фестивал на вода Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-na-voda/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 11:18:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивал на вода Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-na-voda/ 32 32 Од денеска Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода: Круна на „Ohrid Water Festival“ ќе биде Охридскиот пливачки маратон https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/od-deneska-ohrid-ke-pulsira-vo-znakot-na-sportovite-na-voda-kruna-na-ohrid-water-festival-ke-bide-ohridskiot-plivachki-maraton/ Fri, 23 Aug 2024 11:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=809427

Од денеска до крајот на август Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода, преку настаните и содржините на второто издание на големата промотивно-спортска манифестација „Ohrid Water Festival“.

Целта на фестивалот на вода е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во земјава.

Како што посочи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, концептот штој беше успешно реализиран минатото лето прераснува во една платформа за промоција на природната убавина на градот и езерото и спортска традиција што ги отвора вратите кон нови спортски авантури.

- Сите напори и целиот труд околу подготовка на програмата ја потврдуваат заедничката посветеност и ја покажуваат големата љубов кон водените спортови. Нашето езеро, со своите кристално чисти води и уникатни пејзажи овие денови ќе прерасне во арена за 20 возбудливи спортски настани. Секој од нив ќе биде уникатно доживување кое ќе ги исполни очекувањата на публиката, рече Пецаков на денешната прес-конференција свикана по повод манифестацијата.

На презентацијата на програмата и содржините на Фестивалот на вода, покрај спортските настани, предвидени се и богати социјално-едукативни содржини со низа интересни и забавни активности, што ќе се одвиваат на платото пред хотелот „Палас“.

- Целта е да се создаде атмосфера која ќе го привлече вниманието на секој посетител и ќе ги поттикне сите генерации да уживаат во оваа манифестација, рече Пецаков.

Јоне Станкоски од Организацискиот одбор на Фестивалот на вода посочи дека се работи за стратегиски проект што на Охридското Езеро ќе ги врати подзаборавените спортови на вода што отсекогаш биле белег на градот.

- Оваа година на манифестацијата има повеќе од 20 настани од спортско-рекреативен карактер, од кои повеќето се од меѓународен карактер. Во деновите што следат охриѓани и гостите ќе можат да проследат регати во кајак, веслање, трки во пливање, суп-трки, пливачки митинг, регата од Европскиот куп во едрење, но и водени лудории, трки со педалинки и табланет под вода, рече Станкоски.

Во рамки на програмата на Фестивалот се предвидени и бројни едукативни содржини, изложби.

Целата манифестација ќе биде збогатена со забавна програма, со презентации на традиционална храна и локални специјалитети, настапи на ди-џеи, концерти на познати уметници за сите генерации, од „Златно славејче“ преку настапи на ученици на Општинското музичко училиште, до концертите на „Суперхикс“, Наум Петрески и други.

Круна на целата манифестација и годинава ќе биде Охридскиот пливачки маратон закажан за 31 август.

The post Од денеска Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода: Круна на „Ohrid Water Festival“ ќе биде Охридскиот пливачки маратон appeared first on Република.

]]>

Од денеска до крајот на август Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода, преку настаните и содржините на второто издание на големата промотивно-спортска манифестација „Ohrid Water Festival“. Целта на фестивалот на вода е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во земјава. Како што посочи градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, концептот штој беше успешно реализиран минатото лето прераснува во една платформа за промоција на природната убавина на градот и езерото и спортска традиција што ги отвора вратите кон нови спортски авантури. - Сите напори и целиот труд околу подготовка на програмата ја потврдуваат заедничката посветеност и ја покажуваат големата љубов кон водените спортови. Нашето езеро, со своите кристално чисти води и уникатни пејзажи овие денови ќе прерасне во арена за 20 возбудливи спортски настани. Секој од нив ќе биде уникатно доживување кое ќе ги исполни очекувањата на публиката, рече Пецаков на денешната прес-конференција свикана по повод манифестацијата. На презентацијата на програмата и содржините на Фестивалот на вода, покрај спортските настани, предвидени се и богати социјално-едукативни содржини со низа интересни и забавни активности, што ќе се одвиваат на платото пред хотелот „Палас“. - Целта е да се создаде атмосфера која ќе го привлече вниманието на секој посетител и ќе ги поттикне сите генерации да уживаат во оваа манифестација, рече Пецаков. Јоне Станкоски од Организацискиот одбор на Фестивалот на вода посочи дека се работи за стратегиски проект што на Охридското Езеро ќе ги врати подзаборавените спортови на вода што отсекогаш биле белег на градот. - Оваа година на манифестацијата има повеќе од 20 настани од спортско-рекреативен карактер, од кои повеќето се од меѓународен карактер. Во деновите што следат охриѓани и гостите ќе можат да проследат регати во кајак, веслање, трки во пливање, суп-трки, пливачки митинг, регата од Европскиот куп во едрење, но и водени лудории, трки со педалинки и табланет под вода, рече Станкоски. Во рамки на програмата на Фестивалот се предвидени и бројни едукативни содржини, изложби. Целата манифестација ќе биде збогатена со забавна програма, со презентации на традиционална храна и локални специјалитети, настапи на ди-џеи, концерти на познати уметници за сите генерации, од „Златно славејче“ преку настапи на ученици на Општинското музичко училиште, до концертите на „Суперхикс“, Наум Петрески и други. Круна на целата манифестација и годинава ќе биде Охридскиот пливачки маратон закажан за 31 август.

