Фестивал Браќа Манаки Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-brakja-manaki/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Sep 2023 09:09:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестивал Браќа Манаки Archives - Република https://republika.mk/tema/festival-brakja-manaki/ 32 32 Под мотото „Прекрасното непознато“ вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/pod-mototo-prekrasnoto-nepoznato-vecherva-pochnuva-44-izdanie-na-iffk-braka-manaki/ Sat, 23 Sep 2023 09:09:01 +0000 https://republika.mk/?p=684305

Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание.
Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција.

Директор на фотографија e Наум Доксевски, добитник на наградата „Мала камера 300” на нашиот фестивал во 2018 година за краткиот филм „Види ја ти неа” во режија на Горан Столевски. Ова е втор долгометражен филм на Доксевски, по неговото деби со наградуваниот филм „Сестри”.

„Домаќинство за почетници“ се занимава со универзалните вредности на семејството - она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно.

Главните улоги ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот „4 месеци 3 недели 2 дена” на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредните улоги се: Сара Климоска и Ајше Усеини од Македонија и Розафа Челај од Косово.

Продуцент на филмот е Марија Димитрова, а остатокот од авторската екипа ја сочинуваат: Ана Жежничек - сценограф, Роза Трајческа Ристовска – костимограф, Александара Чевреска - арт директор, Горан Игњатовски и Леонора Мехмети Хоџа - маскери, Ален Синкауз и Ненад Синкауз - композитори, Зоран Максимовиќ - снимател на звук и Ема Бортињон - дизајнер на звук.

На вечерашната свеченост на годинешниот лауреат, оскаровецот Питер Бижу ќе му биде врачена наградата Златна камера 300 за животен опус.

Во Битола веќе пристигнаа првите гости. Црвениот тепих е поставен пред Центарот за култура-Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.

The post Под мотото „Прекрасното непознато“ вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција. Директор на фотографија e Наум Доксевски, добитник на наградата „Мала камера 300” на нашиот фестивал во 2018 година за краткиот филм „Види ја ти неа” во режија на Горан Столевски. Ова е втор долгометражен филм на Доксевски, по неговото деби со наградуваниот филм „Сестри”. „Домаќинство за почетници“ се занимава со универзалните вредности на семејството - она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно. Главните улоги ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот „4 месеци 3 недели 2 дена” на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредните улоги се: Сара Климоска и Ајше Усеини од Македонија и Розафа Челај од Косово. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, а остатокот од авторската екипа ја сочинуваат: Ана Жежничек - сценограф, Роза Трајческа Ристовска – костимограф, Александара Чевреска - арт директор, Горан Игњатовски и Леонора Мехмети Хоџа - маскери, Ален Синкауз и Ненад Синкауз - композитори, Зоран Максимовиќ - снимател на звук и Ема Бортињон - дизајнер на звук. На вечерашната свеченост на годинешниот лауреат, оскаровецот Питер Бижу ќе му биде врачена наградата Златна камера 300 за животен опус. Во Битола веќе пристигнаа првите гости. Црвениот тепих е поставен пред Центарот за култура-Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.

The post Под мотото „Прекрасното непознато“ вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски на „Манаки“: Филмот е глас на комплексните значења на реалноста бидејќи говори во името и на утопиите и на дистопиите https://republika.mk/vesti/kultura/pendarovski-na-manaki-filmot-e-glas-na-kompleksnite-znachenja-na-realnosta-bidejkji-govori-vo-imeto-i-na-utopiite-i-na-distopiite/ Fri, 19 Aug 2022 21:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=542194

 Филмот е глас на комплексните значења на реалноста бидејќи говори во името и на утопиите и на дистопиите, а уметноста е чин на храброст, затоа што нејзината цел не е да ја репродуцира реалноста, туку да не соочи со неа, истакна вечерва во Битола претседателот Стево Пендаровски, кој како покровител го отвори Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“.

