ФЕИТ Archives - Република https://republika.mk/tema/feit/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 20:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФЕИТ Archives - Република https://republika.mk/tema/feit/ 32 32 Сиљановска Давкова: На половина пат сме до успешна трансформација на високото образование, потребен е дијалог меѓу науката, политиката и општеството https://republika.mk/vesti/silanovska-davkova-na-polovina-pat-sme-do-uspeshna-transformatsija-na-visokoto-obrazovanie-potreben-e-dijalog-megu-naukata-politikata-i-opshtestvoto/ Tue, 18 Jun 2024 20:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=788897

За да го спречиме одливот на мозоци, како еден од најголемите ризици за идниот развој на науката, потребни ни се севкупни и темелни реформи во државата, и пред сè, во високото образование. Повикувам на храбар политички исчекор во соочувањето со дведецениската криза во високото образование и истражувањето. Неопходната интеграција на науката и нејзините резултати во општествениот развој, е можна само преку градење партиципативна политичка и општествена култура за континуиран научно, економски, политички и општествен дијалог, порача вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

На Свечената академија по повод 65 години од формирањето на ФЕИТ, таа потенцира дека мора да се зголеми издвојувањето за науката барем на, како што рече, скромни 1 отсто.

- Мора да се поддржи и стимулира научно-истражувачката работа, да се модернизира научната инфраструктура, односно лабораториската опрема, да се олесни пристапот до базата на податоци. Треба да формираме национален фонд за научно истражување со сигурно финансирање и независно управување.  Неопходна е меритократска , објективна и транспарентна постапка за селекција односно избор на научни проекти проекти, како и грижа за најдобрите студенти, магистранти и докторанти. Мора да бидеме во постојан контакт со научниците од дијаспората.  Затоа во рамките на Советот за соработка со дијаспората, јас ќе се обидам да ја вклучам и оваа диимензија, нагласи Сиљановска Давкова.

Според неа, треба да се заострат критериумите за академската кариера, односно напредување, треба да се зајакне регионалната и меѓународна соработка, интеграцијата во европската истражувачка зона, афирмацијата на македонската наука во светот.

- Мора да се дебирократизира управувањето со финансиите од меѓународни извори и тие да не се третираат како дел од државниот буџет. Треба да се вложува во универзитетската администрација, односно во нејзината континуирана обука и компетенции.  Мора да дебитираме на Шангајската листа на 500 најдобри универзитети, рече претседателката.

Според неа, образованието и науката не се само задача и обврска на професорите, истражувачите и студентите.

- Сè уште сме на половина пат до успешна трансформација на високото образование, а за неа е потребен дијалог меѓу науката, политиката и општеството. Нужна е општествено  одговорна уписна политика и координирана развојна образовна политика. Ние мораме да го охрабриме и поддржиме научниот подмладок и научно-истражувачката работа преку реформирање на финансирањето на високо-образовните институции, согласно европските стандарди, рече Сиљановска Давкова.

Не смееме да заборавиме, како што рече, дека наша примарна цел се конкурентното образование и наука.

- Тоа подразбира инвестирање во истражувањето и во развојот на современите технологии. Треба да им помогнеме на младите инженери и програмери да се вклучат во македонските иновациски системи, кои што привлекуваат инвестиции и ги задржуваат дома. Мора да ги следиме глобалните трендови што го диктираат развојот на националните економии и придонесуваат за благосостојбата и напредокот на целото општество. Целта на образованието е да се образуваат кадри што ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот и со својот индивидуален успех, ќе придонесуваат за колективниот македонски успех. Ако не вложуваме во нивната сегашност, не можеме да вложуваме ни во нивната иднина, ниту во економската иднина на нашата земја, рече Сиљановска Давкова.

The post Сиљановска Давкова: На половина пат сме до успешна трансформација на високото образование, потребен е дијалог меѓу науката, политиката и општеството appeared first on Република.

