Фестивал на перформансот Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-na-performansot/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 07:31:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал на перформансот Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-na-performansot/ 32 32 Почнува Фестивал на перформансот во Музејот на современата уметност – Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-festival-na-performansot-vo-muzejot-na-sovremenata-umetnost-skopje/ Thu, 03 Oct 2024 07:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=822021

Од денеска до 6 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржува четиридневен Фестивал на перформансот. Влезот е слободен, а фестивалот е составен од две програми, информираат од Музејот на современата уметност – Скопје.

Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија“ куриран од Биљана Тануровска – Ќулавковски и Славчо Димитров и се состои од проекции, предавања и перформанси. Додатна програма е програмата на партнерите, што произлегува од резиденциите, педагошките и истражувачките активности во партнерство со фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија) и нејзината резиденцијална програма Вила 31 во Тирана, како и соработка со алумни од Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC) и уметници соработници на Иницијативата за усна историја во Приштина (OHI). Општата идеја на фестивалот е да се измислат различни начини на делување, што ќе се занимаваат со пренесување на уметничкото наследство во проширениот контекст на историјата на модерноста и засилување на рецепцијата на идеите и гестовите во релација со постојано еволуирачките чинови и форми, што се во потрага по еманципација, пишува во соопштението.

Како што се додава, фестивалот е второто поглавје од европската програма Култура.ЕУБалкан (2022-2024), чија цел е да се поттикне размена на уметници, истражувачи и културни чинители, меѓу Западниот Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и нивните истражувања.

Претставата на NAM Choreolab е претставена во соработка со ППФестивал на Локомотива и проектот Движење на неврзаните, поддржан од Креативна Европа/ Програма за европска соработка со Западен Балкан и Министерство за култура на Република Македонија, се додава во соопштението.

МСУ – Скопје фестивал на перформансот е настан што се организира на годишно ниво, се додава во соопштението, овозможувајќи експериментирање и споделување на уметничката пракса на резидентите и уметниците од регионот, ЕУ и меѓународните сцени. Преку партнерства со културни институции, како и организации, здруженија, школи, универзитети и истражувачки центри, фестивалот ќе се вклучи во пошироки соработки со можност за проширување на други јавни и отворени простори.

The post Почнува Фестивал на перформансот во Музејот на современата уметност – Скопје appeared first on Република.

]]>

Фестивал на перформансот од утре во МСУ Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/festival-na-performansot-od-utre-vo-msu-skopje/ Wed, 02 Oct 2024 08:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=821632

Од 3 до 6 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се случува четиридневен Фестивал на перформансот.

Влезот е слободен.

„МСУ - Скопје фестивал на перформансот 2024“ е составен од две програми.

Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија" куриран од Биљана Тануровска - Ќулавковски и Славчо Димитров и се состои од проекции, предавања и перформанси.

Додатна програма е програмата на партнерите, која произлегува од резиденциите, педагошките и истражувачките активности во партнерство со фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија) и нејзината резиденцијална програма Вила 31 во Тирана, како и соработка со алумни од Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC) и уметници соработници на Иницијативата за усна историја во Приштина (OHI).

Општата идеја на фестивалот е да се измислат различни начини на делување, кои ќе се занимаваат со пренесување на уметничкото наследство во проширениот контекст на историјата на модерноста, и засилување на рецепцијата на идеите и гестовите во релација со постојано еволуирачките чинови и форми, кои се во потрага по еманципација.

Фестивалот е второто поглавје од европската програма Култура.ЕУБалкан (2022-2024), чија цел е да се поттикне размена на уметници, истражувачи и културни чинители, меѓу Западниот Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и нивните истражувања. Претставата на NAM Choreolab е претставена во соработка со ППФестивал на Локомотива и проектот Движење на неврзаните, поддржан од Креативна Европа/ Програма за европска соработка со Западен Балкан и Министерство за култура на Република Македонија.

