фестивал на малата школа на краткиот филм Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-na-malata-shkola-na-kratkiot-film/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 08:29:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фестивал на малата школа на краткиот филм Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-na-malata-shkola-na-kratkiot-film/ 32 32 Трето издание на Фестивалот „Мала школа на краткиот филм“ од денеска во Битола https://republika.mk/scena/film/treto-izdanie-na-festivalot-mala-shkola-na-kratkiot-film-od-deneska-vo-bitola/ Mon, 30 Oct 2023 08:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=696147

Филмскиот фестивал „Малата школа на краткиот филм“ е наменет за учениците од основните училишта и е дел од акциите за едукација со слика (филмска писменост) и откривање на кинематографската уметност, што ги спроведува француското здружение „Aј Aј ВО“ / Меѓународниот филмски фестивал Нанси во текот на целата година.

Фестивалот ќе се одржи од 30 октомври до 3 ноември 2023 година во рамките на програмата за одбележувањето на 4 ноември – денот на ослободувањето на Битола. Сите проекции се бесплатни и ќе се одржат во НУ Центар за култура Битола, партнер на фестивалот заедно со Француската алијанса од Битола, а предвидени се и две делокализирани проекции за учениците во основните училишта во Новаци и Бач.

Програмата содржи кратки филмови, прилагодени на возраста на учениците, разновидни по нивните форми (анимирани филмови, фикција, документарци, експериментални), обработените теми и нивното географско потекло и секогаш во оригинална верзија, титлувани на македонски јазик. Времетраењето на дискусиите по проекциите, водени од директорката на фестивалот Бландин Брунхес-Гламчевски, е приспособено на возраста на публиката.

На младите им се нудат филмски дела што ретко се емитуваат надвор од професионалните фестивалски кругови. За Битола се предвидени три програми за ученици на возраст од 9 до 11 години и за ученици на возраст од 11 до 14 години.

За првпат годинава, на средношколската публика ќе ѝ бидат претставени и кратки филмови, избрани и наградени од нивните врсници од Нанси за време на 19-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, со кој од 2013 година претседава македонскиот новинар Тони Гламчевски.

 

The post Трето издание на Фестивалот „Мала школа на краткиот филм“ од денеска во Битола appeared first on Република.

]]>

Филмскиот фестивал „Малата школа на краткиот филм“ е наменет за учениците од основните училишта и е дел од акциите за едукација со слика (филмска писменост) и откривање на кинематографската уметност, што ги спроведува француското здружение „Aј Aј ВО“ / Меѓународниот филмски фестивал Нанси во текот на целата година. Фестивалот ќе се одржи од 30 октомври до 3 ноември 2023 година во рамките на програмата за одбележувањето на 4 ноември – денот на ослободувањето на Битола. Сите проекции се бесплатни и ќе се одржат во НУ Центар за култура Битола, партнер на фестивалот заедно со Француската алијанса од Битола, а предвидени се и две делокализирани проекции за учениците во основните училишта во Новаци и Бач. Програмата содржи кратки филмови, прилагодени на возраста на учениците, разновидни по нивните форми (анимирани филмови, фикција, документарци, експериментални), обработените теми и нивното географско потекло и секогаш во оригинална верзија, титлувани на македонски јазик. Времетраењето на дискусиите по проекциите, водени од директорката на фестивалот Бландин Брунхес-Гламчевски, е приспособено на возраста на публиката. На младите им се нудат филмски дела што ретко се емитуваат надвор од професионалните фестивалски кругови. За Битола се предвидени три програми за ученици на возраст од 9 до 11 години и за ученици на возраст од 11 до 14 години. За првпат годинава, на средношколската публика ќе ѝ бидат претставени и кратки филмови, избрани и наградени од нивните врсници од Нанси за време на 19-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, со кој од 2013 година претседава македонскиот новинар Тони Гламчевски.  

The post Трето издание на Фестивалот „Мала школа на краткиот филм“ од денеска во Битола appeared first on Република.

]]>