]]>

За да го спречиме одливот на мозоци, како еден од најголемите ризици за идниот развој на науката, потребни ни се севкупни и темелни реформи во државата, и пред сè, во високото образование. Повикувам на храбар политички исчекор во соочувањето со дведецениската криза во високото образование и истражувањето. Неопходната интеграција на науката и нејзините резултати во општествениот развој, е можна само преку градење партиципативна политичка и општествена култура за континуиран научно, економски, политички и општествен дијалог, порача вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова. На Свечената академија по повод 65 години од формирањето на ФЕИТ, таа потенцира дека мора да се зголеми издвојувањето за науката барем на, како што рече, скромни 1 отсто.
- Мора да се поддржи и стимулира научно-истражувачката работа, да се модернизира научната инфраструктура, односно лабораториската опрема, да се олесни пристапот до базата на податоци. Треба да формираме национален фонд за научно истражување со сигурно финансирање и независно управување.  Неопходна е меритократска , објективна и транспарентна постапка за селекција односно избор на научни проекти проекти, како и грижа за најдобрите студенти, магистранти и докторанти. Мора да бидеме во постојан контакт со научниците од дијаспората.  Затоа во рамките на Советот за соработка со дијаспората, јас ќе се обидам да ја вклучам и оваа диимензија, нагласи Сиљановска Давкова.
Според неа, треба да се заострат критериумите за академската кариера, односно напредување, треба да се зајакне регионалната и меѓународна соработка, интеграцијата во европската истражувачка зона, афирмацијата на македонската наука во светот.
- Мора да се дебирократизира управувањето со финансиите од меѓународни извори и тие да не се третираат како дел од државниот буџет. Треба да се вложува во универзитетската администрација, односно во нејзината континуирана обука и компетенции.  Мора да дебитираме на Шангајската листа на 500 најдобри универзитети, рече претседателката.
Според неа, образованието и науката не се само задача и обврска на професорите, истражувачите и студентите.
- Сè уште сме на половина пат до успешна трансформација на високото образование, а за неа е потребен дијалог меѓу науката, политиката и општеството. Нужна е општествено  одговорна уписна политика и координирана развојна образовна политика. Ние мораме да го охрабриме и поддржиме научниот подмладок и научно-истражувачката работа преку реформирање на финансирањето на високо-образовните институции, согласно европските стандарди, рече Сиљановска Давкова.
Не смееме да заборавиме, како што рече, дека наша примарна цел се конкурентното образование и наука.
- Тоа подразбира инвестирање во истражувањето и во развојот на современите технологии. Треба да им помогнеме на младите инженери и програмери да се вклучат во македонските иновациски системи, кои што привлекуваат инвестиции и ги задржуваат дома. Мора да ги следиме глобалните трендови што го диктираат развојот на националните економии и придонесуваат за благосостојбата и напредокот на целото општество. Целта на образованието е да се образуваат кадри што ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот и со својот индивидуален успех, ќе придонесуваат за колективниот македонски успех. Ако не вложуваме во нивната сегашност, не можеме да вложуваме ни во нивната иднина, ниту во економската иднина на нашата земја, рече Сиљановска Давкова.

The post Сиљановска Давкова: На половина пат сме до успешна трансформација на високото образование, потребен е дијалог меѓу науката, политиката и општеството appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: ФЕИТ има сериозен придонес во осовременувањето на наставно-образовниот процес и во создавањето технолошки лидери https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-feit-ima-seriozen-pridones-vo-osovremenuvaneto-na-nastavno-obrazovniot-protses-i-vo-sozdavaneto-tehnoloshki-lideri/ Tue, 18 Jun 2024 20:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=788894

ФЕИТ со севкупната работа, проекти, истражувања, иновации и следењето на глобалните образовни и научни текови, неспорно е дека е успешен и релевантен пример на добри образовни и научни практики. За мене ФЕИТ е пионер во создавањето профили на кадри соодветни на новите потреби на третиот милениум. ФЕИТ е конкурентен на меѓународниот образовен и научен пазар со намјногу објавени трудови со импакт фактор. ФЕИТ е родно место на информатиката, на техничките системи, на фотоволтаиците, соопшти вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Свечената академија по повод 65 години од формирањето на Факултетот за електротхеника и информациски технологии (ФЕИТ).

Нагласи дека овој факултет е еден од најпрестижните во рамки на најстариот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје.

- ФЕИТ може да се пофали со меѓународна акредитација на студиските програми од страна на АСИИН, германскиот Институт за евалуација. Алумни на ФЕИТ се професори на престижни светски универзитети.  Поранешни студенти на ФЕИТ се познати менаџери во најдобрите компании.  Бившиот премиер, Бранко Црвенковски е алумни на ФЕИТ. И идниот премиер Христијан Мицковски е професор на ФЕИТ. Од ФЕИТ се и академиците: Леонид Грчев, Љупчо Коцарев, кој премина потоа на ФИНКИ  и Зоран Хаџи Велков. ФЕИТ бил експертска и инженерска база за изградба на македонската електро – енергетска инфраструктура, како и за телекомуникациската структура, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

ФЕИТ, како што рече, со своите 10 институти и 18 лаборатории во кои постојано се вложуваат средства има лидерска улога во учеството во меѓународни проекти како што се  Хорајзон, Еразмус и  многу други. Манифестациите „Инженерски прстен“ и Мајлстоун програмата, исто така, даваат огромен придонес за развојот на инженерството и претставуваат мотивација за сегашните студенти, идни инженери.