МСУ - Скопје фестивал на перформансот е настан кој се организира на годишно ниво, овозможувајќи експериментирање и споделување на уметничката пракса на резидентите и уметниците од регионот, ЕУ и меѓународните сцени. Преку партнерства со културни институции, како и организации, здруженија, школи, универзитети и истражувачки центри, фестивалот ќе се вклучи во пошироки соработки со можност за проширување на други јавни и отворени простори.

На 3 октомври фестивалот ќе биде отворен со партнерската програма.

Во 18:30 часот предвидена е презентација на партнерите од иницијативата Култура.ЕУБалкан и дискусија со Јета Реџа, директор на Иницијативата за орална историја – OHI, Приштина; Жозефин Дофин, одговорна за резиденцијалните програми на „Арт Експлора“, Париз/Тирана; Камил Кингуе, раководителка за меѓународни прашања и кариерен развој на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC), Париз. Модераторка ќе биде Ивана Васева, кураторка во МСУ. Потоа следува Хакерски водич кон шумата: музејско издание, перформанс од Колектив Tree (Елизабет Баном, Кетрин Маршал, Мартијн ван Елферен), алумни на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC). Од 21 часот ќе бидат прикажани куси видеа: Транс’нистрија и Абхазија отпосле од Ванѓуш Велаху, Трнарче и Како се раѓаат ѕвездите? од Олсон Ламај и Кучките за нивниот дин од Ана Еренштајн, гости на Вила 31, резиденцијална програма во Тирана која ја води фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија).

Од 4 до 6 октомври ќе се случува главната програма: (Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија. Куратори на тродневните настани се Биљана Тануровска – Ќулавковски и Славчо Димитров.

На 4 октомври од 18:30 предвиден е перформанс на Христина Иваноска/Документ што недостасува: За методологијата (текст, глас, и тело) (2014). Потоа предавање на Јована Караулиќ/Изведување на државата: Културолошки перформанси на југославизмот. Во 20:45 часот, проекција на филм од Марта Попивода „Југославија, како идеологијата го придвижуваше нашето колективно тело“ (2013)/ Србија, Франција, Германија. За крај на фестивалската вечер - видео инсталација на Попивода, во соработка со Ана Вујановиќ/ Површини кои значат: Денот на младоста 1988 (2022).

На 5ти октомври од 19 часот, перформанси на Клелија Живковиќ/ Кој те научи да се чувствуваш добро? (2024); на Милица Ракиќ и Владимир Бјеличиќ/ Истражна постапка: Досието на една Југословенка (2024) и на Оља Грубиќ/ ИКЕБАНА (2018).

Од 20.30 часот предвидено е перформативно предавање на Дражен Драгојевиќ/ Како што се партизаните со не.

На последната фестивалска вечер на 6 октомври во 18 часот закажано е предавање на Јасмина Заложник/ Заземање простор. Нови пракси на перформативната уметност во Југославија. И за крај перформанс на НАМ КореоЛаб: Соња Преград, Ана Дубљевиќ, Викторија Илиоска, Дражен Драгојевиќ/ Како што се римува со не, Не не се повторува. Но се римува. (2024).

The post Фестивал на перформансот од утре во МСУ Скопје appeared first on Република.