The post Од денеска Охрид ќе пулсира во знакот на спортовите на вода: Круна на „Ohrid Water Festival“ ќе биде Охридскиот пливачки маратон appeared first on Република.

]]>
Со Фестивал на водени спортови, Охрид ќе ги промовира спортовите на вода и туризмот и ќе ја подигнува свеста за заштита на животната средина https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/so-festival-na-vodeni-sportovi-ohrid-ke-gi-promovira-sportovite-na-voda-i-turizmot-i-ke-ja-podignuva-svesta-za-zashtita-na-zhivotnata-sredina/ Tue, 08 Aug 2023 13:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=670036

Од 19 до 27 август во Охрид ќе се одржи првиот Фестивал на водени спортови „Ohrid water festival“, кој има за цел промоција на Охрид, спортовите на вода и заштита на животната средина.

Во рамки на спортскиот дел опфатени се 17 спортови, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 26 август. Две третини од спортовите на фестивалот се олимписки дисциплини. Во рамки на фестивалот ќе се одржат и веслачка, кајакарска и едриличарска регата, трка со кајчиња, водени лудории, подводни активности, а преку изложби и социјални настани ќе бидат презентирани спортовите на вода, но и гастрономската и културната понуда на Охрид.

Долги години наназад слушавме и дебатиравме дека е потребна поголема промоција на водените спортови на Охридското Езеро и дека на Охрид му е потребна масовна манифестација која ќе придонесе за развојот на градот како интересна дестинација за спортски туризам, истакна на прес конференцијата градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Се работи за една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови. Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот. – рече Пецаков.

The post Со Фестивал на водени спортови, Охрид ќе ги промовира спортовите на вода и туризмот и ќе ја подигнува свеста за заштита на животната средина appeared first on Република.

]]>

Од 19 до 27 август во Охрид ќе се одржи првиот Фестивал на водени спортови „Ohrid water festival“, кој има за цел промоција на Охрид, спортовите на вода и заштита на животната средина. Во рамки на спортскиот дел опфатени се 17 спортови, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 26 август. Две третини од спортовите на фестивалот се олимписки дисциплини. Во рамки на фестивалот ќе се одржат и веслачка, кајакарска и едриличарска регата, трка со кајчиња, водени лудории, подводни активности, а преку изложби и социјални настани ќе бидат презентирани спортовите на вода, но и гастрономската и културната понуда на Охрид.
Долги години наназад слушавме и дебатиравме дека е потребна поголема промоција на водените спортови на Охридското Езеро и дека на Охрид му е потребна масовна манифестација која ќе придонесе за развојот на градот како интересна дестинација за спортски туризам, истакна на прес конференцијата градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Се работи за една нова спортска приказна која е симбол на неизмерната љубов кон нашето уникатно Охридско Езеро испреплетена со нашата голема желба за поголем развој и популаризација на водените спортови. Манифестацијата вклучува натпревари и активности на вода и има за цел да допре до најмладата популација и да им ги промовира сите позитивни аспекти на водените спортови и да придонесе за зголемување на интересот и свеста за здрав начин на живот. – рече Пецаков.

The post Со Фестивал на водени спортови, Охрид ќе ги промовира спортовите на вода и туризмот и ќе ја подигнува свеста за заштита на животната средина appeared first on Република.

]]>