Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-na-narodni-instrumenti-i-pesni-petse-atanasovski/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 07:46:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-na-narodni-instrumenti-i-pesni-petse-atanasovski/ 32 32 Со 50 гајдаџии во Прилеп отворен 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-50-gajdadhii-vo-prilep-otvoren-50-festival-na-narodni-instrumenti-i-pesni-petse-atanasovski/ Sat, 06 Jul 2024 07:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=793955

Со дефиле на 50 гајдаџии од цела Македонија на возраст од 5 до 95 години, синоќа на летната сцена на плоштадот Александрија во Прилеп беше отворен 50-тиот, јубилеен Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Преку 250 изведувачи на изворниот мелос во првата и во втората фестивалска вечер, во Прилеп и на Рудина, Долнени ја презентираат љубовта спрема фолклорните традиции.

Речиси 80-годишниот Здравко Андонов од Ињево, Радовишко од 16-годишна возраст е со гајдата.

Многу сакам да свирам на гајда. Сум учествувал на многу фестивали, сум гостувал и во Англија. Овде на Фестивалот „Пеце Атанасовски“ многу ми е убаво. Се дружиме, разменуваме мислења за изворниот мелос. И така треба да биде, рече гајдаџијата Здравко Андонов.

Никола Стојов од Оризари, Кочанско е млад гајдаџија, ама љубовта спрема изворниот мелос, смета, се наследува.

Ги гледаме, ги слушаме повозрасните и сакаме да свириме, да ги негуваме и чуваме традициите, вели Стојов.

На првата фестивалска вечер во Прилеп настапија 16 групи изведувачи од цела Македонија.

Фестивалот е еден од ретките фолклорни фестивали кој може да се пофали со голем јубилеј. Ги негуваме фолклорните традции, а го имаме и Семинарот за изучување на народните инструменти и песни на кој учат млади веќе 13 години. Тоа е наша голема радост и сериозно сме посветени на негувањето, зачувувањето и пренесувањето на помладите на богатиот изворен мелос, рече Горан Василески, претседател на Фестивалот.

Трајче Малинов, наставник по традиционални инструменти во основното училиште „Стефан Гајдов“ од Велес е радосен што со младите учествува првпат на Фестивалот. Фолклорот, смета е идентитет на еден народ.

Се враќа „во мода“ она традиционалното, нашето старото, автохтоното, што мораме да го негуваме, бидејќи културата е нешто основно за да опстане една нација. Тоа е идентитетот на еден народ, рече Малинов.

Фестивалот ги промовираше петтиот зборник на научни трудови „Фолклорот во минатото и денес“ како и монографијата „непресушен извор, за навек“ за 50-годишниот јубилеј.

На првата фестивалска вечер, настапи и вокалноинструменталниот состав при националниот ансамбл „Танец“.

Денеска во 11 часот во Спомен-куќата во Долнени ќе биде потпишан меморандум за соработка со културноинформативниот центар „Небрегово“ и со манифестацијата „Зборникот на Конески“, а од 19 часот е втората фестивалска вечер. Ќе бидат доделени Гран при наградата за најдобар изведувач и Гајдата на Пеце што ја доделува општина Долнени за најдобриот гајдаџија на Фестивалот. 

The post Со 50 гајдаџии во Прилеп отворен 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ appeared first on Република.

]]>

Со дефиле на 50 гајдаџии од цела Македонија на возраст од 5 до 95 години, синоќа на летната сцена на плоштадот Александрија во Прилеп беше отворен 50-тиот, јубилеен Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Преку 250 изведувачи на изворниот мелос во првата и во втората фестивалска вечер, во Прилеп и на Рудина, Долнени ја презентираат љубовта спрема фолклорните традиции. Речиси 80-годишниот Здравко Андонов од Ињево, Радовишко од 16-годишна возраст е со гајдата.
Многу сакам да свирам на гајда. Сум учествувал на многу фестивали, сум гостувал и во Англија. Овде на Фестивалот „Пеце Атанасовски“ многу ми е убаво. Се дружиме, разменуваме мислења за изворниот мелос. И така треба да биде, рече гајдаџијата Здравко Андонов.
Никола Стојов од Оризари, Кочанско е млад гајдаџија, ама љубовта спрема изворниот мелос, смета, се наследува.
Ги гледаме, ги слушаме повозрасните и сакаме да свириме, да ги негуваме и чуваме традициите, вели Стојов.
На првата фестивалска вечер во Прилеп настапија 16 групи изведувачи од цела Македонија.
Фестивалот е еден од ретките фолклорни фестивали кој може да се пофали со голем јубилеј. Ги негуваме фолклорните традции, а го имаме и Семинарот за изучување на народните инструменти и песни на кој учат млади веќе 13 години. Тоа е наша голема радост и сериозно сме посветени на негувањето, зачувувањето и пренесувањето на помладите на богатиот изворен мелос, рече Горан Василески, претседател на Фестивалот.
Трајче Малинов, наставник по традиционални инструменти во основното училиште „Стефан Гајдов“ од Велес е радосен што со младите учествува првпат на Фестивалот. Фолклорот, смета е идентитет на еден народ.
Се враќа „во мода“ она традиционалното, нашето старото, автохтоното, што мораме да го негуваме, бидејќи културата е нешто основно за да опстане една нација. Тоа е идентитетот на еден народ, рече Малинов.
Фестивалот ги промовираше петтиот зборник на научни трудови „Фолклорот во минатото и денес“ како и монографијата „непресушен извор, за навек“ за 50-годишниот јубилеј. На првата фестивалска вечер, настапи и вокалноинструменталниот состав при националниот ансамбл „Танец“. Денеска во 11 часот во Спомен-куќата во Долнени ќе биде потпишан меморандум за соработка со културноинформативниот центар „Небрегово“ и со манифестацијата „Зборникот на Конески“, а од 19 часот е втората фестивалска вечер. Ќе бидат доделени Гран при наградата за најдобар изведувач и Гајдата на Пеце што ја доделува општина Долнени за најдобриот гајдаџија на Фестивалот. 

