Фестивал Игор Маџиров Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-igor-madhirov/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Oct 2023 14:26:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал Игор Маџиров Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-igor-madhirov/ 32 32 Гран при за претставата „Момчето со куферот“ од Србија на Фестивалот „Игор Маџиров“ https://republika.mk/vesti/kultura/gran-pri-za-pretstavata-momcheto-so-kuferot-od-srbija-na-festivalot-igor-madhirov/ Mon, 02 Oct 2023 14:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=687169

Претставата „Момчето со куферот“ на Малиот театар „Душко Радовиќ“ од Србија ја освои Гран при на 2. издание не Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што заврши во саботата. Претседателот на комисијата Тин Грабнар, режисер од Словенија и членовите: театрологот Миливоје Млаѓеновиќ од Србија и актерот Драган Довлев, во образложението пишуваат:

Оваа возбудлива драмска приказна со актуелна содржина и сценски јазик и еруптивна актерска енергија, остава силен впечаток на сите генерации.

Оваа претстава се закити и со повеќе други признанија, па така наградата за најдобра режија ја доби Дамјан Кецојевиќ, додека најдобри актерски остварувања имаа Јелена Илиќ и Недим Незировиќ од „Момчето со куферот“.

Во рамките на фестивалот е доделена и наградата за најдобра костимографија која отиде во рацете на Маја Мирковиќ од истата претстава.

Наградата за најдобра сценографија годинава е доделена на претставата „Шумата од песни“ во режија на Петер Кус, а во изведба на „Кускус“ институтот, Арт продукција од Љубљана, Словенија. И специјалната награда за музика од жири-комисијата отиде во рацете на Петер Кус“.

Жирито додели уште две специјални награди за севкупност на естетскиот израз и тоа на претставата „Бамби“ во режија на Јакуб Максимов, а во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац, Србија, Втората специјална награда која се доделува за имагинативно куклено мислење беше наменето за претставата „ERROR 404“, во режија на Вагнер и Хулио Гало, а во изведба на театарот „Анхелес де трапо“ од Малага, Шпанија.

Со оглед дека првпат годинава беше формирано и детско жири, кое имаше улога да одлучува за претстава што најмногу ќе им се допадне, беше доделена и наградата за најдобра претстава од нејзините членови: Тара Поповска, Уна Силјановска, Теофил Сачкарски, Неда Блажевска, Саша Димитриевска, Максим Ѓорѓиевски. Според нив, најдобра претстава на фестивалот е „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецоејевиќ, а во изведба на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград, Србија.

Фестивалот годинава се одржа од 27 до 30 септември, под покровителство на Претседателот на Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за култура.

 

The post Гран при за претставата „Момчето со куферот“ од Србија на Фестивалот „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Момчето со куферот“ на Малиот театар „Душко Радовиќ“ од Србија ја освои Гран при на 2. издание не Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што заврши во саботата. Претседателот на комисијата Тин Грабнар, режисер од Словенија и членовите: театрологот Миливоје Млаѓеновиќ од Србија и актерот Драган Довлев, во образложението пишуваат:
Оваа возбудлива драмска приказна со актуелна содржина и сценски јазик и еруптивна актерска енергија, остава силен впечаток на сите генерации.
Оваа претстава се закити и со повеќе други признанија, па така наградата за најдобра режија ја доби Дамјан Кецојевиќ, додека најдобри актерски остварувања имаа Јелена Илиќ и Недим Незировиќ од „Момчето со куферот“. Во рамките на фестивалот е доделена и наградата за најдобра костимографија која отиде во рацете на Маја Мирковиќ од истата претстава. Наградата за најдобра сценографија годинава е доделена на претставата „Шумата од песни“ во режија на Петер Кус, а во изведба на „Кускус“ институтот, Арт продукција од Љубљана, Словенија. И специјалната награда за музика од жири-комисијата отиде во рацете на Петер Кус“. Жирито додели уште две специјални награди за севкупност на естетскиот израз и тоа на претставата „Бамби“ во режија на Јакуб Максимов, а во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац, Србија, Втората специјална награда која се доделува за имагинативно куклено мислење беше наменето за претставата „ERROR 404“, во режија на Вагнер и Хулио Гало, а во изведба на театарот „Анхелес де трапо“ од Малага, Шпанија. Со оглед дека првпат годинава беше формирано и детско жири, кое имаше улога да одлучува за претстава што најмногу ќе им се допадне, беше доделена и наградата за најдобра претстава од нејзините членови: Тара Поповска, Уна Силјановска, Теофил Сачкарски, Неда Блажевска, Саша Димитриевска, Максим Ѓорѓиевски. Според нив, најдобра претстава на фестивалот е „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецоејевиќ, а во изведба на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград, Србија. Фестивалот годинава се одржа од 27 до 30 септември, под покровителство на Претседателот на Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за култура.  

