Фестивал Џифони Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-dzifoni/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Oct 2023 08:54:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал Џифони Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-dzifoni/ 32 32 Отворено 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-11-izdanie-na-filmskiot-festival-za-mladi-dhifoni-makedonija/ Fri, 06 Oct 2023 08:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=688473

Со проекција на филмот „Вратената“ на Џузепе Бонито, снимен според роман којшто е преведен и на македонски јазик, синоќа, во скопското кино „Милениум“ се отвори 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Имате уникатна можност да патувате преку магијата на филмот, да ги изразите вашите идеи и да го споделите со вашите блиски она што ќе го искусите и научите тука. Не престанувајте да сонувате, оти соништата се остваруваат. Пред сѐ, забавувајте се – им порача синоќа на младите Џифонци Андреа Силвестри, амбасадорот на Република Италија на отворањето во киното „Милениум“.

Среќни сме што сме во полн капацитет, имаме убава програма, а сето тоа е возможно благодарение на нашите бројни институционални и приватни поддржувачи. Но, главната поддршка доаѓа од вас, младите. Дружете се и многу добро да се забавувате – им порача на џифонци, Дарко Башески, директор на фестивалот.

Програмскиот директор на фестивалот, Деа Крстевска ја издвои новината на фестивалот годинава, а тоа е програмскиот сегмент ЕПИК, што е поддржан од Министерството за надворешни работи на Италија.

Утрово стотици средношколци се упатија кон Младинскиот културен центар, каде што им започнува програмата. Ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе ги започнат своите работилници, а во 17 часот ќе следува средба со тимот на популарните Filmthusiast.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, како и од Град Скопје, МКЦ, Кинотека на Македонија, Амбасадата на Италија во Скопје и бројни институционални и приватни поддржувачи.

 

 

The post Отворено 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Со проекција на филмот „Вратената“ на Џузепе Бонито, снимен според роман којшто е преведен и на македонски јазик, синоќа, во скопското кино „Милениум“ се отвори 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.
Имате уникатна можност да патувате преку магијата на филмот, да ги изразите вашите идеи и да го споделите со вашите блиски она што ќе го искусите и научите тука. Не престанувајте да сонувате, оти соништата се остваруваат. Пред сѐ, забавувајте се – им порача синоќа на младите Џифонци Андреа Силвестри, амбасадорот на Република Италија на отворањето во киното „Милениум“.
Среќни сме што сме во полн капацитет, имаме убава програма, а сето тоа е возможно благодарение на нашите бројни институционални и приватни поддржувачи. Но, главната поддршка доаѓа од вас, младите. Дружете се и многу добро да се забавувате – им порача на џифонци, Дарко Башески, директор на фестивалот. Програмскиот директор на фестивалот, Деа Крстевска ја издвои новината на фестивалот годинава, а тоа е програмскиот сегмент ЕПИК, што е поддржан од Министерството за надворешни работи на Италија. Утрово стотици средношколци се упатија кон Младинскиот културен центар, каде што им започнува програмата. Ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе ги започнат своите работилници, а во 17 часот ќе следува средба со тимот на популарните Filmthusiast. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, како и од Град Скопје, МКЦ, Кинотека на Македонија, Амбасадата на Италија во Скопје и бројни институционални и приватни поддржувачи.    

The post Отворено 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 550 учесници од девет земји на 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/poveke-od-550-uchesnitsi-od-devet-zemji-na-11-izdanie-na-filmskiot-festival-za-mladi-dhifoni-makedonija/ Wed, 04 Oct 2023 11:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=687855

Повеќе од 550 учесници од девет земји утре ќе бидат дел од 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ во Скопје. Фестивалот ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ), Кинотеката и кино „Милениум“ до 10 октомври, каде џифонците ќе гледаат филмови, ќе дискутираат и ќе учествуваат на креативни работилници.

Фестивалот утре вечер ќе се отвори со прикажување на филмот „Вратената“ во режија на Џузепе Бонито, снимен според истоимениот роман на Донатела Ди Пјерантонио, во киното „Милениум“.

Како што изјави на денешната прес-конференција директорот на фестивалот, Дарко Башески, годинава освен од нашата земја, на фестивалот се очекуваат 40 учесници од Италија, Србија, Хрватска, Косово, Босна, Грција, Бугарија, Романија и Франција.

