фестивал РУТА Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-ruta/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 09:50:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивал РУТА Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-ruta/ 32 32 Драмски театар со „Падот на Масада“ гостува на фестивалот РУТА во Подгорица https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-padot-na-masada-gostuva-na-festivalot-ruta-vo-podgoritsa/ Thu, 11 Apr 2024 09:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=764883

Со претставата „Падот на Масада“ на Дејан Пројковски, Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА. Во Подгорица од 8 до 13 април во организација на Градско позориште Подгорица се одржува црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Ансамблот на Драмски театар вечерва во 20 часот ќе ја игра претставата на сцената „Будо Томовиќ“ каде неделава ќе се претстават и сите останати членки на Унијата: Београдско драмско позориште, Местно гледалиште Љубљана, Камерни 55 од Сараево, театарот Улисис од Хрватска и домаќинот Градско позориште Подгорица.

Претставата „Падот на Масада“ ја режираше режисерот Дејан Пројковски, на текст на авторот Венко Андоновски. Асистент на режија е Дамјан Димовски. Сценографијата и костимографијата на претставата се доверени на Валентин Светозарев. Музиката е на Горан Трајкоски.

Улогите ги толкуваат актерите на ансамблот при Драмски театар Скопје: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески.

Авторот Венко Андоновски во белешката за текстот и претставата „Падот на Масада“ го поставува прашањето - Вреди ли да се даде животот за една идеја, без разлика колку таа е поврзана со националната, патриотската, револуционерната или која било друга идеолошка чест!? Претставата е необична колаж - драма, составена од шест драматични слики од различни историски епохи во кои се случувал чин на самоубиство.

Отворајќи ги овие прашања веќе во првата сцена, во која станува збор за познатото херојско масовно самоубиство што го извршиле Јудејците опколени во легендарната тврдина Масада, така што никој жив не паднал во рацете на Римјаните, драмата започнува со рецитирање на антички трагедии, а продолжува со тривијализирање на концептот на античкото возвишено. Следи сцена на масовно самоубиство на чета комити од македонската историја, при што сите освен еден се самоубиле за да не паднат живи во рацете на Османлиите. Наредната сцена е колективно самоубиство на Адолф Хитлер, Ева Браун и неговите најблиски соработници. Како што сцените продолжуваат кон поново време, се забележува падот на идеалот за херојско самоубиство и неговото банализирање: денес луѓето се убиваат за жени и пари, но не и за нацијата, државата и револуцијата. Дури и кога терористите киднапираат авион во една сцена, ги пречекува неочекувана приказна во која жртвите се поголеми терористи од самите киднапери. Во таа смисла, „Падот на Масада“ е драма за паѓањето на моралот и „возвишените и херојски“ вредности од античко време до денес, кога сè е сведено на банализирање на реалноста и вредностите вели авторот Венко Андоновски.

По премиерата во декември минатата година ова е прво меѓународно гостување на претставата „Падот на Масада“. На матичната сцена претставата е изведена веќе десетина пати и за секоја изведба има голем интерес од публиката.

По фестивалот што се одржа во Љубљана во февруари, Подгорица е втор домаќин во годишниот календар на фестивалот РУТА. Наредното ревијално издание на регионалниот фестивалот РУТА е наредниот месец во Сараево каде домаќин ќе биде театарот - Камерни 55.

