фатон ахмети Archives - Република https://republika.mk/tema/faton-ahmeti/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jan 2024 23:24:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фатон ахмети Archives - Република https://republika.mk/tema/faton-ahmeti/ 32 32 Еве кои се тепачите: Зетот полицаец на генералниот секретар во ДУИ го натепал братот на Башким Хасани кој се одметна во фракцијата на Меџити https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-koi-se-tepachite-zetot-politsaets-na-generalniot-sekretar-vo-dui-go-natepal-bratot-na-bashkim-hasani-koj-se-odmetna-vo-fraktsijata-na-medhiti/ Fri, 05 Jan 2024 07:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=729814

Република“ од свои извори дознава кои се лицата кои посредно и непосредно учестуваа во вчерашната тепачка во просториите на М-НАВ.„Првоосомничен“ е Беким Незири, актуелен претседател на огранокот на ДУИ во Чаир и поранешен министер за економија.Незири бил вработен како советник во М-НАВ.

Покрај, Незири главен „тепач“ бил зетот на Фатон Ахмети. Ахмети е генерален сектетар во ДУИ, а неговиот зет е полицаец од Тетово.

Полицаецот во просториите на М-НАВ го натепал братот на Башким Хасани. Хасани беше поранешен заменик на одбрана но откако стана дел од фракцијата на Изет Меџити го разрешија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fino-drushtvo-poraneshen-minister-politsaets-i-litse-osudeno-za-pukane-go-napadnale-m-nav/

The post Еве кои се тепачите: Зетот полицаец на генералниот секретар во ДУИ го натепал братот на Башким Хасани кој се одметна во фракцијата на Меџити appeared first on Република.

]]>

Република“ од свои извори дознава кои се лицата кои посредно и непосредно учестуваа во вчерашната тепачка во просториите на М-НАВ.„Првоосомничен“ е Беким Незири, актуелен претседател на огранокот на ДУИ во Чаир и поранешен министер за економија.Незири бил вработен како советник во М-НАВ. Покрај, Незири главен „тепач“ бил зетот на Фатон Ахмети. Ахмети е генерален сектетар во ДУИ, а неговиот зет е полицаец од Тетово. Полицаецот во просториите на М-НАВ го натепал братот на Башким Хасани. Хасани беше поранешен заменик на одбрана но откако стана дел од фракцијата на Изет Меџити го разрешија. https://republika.mk/vesti/makedonija/fino-drushtvo-poraneshen-minister-politsaets-i-litse-osudeno-za-pukane-go-napadnale-m-nav/

The post Еве кои се тепачите: Зетот полицаец на генералниот секретар во ДУИ го натепал братот на Башким Хасани кој се одметна во фракцијата на Меџити appeared first on Република.

]]>
Асаф Абдурамани нов в.д директор на фондот за здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/asaf-abduramani-nov-v-d-direktor-na-fondot-za-zdravstvo/ Tue, 15 Aug 2023 15:42:22 +0000 https://republika.mk/?p=672419

Владата на денешната седница ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, соопштија од владината прес-служба.

Претходно, Ахмети на својата страница на Фејсбук информираше дека си поднел оставка.

- Ве известувам дека денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на оваа функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша Ахмети.

Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување.

The post Асаф Абдурамани нов в.д директор на фондот за здравство appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, соопштија од владината прес-служба. Претходно, Ахмети на својата страница на Фејсбук информираше дека си поднел оставка.
- Ве известувам дека денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на оваа функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша Ахмети.
Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување.

The post Асаф Абдурамани нов в.д директор на фондот за здравство appeared first on Република.

]]>
Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на ФЗО https://republika.mk/vesti/makedonija/faton-ahmeti-podnese-ostavka-na-funktsijata-direktor-na-fzo/ Tue, 15 Aug 2023 11:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=672326

Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на Фонд за здравство (ФЗО). Ахмети е кадар на владејачката ДУИ. Тој преку својот фејсбук профил објави:

Почитувани соработници и сопартијци,

ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција.

Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша на Фејсбук.

ФЗО од поодамна има двајца директори, едниот поставен од владејачката партија, другиот од нејзиниот коалициски партнер од политичкиот блок на Албанците. Директор на Фондот е Магдалена Филиповска Грашкоска. Таа ја делеше функцијата со Ахмети.

The post Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на ФЗО appeared first on Република.

]]>

Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на Фонд за здравство (ФЗО). Ахмети е кадар на владејачката ДУИ. Тој преку својот фејсбук профил објави:
Почитувани соработници и сопартијци, ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша на Фејсбук.
ФЗО од поодамна има двајца директори, едниот поставен од владејачката партија, другиот од нејзиниот коалициски партнер од политичкиот блок на Албанците. Директор на Фондот е Магдалена Филиповска Грашкоска. Таа ја делеше функцијата со Ахмети.

The post Фатон Ахмети поднесе оставка на функцијата директор на ФЗО appeared first on Република.