Се враќаме со полна енергија, со преполни сали бидејќи местата за учество на фестивалот се пополнети уште пред две, три недели. Првата група се пополни за првите десет дена, и очекуваме дека ќе имаме преполни сали и нормален фестивал полн со живот на задоволство на нашите најмлади, рече Башески.

Тој додаде дека оваа година ќе има петнаесет долгометражни филмови во официјална конкуренција поместени во три категории, односно кадети (од шесто до девето одделение), јуниори (прва и втора средно) и сениори (трета и четврта). Ќе проследат 46 краткометражни играни, документарни и анимирани филмови, а добар дел од нив се филмови направени од нивни врсници од целиот свет.

Повеќе од 550 учесници од девет земји дел од годинешното издание на „Џифони Македонија“

Од филмовите што ќе бидат прикажани во рамките на фестивалот, учесниците ќе можат да се запознаат и да учествуваат на дискусиите со режисерката Дина Дума (кај сениорите), рускиот режисер Олег Асадулин (кај јуниорите) и српската актерка Миона Илов (кај кадетите).

Ќе бидат реализирани девет работилници - три за јуниори и шест за кадети и сениори.

Нов сегмент на фестивалот е ЕПИК - проект за промоција на мирот преку креативност кај младите, поддржан од Министерството за надворешни работи и меѓународната соработка на Италија. Поддржан е од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка во рамките на програмата која има за цел да придонесе за стабилизацијата во регионот и за поддршка на процесите за пристап кон ЕУ.

ЕПИК предвидува серија активности, особено во рамките на 11. издание на фестивалот, насочени кон промовирање на мирот, европските вредности и човековите права, преку филм, уметност и култура и активно вклучување на младите во создавањето на филмски и ументички остварувања кои имаат моќ да пренесат пораки за мир наменети за младата публика.

Во рамките на ЕПИК, ќе бидат прикажани 17 краткометражни филмови што ќе се натпреваруваат за три награди. Ќе бидат организирани две панел дискусии на тема ЕПИК со претставници од филмски фестивали за деца и млади од регионот.

Дел од програмата ќе бидат и две презентации на нови кратки филмови од млади автори од нашата држава, „Метаморфозис“ ќе одржи презентација на тема лажни вести и нивна проверка, а ќе се реализира и средба со основачите на брендот „Filmthusiast“.

Како што најави на денешната прес-конференција Деа Крстевска Тамборини, програмски директор на Фестивалот, в понеделник ќе биде прикажан и грчко-италијанскиот документарен филм „Учесниците од Умберто Примо“.

Филмот е плод на 20 годишно истражување за она што се случувало за време на прогонот на Евреите во Грција. Имаме и гостувања на млади филмаџии од Македонија, кои ќе ги претстават своите најнови дела, а презентацијата на „Метаморфозис“ ќе се осврне на тоа како младите треба да ги препознаваат лажните вести и како да се одбранат од сето она што им се пласира преку лажните вести, да знаат подобро да се снаоѓаат во користењето на интернетот, посочи Крстевска Тамборини.

Фестивалот ќе биде затворен на 10 октомври во киното „Милениум“ кога ќе бидат прогласени победничките филмови во сите натпреварувачки категории, а ќе бидат доделени и наградите од конкурсот ЕПИК. Ќе бидат прикажани творбите и сценските изведби подготвени од учесниците на креативните работилници.