The post Драмски театар со „Падот на Масада“ гостува на фестивалот РУТА во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Падот на Масада“ на Дејан Пројковски, Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА. Во Подгорица од 8 до 13 април во организација на Градско позориште Подгорица се одржува црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Ансамблот на Драмски театар вечерва во 20 часот ќе ја игра претставата на сцената „Будо Томовиќ“ каде неделава ќе се претстават и сите останати членки на Унијата: Београдско драмско позориште, Местно гледалиште Љубљана, Камерни 55 од Сараево, театарот Улисис од Хрватска и домаќинот Градско позориште Подгорица. Претставата „Падот на Масада“ ја режираше режисерот Дејан Пројковски, на текст на авторот Венко Андоновски. Асистент на режија е Дамјан Димовски. Сценографијата и костимографијата на претставата се доверени на Валентин Светозарев. Музиката е на Горан Трајкоски. Улогите ги толкуваат актерите на ансамблот при Драмски театар Скопје: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески. Авторот Венко Андоновски во белешката за текстот и претставата „Падот на Масада“ го поставува прашањето - Вреди ли да се даде животот за една идеја, без разлика колку таа е поврзана со националната, патриотската, револуционерната или која било друга идеолошка чест!? Претставата е необична колаж - драма, составена од шест драматични слики од различни историски епохи во кои се случувал чин на самоубиство. Отворајќи ги овие прашања веќе во првата сцена, во која станува збор за познатото херојско масовно самоубиство што го извршиле Јудејците опколени во легендарната тврдина Масада, така што никој жив не паднал во рацете на Римјаните, драмата започнува со рецитирање на антички трагедии, а продолжува со тривијализирање на концептот на античкото возвишено. Следи сцена на масовно самоубиство на чета комити од македонската историја, при што сите освен еден се самоубиле за да не паднат живи во рацете на Османлиите. Наредната сцена е колективно самоубиство на Адолф Хитлер, Ева Браун и неговите најблиски соработници. Како што сцените продолжуваат кон поново време, се забележува падот на идеалот за херојско самоубиство и неговото банализирање: денес луѓето се убиваат за жени и пари, но не и за нацијата, државата и револуцијата. Дури и кога терористите киднапираат авион во една сцена, ги пречекува неочекувана приказна во која жртвите се поголеми терористи од самите киднапери. Во таа смисла, „Падот на Масада“ е драма за паѓањето на моралот и „возвишените и херојски“ вредности од античко време до денес, кога сè е сведено на банализирање на реалноста и вредностите вели авторот Венко Андоновски. По премиерата во декември минатата година ова е прво меѓународно гостување на претставата „Падот на Масада“. На матичната сцена претставата е изведена веќе десетина пати и за секоја изведба има голем интерес од публиката. По фестивалот што се одржа во Љубљана во февруари, Подгорица е втор домаќин во годишниот календар на фестивалот РУТА. Наредното ревијално издание на регионалниот фестивалот РУТА е наредниот месец во Сараево каде домаќин ќе биде театарот - Камерни 55.

The post Драмски театар со „Падот на Масада“ гостува на фестивалот РУТА во Подгорица appeared first on Република.

]]>
 „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево вечерва на Фестивалот „РУТА“ во Драмски https://republika.mk/vesti/kultura/sin-na-kamerni-teatar-55-od-saraevo-vecherva-na-festivalot-ruta-vo-dramski/ Fri, 06 Oct 2023 08:17:50 +0000 https://republika.mk/?p=688431

Со претставата „Син“ на режисерот Дино Мустафиќ, работена по текстот „Син“ од трилогијата на Флоријан Зелер, а во изведба на Камерни театар 55 од Сараево (Босна и Херцеговина), вечерва во 20 часот во Драмски театар продолжува Фестивалот „РУТА“.

Претставата ќе се изведува со титл со превод на македонски јазик. Драматург е Ведран Фајковиќ, Ссценограф и костимограф: Адиса Ватреш Селимовиќ, композитор: Ирена Поповиќ. Улогите ги толкуваат: Адмир Гламочак, Давор Голубовиќ, Сабина Бамбур, Џана Пињо и Амар Селимовиќ.

Петмина актери од Камерниот театар 55 раскажуваат приказна за семејството, за депресивниот тинејџер, растргнат меѓу разведените родители, раскажуваат приказна за луѓето кои не прават ништо друго освен што се обидуваат да ги најдат вистинските зборови.

Добрата претстава, верувам, е претставата по која имате потреба да разговарате, да поставувате прашања, да анализирате и да дискутирате. По оние претстави што се извонредни може и долго да се молчи, да се седи во тишина, исто како по молитва, медитација или голема загуба. „Син“ е токму такво парче уметност, кое нѐ повикува на долга тишина и молк, но и на простување, смеа и плач. Дино Мустафиќ е режисер кој знае дека театарот е простор (и време) во кое имате можност, и привилегија, да се ставите во туѓата кожа, да прифатите туѓите искуства да станат ваши. 

Гледањето на претставата, исто како и кога се чита книга, ни овозможува да бидеме јунаци, во туѓите чевли да осетиме радост, болка, љубов, страдање, страв, тага, осаменост... А оваа претстава ни дава прилика да бидеме, по сопствена желба и одлука, синови, татковци и(ли) мајки, вели Алмир Имширевиќ.