Според неа, ФЕИТ заедницата го негува и спортот, зајакнувајќи ги телото и духот преку хајкингот, велосипедизмот, трчањето.

- Интерната евалуација покажува хуман однос меѓу професорите и студентите на ФЕИТ, што прави од факултетот пристојно место за образовен живот и фер натпревар. Честитки за резултатите коишто ги постигнавте, резултати коишто ги преминуваат нашите национални граници, резултати коишто меѓународната академска јавност ги препознава и вреднува, рече Сиљановска Давкова.

Таа потенцира дека и во време на економска криза, македонската ИТ индустрија бележеше и бележи континуиран раст. - Оправдано, ФЕИТ денес е еден од најпопуларните факултети кај младата популација. Но, ако се стремиме кон успешна дигитална иднина, не смееме да заборавиме на нашиот најголем предизвик: мораме да ја задржиме тука, дома младата, дигитална генерација, рече Сиљановска Давкова.

Претседателката нагласи дека ФЕИТ, како членка на УКИМ, има сериозен придонес во осовременувањето на наставно - образовниот процес, во создавањето на технолошки лидери и во јакнењето на врските со македонското стопанство.

- Посакувам вашето европско досие да биде инспирација за сите идни студенти и инженери во градењето на модерниот технолошки свет. Посакувам Одборот за евалуација да го следи примерот на ФЕИТ. Посакувам меѓународна евалуција на сите македонски високообразовни институции. Посакувам блиска соработка меѓу ФЕИТ и ФИНКИ, ФЕИТ и Машинскиот факултет и ФЕИТ и факултетите ширум светот, рече Сиљановска Давкова, честитајќи им го јубилејот на професорите и студентите.

Продолжете, како што рече, да бидете двигатели на позитивните промени и менувачи на образовниот и научниот натпревар.  - ФЕИТ едноставно е ФЕИТ на извонредност, потенцира Сиљановска Давкова.

На свечената академија се обратија ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и деканот на ФЕИТ проф. д-р Владимир Атанасовски. По свечената академија беа промовирани магистри и дипломирани инженери за 2024 година.

The post Сиљановска Давкова: ФЕИТ има сериозен придонес во осовременувањето на наставно-образовниот процес и во создавањето технолошки лидери appeared first on Република.

]]>

ФЕИТ со севкупната работа, проекти, истражувања, иновации и следењето на глобалните образовни и научни текови, неспорно е дека е успешен и релевантен пример на добри образовни и научни практики. За мене ФЕИТ е пионер во создавањето профили на кадри соодветни на новите потреби на третиот милениум. ФЕИТ е конкурентен на меѓународниот образовен и научен пазар со намјногу објавени трудови со импакт фактор. ФЕИТ е родно место на информатиката, на техничките системи, на фотоволтаиците, соопшти вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Свечената академија по повод 65 години од формирањето на Факултетот за електротхеника и информациски технологии (ФЕИТ). Нагласи дека овој факултет е еден од најпрестижните во рамки на најстариот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје.
- ФЕИТ може да се пофали со меѓународна акредитација на студиските програми од страна на АСИИН, германскиот Институт за евалуација. Алумни на ФЕИТ се професори на престижни светски универзитети.  Поранешни студенти на ФЕИТ се познати менаџери во најдобрите компании.  Бившиот премиер, Бранко Црвенковски е алумни на ФЕИТ. И идниот премиер Христијан Мицковски е професор на ФЕИТ. Од ФЕИТ се и академиците: Леонид Грчев, Љупчо Коцарев, кој премина потоа на ФИНКИ  и Зоран Хаџи Велков. ФЕИТ бил експертска и инженерска база за изградба на македонската електро – енергетска инфраструктура, како и за телекомуникациската структура, изјави претседателката Сиљановска Давкова.
ФЕИТ, како што рече, со своите 10 институти и 18 лаборатории во кои постојано се вложуваат средства има лидерска улога во учеството во меѓународни проекти како што се  Хорајзон, Еразмус и  многу други. Манифестациите „Инженерски прстен“ и Мајлстоун програмата, исто така, даваат огромен придонес за развојот на инженерството и претставуваат мотивација за сегашните студенти, идни инженери. Според неа, ФЕИТ заедницата го негува и спортот, зајакнувајќи ги телото и духот преку хајкингот, велосипедизмот, трчањето.
- Интерната евалуација покажува хуман однос меѓу професорите и студентите на ФЕИТ, што прави од факултетот пристојно место за образовен живот и фер натпревар. Честитки за резултатите коишто ги постигнавте, резултати коишто ги преминуваат нашите национални граници, резултати коишто меѓународната академска јавност ги препознава и вреднува, рече Сиљановска Давкова.
Таа потенцира дека и во време на економска криза, македонската ИТ индустрија бележеше и бележи континуиран раст. - Оправдано, ФЕИТ денес е еден од најпопуларните факултети кај младата популација. Но, ако се стремиме кон успешна дигитална иднина, не смееме да заборавиме на нашиот најголем предизвик: мораме да ја задржиме тука, дома младата, дигитална генерација, рече Сиљановска Давкова. Претседателката нагласи дека ФЕИТ, како членка на УКИМ, има сериозен придонес во осовременувањето на наставно - образовниот процес, во создавањето на технолошки лидери и во јакнењето на врските со македонското стопанство.
- Посакувам вашето европско досие да биде инспирација за сите идни студенти и инженери во градењето на модерниот технолошки свет. Посакувам Одборот за евалуација да го следи примерот на ФЕИТ. Посакувам меѓународна евалуција на сите македонски високообразовни институции. Посакувам блиска соработка меѓу ФЕИТ и ФИНКИ, ФЕИТ и Машинскиот факултет и ФЕИТ и факултетите ширум светот, рече Сиљановска Давкова, честитајќи им го јубилејот на професорите и студентите.
Продолжете, како што рече, да бидете двигатели на позитивните промени и менувачи на образовниот и научниот натпревар.  - ФЕИТ едноставно е ФЕИТ на извонредност, потенцира Сиљановска Давкова. На свечената академија се обратија ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и деканот на ФЕИТ проф. д-р Владимир Атанасовски. По свечената академија беа промовирани магистри и дипломирани инженери за 2024 година.

