фекалии Archives - Република https://republika.mk/tema/fekalii/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 10:32:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фекалии Archives - Република https://republika.mk/tema/fekalii/ 32 32 Амзабегово се крена на нозе – Доста е! Свињарската фарма сите фекалии ги испушта директно во река! Не отруја! https://republika.mk/vesti/makedonija/amzabegovo-se-krena-na-noze-dosta-e-svinarskata-farma-site-fekalii-gi-ispushta-direktno-vo-reka-ne-otruja/ Tue, 06 Aug 2024 08:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=803725

Жителите на селото Амзабегово поднесоа Претставка до Државниот иснпекторат за животна средина за инспекциски надзор на фармата во нивното село, тврдејќи дека од истата се испуштаат фекалии во двете реки кои поминуваат низ селото. Тие тврдат дека фармата Уни Агро која се наоѓа на самиот влез од Амзабегово има инсталирано цевки кои фекалиите од објектот ги исфрлаат во самите реки.

Бараме да се изврши дополнителен инспекциски надзор на свињарската фарма Уни Агро од Велес на локација с.  Амзабегово, Свети Николе, поради загадување и испуштање на фекалии во двете реки и поради миризба во самото село. Самата фарма има инсталирано цевки од објектите каде се чуваат  свињите, до самите реки, каде се испуштаат фекалиите од свињите (особено за викендите и празниците) и со самото тоа ги загадуваат реките во должина од 7 километри кои се влеваат во реката Брегалница - стои во барањето на жителите на ова село, кои како доказ за нивните тврдења имаат видеа и фотографии.

Република го посети Амзабегово. Непријатна миризба се шири низ селото во кое живеаат околу 400 луѓе, меѓу кои и деца. Жителите се жалат дека во вечерните часови таа реа е многу посилна, не се поднесува. На самиот влез од селото се наоѓа свињарската фарма, но миризбата е многу посилна за да биде само од постоењето на фармата. Седнати пред локалниот дуќан жителите раскажуваат дека навечер не можат да седнат во двор. Едноставно е неподносливо.

- Многу смрди, особено навечер. Не можеш дете да пуштиш во двор. Ќе ни речат па фарма има во селото. Не е до фармата. Мириса на фекалии. Работеле доста луѓе од селово во таа фарма и сите знаеме што се случува. Од јамата има цевки кои одат кон реката. Се собираат ден-два сите фекалии и после одеднаш се испушта сѝ. Има едни како капаци, само ги креваш и оди сѐ во вода. Од секоја хала е истото, има јама и цевка. А има пет хали вкупно. Фекалиите се испуштаат обично преку една вечер, навечер. Се оди во река. Тоа е амонјак. Го уништија селото. Не можеш да седнеш едно кафе надвор да испиеш. Па уште ветар кога ќе дувне.... - раскажуваат жителите.

Велат дека исто се случува и од прасилиштето. Од објектите каде се чуваат свињите фекалиите се испуштаат во Светиниколска Река, а од прасилиштето пак, каде има три објекти, во помалата река која тие ја нарекуваат Азмак. Двете реки се спојуваат и се влеваат во Брегалница.

На самиот влев, раскажуваат жителите, се собрани купишта фекалии. Не однесоа низ густите трски за да ги видиме цевките кои водат кон реката, а самата река која поминува меѓу ниви пловат фекалии и буквално не се диши.

-На оваа река жените переа јаболии, јоргани. Летно време се собиравме на река, се бањавме. Риби имаше, со обична жица сме фаќаше од што имаше многу риби. Сега ни жаба нема да слушнете. Тоа е смрдеа.  Видете ја водата што тече низ реката после селото. Бела е - револтирано зборуваат амзабеговци.

Тие тврдат дека неколку дена пред да ја поднесат Претставката се расчуло дека жителите се организираат, па за првпат виделе багери како чистат во објектот и ставале тампон. Но како што коментираат, испустот нема да го сопре, реката не може да ја исчисти.