 

The post  „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево вечерва на Фестивалот „РУТА“ во Драмски appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Син“ на режисерот Дино Мустафиќ, работена по текстот „Син“ од трилогијата на Флоријан Зелер, а во изведба на Камерни театар 55 од Сараево (Босна и Херцеговина), вечерва во 20 часот во Драмски театар продолжува Фестивалот „РУТА“. Претставата ќе се изведува со титл со превод на македонски јазик. Драматург е Ведран Фајковиќ, Ссценограф и костимограф: Адиса Ватреш Селимовиќ, композитор: Ирена Поповиќ. Улогите ги толкуваат: Адмир Гламочак, Давор Голубовиќ, Сабина Бамбур, Џана Пињо и Амар Селимовиќ. Петмина актери од Камерниот театар 55 раскажуваат приказна за семејството, за депресивниот тинејџер, растргнат меѓу разведените родители, раскажуваат приказна за луѓето кои не прават ништо друго освен што се обидуваат да ги најдат вистинските зборови.
Добрата претстава, верувам, е претставата по која имате потреба да разговарате, да поставувате прашања, да анализирате и да дискутирате. По оние претстави што се извонредни може и долго да се молчи, да се седи во тишина, исто како по молитва, медитација или голема загуба. „Син“ е токму такво парче уметност, кое нѐ повикува на долга тишина и молк, но и на простување, смеа и плач. Дино Мустафиќ е режисер кој знае дека театарот е простор (и време) во кое имате можност, и привилегија, да се ставите во туѓата кожа, да прифатите туѓите искуства да станат ваши.  Гледањето на претставата, исто како и кога се чита книга, ни овозможува да бидеме јунаци, во туѓите чевли да осетиме радост, болка, љубов, страдање, страв, тага, осаменост... А оваа претстава ни дава прилика да бидеме, по сопствена желба и одлука, синови, татковци и(ли) мајки, вели Алмир Имширевиќ.
 

The post  „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево вечерва на Фестивалот „РУТА“ во Драмски appeared first on Република.

]]>
Индивидуалната слобода не треба да се зема здраво за готово, туку треба постојано да се бориме за неа, вели режисерката на „Нора“ Нела Витошевиќ која гостува вечерва во Драмски на РУТА https://republika.mk/vesti/kultura/individualnata-sloboda-ne-treba-da-se-zema-zdravo-za-gotovo-tuku-treba-postojano-da-se-borime-za-nea-veli-rezhiserkata-na-nora-nela-vitoshevik-koja-gostuva-vecherva-vo-dramski-na-ruta/ Thu, 05 Oct 2023 11:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=688126

Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа, вели Нела Витошевиќ, која ја режираше претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во изведба на Местно гледалиште Љубљана (МГЛ).

„Нора“ вечерва во 20 часот во Драмски театар гостува на Фестивал РУТА. Ова е второ гостување на МГЛ во Македонија, по она на Охридско лето.

Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.

Имав прекрасна соработка со МГЛ, со целиот тим, премиерата беше во почеток на март и оттогаш е одиграна 37 пати. Првото гостување во Македонија беше на Охридско лето, каде што ја одигравме пред преполна сала. Среќна сум дека гостуваме во мојот град, во Скопје и во Драмски, театар со кој често соработувам, вели Витошевиќ.

„Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг.

'Нора' е првиот феминистички текст на Ибзен напишан во 19 век. Главната хероина е симбол на женскиот отпор и женската слобода. Тоа е моја тема, тоа се прашања кои сакам да ги отворам и да ги обработувам. Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа. Психолошките процеси кои што една индивидуа ги поминува за да дојде до неа, е нешто што остава голем белег, нешто што општеството, во колективното несвесно го влече понатаму како бреме. И после век и пол ние гледаме дека жената сè уште се стигматизира и дека жената која што ги остава децата е секогаш постигматизирана од мажот, а тоа е и аналитички докажано, објаснува Витошевиќ и додава:

Во социјален, економски, културлошки контекст, во однос на отворање на женските прашања ние мислиме дека сме напреднале, но за многу работи мислам дека сме се вратиле назад за неколку чекори и затоа овој текст напишан во 19-от век е крајно актуелен. Ние се обидовме да направиме еден спој на класично и современо и сите ликови да ги прочитаме преку денешна призма, односно да видиме кои се тие ликови денес, вели Витошевиќ.

Во драматуршка смисла во „Нора“ на Витошевиќ е направно осовременување на текстот. Како што кажа режисерката, има некои исфрелни делови, а нешто е додадно. Целата приказна е преку нејзината нарација, од нејзина дистанца, од моментот кога го напушта мажот и децата и се сеќава на целиот настан.

„Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и најчесто изведувани дела на норвешкиот драматург Хенрик Ибзен. При праизведбата во 1879 година, во Кралскиот театар во Копенхаген, Нора предизвикала невиден скандал. Во пиесата, авторот критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот.

Драматургот Петра Погоревц кажа дека таа и Витошевиќ се обиделе „Нора“ да ја направат да биде интересна и за денешната публика. Два месеци работеле на текстот пред да почнат со пробите за претставата.

Среќна сум дека различни генерации жени, но и мажи во Словенија многу добро ја прифатија претставата. „Нора“ е и дел од матурската задача во Словенија и многу млади ја видоа претставата. Прекрасно беше да ги гледаш и да ги слушаш младите како почнуваат да размислуваат за одност меѓу мажот и жената, за тоа што значи семејство, човечките права. Многу ми е драго што оваа претства има одлична комуникација со публиката, рече Погоревац.

Сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек.

Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.

The post Индивидуалната слобода не треба да се зема здраво за готово, туку треба постојано да се бориме за неа, вели режисерката на „Нора“ Нела Витошевиќ која гостува вечерва во Драмски на РУТА appeared first on Република.

]]>

Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа, вели Нела Витошевиќ, која ја режираше претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во изведба на Местно гледалиште Љубљана (МГЛ). „Нора“ вечерва во 20 часот во Драмски театар гостува на Фестивал РУТА. Ова е второ гостување на МГЛ во Македонија, по она на Охридско лето. Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.
Имав прекрасна соработка со МГЛ, со целиот тим, премиерата беше во почеток на март и оттогаш е одиграна 37 пати. Првото гостување во Македонија беше на Охридско лето, каде што ја одигравме пред преполна сала. Среќна сум дека гостуваме во мојот град, во Скопје и во Драмски, театар со кој често соработувам, вели Витошевиќ.
„Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг. 'Нора' е првиот феминистички текст на Ибзен напишан во 19 век. Главната хероина е симбол на женскиот отпор и женската слобода. Тоа е моја тема, тоа се прашања кои сакам да ги отворам и да ги обработувам. Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа. Психолошките процеси кои што една индивидуа ги поминува за да дојде до неа, е нешто што остава голем белег, нешто што општеството, во колективното несвесно го влече понатаму како бреме. И после век и пол ние гледаме дека жената сè уште се стигматизира и дека жената која што ги остава децата е секогаш постигматизирана од мажот, а тоа е и аналитички докажано, објаснува Витошевиќ и додава:
Во социјален, економски, културлошки контекст, во однос на отворање на женските прашања ние мислиме дека сме напреднале, но за многу работи мислам дека сме се вратиле назад за неколку чекори и затоа овој текст напишан во 19-от век е крајно актуелен. Ние се обидовме да направиме еден спој на класично и современо и сите ликови да ги прочитаме преку денешна призма, односно да видиме кои се тие ликови денес, вели Витошевиќ.
Во драматуршка смисла во „Нора“ на Витошевиќ е направно осовременување на текстот. Како што кажа режисерката, има некои исфрелни делови, а нешто е додадно. Целата приказна е преку нејзината нарација, од нејзина дистанца, од моментот кога го напушта мажот и децата и се сеќава на целиот настан. „Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и најчесто изведувани дела на норвешкиот драматург Хенрик Ибзен. При праизведбата во 1879 година, во Кралскиот театар во Копенхаген, Нора предизвикала невиден скандал. Во пиесата, авторот критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот. Драматургот Петра Погоревц кажа дека таа и Витошевиќ се обиделе „Нора“ да ја направат да биде интересна и за денешната публика. Два месеци работеле на текстот пред да почнат со пробите за претставата.
Среќна сум дека различни генерации жени, но и мажи во Словенија многу добро ја прифатија претставата. „Нора“ е и дел од матурската задача во Словенија и многу млади ја видоа претставата. Прекрасно беше да ги гледаш и да ги слушаш младите како почнуваат да размислуваат за одност меѓу мажот и жената, за тоа што значи семејство, човечките права. Многу ми е драго што оваа претства има одлична комуникација со публиката, рече Погоревац.
Сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.

The post Индивидуалната слобода не треба да се зема здраво за готово, туку треба постојано да се бориме за неа, вели режисерката на „Нора“ Нела Витошевиќ која гостува вечерва во Драмски на РУТА appeared first on Република.

