фатмир бетиќи Archives - Република https://republika.mk/tema/fatmir-betikji/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 20:16:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фатмир бетиќи Archives - Република https://republika.mk/tema/fatmir-betikji/ 32 32 Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН https://republika.mk/vesti/makedonija/potpretsedatelot-na-sdsm-fatmir-bitiki-ke-premine-vo-vlen/ Wed, 15 May 2024 20:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=778516

Се уште актуелниот вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, кој најави оставка од позицијата потпретседател на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори, ќе стане дел од ВЛЕН, објави „Фокус“.

Според неофицијални информации, Битиќи нема да ги одмине внатрепартиските дебати и разврски во СДСМ по изборниот пораз, откако партискиот лидер Димитар Ковачевски најави внатрешни избори на сите нивоа.

Според добро упатени извори на Фокус, откако ќе завршат внатрепартиските процеси во СДСМ, кои се очекува да минат во тензична атмосфера, Битиќи прво ќе делува како независен и самостоен пратеник во Собранието.

Како што пишува „Фокус“ дека тој ќе биде на линија со ВЛЕН, а првиот сигнал за нивната меѓусебна соработка или координација ќе биде поддршката на Битиќи на закони за кои е потребно т.н. двојно или Бадентерово мнозинство.

The post Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН appeared first on Република.

]]>

Се уште актуелниот вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, кој најави оставка од позицијата потпретседател на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори, ќе стане дел од ВЛЕН, објави „Фокус“. Според неофицијални информации, Битиќи нема да ги одмине внатрепартиските дебати и разврски во СДСМ по изборниот пораз, откако партискиот лидер Димитар Ковачевски најави внатрешни избори на сите нивоа. Според добро упатени извори на Фокус, откако ќе завршат внатрепартиските процеси во СДСМ, кои се очекува да минат во тензична атмосфера, Битиќи прво ќе делува како независен и самостоен пратеник во Собранието. Како што пишува „Фокус“ дека тој ќе биде на линија со ВЛЕН, а првиот сигнал за нивната меѓусебна соработка или координација ќе биде поддршката на Битиќи на закони за кои е потребно т.н. двојно или Бадентерово мнозинство.  

The post Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН appeared first on Република.

]]>
Пратеникот Јаревски го праша вицепремиерот Битиќи: Дали е точно дека Зекири работел по ваш налог? https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenikot-jarevski-go-prasha-vitsepremierot-bitiki-dali-e-tochno-deka-zekiri-rabotel-po-vash-nalog/ Fri, 01 Dec 2023 19:42:47 +0000 https://republika.mk/?p=718484

На денешната седница во Собранието на Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски постави три прашања до заменик премиерот Фатмир Битиќи, до министерката Каја Шукова и до министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Денес бевме сведоци на изјава од поранешниот генерален секретар на владата каде што многу конкретно и директно укажа дека, на суд, дека за она што е товарен добил директна наредба и насока од Фатмир Битиќи. Понатаму нема да коментирам за неговите искази велејќи дека во суштина тој не бил крив, тој е во затвор а тој што му ја дал наредбата сега глуми лидер на државата“, посочи Јаревски на седницата за пратенички прашања.

Јаревски постави прашање до министерот за земјоделие зошто според закон опожарената шума не е санирана и пошумена и по две години а согласно законот не пошумувањето е казниво и по закон.

Второто прашање до министерот за земјоделие и шумарство Љупчо Николовски, 2021 година од вкупно 11 хектари шума, 4.500 се опожарени, жално е да се укажува сега што се требаше да се направи владата тоа да биде превентирано. Таа површина требаше да биде исечена и пошумена согласно закон. Не пошумувањето по 2 години е казниво по закон каде што вели 25-30 илјади евра за правното лице и 4 -6 илјади евра за одговорниот, директорот на македонски шуми. Времето измина не е пошумено, одговорност нема. Не прашувам зошто не го разрешил до сега бидејќи и така е оваа влада во заминување но добро е да дознаеме дали ќе има казна и ќе се сноси одговорност во однос на законот, нагласи Јаревски.

Третото прашање е до министерката Каја Шукова дали владата има национална стратегија за аерозагадувањето и дали планира да преземе некои мерки за намалување на загадувањето.