Постојано се жалат на смрдеата, но досега никој ништо нема преземено. Но жителите стануваат се погласни, особено откако изгубија еден свој соселанец кој работеше на фармата. На 8 јануари годинава на лице место од труење од хемиска супстанца почина 45-годишен работник, а неговиот 53-годишен колега, кој притрчал да му помогне е со оштетување на мозокот. Тогаш инспекторатот излезе со став дека починатиот работник на свињарската фарма во светиниколското с. Амзабегово немал респираторна заштита, а според информациите, тој ја отворил решетката која ги поврзува халата со јамата. Тој се симнал во дупката за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата. Обдукцијата треба да покаже од која токсична материја се затрул и починал, а неговиот колега се здобил со тешки повреди на мозокот. Беше најавено дека против сопстевникот на свињарската фарма ќе биде поднесена кривична пријава, бидејќи работодавачот не изготвил и не спровел изјава за безбедност, со спроведување на постапка за проценка на ризик на работните места, потоа не обезбедил потребна обука за безбедност и здравје при работа за работниците, воедно тој не им обезбедил и лична наменска опрема на работниците за респираторна заштита на двајцата работници.

 Месец дена откако почина нашиот соселанец немаше никаква смрдеа. Но после тоа се врати се по старо - додаваат нашите соговорници.

Тие овојпат се решени да ја истераат работата до крај. Се надеваат дека ќе стават крај на оваа еколошка катастрофа која ги принудува да го напуштат селото и нема да дозволат и ова место во источна Македонија да стане село без жители и со срушени куќи.

Став побаравме од Уни Агро. Очекуваме во текот на денешниот ден и тие да ја кажат својата страна за она што се случува со свињарската фарма во Амзабегово.

The post Амзабегово се крена на нозе – Доста е! Свињарската фарма сите фекалии ги испушта директно во река! Не отруја! appeared first on Република.

]]>

Жителите на селото Амзабегово поднесоа Претставка до Државниот иснпекторат за животна средина за инспекциски надзор на фармата во нивното село, тврдејќи дека од истата се испуштаат фекалии во двете реки кои поминуваат низ селото. Тие тврдат дека фармата Уни Агро која се наоѓа на самиот влез од Амзабегово има инсталирано цевки кои фекалиите од објектот ги исфрлаат во самите реки.
Бараме да се изврши дополнителен инспекциски надзор на свињарската фарма Уни Агро од Велес на локација с.  Амзабегово, Свети Николе, поради загадување и испуштање на фекалии во двете реки и поради миризба во самото село. Самата фарма има инсталирано цевки од објектите каде се чуваат  свињите, до самите реки, каде се испуштаат фекалиите од свињите (особено за викендите и празниците) и со самото тоа ги загадуваат реките во должина од 7 километри кои се влеваат во реката Брегалница - стои во барањето на жителите на ова село, кои како доказ за нивните тврдења имаат видеа и фотографии.
Република го посети Амзабегово. Непријатна миризба се шири низ селото во кое живеаат околу 400 луѓе, меѓу кои и деца. Жителите се жалат дека во вечерните часови таа реа е многу посилна, не се поднесува. На самиот влез од селото се наоѓа свињарската фарма, но миризбата е многу посилна за да биде само од постоењето на фармата. Седнати пред локалниот дуќан жителите раскажуваат дека навечер не можат да седнат во двор. Едноставно е неподносливо.
- Многу смрди, особено навечер. Не можеш дете да пуштиш во двор. Ќе ни речат па фарма има во селото. Не е до фармата. Мириса на фекалии. Работеле доста луѓе од селово во таа фарма и сите знаеме што се случува. Од јамата има цевки кои одат кон реката. Се собираат ден-два сите фекалии и после одеднаш се испушта сѝ. Има едни како капаци, само ги креваш и оди сѐ во вода. Од секоја хала е истото, има јама и цевка. А има пет хали вкупно. Фекалиите се испуштаат обично преку една вечер, навечер. Се оди во река. Тоа е амонјак. Го уништија селото. Не можеш да седнеш едно кафе надвор да испиеш. Па уште ветар кога ќе дувне.... - раскажуваат жителите.
Велат дека исто се случува и од прасилиштето. Од објектите каде се чуваат свињите фекалиите се испуштаат во Светиниколска Река, а од прасилиштето пак, каде има три објекти, во помалата река која тие ја нарекуваат Азмак. Двете реки се спојуваат и се влеваат во Брегалница. На самиот влев, раскажуваат жителите, се собрани купишта фекалии. Не однесоа низ густите трски за да ги видиме цевките кои водат кон реката, а самата река која поминува меѓу ниви пловат фекалии и буквално не се диши.
-На оваа река жените переа јаболии, јоргани. Летно време се собиравме на река, се бањавме. Риби имаше, со обична жица сме фаќаше од што имаше многу риби. Сега ни жаба нема да слушнете. Тоа е смрдеа.  Видете ја водата што тече низ реката после селото. Бела е - револтирано зборуваат амзабеговци.
Тие тврдат дека неколку дена пред да ја поднесат Претставката се расчуло дека жителите се организираат, па за првпат виделе багери како чистат во објектот и ставале тампон. Но како што коментираат, испустот нема да го сопре, реката не може да ја исчисти. Постојано се жалат на смрдеата, но досега никој ништо нема преземено. Но жителите стануваат се погласни, особено откако изгубија еден свој соселанец кој работеше на фармата. На 8 јануари годинава на лице место од труење од хемиска супстанца почина 45-годишен работник, а неговиот 53-годишен колега, кој притрчал да му помогне е со оштетување на мозокот. Тогаш инспекторатот излезе со став дека починатиот работник на свињарската фарма во светиниколското с. Амзабегово немал респираторна заштита, а според информациите, тој ја отворил решетката која ги поврзува халата со јамата. Тој се симнал во дупката за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата. Обдукцијата треба да покаже од која токсична материја се затрул и починал, а неговиот колега се здобил со тешки повреди на мозокот. Беше најавено дека против сопстевникот на свињарската фарма ќе биде поднесена кривична пријава, бидејќи работодавачот не изготвил и не спровел изјава за безбедност, со спроведување на постапка за проценка на ризик на работните места, потоа не обезбедил потребна обука за безбедност и здравје при работа за работниците, воедно тој не им обезбедил и лична наменска опрема на работниците за респираторна заштита на двајцата работници.
 Месец дена откако почина нашиот соселанец немаше никаква смрдеа. Но после тоа се врати се по старо - додаваат нашите соговорници.
Тие овојпат се решени да ја истераат работата до крај. Се надеваат дека ќе стават крај на оваа еколошка катастрофа која ги принудува да го напуштат селото и нема да дозволат и ова место во источна Македонија да стане село без жители и со срушени куќи. Став побаравме од Уни Агро. Очекуваме во текот на денешниот ден и тие да ја кажат својата страна за она што се случува со свињарската фарма во Амзабегово.