The post Гран при за претставата „Момчето со куферот“ од Србија на Фестивалот „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>
Продолжува Фестивалот за детски театар „Игор Маџиров“, денеска три претстави на програмата https://republika.mk/vesti/kultura/prodolzhuva-festivalot-za-detski-teatar-igor-madhirov-deneska-tri-pretstavi-na-programata/ Fri, 29 Sep 2023 07:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=686224

На третиот ден од Фестивалот на детски театар „Игор Маџиров“ ќе бидат изведени три претстави. Денеска во 11 часот на сцената на Театар Комедија ќе биде изведена детско-играната претстава „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецојевиќ, во продукција на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград. Претставата е за деца над 11 години. Играат: Младен Леро, Јелена Илиќ, Јована Цветковиќ, Јелена Чурувија Ѓурица, Дубравка Ковјаниќ и Недим Незировиќ.

Во 17 часот на сцената на Албанскиот театар за деца и младинци во Скопје, ќе биде изведена претставата „Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба“ во режија на Ибрахим Деари. Играат: Елдин Широки, Деа Пајазити, Мумин Абдулаи, Блерим Дардишта, Илир Речи, Валдета Исмаили и Беќир Адеми.

Во терминот од 19.30 часот на сцената на Театарот за деца, ќе гостува Градскиот куклен театар од Риека. Игра Златко Вичиќ.

The post Продолжува Фестивалот за детски театар „Игор Маџиров“, денеска три претстави на програмата appeared first on Република.

]]>

На третиот ден од Фестивалот на детски театар „Игор Маџиров“ ќе бидат изведени три претстави. Денеска во 11 часот на сцената на Театар Комедија ќе биде изведена детско-играната претстава „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецојевиќ, во продукција на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград. Претставата е за деца над 11 години. Играат: Младен Леро, Јелена Илиќ, Јована Цветковиќ, Јелена Чурувија Ѓурица, Дубравка Ковјаниќ и Недим Незировиќ. Во 17 часот на сцената на Албанскиот театар за деца и младинци во Скопје, ќе биде изведена претставата „Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба“ во режија на Ибрахим Деари. Играат: Елдин Широки, Деа Пајазити, Мумин Абдулаи, Блерим Дардишта, Илир Речи, Валдета Исмаили и Беќир Адеми. Во терминот од 19.30 часот на сцената на Театарот за деца, ќе гостува Градскиот куклен театар од Риека. Игра Златко Вичиќ.

The post Продолжува Фестивалот за детски театар „Игор Маџиров“, денеска три претстави на програмата appeared first on Република.

]]>
Гости од Словенија, Хрватска, Србија и Шпанија на второто издание на Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“ https://republika.mk/vesti/kultura/gosti-od-slovenija-hrvatska-srbija-i-shpanija-na-vtoroto-izdanie-na-festivalot-na-detski-teatri-igor-madhirov/ Mon, 25 Sep 2023 11:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=684943

Гости од Словенија, Хрватска, Србија и Шпанија ќе учестуваат на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ кој ќе се одржи од 27. до 30. септември во организација на Театар за деца и младинци (ТДМ).

Годинешното издание се одржува под мотото „Ослободи ја својата фантазија“, а покровител е претседателот на државата Стево Пендаровски.

Свеченото отворање ќе биде в среда, во 19,30 часот на сцената на ТДМ, со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“. На 28 септември во ТДМ ќе бидат прикажани претставите: „Шумата од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, Словенија (11 часот), „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола (17), „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб (19,30). На 29 септември на прогамата се:  „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ (Театар Комедија, 11 часот), „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба, во продукција на Албански театар за деца и младинци (17 часот Албански театар за деца и младинци), „Среќна куќичка“ на госитите од Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска (ТДМ 19,30). Последниот ден, на 30 септември се претставите: Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац (МНТ, 11 часот) и претставата „ERROR 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија (ТДМ, 19,30).

Минатата година за прв пат се соочивме со овој адреналински предизвик кој за нашата институција значи запишување на мапата на светот на професионални фестивали на детски претстави и на „Игор Маџиров“. Упатувам и јавно голема благодарност за покровителството и препознавањето на важност на нашиот фестивал, изјави на денешната прес-конфренција Катарина Илиевска – Силјановска, директорка на ТДМ.

Годинешната програма е посветна на малите театарски форми. Фестивалот и оваа година покрај Гран при наградата доделува Награда за најдобра режија, две актерски награди, сценографија, коситмографија, специјална награда. Стручното жири е во состав: режисерот Тин Грабнар од Словенија, кој ќе биде претседател и членовите: актерот Драган Довлев, актуелен претседател на Советот на фестивалот и Миливоје Млаѓеновиќ, театролог и поранешен директор на Стеријин театар.

Новитет за оваа година е воведување на детско жири кое ќе има задача да ја оцени и награди најдобрата претстава на Фестивалот, по нивен избор. Во жирито ќе членуваат деца на возраст од 9 до 11 години.