The post Сиљановска Давкова: ФЕИТ има сериозен придонес во осовременувањето на наставно-образовниот процес и во создавањето технолошки лидери appeared first on Република.

]]>
53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки https://republika.mk/vesti/makedonija/53-otsto-od-novite-inzheneri-i-magistri-na-feit-se-devojki/ Tue, 20 Jun 2023 11:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=653364

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките факултети.

Просечното времетраење на студирањето на новите инженери изнесува 5 години, 2 месеци и 21 ден, а најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е 3 години и 9 месеци. Просечната оцена на студирање што ја постигнале студентите што ги промовираме вечерва е 7,93.

На свеченоста беа доделени плакати и награди на најдобрите дипломци. Со просечна оценка над 9 завршија 16 инженери, а кои студиите ги започнале во 2018/19 година.

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии проф. д-р Димитар Ташковски ги повика новодипломираните инженери и магистри да бидат храбри да го употребат знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнаа на ФЕИТ.

Само преку заеднички напори и стратегии, нашата држава може да направи значителен напредок во областа на истражувањето, развојот и иновациите со што нашата економија може да стане конкурентна на меѓународниот пазар. Вие сте тие кои ќе овозможат да дојдеме до тие промени. Знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнавте на ФЕИТ се ваша голема компаративна предност. Научени сте да прашувате, да истражувате и критички да размислувате што е многу битно во ерата на вештачката интелигенција и 4-тата индустриска револуција. Способноста за иновации и изразување на креативноста станува сẻ повредна во денешниот свет, и тоа дипломирани студенти и магистри на ФЕИТ е Вашата шанса за успех, Затоа немам дилема дека иднината ви припаѓа Вам“, порача во своето обраќање деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски.

Задржувајќи се на потребата во државава да се задржат талентите кои се основниот ресурс на најсилните држави, а кои силата ја црпат од високотехнолошкиот сектор, деканот на ФЕИТ проф. д-р Ташковски потсети дека „потребна е координирана акција и соработка помеѓу владините институции, академската заедница, приватниот сектор и младите таленти“ за да се зголеми бројот на инженери кои во нашата држава ќе имаат можност да го искористат своето знаење и креативен потенцијал преку истражувања и иновации.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски ги охрабри новите инженери и магистри да го продолжат својот развоен пат на магистерски и докторски студии на првиот македонски државен универзитет, кој годинава одбележува 74 години од своето основање.

The post 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки appeared first on Република.