The post Амзабегово се крена на нозе – Доста е! Свињарската фарма сите фекалии ги испушта директно во река! Не отруја! appeared first on Република.

]]>
Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ преплавен со фекалии https://republika.mk/vesti/skopje/podzemniot-premin-kaj-tts-skopjanka-preplaven-so-fekalii/ Sat, 09 Mar 2024 19:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=753095

Повеќе од една седмица подземниот премин пред трговскиот центар и станбен комплекс „Скопјанка“ на булевар „Кузман Јосифовски Питу' бр. 15 е преплавен со фекалии. Сопствениците на деловните простории и група станари од шесте влеза на комплекс „Скопјанка“ реагираат до АД за стопанисување со деловен простор (ДЕЛПРО), ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје и комуналната и санитарна инспекција на општина Аеродром.

Сопствениците на деловните простории поплавени со фекалии закажуваат состанок пред влезот на подземниот премин во понеделник, 11 март во 9 часот со надлежните служби на АД ДЕЛПРО, ЈП „Водовод и канализација“ и комунална и санитарна инспекција на Општина Аеродром и станари на сите шест влеза од комплексот „Скопјанка“ заради изнаоѓање решение на отстранување на проблемот.

Според кажувањето на сопствениците на деловните простории известени се одговорните служби на АД ДЕЛПРО и ЈП Водовод и канализација Скопје, но до овој момент проблемот се уште не е решен.

Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ е одалечен 200 метри од Железничката станица и 100 метри од порта „Аеродром“, и таму седум дена истекуваат неконтролирано фекалии. Фекалиите го поплавија подземниот премин под булеварот, завршувајќи во деловните простории. На тој начин е блокирано движењето во подземниот премин. Се шири неподнослива смрдеа во околината, а граѓаните се принудени непрописно да го поминуваат булеварот, велат жителите на ТЦ „Скопјанка“.

The post Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ преплавен со фекалии appeared first on Република.