The post Повеќе од 550 учесници од девет земји на 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 550 учесници од девет земји утре ќе бидат дел од 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ во Скопје. Фестивалот ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ), Кинотеката и кино „Милениум“ до 10 октомври, каде џифонците ќе гледаат филмови, ќе дискутираат и ќе учествуваат на креативни работилници. Фестивалот утре вечер ќе се отвори со прикажување на филмот „Вратената“ во режија на Џузепе Бонито, снимен според истоимениот роман на Донатела Ди Пјерантонио, во киното „Милениум“. Како што изјави на денешната прес-конференција директорот на фестивалот, Дарко Башески, годинава освен од нашата земја, на фестивалот се очекуваат 40 учесници од Италија, Србија, Хрватска, Косово, Босна, Грција, Бугарија, Романија и Франција.
Се враќаме со полна енергија, со преполни сали бидејќи местата за учество на фестивалот се пополнети уште пред две, три недели. Првата група се пополни за првите десет дена, и очекуваме дека ќе имаме преполни сали и нормален фестивал полн со живот на задоволство на нашите најмлади, рече Башески.
Тој додаде дека оваа година ќе има петнаесет долгометражни филмови во официјална конкуренција поместени во три категории, односно кадети (од шесто до девето одделение), јуниори (прва и втора средно) и сениори (трета и четврта). Ќе проследат 46 краткометражни играни, документарни и анимирани филмови, а добар дел од нив се филмови направени од нивни врсници од целиот свет. Повеќе од 550 учесници од девет земји дел од годинешното издание на „Џифони Македонија“ Од филмовите што ќе бидат прикажани во рамките на фестивалот, учесниците ќе можат да се запознаат и да учествуваат на дискусиите со режисерката Дина Дума (кај сениорите), рускиот режисер Олег Асадулин (кај јуниорите) и српската актерка Миона Илов (кај кадетите). Ќе бидат реализирани девет работилници - три за јуниори и шест за кадети и сениори. Нов сегмент на фестивалот е ЕПИК - проект за промоција на мирот преку креативност кај младите, поддржан од Министерството за надворешни работи и меѓународната соработка на Италија. Поддржан е од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка во рамките на програмата која има за цел да придонесе за стабилизацијата во регионот и за поддршка на процесите за пристап кон ЕУ. ЕПИК предвидува серија активности, особено во рамките на 11. издание на фестивалот, насочени кон промовирање на мирот, европските вредности и човековите права, преку филм, уметност и култура и активно вклучување на младите во создавањето на филмски и ументички остварувања кои имаат моќ да пренесат пораки за мир наменети за младата публика. Во рамките на ЕПИК, ќе бидат прикажани 17 краткометражни филмови што ќе се натпреваруваат за три награди. Ќе бидат организирани две панел дискусии на тема ЕПИК со претставници од филмски фестивали за деца и млади од регионот. Дел од програмата ќе бидат и две презентации на нови кратки филмови од млади автори од нашата држава, „Метаморфозис“ ќе одржи презентација на тема лажни вести и нивна проверка, а ќе се реализира и средба со основачите на брендот „Filmthusiast“. Како што најави на денешната прес-конференција Деа Крстевска Тамборини, програмски директор на Фестивалот, в понеделник ќе биде прикажан и грчко-италијанскиот документарен филм „Учесниците од Умберто Примо“.
Филмот е плод на 20 годишно истражување за она што се случувало за време на прогонот на Евреите во Грција. Имаме и гостувања на млади филмаџии од Македонија, кои ќе ги претстават своите најнови дела, а презентацијата на „Метаморфозис“ ќе се осврне на тоа како младите треба да ги препознаваат лажните вести и како да се одбранат од сето она што им се пласира преку лажните вести, да знаат подобро да се снаоѓаат во користењето на интернетот, посочи Крстевска Тамборини.
Фестивалот ќе биде затворен на 10 октомври во киното „Милениум“ кога ќе бидат прогласени победничките филмови во сите натпреварувачки категории, а ќе бидат доделени и наградите од конкурсот ЕПИК. Ќе бидат прикажани творбите и сценските изведби подготвени од учесниците на креативните работилници.

The post Повеќе од 550 учесници од девет земји на 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
500 ученици од Македонија и од шест европски земји на 10. „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/500-uchenici-od-makedonija-i-od-shest-evropski-zemji-na-10-dzifoni-makedonija/ Wed, 05 Oct 2022 11:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=557581

Повеќе од 500 ученици од Македонија и од шест европски земји ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе следат креативни работилници, ќе се сретнат успешни уметници, ќе ги запознаат културата и традициите на своите другарчиња од странство од денеска до 10 октомври во Скопје на 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на филмот „Итало“ на режисерката Алесија Скарсо, вечерва во 19 часот во киното „Милениум“. Приказната за нежното и трогателно пријателство помеѓу едно осамено момче и едно куче, кое е пример за човечност, ќе биде бесплатно достапна за публиката.

По десетти пат единствениот концепт на споделување искуства меѓу младите преку филм, култура, уметност и креативност, ќе завладее во Скопје на повеќе локации. Десеттата година на фестивалот се одржува во Европската година на младите и темата на фестивалот „Невидлива моќ“ е посветена на моќта на младите, која е невидлива во општеството, но е основа на која се гради сегашноста и иднината за сите. Гости на фестивалот ќе бидат и учесници од: Италија, Бугарија, Србија, Романија, Полска и Ирска.