The post Со 50 гајдаџии во Прилеп отворен 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ appeared first on Република.

]]>
Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од Македонија, Србија и Бугарија ќе учествуваат на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ https://republika.mk/vesti/kultura/okolu-300-izveduvachi-na-izvorniot-melos-od-makedonija-srbija-i-bugarija-ke-uchestvuvaat-na-festivalot-na-narodni-instrumenti-i-pesni-petse-atanasovski/ Fri, 30 Jun 2023 10:29:10 +0000 https://republika.mk/?p=656796

Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од земјава и гости од Србија и Бугарија ќе учествуваат на 49. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што ќе се одржува утре во Прилеп и в сабота на Рудина, Долнени.

Фестивалот речиси пет децении го негува, одржува и го чува богатото фолклорно наследство.

Изведувачите од сите краишта со голема љубов и очекување се нестрпливи да се појават на сцената, да го прикажат она што го имаат како свое, како своја традиција и музика. Нашата цел, како Фестивал е јасна, да не отстапиме од традиционалното, изворното. И преку сите теоретски предавања, на Семинарот и практичната работа со новите генерации, вели Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и уметнички директор на Фестивалот.

Во рамки на Фестивалот, веќе 13-та година се одржува Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Досега, фолклорот го изучувале над 150 учесници од земјава и од Грција, Русија, Србија и Бугарија. Годинава, има 12 семинаристи од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје кои на Семинарот работат од 27 јуни и со програма ќе настапат на првата фестивалска вечер.

Семинарот веќе традиционално се одржува и го продолжува оној сон на Пеце Атанасовски за младите генерации да ги изучуваат инструментите, вели Горан Василески, претседател на Фестивалот.

Младите изучувачи на фолклорот се вистинските македонски амбасадори во светот.

Се надевам дека по овој Семинар, овие идни уметници и репрезенти на нашата музичко-играорна па и фолклорна традиција, ќе заминат со поголемо знаење кое понатаму ќе го презентираат не само во нашава држава, туку и низ цел свет, вели Горанчо Ангелов од Музичката академија при Универзитетот во Штип, предавач на Семинарот и член на Собранието на Фестивалот.

Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ утре од 11 часот ќе се одржи симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“ и ќе се промовира Зборникот со трудови од 12 стручњаци кои обработуваат теми од фолклористиката, а од 19 часот е свеченото отворање на Фестивалот и првата фестивалска вечер на камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп. Ќе настапат дел од изведувачите, а на крајот ревијален концерт ќе одржи „Танец“ од Скопје.

В сабота од 19 часот на Рудина, Долнени ќе се одржи втората фестивалска вечер. По настапот на изведувачите, жири-комисијата ќе ги избере најдобрите и ќе бидат доделени Гран-при наградата за најдобри изведувачи и „Гајдата на Пеце“ на најдобриот гајдаџија што ја обезбедува општина Долнени.

The post Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од Македонија, Србија и Бугарија ќе учествуваат на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ appeared first on Република.

]]>

Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од земјава и гости од Србија и Бугарија ќе учествуваат на 49. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што ќе се одржува утре во Прилеп и в сабота на Рудина, Долнени. Фестивалот речиси пет децении го негува, одржува и го чува богатото фолклорно наследство. Изведувачите од сите краишта со голема љубов и очекување се нестрпливи да се појават на сцената, да го прикажат она што го имаат како свое, како своја традиција и музика. Нашата цел, како Фестивал е јасна, да не отстапиме од традиционалното, изворното. И преку сите теоретски предавања, на Семинарот и практичната работа со новите генерации, вели Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и уметнички директор на Фестивалот. Во рамки на Фестивалот, веќе 13-та година се одржува Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Досега, фолклорот го изучувале над 150 учесници од земјава и од Грција, Русија, Србија и Бугарија. Годинава, има 12 семинаристи од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје кои на Семинарот работат од 27 јуни и со програма ќе настапат на првата фестивалска вечер.
Семинарот веќе традиционално се одржува и го продолжува оној сон на Пеце Атанасовски за младите генерации да ги изучуваат инструментите, вели Горан Василески, претседател на Фестивалот.
Младите изучувачи на фолклорот се вистинските македонски амбасадори во светот.
Се надевам дека по овој Семинар, овие идни уметници и репрезенти на нашата музичко-играорна па и фолклорна традиција, ќе заминат со поголемо знаење кое понатаму ќе го презентираат не само во нашава држава, туку и низ цел свет, вели Горанчо Ангелов од Музичката академија при Универзитетот во Штип, предавач на Семинарот и член на Собранието на Фестивалот.
Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ утре од 11 часот ќе се одржи симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“ и ќе се промовира Зборникот со трудови од 12 стручњаци кои обработуваат теми од фолклористиката, а од 19 часот е свеченото отворање на Фестивалот и првата фестивалска вечер на камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп. Ќе настапат дел од изведувачите, а на крајот ревијален концерт ќе одржи „Танец“ од Скопје. В сабота од 19 часот на Рудина, Долнени ќе се одржи втората фестивалска вечер. По настапот на изведувачите, жири-комисијата ќе ги избере најдобрите и ќе бидат доделени Гран-при наградата за најдобри изведувачи и „Гајдата на Пеце“ на најдобриот гајдаџија што ја обезбедува општина Долнени.

The post Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од Македонија, Србија и Бугарија ќе учествуваат на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ appeared first on Република.

]]>