Пред аудиториумот во Битола, Пендаровски го цитираше Брехт според кој уметноста не е огледало во кое се огледува реалноста, туку длето со кое критички се обликува она што не е експлицитно видливо во реалноста и она што често општествените и политичките динамики сакаат да го затскријат.

– Ако основната мисија на филмот е да биде во полемика со светот и неговите аномалии, тогаш фестивалските филмски манифестации треба да бидат јадрата на прогресивноста во естетска и во поширока општествена смисла, а нашиот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со богата играна и документарна програма и годинава потврдува дека е токму такво јадро во континуитет, нагласи Пендаровски.

The post Пендаровски на „Манаки“: Филмот е глас на комплексните значења на реалноста бидејќи говори во името и на утопиите и на дистопиите appeared first on Република.

]]>

 Филмот е глас на комплексните значења на реалноста бидејќи говори во името и на утопиите и на дистопиите, а уметноста е чин на храброст, затоа што нејзината цел не е да ја репродуцира реалноста, туку да не соочи со неа, истакна вечерва во Битола претседателот Стево Пендаровски, кој како покровител го отвори Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“. Пред аудиториумот во Битола, Пендаровски го цитираше Брехт според кој уметноста не е огледало во кое се огледува реалноста, туку длето со кое критички се обликува она што не е експлицитно видливо во реалноста и она што често општествените и политичките динамики сакаат да го затскријат.
– Ако основната мисија на филмот е да биде во полемика со светот и неговите аномалии, тогаш фестивалските филмски манифестации треба да бидат јадрата на прогресивноста во естетска и во поширока општествена смисла, а нашиот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ со богата играна и документарна програма и годинава потврдува дека е токму такво јадро во континуитет, нагласи Пендаровски.

The post Пендаровски на „Манаки“: Филмот е глас на комплексните значења на реалноста бидејќи говори во името и на утопиите и на дистопиите appeared first on Република.

]]>
Ентони Дод Ментл влегува во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/entoni-dod-mentl-vleguva-vo-klubot-na-velikanite-na-festivalot-brakja-manaki/ Tue, 16 Aug 2022 08:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=540757

Четириесет и третото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ го наградува со Златна камера 300 за животен опус, истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл. Со изборот да му ја додели оваа престижна награда на Дод Ментл, фестивалот доследно продолжува да гради традиција – на предходни лауреати на Специјалната Златна Камера 300, кои ја освоиле во својата помлада животна етапа, подоцна им ја доделува и Златна Камера 300 за животен опус, со што се заокружува нивната творечка целина.

Така Дод Ментл, по 13 години, откако во 2009 на триесеттиот јубилеен фестивал „Браќа Манаки“, стана добитник на Специјалната Златна Камера 300, годинава се закитува со позначајната награда за животен опус, со која влегува заслужено во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“.

Во меѓувреме, неговиот опус е збогатен со уште десетици филмови и ТВ серијали кои се и негова специјалност (меѓу помаркантните, тематски и како портрет на контроверзниот Путин, „Интервјуа со Путин“ (The Putin Interviews), во режија на водечкиот американски режисер Оливер Стоун.


Роден во 1955 година во Витни во Оксфорд, во Обединетото Кралство каде и што се школувал во гимназиската возраст, Ентони Дод Ментл вели дека, иако живее во Данска, сепак тој се буди секој ден чувствувајќи се Британец/Англичанец. Но, чудно или не, наместо да студира во Оксфорд или Кембриџ, од 1985 до 1989 година студирал камера на Националната Филмска Школа во Копенхаген, кога и започнува да живее и работи во Данска. Со тоа станува натурализиран Данец со британско потекло.

Веднаш по студиите ја започнува својата соработка со неколку дански режисери кои се носители на новиот дански филмски бран, при што најзначајен му е Догме периодот. Тој станува еден од творците на тој оригинален дански филмски израз/тренд, започнувајќи соработка со родоначалниците на ова филмско движење. Така, во 1998 ќе го сними официјално првиот Догме филм „Семејна прослава“, кој на режисерот Томас Винтерберг му ја донесе светската слава. Cо својата снимателска работа и Дод Ментл го сврте вниманието, зашто суштината на Догме изразот и неговите аскетски правила биле базирани на начинот – како ќе биде сниман секој Догме филм (главно со користење на камера од рака) и добивање филмска фотографија без артифициелни светлосни извори, туку природни.