Скопје е град во кој дојдовме пред 10 години и овде ни е срцето. Се радуваме како фестивалот расте, и зад работата на возрасните во фестивалот, стојат стотици млади луѓе, кои учествуваат на фестивалот, не само на централниот настан во Скопје, туку и во сите други градови низ Македонија. Во овие 10 години фестивалот се обраќаше на децата од 11 до 19 години, би сакал да можеме да ја продолжиме оваа приказна и со помалите деца. Годинава Македонија ја вклучивме во патувачки проект кој ќе се одвива во неколку европски земји, а започнува токму со 10. издание на фестивалот – рече Јакопо Губитози, директор на „Џифони Експериенс“, на денешната прес-конференција што се одржа во Кинотеката.

Фестивалот вечерва ќе го прогласи за отворен амбасадорот на Италија во Скопје,  Андреа Силвестри.

Фестивалските активности ќе продолжат од 6 до 10 октомври во Кинотеката и Младинскиот културен центар, каде покрај богатата програма на активности резервирана за учесниците на фестивалот, ќе има и низа настани отворени за публиката како и интересни гостувања на млади и успешни уметници од Македонија и од странство.

За директорот на фестивалот, Дарко Башески, од особена важност е што сиве овие десет години младите учат како да гледаат филм и да дебатираат.

Горди сме на нашите учесници, зашто освен што гледаат филмови, тие учат и да дебатираат, да дискутираат за темите кои се претставени во филмовите, да градат свое мислење. Тоа го забележуваме и во сите наши учества на „Џифони Италија“, каде македонските џифонци се едни од најактивните и за нив слушаме само пофални зборови – вели Башески.

Една од придобивките на нашиот фестивал е што многу од младите што учествувале на фестивалот решаваат да продолжат во светот на филмот, посочи програмската директорка на фестивалот, Деа Крстевска.

Еден од важните аспекти на нашиот фестивал е што учесниците од Македонија се домаќини на џифонци од повеќе земји. Нас посебно нè радува што тие ги отвораат своите домови. Гостите имаат незаборавни искуства и многу често се враќаат на фестивалот – вели Крстевска.

Џифонците освен што ќе гледаат филмови од поновата европска продукција, ќе учествуваат и на 11 работилници. За јуниорите годинава ги подготвивме: ликовната што ќе ја води Моника Мотеска, музичка со Лада Шоптрајанова Петровска и филмската што ќе ја води режисерката Марија Џиџева.

Сениорите ќе можат да работат на работилници за фотографија и видеомонтажа во соработка со ИКС, за анимиран филм со Крсте Господиновски, стрип со Здравко Гиров и Давор Драмаќинин, дигитален дизајн со Ладислав Цветковски и филмска со Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

Од настаните отворени за публиката го издвојуваме Денот на италијанскиот стрип на 6 октомври, што е организиран во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје, на кој ќе гостуваат Серџо Џерази и Алесандро Билота од Италија, автори на познати стрипови, меѓу кои и „Дилан Дог“, а ќе биде поставена и изложба на нивни цртежи.

Во сабота 8 октомври ќе гостуваат Сергеј, Наталија и Мартин од импров групата НАСТАП, а Роберто Геци и Антонио Масаруто од Италија ќе ја презентираат новопоставената изложба на нивни уметнички дела создадени во хармонија со природата во Македонија.

На 9 октомври ќе бидат прикажани првите две епизоди од новата серија „Генерација Бушави“, а ќе следува и изненадување за присутните. Гости на фестивалот ќе бидат и режисери од Италија, Литванија, Полска, Словенија, како и актерката Јана Секуловска од Швајцарија, која има македонско потекло и игра во филмот „Семи, Џо и јас“.

Фестивалот ќе биде затворен на 10 октомври во 19 часот, кога ќе бидат објавени победничките филмови во сите категории, а ќе бидат прикажани и творбите кои ќе произлезат од петдневните креативни работилници.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот културен центар и Кинотеката, како и други институционални поддржувачи и бројни спонзори.