]]>

Од 3 до 6 октомври во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се случува четиридневен Фестивал на перформансот. Влезот е слободен. „МСУ - Скопје фестивал на перформансот 2024“ е составен од две програми. Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија" куриран од Биљана Тануровска - Ќулавковски и Славчо Димитров и се состои од проекции, предавања и перформанси. Додатна програма е програмата на партнерите, која произлегува од резиденциите, педагошките и истражувачките активности во партнерство со фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија) и нејзината резиденцијална програма Вила 31 во Тирана, како и соработка со алумни од Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC) и уметници соработници на Иницијативата за усна историја во Приштина (OHI). Општата идеја на фестивалот е да се измислат различни начини на делување, кои ќе се занимаваат со пренесување на уметничкото наследство во проширениот контекст на историјата на модерноста, и засилување на рецепцијата на идеите и гестовите во релација со постојано еволуирачките чинови и форми, кои се во потрага по еманципација.   Фестивалот е второто поглавје од европската програма Култура.ЕУБалкан (2022-2024), чија цел е да се поттикне размена на уметници, истражувачи и културни чинители, меѓу Западниот Балкан и Европската Унија и да се промовира ширењето на нивните практики и нивните истражувања. Претставата на NAM Choreolab е претставена во соработка со ППФестивал на Локомотива и проектот Движење на неврзаните, поддржан од Креативна Европа/ Програма за европска соработка со Западен Балкан и Министерство за култура на Република Македонија. МСУ - Скопје фестивал на перформансот е настан кој се организира на годишно ниво, овозможувајќи експериментирање и споделување на уметничката пракса на резидентите и уметниците од регионот, ЕУ и меѓународните сцени. Преку партнерства со културни институции, како и организации, здруженија, школи, универзитети и истражувачки центри, фестивалот ќе се вклучи во пошироки соработки со можност за проширување на други јавни и отворени простори. На 3 октомври фестивалот ќе биде отворен со партнерската програма. Во 18:30 часот предвидена е презентација на партнерите од иницијативата Култура.ЕУБалкан и дискусија со Јета Реџа, директор на Иницијативата за орална историја – OHI, Приштина; Жозефин Дофин, одговорна за резиденцијалните програми на „Арт Експлора“, Париз/Тирана; Камил Кингуе, раководителка за меѓународни прашања и кариерен развој на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC), Париз. Модераторка ќе биде Ивана Васева, кураторка во МСУ. Потоа следува Хакерски водич кон шумата: музејско издание, перформанс од Колектив Tree (Елизабет Баном, Кетрин Маршал, Мартијн ван Елферен), алумни на Националната школа за уметност во Париз-Сержи (ENSAPC). Од 21 часот ќе бидат прикажани куси видеа: Транс’нистрија и Абхазија отпосле од Ванѓуш Велаху, Трнарче и Како се раѓаат ѕвездите? од Олсон Ламај и Кучките за нивниот дин од Ана Еренштајн, гости на Вила 31, резиденцијална програма во Тирана која ја води фондацијата „Арт Експлора“ (Франција/Албанија). Од 4 до 6 октомври ќе се случува главната програма: (Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија. Куратори на тродневните настани се Биљана Тануровска – Ќулавковски и Славчо Димитров. На 4 октомври од 18:30 предвиден е перформанс на Христина Иваноска/Документ што недостасува: За методологијата (текст, глас, и тело) (2014). Потоа предавање на Јована Караулиќ/Изведување на државата: Културолошки перформанси на југославизмот. Во 20:45 часот, проекција на филм од Марта Попивода „Југославија, како идеологијата го придвижуваше нашето колективно тело“ (2013)/ Србија, Франција, Германија. За крај на фестивалската вечер - видео инсталација на Попивода, во соработка со Ана Вујановиќ/ Површини кои значат: Денот на младоста 1988 (2022). На 5ти октомври од 19 часот, перформанси на Клелија Живковиќ/ Кој те научи да се чувствуваш добро? (2024); на Милица Ракиќ и Владимир Бјеличиќ/ Истражна постапка: Досието на една Југословенка (2024) и на Оља Грубиќ/ ИКЕБАНА (2018). Од 20.30 часот предвидено е перформативно предавање на Дражен Драгојевиќ/ Како што се партизаните со не. На последната фестивалска вечер на 6 октомври во 18 часот закажано е предавање на Јасмина Заложник/ Заземање простор. Нови пракси на перформативната уметност во Југославија. И за крај перформанс на НАМ КореоЛаб: Соња Преград, Ана Дубљевиќ, Викторија Илиоска, Дражен Драгојевиќ/ Како што се римува со не, Не не се повторува. Но се римува. (2024).  

The post Фестивал на перформансот од утре во МСУ Скопје appeared first on Република.

]]>