Во 1999 година веднаш следува и третиот Догме филм што го потпишува Дод Ментл, тоа е „Мифуне/Mifune’s last song“ на режисерот Серен Крег Јакобсен. Тоа е современа социјална драма за момчето Крестен, кој од семејната фарма се сели во велеградот Копенхаген. Во истата година, американскиот независен автор, 20 години помладиот од Ментл, Хармони Корин, ја бара соработката со искусниот Ментл, со кого го реализира првиот американски Догме филм – „Џулиен магаренцето“ (Julien donkey boy“), учесник во натпреварот на 21. „Браќа Манаки“ во 2000 година.

За Ентони Дод Ментл, соработката со главниот иницијатор и основач на Догме движењето – Ларс Фон Триер, била неизбежна, од двата филма на провокативната трилогија за Америка: „Кучешки град“ („Dogvil“) oд 2003 година и „Мендерлеј“ (Manderlay) oд 2005 година, до подоцнежниот, исто така кански учесник, уште поконтроверзниот „Антихрист“ („Antichrist“) од 2009 година, во кој Ментл го демонстрирал своето врвно кинематограферско мајсторство. Дод Ментл соработувал и со данската водечка режисерка Лоне Шерфиг во двата филма „Роденденскиот излет“ (The birthday trip), веднаш по завршените филмски студии во 1990 година, како и подоцнежниот „Баш како дома“ („Just like home“) во 2007 година.

Ментл му се врати и на режисерот Томас Винтерберг во 2003 како кинематографер на неговиот филм „Сѐ за љубов“ („Аll about love“), со американското актерско трио: Шон Пен, Џоекин Феникс, Клер Дејнс. Со стекнатото искуство, Дод Ментл ја проширува соработката и надвор од Догме кругот, па создава неколку маркантни филмови во неговиот опус, како „127 часа“ („127 Hours“) во 2010 година, во режија на Дени Бојл, со актерот Џејмс Франко, во улогата на автентичен алпинист кој бил 127 часови заглавен меѓу карпи, борејќи се да преживее во амбиентите на еден кањон во Јута). Во филмот „Последниот крал на Шкотска“ („Тhe last king of Scotland“) Ментл го слика актерот Форест Витекер, во личноста на озлогласениот африкански диктатор Иди Амин.

Во филмот „Тие прво го убија татко ми“ („First they killed my father“) oд 2017 година, со режисерката Анџелина Џоли, ги реконструираат потресните автентични настани од драмата на една камбоџанска активистка за слобода, која ги преживеала ужасите на смртоносниот режим на Црвените Кмери.

Триумфот во кариерата на Дод Ментл се случи во 2009 година, кога го освои едниот од осумте Оскари за филмот „Сиромашниот милионер“ (Slumdog millionaire), во режија на Дени Бојл (со кого, таа година беше отворен јубилејниот 30. по ред фестивал „Брака Манаки“). Така е крунисана и тандемската соработка на Дод Ментл со режисерот Дени Бојл, со кого предходно уште ги снимаше двата ТВ филмови „Комплетно голо издишување во рајот“ („Vaccuming completely nude in paradise“) и „Блудница“ (Strumped), обата реализирани во 2001 година. Потоа следуваа и двата филмови „28 денови подоцна“ („28 days later“) од 2002 година, како и „Милиони“ („Millions“) од 2004 година.