]]>
Со премиера на „Фирма“, претстава која говори за претворањето на луѓето во машини се отвора Фестивалот РУТА во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/so-premiera-na-firma-pretstava-koja-govori-za-pretvoraneto-na-lugeto-vo-mashini-se-otvora-festivalot-ruta-vo-dramski-teatar/ Tue, 03 Oct 2023 08:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=687325

Со премиера на преставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ, а по текст на Роланд Шимелфениг, вечерва во 20 часот во Драмски театар Скопје се отвора второто издание на Регионалниот театарски фестивал РУТА кој ќе трае до 8 октомври.

Во „Фирма“ публиката е на сцена и само 90 луѓе ќе може да следат претставата. Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ

Според режисерката Витошевиќ идејата во „Фирма“ е да се прикаже еден суров корпоративен свет, кој е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на шест карактери, кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерахиската пирамида.

И во таа трка со времето, во таа трка до целта, тие на некој начин се губат себеси, го губат својот социјален живот. И кога ќе се свртат некаде таму, гледаат дека нивните животи се комплетно празни, дека освен работата, сè друго оставиле во втор план и се чувстуваат крајно осамено. Тоа е на некој начин што мислам дека го носи капитализмот, а тоа е комплетно оттуѓување на луѓето. Со интензивирање на социјалните мрежи, мислам дека човечката релација се изгуби, мислам дека луѓето се претвораат многу повеќе во машини, тој природен допир се изгуби и мислам дека тоа на некој начин ние пробуваме да го пренесеме во претставата, кажа денеска на прес-конфренцијата во Драмски театар Витошевиќ.

Таа објасни дека претставата е конципирана да биде како една ринг-арена во која што ликовите имаат конкретен противник, но многу често тие самите на себе си се противници.

Во таа арена, освен со конкртениот партнер со кој се во спрега и во конфликт, тие преку внатрешни интроспекции, ги покажуваат нивните внатрешни конфликти, внатрешни борби и проблеми и на некој начин правиме огледало на капиталистичкото општетсво денес преку таа ринг арена, во која сите се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел, која понатаму гледаме и дека не е толку важна, затоа што ги заборавиле поважните работи во нивните животи и останале сами на крајот на денот, вели Витошевиќ.

Следните изведби на „Фирма“ се на 13. и 14. октомври.

По свеченото отворање на фестивалот, на 4 октомври (среда) македонската публика ќе го проследи „Декамерон“ – на Градско позориште Подгорица во копродукција со Народно позориште Ниш. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски.

В четврток е „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана, во режија на Нела Витошевиќ. На програмата на четвртиот фестивалски ден на 6 октомври (петок) е претставата „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево во режија на Дино Мустафиќ. Автор на текстот е Флоријан Зелер.

В сабота гостува Београдско драмско позориште (БДП) со претставата „Самрак на боговите“ во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.

Со претставата „Отело“ театарот Улисис од  Хрватска го затвора фестивалот РУТА во недела на 8 октомври. Режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите освен на актерите на Улисис е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево.