]]>
Директорот на ФЗОМ кој е на одмор додека системот е хакиран: Престојувам во САД, патувањето беше испланирано одамна https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-fzom-koj-e-na-odmor-dodeka-sistemot-e-hakiran-prestojuvam-vo-sad-patuvaneto-beshe-isplanirano-odamna/ Wed, 22 Feb 2023 18:23:28 +0000 https://republika.mk/?p=612308

Вториот директор на Фондот за здравствено осигурување Фатон Ахмети преку објава на својот фејсбук-профил вечерва се обиде да ги објасни причините зошто не беше заедно со директорката на Фондот, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешниот брифинг со новинарите.

Ахмети посочува дека патувањето му било планирано пред неколку месеци. Во Соединетите Американски Држави престојува на покана на Стејт департментот на програмата ИВЛП. Сепак, потврдува дека за патувањето користи годишен одмор, а не можноста за службено патување, но тоа, како што потенцира, било поради коректност кон институцијата во која е директор.

Како последица на многубројните дезинформации и со цел правилно информирање на јавноста, принуден сум да објаснам едно прашање. Престојувам во САД, на покана на Стејт департментот на САД, на програмата IVLP. Патувањето е планирано пред неколку месеци. Не сум на годишен одмор во САД! За коректност кон институцијата во која дејствувам, го користам годишниот одмор а не можноста за службено патување. Мојот престој во САД е целосно финансиран од Стејт департаментот на САД. Ниту еден денар не е потрошен од државниот буџет! Во тек на целиот престој бев во контакт и синхронизиран за дејствувањата со колегите од ФЗО, посочува вториот директор на Фондот.

Директорката на Фондот за здравство Магдалена Филиповска-Грашкоска сама го правдаше падот на системот на фондот во кој се слеваат најмногу јавни пари. Дека Ахмети е на одмор потврди и директорката на Филиповска-Грашкоска, но не сакаше да го коментира неговото отсуство и побара од новинарите лично да го прашаат зошто не го прекинал.

Сметам дека би било непрофесионално и некоректно да коментирам во негово име. Колегата е на одмор од пред да се случи нападот, беше известен за ситуацијата и за денешниот брифинг, но, согласно решението, тој е сè уште на одмор, рече таа.

Ахмети, пак, во својата објава на Фејсбук вели дека во текот на целиот престој во САД бил во контакт со колегите од Фондот за здравствено осигурување.

На брифингот не беше присутен ниту раководителот на ИТ-секторот, кој, како што беше соопштено, поради големиот стрес и притисок се разболел и е на боледување.  

На овој човек поради големиот стрес и притисок му се влоши здравствената состојба и замина на боледување пред неколку дена, рече директорката пред новинарите.

The post Директорот на ФЗОМ кој е на одмор додека системот е хакиран: Престојувам во САД, патувањето беше испланирано одамна appeared first on Република.

]]>

Вториот директор на Фондот за здравствено осигурување Фатон Ахмети преку објава на својот фејсбук-профил вечерва се обиде да ги објасни причините зошто не беше заедно со директорката на Фондот, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешниот брифинг со новинарите. Ахмети посочува дека патувањето му било планирано пред неколку месеци. Во Соединетите Американски Држави престојува на покана на Стејт департментот на програмата ИВЛП. Сепак, потврдува дека за патувањето користи годишен одмор, а не можноста за службено патување, но тоа, како што потенцира, било поради коректност кон институцијата во која е директор.
Како последица на многубројните дезинформации и со цел правилно информирање на јавноста, принуден сум да објаснам едно прашање. Престојувам во САД, на покана на Стејт департментот на САД, на програмата IVLP. Патувањето е планирано пред неколку месеци. Не сум на годишен одмор во САД! За коректност кон институцијата во која дејствувам, го користам годишниот одмор а не можноста за службено патување. Мојот престој во САД е целосно финансиран од Стејт департаментот на САД. Ниту еден денар не е потрошен од државниот буџет! Во тек на целиот престој бев во контакт и синхронизиран за дејствувањата со колегите од ФЗО, посочува вториот директор на Фондот.
Директорката на Фондот за здравство Магдалена Филиповска-Грашкоска сама го правдаше падот на системот на фондот во кој се слеваат најмногу јавни пари. Дека Ахмети е на одмор потврди и директорката на Филиповска-Грашкоска, но не сакаше да го коментира неговото отсуство и побара од новинарите лично да го прашаат зошто не го прекинал.
Сметам дека би било непрофесионално и некоректно да коментирам во негово име. Колегата е на одмор од пред да се случи нападот, беше известен за ситуацијата и за денешниот брифинг, но, согласно решението, тој е сè уште на одмор, рече таа.
Ахмети, пак, во својата објава на Фејсбук вели дека во текот на целиот престој во САД бил во контакт со колегите од Фондот за здравствено осигурување. На брифингот не беше присутен ниту раководителот на ИТ-секторот, кој, како што беше соопштено, поради големиот стрес и притисок се разболел и е на боледување.  