По тоа искуство и соработка беше природно комплетното зближување на Ментл со Бојл, кои максимално ефектно ги обединија своите креативни потенцијали во создавање на филм од Оскаровски калибар каков што е „Сиромашниот милионер“ кој им донесе осум Оскари за најдобар кинематографер и режија, како и за најдобар филм. За нивната соработка во ова ремек дело инспирирано од автентичниот живот во индиските сламови, од кои на скоро документаристички начин, Ментл ја доловува драмата на сиромашното момче, 18 годишниот Џамал од предградието на Мумбаи, кој е на дофат на апсолутната среќа да биде милионски добитник на популарната пансветска ТВ шоу игра – „Кој сака да биде милионер?“

Ментл, во една прилика изјави:

Работењето на филмот „Сиромашниот милионер“ беше физички напорно и ментално истоштувачки. Но, со другарство, доверба и разбирање вие можете да го преживеете тоа. Тоа помага ако имате континуирана врска каква што јас имав со Дени, тој е режисер кој држи сѐ во рацете, со многу енергија која ве води до крај, успешно. По сѐ изгледа, светот искрено го засака филмот „Сиромашниот милионер“. Индија ми е многу драга и јас сум среќен што имав удел во создавањето на филмот таму.

Автор: Благоја Куновски – Доре

 