The post Со премиера на „Фирма“, претстава која говори за претворањето на луѓето во машини се отвора Фестивалот РУТА во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Со премиера на преставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ, а по текст на Роланд Шимелфениг, вечерва во 20 часот во Драмски театар Скопје се отвора второто издание на Регионалниот театарски фестивал РУТА кој ќе трае до 8 октомври. Во „Фирма“ публиката е на сцена и само 90 луѓе ќе може да следат претставата. Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ Според режисерката Витошевиќ идејата во „Фирма“ е да се прикаже еден суров корпоративен свет, кој е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на шест карактери, кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерахиската пирамида.
И во таа трка со времето, во таа трка до целта, тие на некој начин се губат себеси, го губат својот социјален живот. И кога ќе се свртат некаде таму, гледаат дека нивните животи се комплетно празни, дека освен работата, сè друго оставиле во втор план и се чувстуваат крајно осамено. Тоа е на некој начин што мислам дека го носи капитализмот, а тоа е комплетно оттуѓување на луѓето. Со интензивирање на социјалните мрежи, мислам дека човечката релација се изгуби, мислам дека луѓето се претвораат многу повеќе во машини, тој природен допир се изгуби и мислам дека тоа на некој начин ние пробуваме да го пренесеме во претставата, кажа денеска на прес-конфренцијата во Драмски театар Витошевиќ.
Таа објасни дека претставата е конципирана да биде како една ринг-арена во која што ликовите имаат конкретен противник, но многу често тие самите на себе си се противници.
Во таа арена, освен со конкртениот партнер со кој се во спрега и во конфликт, тие преку внатрешни интроспекции, ги покажуваат нивните внатрешни конфликти, внатрешни борби и проблеми и на некој начин правиме огледало на капиталистичкото општетсво денес преку таа ринг арена, во која сите се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел, која понатаму гледаме и дека не е толку важна, затоа што ги заборавиле поважните работи во нивните животи и останале сами на крајот на денот, вели Витошевиќ.
Следните изведби на „Фирма“ се на 13. и 14. октомври. По свеченото отворање на фестивалот, на 4 октомври (среда) македонската публика ќе го проследи „Декамерон“ – на Градско позориште Подгорица во копродукција со Народно позориште Ниш. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски. В четврток е „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана, во режија на Нела Витошевиќ. На програмата на четвртиот фестивалски ден на 6 октомври (петок) е претставата „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево во режија на Дино Мустафиќ. Автор на текстот е Флоријан Зелер. В сабота гостува Београдско драмско позориште (БДП) со претставата „Самрак на боговите“ во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ. Со претставата „Отело“ театарот Улисис од  Хрватска го затвора фестивалот РУТА во недела на 8 октомври. Режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите освен на актерите на Улисис е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево.

The post Со премиера на „Фирма“, претстава која говори за претворањето на луѓето во машини се отвора Фестивалот РУТА во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Луѓето се претвораат во машини, се изгуби човечката релација и природниот допир, вели режисерката Нела Витошевиќ пред премиера на „Фирма“ во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/lugeto-se-pretvoraat-vo-mashini-se-izgubi-chovechkata-relatsija-i-prirodniot-dopir-veli-rezhiserkata-nela-vitoshevik-pred-premiera-na-firma-vo-dramski-teatar/ Thu, 28 Sep 2023 11:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=686012

Со премиера на преставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ, а по текст на Роланд Шимелфениг, на 3 октомври во Драмски театар Скопје (20 часот) се отвора второто издание на Регионалниот театарски фестивал РУТА кој ќе трае до 8 октомври.

Според режисерката Витошевиќ, која неколкупати работела текстови на Шимелфениг и го разбира неговиот јазик, идејата во „Фирма“ е да се прикаже еден суров корпоративен свет, кој е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на шест карактери, кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерахиската пирамида.

И во таа трка со времето, во таа трка до целта, тие на некој начин се губат себеси, го губат својот социјален живот. И кога ќе се свртат некаде таму, гледаат дека нивните животи се комплетно празни, дека освен работата, сè друго оставиле во втор план и се чувстуваат крајно осамено. Тоа е на некој начин што мислам дека го носи капитализмот, а тоа е комплетно оттуѓување на луѓето. Со интензивирање на социјалните мрежи, мислам дека човечката релација се изгуби, мислам дека луѓето се претвораат многу повеќе во машини, тој природен допир се изгуби и мислам дека тоа на некој начин ние пробуваме да го пренесеме во претставата, кажа денеска на прес-конфренцијата во Драмски театар Витошевиќ.

Таа објасни дека претставата е конципирана да биде како една ринг-арена во која што ликовите имаат конкретен противник, но многу често тие самите на себе си се противници.

Во таа арена, освен со конкртениот партнер со кој се во спрега и во конфликт, тие преку внатрешни интроспекции, ги покажуваат нивните внатрешни конфликти, внатрешни борби и проблеми и на некој начин правиме огледало на капиталистичкото општетсво денес преку таа ринг арена, во која сите се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел, која понатаму гледаме и дека не е толку важна, затоа што ги заборавиле поважните работи во нивните животи и останале сами на крајот на денот, вели Витошевиќ.

Во „Фирма“ публиката е на сцена и само 90 луѓе ќе може да следат претставата.

Улогите во „Фирма“ ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ

Следните изведби на „Фирма“ се на 13. и 14. октомври.

По свеченото отворање на фестивалот, на 4 октомври (среда) македонската публика ќе го проследи „Декамерон“ – на Градско позориште Подгорица во копродукција со Народно позориште Ниш. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски.