The post 500 ученици од Македонија и од шест европски земји на 10. „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 500 ученици од Македонија и од шест европски земји ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе следат креативни работилници, ќе се сретнат успешни уметници, ќе ги запознаат културата и традициите на своите другарчиња од странство од денеска до 10 октомври во Скопје на 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на филмот „Итало“ на режисерката Алесија Скарсо, вечерва во 19 часот во киното „Милениум“. Приказната за нежното и трогателно пријателство помеѓу едно осамено момче и едно куче, кое е пример за човечност, ќе биде бесплатно достапна за публиката. По десетти пат единствениот концепт на споделување искуства меѓу младите преку филм, култура, уметност и креативност, ќе завладее во Скопје на повеќе локации. Десеттата година на фестивалот се одржува во Европската година на младите и темата на фестивалот „Невидлива моќ“ е посветена на моќта на младите, која е невидлива во општеството, но е основа на која се гради сегашноста и иднината за сите. Гости на фестивалот ќе бидат и учесници од: Италија, Бугарија, Србија, Романија, Полска и Ирска.
Скопје е град во кој дојдовме пред 10 години и овде ни е срцето. Се радуваме како фестивалот расте, и зад работата на возрасните во фестивалот, стојат стотици млади луѓе, кои учествуваат на фестивалот, не само на централниот настан во Скопје, туку и во сите други градови низ Македонија. Во овие 10 години фестивалот се обраќаше на децата од 11 до 19 години, би сакал да можеме да ја продолжиме оваа приказна и со помалите деца. Годинава Македонија ја вклучивме во патувачки проект кој ќе се одвива во неколку европски земји, а започнува токму со 10. издание на фестивалот – рече Јакопо Губитози, директор на „Џифони Експериенс“, на денешната прес-конференција што се одржа во Кинотеката.
Фестивалот вечерва ќе го прогласи за отворен амбасадорот на Италија во Скопје,  Андреа Силвестри. Фестивалските активности ќе продолжат од 6 до 10 октомври во Кинотеката и Младинскиот културен центар, каде покрај богатата програма на активности резервирана за учесниците на фестивалот, ќе има и низа настани отворени за публиката како и интересни гостувања на млади и успешни уметници од Македонија и од странство. За директорот на фестивалот, Дарко Башески, од особена важност е што сиве овие десет години младите учат како да гледаат филм и да дебатираат.
Горди сме на нашите учесници, зашто освен што гледаат филмови, тие учат и да дебатираат, да дискутираат за темите кои се претставени во филмовите, да градат свое мислење. Тоа го забележуваме и во сите наши учества на „Џифони Италија“, каде македонските џифонци се едни од најактивните и за нив слушаме само пофални зборови – вели Башески.
Една од придобивките на нашиот фестивал е што многу од младите што учествувале на фестивалот решаваат да продолжат во светот на филмот, посочи програмската директорка на фестивалот, Деа Крстевска.
Еден од важните аспекти на нашиот фестивал е што учесниците од Македонија се домаќини на џифонци од повеќе земји. Нас посебно нè радува што тие ги отвораат своите домови. Гостите имаат незаборавни искуства и многу често се враќаат на фестивалот – вели Крстевска.
Џифонците освен што ќе гледаат филмови од поновата европска продукција, ќе учествуваат и на 11 работилници. За јуниорите годинава ги подготвивме: ликовната што ќе ја води Моника Мотеска, музичка со Лада Шоптрајанова Петровска и филмската што ќе ја води режисерката Марија Џиџева. Сениорите ќе можат да работат на работилници за фотографија и видеомонтажа во соработка со ИКС, за анимиран филм со Крсте Господиновски, стрип со Здравко Гиров и Давор Драмаќинин, дигитален дизајн со Ладислав Цветковски и филмска со Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов. Од настаните отворени за публиката го издвојуваме Денот на италијанскиот стрип на 6 октомври, што е организиран во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје, на кој ќе гостуваат Серџо Џерази и Алесандро Билота од Италија, автори на познати стрипови, меѓу кои и „Дилан Дог“, а ќе биде поставена и изложба на нивни цртежи. Во сабота 8 октомври ќе гостуваат Сергеј, Наталија и Мартин од импров групата НАСТАП, а Роберто Геци и Антонио Масаруто од Италија ќе ја презентираат новопоставената изложба на нивни уметнички дела создадени во хармонија со природата во Македонија. На 9 октомври ќе бидат прикажани првите две епизоди од новата серија „Генерација Бушави“, а ќе следува и изненадување за присутните. Гости на фестивалот ќе бидат и режисери од Италија, Литванија, Полска, Словенија, како и актерката Јана Секуловска од Швајцарија, која има македонско потекло и игра во филмот „Семи, Џо и јас“. Фестивалот ќе биде затворен на 10 октомври во 19 часот, кога ќе бидат објавени победничките филмови во сите категории, а ќе бидат прикажани и творбите кои ќе произлезат од петдневните креативни работилници. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот културен центар и Кинотеката, како и други институционални поддржувачи и бројни спонзори.

The post 500 ученици од Македонија и од шест европски земји на 10. „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>