Фестива РУТА Archives - Република https://republika.mk/tema/festiva-ruta/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 09:09:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фестива РУТА Archives - Република https://republika.mk/tema/festiva-ruta/ 32 32 Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-heda-gabler-gostuva-na-festivalot-ruta-vo-saraevo/ Thu, 23 May 2024 07:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=781008

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во понеделник на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство.

„Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска.
Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг - Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска.

Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално - етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

The post Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево appeared first on Република.

]]>

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во понеделник на 27 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 24 до 29 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство. „Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова – Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска. Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман - Сања Арсовска, Судијата Брак - Зоран Љутков, Јерген Тесман - Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг - Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска. Режисерот Христов посочува дека драмскиот текст „Хеда Габлер“ , низ годините, многупати е поинаку режисерски толкуван и читан, драматуршки адаптиран, структурно видоизменуван, користен како мотив од автори вљубеници во неговото дело. Драмскиот материјал отвора можности внатре во него да се интервенира во согласност со современите театарски концепти, читања, толкувања условени и од општествените промени кои неминовно се случуваат. Денес кога менталното здравје, кризата на идентитет и морално - етичките норми се во фокус на интерес, драмата и Хеда Габлер како (анти)хероина стануваат дополнително актуелни и ги рефлектираат проблематизираните состојби во современото општество.

The post Драмски театар со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Сараево appeared first on Република.

]]>