]]>

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките факултети. Просечното времетраење на студирањето на новите инженери изнесува 5 години, 2 месеци и 21 ден, а најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е 3 години и 9 месеци. Просечната оцена на студирање што ја постигнале студентите што ги промовираме вечерва е 7,93. На свеченоста беа доделени плакати и награди на најдобрите дипломци. Со просечна оценка над 9 завршија 16 инженери, а кои студиите ги започнале во 2018/19 година. Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии проф. д-р Димитар Ташковски ги повика новодипломираните инженери и магистри да бидат храбри да го употребат знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнаа на ФЕИТ.
Само преку заеднички напори и стратегии, нашата држава може да направи значителен напредок во областа на истражувањето, развојот и иновациите со што нашата економија може да стане конкурентна на меѓународниот пазар. Вие сте тие кои ќе овозможат да дојдеме до тие промени. Знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнавте на ФЕИТ се ваша голема компаративна предност. Научени сте да прашувате, да истражувате и критички да размислувате што е многу битно во ерата на вештачката интелигенција и 4-тата индустриска револуција. Способноста за иновации и изразување на креативноста станува сẻ повредна во денешниот свет, и тоа дипломирани студенти и магистри на ФЕИТ е Вашата шанса за успех, Затоа немам дилема дека иднината ви припаѓа Вам“, порача во своето обраќање деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски.
Задржувајќи се на потребата во државава да се задржат талентите кои се основниот ресурс на најсилните држави, а кои силата ја црпат од високотехнолошкиот сектор, деканот на ФЕИТ проф. д-р Ташковски потсети дека „потребна е координирана акција и соработка помеѓу владините институции, академската заедница, приватниот сектор и младите таленти“ за да се зголеми бројот на инженери кои во нашата држава ќе имаат можност да го искористат своето знаење и креативен потенцијал преку истражувања и иновации. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски ги охрабри новите инженери и магистри да го продолжат својот развоен пат на магистерски и докторски студии на првиот македонски државен универзитет, кој годинава одбележува 74 години од своето основање.  

The post 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки appeared first on Република.

]]>
Сте направиле вистински избор на образование, државата има голема потреба од вашите квалитети, им кажа Шаќири на дипломците и магистрите на ФЕИТ https://republika.mk/vesti/makedonija/ste-napravile-vistinski-izbor-na-obrazovanie-drzhavata-ima-golema-potreba-od-vashite-kvaliteti-im-kazha-shakiri-na-diplomtsite-i-magistrite-na-feit/ Tue, 20 Jun 2023 08:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=653285

Со самиот избор за продолжување на образованието на овој факултет, сте ја направиле најголемата инвестиција во вашите животи. Да се инвестира во знаење и образование е најсигурна и најисплатлива одлука. Вие сте сега личности кои се стекнале со вештини и компетенции, подготвени стручно и професионално да се справуваат со предизвиците на новото време. Кадар сте, кој е баран и дефицитарен на пазарот на трудот, така што сигурен сум дека ќе имате можности за добра заработка и за професионален и кариерен развој.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на промоцијата на новата генерација дипломци и магистри на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, оценувајќи дека токму овој млад и квалификуван кадар ќе даде голем придонес во развојот на државата и нејзиното меѓународно интегрирање од аспект на конкурентност на стопанството, знаењето и технологијата.

Верувам дека голем број матуранти ќе го следат вашиот пример и ова е добра прилика во пресрет на претстојните уписи во високо образование, да упатам порака до нив, доколку имаат афинитети кон електротехниката и информатичката област, да одберат се образуваат на оваа високообразовна установа, за која сум убеден дека и во иднина не само што ќе ги одржува, туку и континуирано ќе ги подигнува стандардите за квалитет на настава и за спроведување на научно – истражувачка дејност, додаде министерот.

Изрази благодарност до професорите и до сиот кадар кој работи на оваа високообразовна установа, потенцирајќи дека овие нови генерации и сите претходни кои веќе успешно работат во дејноста се потврда за добро исполнетата образовна мисија.

The post Сте направиле вистински избор на образование, државата има голема потреба од вашите квалитети, им кажа Шаќири на дипломците и магистрите на ФЕИТ appeared first on Република.

]]>

Со самиот избор за продолжување на образованието на овој факултет, сте ја направиле најголемата инвестиција во вашите животи. Да се инвестира во знаење и образование е најсигурна и најисплатлива одлука. Вие сте сега личности кои се стекнале со вештини и компетенции, подготвени стручно и професионално да се справуваат со предизвиците на новото време. Кадар сте, кој е баран и дефицитарен на пазарот на трудот, така што сигурен сум дека ќе имате можности за добра заработка и за професионален и кариерен развој. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на промоцијата на новата генерација дипломци и магистри на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, оценувајќи дека токму овој млад и квалификуван кадар ќе даде голем придонес во развојот на државата и нејзиното меѓународно интегрирање од аспект на конкурентност на стопанството, знаењето и технологијата.