The post Ентони Дод Ментл влегува во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Четириесет и третото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ го наградува со Златна камера 300 за животен опус, истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл. Со изборот да му ја додели оваа престижна награда на Дод Ментл, фестивалот доследно продолжува да гради традиција – на предходни лауреати на Специјалната Златна Камера 300, кои ја освоиле во својата помлада животна етапа, подоцна им ја доделува и Златна Камера 300 за животен опус, со што се заокружува нивната творечка целина. Така Дод Ментл, по 13 години, откако во 2009 на триесеттиот јубилеен фестивал „Браќа Манаки“, стана добитник на Специјалната Златна Камера 300, годинава се закитува со позначајната награда за животен опус, со која влегува заслужено во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“. Во меѓувреме, неговиот опус е збогатен со уште десетици филмови и ТВ серијали кои се и негова специјалност (меѓу помаркантните, тематски и како портрет на контроверзниот Путин, „Интервјуа со Путин“ (The Putin Interviews), во режија на водечкиот американски режисер Оливер Стоун. Роден во 1955 година во Витни во Оксфорд, во Обединетото Кралство каде и што се школувал во гимназиската возраст, Ентони Дод Ментл вели дека, иако живее во Данска, сепак тој се буди секој ден чувствувајќи се Британец/Англичанец. Но, чудно или не, наместо да студира во Оксфорд или Кембриџ, од 1985 до 1989 година студирал камера на Националната Филмска Школа во Копенхаген, кога и започнува да живее и работи во Данска. Со тоа станува натурализиран Данец со британско потекло. Веднаш по студиите ја започнува својата соработка со неколку дански режисери кои се носители на новиот дански филмски бран, при што најзначајен му е Догме периодот. Тој станува еден од творците на тој оригинален дански филмски израз/тренд, започнувајќи соработка со родоначалниците на ова филмско движење. Така, во 1998 ќе го сними официјално првиот Догме филм „Семејна прослава“, кој на режисерот Томас Винтерберг му ја донесе светската слава. Cо својата снимателска работа и Дод Ментл го сврте вниманието, зашто суштината на Догме изразот и неговите аскетски правила биле базирани на начинот – како ќе биде сниман секој Догме филм (главно со користење на камера од рака) и добивање филмска фотографија без артифициелни светлосни извори, туку природни. Во 1999 година веднаш следува и третиот Догме филм што го потпишува Дод Ментл, тоа е „Мифуне/Mifune’s last song“ на режисерот Серен Крег Јакобсен. Тоа е современа социјална драма за момчето Крестен, кој од семејната фарма се сели во велеградот Копенхаген. Во истата година, американскиот независен автор, 20 години помладиот од Ментл, Хармони Корин, ја бара соработката со искусниот Ментл, со кого го реализира првиот американски Догме филм – „Џулиен магаренцето“ (Julien donkey boy“), учесник во натпреварот на 21. „Браќа Манаки“ во 2000 година. За Ентони Дод Ментл, соработката со главниот иницијатор и основач на Догме движењето – Ларс Фон Триер, била неизбежна, од двата филма на провокативната трилогија за Америка: „Кучешки град“ („Dogvil“) oд 2003 година и „Мендерлеј“ (Manderlay) oд 2005 година, до подоцнежниот, исто така кански учесник, уште поконтроверзниот „Антихрист“ („Antichrist“) од 2009 година, во кој Ментл го демонстрирал своето врвно кинематограферско мајсторство. Дод Ментл соработувал и со данската водечка режисерка Лоне Шерфиг во двата филма „Роденденскиот излет“ (The birthday trip), веднаш по завршените филмски студии во 1990 година, како и подоцнежниот „Баш како дома“ („Just like home“) во 2007 година. Ментл му се врати и на режисерот Томас Винтерберг во 2003 како кинематографер на неговиот филм „Сѐ за љубов“ („Аll about love“), со американското актерско трио: Шон Пен, Џоекин Феникс, Клер Дејнс. Со стекнатото искуство, Дод Ментл ја проширува соработката и надвор од Догме кругот, па создава неколку маркантни филмови во неговиот опус, како „127 часа“ („127 Hours“) во 2010 година, во режија на Дени Бојл, со актерот Џејмс Франко, во улогата на автентичен алпинист кој бил 127 часови заглавен меѓу карпи, борејќи се да преживее во амбиентите на еден кањон во Јута). Во филмот „Последниот крал на Шкотска“ („Тhe last king of Scotland“) Ментл го слика актерот Форест Витекер, во личноста на озлогласениот африкански диктатор Иди Амин. Во филмот „Тие прво го убија татко ми“ („First they killed my father“) oд 2017 година, со режисерката Анџелина Џоли, ги реконструираат потресните автентични настани од драмата на една камбоџанска активистка за слобода, која ги преживеала ужасите на смртоносниот режим на Црвените Кмери. Триумфот во кариерата на Дод Ментл се случи во 2009 година, кога го освои едниот од осумте Оскари за филмот „Сиромашниот милионер“ (Slumdog millionaire), во режија на Дени Бојл (со кого, таа година беше отворен јубилејниот 30. по ред фестивал „Брака Манаки“). Така е крунисана и тандемската соработка на Дод Ментл со режисерот Дени Бојл, со кого предходно уште ги снимаше двата ТВ филмови „Комплетно голо издишување во рајот“ („Vaccuming completely nude in paradise“) и „Блудница“ (Strumped), обата реализирани во 2001 година. Потоа следуваа и двата филмови „28 денови подоцна“ („28 days later“) од 2002 година, како и „Милиони“ („Millions“) од 2004 година. По тоа искуство и соработка беше природно комплетното зближување на Ментл со Бојл, кои максимално ефектно ги обединија своите креативни потенцијали во создавање на филм од Оскаровски калибар каков што е „Сиромашниот милионер“ кој им донесе осум Оскари за најдобар кинематографер и режија, како и за најдобар филм. За нивната соработка во ова ремек дело инспирирано од автентичниот живот во индиските сламови, од кои на скоро документаристички начин, Ментл ја доловува драмата на сиромашното момче, 18 годишниот Џамал од предградието на Мумбаи, кој е на дофат на апсолутната среќа да биде милионски добитник на популарната пансветска ТВ шоу игра – „Кој сака да биде милионер?“ Ментл, во една прилика изјави:
Работењето на филмот „Сиромашниот милионер“ беше физички напорно и ментално истоштувачки. Но, со другарство, доверба и разбирање вие можете да го преживеете тоа. Тоа помага ако имате континуирана врска каква што јас имав со Дени, тој е режисер кој држи сѐ во рацете, со многу енергија која ве води до крај, успешно. По сѐ изгледа, светот искрено го засака филмот „Сиромашниот милионер“. Индија ми е многу драга и јас сум среќен што имав удел во создавањето на филмот таму.
Автор: Благоја Куновски – Доре  

The post Ентони Дод Ментл влегува во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>