Од годинава фестивалот „Игор Маџиров“ почнува соработка и со Факултетот за драмски уметности, каде што ќе се одржи работлница за куклен театар наменета за студентите и веќе диполомираните актери и режисери, а истата ќе биде предводена од актерката и режисерка Тамара Кучиновиќ, професорка по куклен театар од Факултетот за драмски уметности во Осијек, Хрватска.

Во рамките на фестивалот ќе има уште една работилница наменета за деца и наставници, на тема: куклен театар, предводена од режисерот Давор Драгојевиќ од Подгорица, Црна Гора.

Сакам да ја истакнам важноста на нашиот патрон на фестивалот Игор Маџиров, симбол на детскиот театар воопшто. Верувам и посакувам овој фестивал да прерасне во традиција, затоа што е важен чинител и за публиката и за нас како единствена професионална институција од областа на детско – младинскиот театар, рече Довлев, претседател на Советот на фестивалот.

Фестивалот годинава е поддржан од Минситерството за култура. Претставите се изведуваат на сцeните на ТДМ, Театар Комедија, Македонски народен театар (МНТ), Албански театар за деца и млади. Цената на билетите е 200 денари. Картите за сите претстави, освен за „Бамби“ (за неа се купуваат на билератницата на МНТ) може да се набават на билетарницата на ТДМ.

The post Гости од Словенија, Хрватска, Србија и Шпанија на второто издание на Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>

Гости од Словенија, Хрватска, Србија и Шпанија ќе учестуваат на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ кој ќе се одржи од 27. до 30. септември во организација на Театар за деца и младинци (ТДМ). Годинешното издание се одржува под мотото „Ослободи ја својата фантазија“, а покровител е претседателот на државата Стево Пендаровски. Свеченото отворање ќе биде в среда, во 19,30 часот на сцената на ТДМ, со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“. На 28 септември во ТДМ ќе бидат прикажани претставите: „Шумата од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, Словенија (11 часот), „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола (17), „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб (19,30). На 29 септември на прогамата се:  „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ (Театар Комедија, 11 часот), „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба, во продукција на Албански театар за деца и младинци (17 часот Албански театар за деца и младинци), „Среќна куќичка“ на госитите од Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска (ТДМ 19,30). Последниот ден, на 30 септември се претставите: Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац (МНТ, 11 часот) и претставата „ERROR 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија (ТДМ, 19,30).
Минатата година за прв пат се соочивме со овој адреналински предизвик кој за нашата институција значи запишување на мапата на светот на професионални фестивали на детски претстави и на „Игор Маџиров“. Упатувам и јавно голема благодарност за покровителството и препознавањето на важност на нашиот фестивал, изјави на денешната прес-конфренција Катарина Илиевска – Силјановска, директорка на ТДМ.
Годинешната програма е посветна на малите театарски форми. Фестивалот и оваа година покрај Гран при наградата доделува Награда за најдобра режија, две актерски награди, сценографија, коситмографија, специјална награда. Стручното жири е во состав: режисерот Тин Грабнар од Словенија, кој ќе биде претседател и членовите: актерот Драган Довлев, актуелен претседател на Советот на фестивалот и Миливоје Млаѓеновиќ, театролог и поранешен директор на Стеријин театар. Новитет за оваа година е воведување на детско жири кое ќе има задача да ја оцени и награди најдобрата претстава на Фестивалот, по нивен избор. Во жирито ќе членуваат деца на возраст од 9 до 11 години. Од годинава фестивалот „Игор Маџиров“ почнува соработка и со Факултетот за драмски уметности, каде што ќе се одржи работлница за куклен театар наменета за студентите и веќе диполомираните актери и режисери, а истата ќе биде предводена од актерката и режисерка Тамара Кучиновиќ, професорка по куклен театар од Факултетот за драмски уметности во Осијек, Хрватска. Во рамките на фестивалот ќе има уште една работилница наменета за деца и наставници, на тема: куклен театар, предводена од режисерот Давор Драгојевиќ од Подгорица, Црна Гора.
Сакам да ја истакнам важноста на нашиот патрон на фестивалот Игор Маџиров, симбол на детскиот театар воопшто. Верувам и посакувам овој фестивал да прерасне во традиција, затоа што е важен чинител и за публиката и за нас како единствена професионална институција од областа на детско – младинскиот театар, рече Довлев, претседател на Советот на фестивалот.
Фестивалот годинава е поддржан од Минситерството за култура. Претставите се изведуваат на сцeните на ТДМ, Театар Комедија, Македонски народен театар (МНТ), Албански театар за деца и млади. Цената на билетите е 200 денари. Картите за сите претстави, освен за „Бамби“ (за неа се купуваат на билератницата на МНТ) може да се набават на билетарницата на ТДМ.

The post Гости од Словенија, Хрватска, Србија и Шпанија на второто издание на Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“ appeared first on Република.

]]>