федерико валверде Archives - Република https://republika.mk/tema/federiko-valverde/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Jul 2022 15:34:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png федерико валверде Archives - Република https://republika.mk/tema/federiko-valverde/ 32 32 Валверде издрогиран, па ограбен во истата куќа каде што го ограбија Верати: Се сомневаат на готвачот https://republika.mk/sport/fudbal/sheficata-na-mmf-ne-ja-iskluchuva-moznosta-za-globalna-recesija-2/ Sat, 09 Jul 2022 16:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=526300

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, бил ограбен во шпанското одморалиште Ибица, каде бил на одмор со својата девојка Мина Бонино, објавија денеска шпанските медиуми.

Кон крајот на јуни на истото место беше ограбен и фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати, кој беше на одмор со сопругата Џесика Еди. Криминалците тогаш му одзеле на Италијанецот накит, пари и други работи вредни околу три милиони евра.

Валверде поминал подобро бидејќи сумата што исчезнала е многу помала, а неговата поубава половина смета дека во се е вмешан готвачот кој ги пречекал.

„Кога стигнавме до куќата, готвачот веќе беше таму, ни рече дека во моментот има само еден клуч од куќата и дека ќе го задржи за да влезе во куќата наутро и да ни подготви појадок без да нè вознемирува. Следното утро не можев да станам од креветот, ми се вртеше, повраќав“, рекла Бонино, пренесуваат шпанските медиуми.

Девојката на Валверде сфатила дека биле ограбени кога успеала да се симне долу.

„Еден час подоцна едвај станав и се симнав на приземје, каде што коферите ни беа претресени. Некако најдов паричник во багажникот, но тој беше празен. Ни украдоа 10.000 евра. Потоа се појави готвачот и рече дека било исто кога тој дошол во куќата“, изјави избраничката на Валверде.

The post Валверде издрогиран, па ограбен во истата куќа каде што го ограбија Верати: Се сомневаат на готвачот appeared first on Република.

]]>

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, бил ограбен во шпанското одморалиште Ибица, каде бил на одмор со својата девојка Мина Бонино, објавија денеска шпанските медиуми. Кон крајот на јуни на истото место беше ограбен и фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати, кој беше на одмор со сопругата Џесика Еди. Криминалците тогаш му одзеле на Италијанецот накит, пари и други работи вредни околу три милиони евра. Валверде поминал подобро бидејќи сумата што исчезнала е многу помала, а неговата поубава половина смета дека во се е вмешан готвачот кој ги пречекал.