]]>

Повеќе од една седмица подземниот премин пред трговскиот центар и станбен комплекс „Скопјанка“ на булевар „Кузман Јосифовски Питу' бр. 15 е преплавен со фекалии. Сопствениците на деловните простории и група станари од шесте влеза на комплекс „Скопјанка“ реагираат до АД за стопанисување со деловен простор (ДЕЛПРО), ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје и комуналната и санитарна инспекција на општина Аеродром. Сопствениците на деловните простории поплавени со фекалии закажуваат состанок пред влезот на подземниот премин во понеделник, 11 март во 9 часот со надлежните служби на АД ДЕЛПРО, ЈП „Водовод и канализација“ и комунална и санитарна инспекција на Општина Аеродром и станари на сите шест влеза од комплексот „Скопјанка“ заради изнаоѓање решение на отстранување на проблемот. Според кажувањето на сопствениците на деловните простории известени се одговорните служби на АД ДЕЛПРО и ЈП Водовод и канализација Скопје, но до овој момент проблемот се уште не е решен.
Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ е одалечен 200 метри од Железничката станица и 100 метри од порта „Аеродром“, и таму седум дена истекуваат неконтролирано фекалии. Фекалиите го поплавија подземниот премин под булеварот, завршувајќи во деловните простории. На тој начин е блокирано движењето во подземниот премин. Се шири неподнослива смрдеа во околината, а граѓаните се принудени непрописно да го поминуваат булеварот, велат жителите на ТЦ „Скопјанка“.

The post Подземниот премин кај ТЦ „Скопјанка“ преплавен со фекалии appeared first on Република.

]]>
Фекалии во амбулантата за деца со хемато-онколошки заболувања на Клиниката за детски болести https://republika.mk/vesti/makedonija/fekalii-vo-ambulantata-za-detsa-so-hemato-onkoloshki-zaboluvana-na-klinikata-za-detski-bolesti/ Fri, 15 Sep 2023 14:13:44 +0000 https://republika.mk/?p=682215

Фекалии во дел долг од 70 до 80 метри течат во амбулантата за деца со хемато-онколошки заболувања на Клиниката за детски болести, алармираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека од фекалиите поплавени се цели кутии лекови, како и амбулантите за прегледување на пациенти.

Дали некој намерно сака да нема услови за соодветно лечење на пациентите во јавното здравство, едвај се наоѓа кадар за истите, а надлежните веќе неколку месеци не го санираат проблемот? Каде е ДСЗИ - Државниот Здравствен и Санитарен Инспекторат дали има направено увид и дали воопшто биле на увид, прашуваат од Комисијата.

The post Фекалии во амбулантата за деца со хемато-онколошки заболувања на Клиниката за детски болести appeared first on Република.

Во Охридското езеро се испуштаат фекалии, но тоа не влијае на квалитетот на водата, тврдат од ИЈЗ https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-ohridskoto-ezero-se-ispushtaat-fekalii-no-toa-ne-vlijae-na-kvalitetot-na-vodata-tvrdat-od-ijz/ Tue, 18 Jul 2023 15:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=662824

Канализациониот систем во Охрид изграден во 2013 година не функционира, а водите на Охридското Езеро се загадуваат со отпадните води од фекалната канализација, покажале податоците од новиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Додаваат дека присутно е испуштање на санитарни и фекални води директно во речните корита од одредени приватни куќи. Но, бидејќи станува збор за езеро со значителен број на извори, постојано струење на вода, голема водна маса со способност за самопречистување, ова загадување не предизвикува големи промени во класата на водата се вели во Извештајот.

Приватните куќи долж целиот брег како и селските населби: Трпејца, Љубаништа и Радожда за комуналните отпадни води користат септички јами чие празнење на места го врши јавната комунална служба. Во село Радожда, септичките јами од куќите или директно се празнат во езерото, или бидејќи се наоѓаат на самиот брег од плажата понираат во езерото и на тој начин се директни загадувачи на истото, стои во извештајот на ИЈЗ.

Последните анализи пак на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека Водата во Охридското Езеро е чиста и исправна за капење, спорт и рекреација. Има мала деградација на одредени места, но тоа е ситуација што се повторува 3 децении.