„Нора“ е претставата на Местно гледалишче Љубљана, Р. Словенија што ќе се игра на 05. октомври (четврток) 2023 година. Режијата е на македонската режисерка Нела Витошевиќ.
На програмата на четвртиот фестивалски ден на 06 октомври (петок) е претставата „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево. Режија: Дино Мустафиќ Автор: Флоријан Зелер.

Београдско драмско позориште пред нашата публика ќе ја изведе претставата „Самрак на боговите“ во сабота на 07 октомври во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.
Со претставата „Отело“ театарот Улисис од Р. Хрватска го затвора фестивалот РУТА во недела на 08 октомври. Режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите освен на актерите на Улисис е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево.

Поради големиот интерес на публиката од Драмски театар Скопје информираат дека се пуштени во продажба поединечните и блок билетите за фестивалот. Број на билетарницата на Драмски театар Скопје е 076434343 каде може да се резервираат билетите.

The post Луѓето се претвораат во машини, се изгуби човечката релација и природниот допир, вели режисерката Нела Витошевиќ пред премиера на „Фирма“ во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Со премиера на преставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ, а по текст на Роланд Шимелфениг, на 3 октомври во Драмски театар Скопје (20 часот) се отвора второто издание на Регионалниот театарски фестивал РУТА кој ќе трае до 8 октомври. Според режисерката Витошевиќ, која неколкупати работела текстови на Шимелфениг и го разбира неговиот јазик, идејата во „Фирма“ е да се прикаже еден суров корпоративен свет, кој е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на шест карактери, кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерахиската пирамида.
И во таа трка со времето, во таа трка до целта, тие на некој начин се губат себеси, го губат својот социјален живот. И кога ќе се свртат некаде таму, гледаат дека нивните животи се комплетно празни, дека освен работата, сè друго оставиле во втор план и се чувстуваат крајно осамено. Тоа е на некој начин што мислам дека го носи капитализмот, а тоа е комплетно оттуѓување на луѓето. Со интензивирање на социјалните мрежи, мислам дека човечката релација се изгуби, мислам дека луѓето се претвораат многу повеќе во машини, тој природен допир се изгуби и мислам дека тоа на некој начин ние пробуваме да го пренесеме во претставата, кажа денеска на прес-конфренцијата во Драмски театар Витошевиќ.
Таа објасни дека претставата е конципирана да биде како една ринг-арена во која што ликовите имаат конкретен противник, но многу често тие самите на себе си се противници.
Во таа арена, освен со конкртениот партнер со кој се во спрега и во конфликт, тие преку внатрешни интроспекции, ги покажуваат нивните внатрешни конфликти, внатрешни борби и проблеми и на некој начин правиме огледало на капиталистичкото општетсво денес преку таа ринг арена, во која сите се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел, која понатаму гледаме и дека не е толку важна, затоа што ги заборавиле поважните работи во нивните животи и останале сами на крајот на денот, вели Витошевиќ.
Во „Фирма“ публиката е на сцена и само 90 луѓе ќе може да следат претставата. Улогите во „Фирма“ ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ Следните изведби на „Фирма“ се на 13. и 14. октомври. По свеченото отворање на фестивалот, на 4 октомври (среда) македонската публика ќе го проследи „Декамерон“ – на Градско позориште Подгорица во копродукција со Народно позориште Ниш. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски. „Нора“ е претставата на Местно гледалишче Љубљана, Р. Словенија што ќе се игра на 05. октомври (четврток) 2023 година. Режијата е на македонската режисерка Нела Витошевиќ. На програмата на четвртиот фестивалски ден на 06 октомври (петок) е претставата „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево. Режија: Дино Мустафиќ Автор: Флоријан Зелер. Београдско драмско позориште пред нашата публика ќе ја изведе претставата „Самрак на боговите“ во сабота на 07 октомври во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ. Со претставата „Отело“ театарот Улисис од Р. Хрватска го затвора фестивалот РУТА во недела на 08 октомври. Режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите освен на актерите на Улисис е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево. Поради големиот интерес на публиката од Драмски театар Скопје информираат дека се пуштени во продажба поединечните и блок билетите за фестивалот. Број на билетарницата на Драмски театар Скопје е 076434343 каде може да се резервираат билетите.

The post Луѓето се претвораат во машини, се изгуби човечката релација и природниот допир, вели режисерката Нела Витошевиќ пред премиера на „Фирма“ во Драмски театар appeared first on Република.

]]>