘩𝘪𝘯𝘨 на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог. Концептот и режијата се на Тамара Стојаноска, а игра Лео Поповиќ.

Продукцијата е на Театар „Златен Елец“ Скопје

„Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, 𝘌𝘷𝘦𝘳𝘺 𝘉𝘳𝘪𝘭𝘭𝘪𝘢𝘯𝘵 𝘛𝘩𝘪𝘯𝘨 на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сеуште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје, се вели во најавата за претставата.

The post Интерактивната експериментална монодрама „Пингвинот“ утревечер на програмата на „Видик“ appeared first on Република.

]]>

Експериментална монодрама „Пингвинот“, во среда во 20 часот ќе биде прикажана во книжарницата Литература во Дајмонд мол како дел од првото издание на фестивалот „Видик“ во организација на „Литература.мк“. Монодрамата е авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ, според текстот 𝘌𝘷𝘦𝘳𝘺 𝘉𝘳𝘪𝘭𝘭𝘪𝘢𝘯𝘵 𝘛𝘩𝘪𝘯𝘨 на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог. Концептот и режијата се на Тамара Стојаноска, а игра Лео Поповиќ. Продукцијата е на Театар „Златен Елец“ Скопје „Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, 𝘌𝘷𝘦𝘳𝘺 𝘉𝘳𝘪𝘭𝘭𝘪𝘢𝘯𝘵 𝘛𝘩𝘪𝘯𝘨 на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сеуште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје, се вели во најавата за претставата.

The post Интерактивната експериментална монодрама „Пингвинот“ утревечер на програмата на „Видик“ appeared first on Република.

]]>
„Страници на фантазијата“- изложба на илустрации од книгите за деца денеска на фестивалот „Видик“ https://republika.mk/vesti/kultura/stranitsi-na-fantazijata-izlozhba-na-ilustratsii-od-knigite-za-detsa-deneska-na-festivalot-vidik/ Mon, 03 Jun 2024 08:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=784300

Во рамките на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, вечерва со почеток во 19:00 часот, во книжарницата на „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“, ќе биде отворена изложбата на илустрации од книгите за деца, насловена како „Страници на фантазијата“.

На оваа изложба посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најубавите илустрации од книгите за деца во издание на „Арс Ламина“: „Си беше еднаш“ (Наталија Лукомска), „Нови бајки од Македонија“ (Орце Нинески), „Рокчето“ (Анета Илиевска), „Девојче и мече“, „Девојчето и градот“, „Рекичето што сакаше да порасне“… (Ване Костуранов), „Бајки од Македонија“ (Катерина Николовска), „Мачката Мара шубара“ (Иванка Ниба), „Шила“ (Калиопи Трпчева).

The post „Страници на фантазијата“- изложба на илустрации од книгите за деца денеска на фестивалот „Видик“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, вечерва со почеток во 19:00 часот, во книжарницата на „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“, ќе биде отворена изложбата на илустрации од книгите за деца, насловена како „Страници на фантазијата“. На оваа изложба посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најубавите илустрации од книгите за деца во издание на „Арс Ламина“: „Си беше еднаш“ (Наталија Лукомска), „Нови бајки од Македонија“ (Орце Нинески), „Рокчето“ (Анета Илиевска), „Девојче и мече“, „Девојчето и градот“, „Рекичето што сакаше да порасне“… (Ване Костуранов), „Бајки од Македонија“ (Катерина Николовска), „Мачката Мара шубара“ (Иванка Ниба), „Шила“ (Калиопи Трпчева).

The post „Страници на фантазијата“- изложба на илустрации од книгите за деца денеска на фестивалот „Видик“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-gitarskiot-virtuoz-muhamed-ibrahimi/ Fri, 31 May 2024 11:28:48 +0000 https://republika.mk/?p=783535

Вечерва со почеток во 21:00 часот, во рамките на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, во книжарницата на „Литература.мк“ во„Дајмонд мол“, ќе имате можност да го проследите концертот на феноменалниот Мухамед Ибрахими.

Го нарекоа скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Таков е Мухамед Ибрахими, скромен, но маестрален на сцената.

Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, мошне интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор.

Билетите по цена од 300 денари се достапни во книжарниците „Литература.мк“ во Скопје, како и онлајн преку https://www.literatura.mk/proizvodi/vidik_bileti.

The post Концерт на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими appeared first on Република.

]]>

Вечерва со почеток во 21:00 часот, во рамките на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, во книжарницата на „Литература.мк“ во„Дајмонд мол“, ќе имате можност да го проследите концертот на феноменалниот Мухамед Ибрахими. Го нарекоа скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Таков е Мухамед Ибрахими, скромен, но маестрален на сцената. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, мошне интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Билетите по цена од 300 денари се достапни во книжарниците „Литература.мк“ во Скопје, како и онлајн преку https://www.literatura.mk/proizvodi/vidik_bileti.

The post Концерт на гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими appeared first on Република.

]]>