Инаку фекалии се влеваат во Охридското езеро, затоа што крајбрежјето не е целосно покриено со Колекторскиот систем. Од институтот за јавно здравје предлагаат целосна изградба и поврзување на колекторскиот систем, како и негова поправка на места каде има дефекти. Да се откријат домаќинствата кои фекалните и другите отпадни води ги исфрлаат директно во речните корита и истите да се приклучат на канализационен систем.

The post Во Охридското езеро се испуштаат фекалии, но тоа не влијае на квалитетот на водата, тврдат од ИЈЗ appeared first on Република.

]]>

Канализациониот систем во Охрид изграден во 2013 година не функционира, а водите на Охридското Езеро се загадуваат со отпадните води од фекалната канализација, покажале податоците од новиот извештај на Институтот за јавно здравје. Додаваат дека присутно е испуштање на санитарни и фекални води директно во речните корита од одредени приватни куќи. Но, бидејќи станува збор за езеро со значителен број на извори, постојано струење на вода, голема водна маса со способност за самопречистување, ова загадување не предизвикува големи промени во класата на водата се вели во Извештајот. Приватните куќи долж целиот брег како и селските населби: Трпејца, Љубаништа и Радожда за комуналните отпадни води користат септички јами чие празнење на места го врши јавната комунална служба. Во село Радожда, септичките јами од куќите или директно се празнат во езерото, или бидејќи се наоѓаат на самиот брег од плажата понираат во езерото и на тој начин се директни загадувачи на истото, стои во извештајот на ИЈЗ. Последните анализи пак на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека Водата во Охридското Езеро е чиста и исправна за капење, спорт и рекреација. Има мала деградација на одредени места, но тоа е ситуација што се повторува 3 децении. Инаку фекалии се влеваат во Охридското езеро, затоа што крајбрежјето не е целосно покриено со Колекторскиот систем. Од институтот за јавно здравје предлагаат целосна изградба и поврзување на колекторскиот систем, како и негова поправка на места каде има дефекти. Да се откријат домаќинствата кои фекалните и другите отпадни води ги исфрлаат директно во речните корита и истите да се приклучат на канализационен систем.

The post Во Охридското езеро се испуштаат фекалии, но тоа не влијае на квалитетот на водата, тврдат од ИЈЗ appeared first on Република.

]]>
Поради скапата струја Охридското езеро ќе се полни со нетретирана фекална вода https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-skapata-struja-ohridskoto-ezero-kje-se-polni-so-netretirana-fekalna-voda/ Sat, 10 Sep 2022 14:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=549479

Поради високите сметки за струја кои почна да ги добива Јавното претпријатие Колекторски систем, може да дојде до еколошка хаварија на Охридското езеро, поради неможноста претпријатието да ги плати, објави Алсат М. Тоа може да доведе до исклучување на колекторскиот систем од струја. Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на електрична енергија и може сите во еден ден да бидат исклучени.

Последната сметка за струја која јавното претпријатие ја добило е 8,5 милиони денари, а претходно сметката била 1,6 милиони.

Екологистите предупредуваат дека ова неработењето на системот за прочистување на отпадната вода ќе значи директно излевање на фекалии во езерото.

Стравувањата се уште поголеми ако се знае дека доаѓа зима, а сметките за струја сигурно ќе бидат поголеми. Дополнително, јавното претпријатие има долг од околу 1 милион евра за неплатени сметки за струја.

The post Поради скапата струја Охридското езеро ќе се полни со нетретирана фекална вода appeared first on Република.

]]>

Поради високите сметки за струја кои почна да ги добива Јавното претпријатие Колекторски систем, може да дојде до еколошка хаварија на Охридското езеро, поради неможноста претпријатието да ги плати, објави Алсат М. Тоа може да доведе до исклучување на колекторскиот систем од струја. Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на електрична енергија и може сите во еден ден да бидат исклучени.
Последната сметка за струја која јавното претпријатие ја добило е 8,5 милиони денари, а претходно сметката била 1,6 милиони. Екологистите предупредуваат дека ова неработењето на системот за прочистување на отпадната вода ќе значи директно излевање на фекалии во езерото. Стравувањата се уште поголеми ако се знае дека доаѓа зима, а сметките за струја сигурно ќе бидат поголеми. Дополнително, јавното претпријатие има долг од околу 1 милион евра за неплатени сметки за струја.

The post Поради скапата струја Охридското езеро ќе се полни со нетретирана фекална вода appeared first on Република.

]]>