Фебиофест Archives - Република https://republika.mk/tema/febiofest/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Mar 2022 10:13:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фебиофест Archives - Република https://republika.mk/tema/febiofest/ 32 32 „Фебиофест“му ja одзема наградата за животно дело на Кустурица поради поддршка на Русија https://republika.mk/scena/film/febiofest-mu-ja-odzema-nagradata-za-zivotno-delo-na-kusturica-poradi-poddrshka-na-rusija/ Tue, 01 Mar 2022 10:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=465767

Основачот на чешкиот филмски фестивал „Фебиофест“, Феро Фенич побара, поради поддршката за Русија, на босанскиот режисер Емир Кустурица да му биде одземена наградата што ја доби во 2017 година за неговиот придонес во светската кинематографија.

Кустурица неодамна ја прифати понудата на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, да ја преземе функцијата генерален директор на Централниот академски театар на руската армија. Фенич изјави дека уште во 2017 година бил против Кустурица да му биде доделена наградата бидејќи „режисерот и тогаш им се восхитувал на тоталитарните лидери“. Тој додаде дека смета оти Кустурица, иако талентиран, не ги исполнува етичките, моралните и демократските вредности и критериумите што треба да се имаат.

Тоа се вредностите за кои се залагаме, врз основа на коишто настана фестивалот по Свилената револуција. Ниту едно уметничко дело не може да се одвои од овие вредности. Тогаш раководството на Фестивалот не ме послуша. Сега повторно барам „Фебиофест“ да му ја одземе почесната награда, рече Фенич.

Предлогот го прифати и директорот на Фестивалот – Камил Спацил, а чешките медиуми јавуваат дека наградата на Кустурица најверојатно наскоро ќе му биде одземена.

The post „Фебиофест“му ja одзема наградата за животно дело на Кустурица поради поддршка на Русија appeared first on Република.

]]>

Основачот на чешкиот филмски фестивал „Фебиофест“, Феро Фенич побара, поради поддршката за Русија, на босанскиот режисер Емир Кустурица да му биде одземена наградата што ја доби во 2017 година за неговиот придонес во светската кинематографија. Кустурица неодамна ја прифати понудата на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, да ја преземе функцијата генерален директор на Централниот академски театар на руската армија. Фенич изјави дека уште во 2017 година бил против Кустурица да му биде доделена наградата бидејќи „режисерот и тогаш им се восхитувал на тоталитарните лидери“. Тој додаде дека смета оти Кустурица, иако талентиран, не ги исполнува етичките, моралните и демократските вредности и критериумите што треба да се имаат.