„Денес сме повторно во топ 10 загадени градови во светот. Оваа власт дојде со ветување дека само што ќе дојдат на власт проблемот на воздухот ќе бил решен. Ситуацијата е се полоша. Ниту има мерки ниту се подобрува ситуацијата. Прашањето ми е дали владата има план или национална стратегија за справување со аерозагадувањето за оваа грејна сезона. Дали е планирано да се зголеми бројот на мониторинг станици, дали е извршено надоградба на постоечките станици и поставување на дополнителна опрема. И дали ако нешто е поставено да кажат колку тоа ја чини државата“, праша Јаревски.

The post Пратеникот Јаревски го праша вицепремиерот Битиќи: Дали е точно дека Зекири работел по ваш налог? appeared first on Република.

Битиќи: Не е потребен ребалнс за повисоки плати и пензии https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-ne-e-potreben-rebalns-za-povisoki-plati-i-penzii/ Wed, 16 Feb 2022 11:02:10 +0000 https://republika.mk/?p=459258

Нема потреба од ребаланс за најавените зголемувања на минималната плата и пензиите бидејќи за тоа се обезбедени средства, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

И за минималната плата и за пензиите не треба да се прави ребаланс. Тие се веќе испланирани во Буџетот. За пензиите, Фондот на ПИОМ има обезбедено средства за еветуално зголемување. Не треба да се грижиме дека ќе земеме од некаде за да им дадеме на пензионерите. Пензионерите се осигурени со тоа што имаат доста средства во Фондот на ПИОМ – рече Битиќи.

До крајот на неделата се очекува да започнат разговорите со сите засегнати страни за зголемување на пензиите, а вицепремиерот Битиќи вели дека ќе го применат истиот принцип на преговори како и за минималната плата, односно ќе разговараат со сите страни со цел да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за сите.

Деновиве се координираме за да започнеме дијалог со сите чинители кои се засегнати од пензиите и најверојатно при крајот на неделата ќе го имаме првиот состанок на кој ќе се зборува дали ќе се оди со менување на методологијата или еднократна помош која би требало да дојде до најралнивите категории. Она што можам да го кажам е дека исходот ќе биде задоволителен за сите страни вклучени во дијалогот – рече Битиќи.

Во однос на мислењата на дел од експертите дека најавеното зголемување на пензиите ќе бара интервенција од Буџетот, вицепремиерот Битиќи со порака дека финансиските извештаи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за минатата година покажуваат дека има значително зголемување на приходите.

Го почитувам мислењето на експертската заедница, но сметам дека ставовите треба да се конзистентни. Експертската заедница веројатно постоела таму последните 15-тина години и дозволила Пензискиот фонд да западне таму каде што западна. Ако добро ги видат финансиските извештаи на Фондот, ќе видат дека минатата година, иако беше година на пандемија и економска криза, има значително зголемени приходи заради движењето на самата економија и движењето на платите. Во една таква ситуација, давањето констатација дека тоа ќе ја зголеми потребата од страна на Буџетот да интервенира, мислам дека веројатно не ги прочитале доволно добро податоците од ПИОМ – рече Битиќи.

Во врска со реакциите на дел од компаниите дека се оневозможени да ги користат најавените субвенции за покривање на разликата во придонесите на зголемувањето на минималната плата, затоа што веќе користат субвенција за исплата на плати, Битиќи појасни дека тоа е направено за да нема концентрација на државна помош на исто место и за иста намена,

The post Битиќи: Не е потребен ребалнс за повисоки плати и пензии appeared first on Република.

Парно ќе има до крајот на грејната сезона https://republika.mk/vesti/ekonomija/parno-kje-ima-do-krajot-na-grejnata-sezona/ Fri, 14 Jan 2022 18:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=444726

Проблемот со снабдување топлинска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата до крајот на грејната сезона ќе имаат непрекината испорака на парно греење, соопштија на заедничката прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Битиќи рече дека радијаторите на граѓаните на Град Скопје и на општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона, додавајќи дека деновиве имаше јавни превирања за тоа каде припаѓа одговорноста за решавање на овој проблем.

Иако обезбедувањето топлинска енергија е јавна комунална услуга, која треба и е обврска на Град Скопје, сепак одговорно е потребата на граѓаните да е на прво место и затоа Владата тоа го направи, рече Битиќи.

Тој информира дека последните две недели сите економски ресори во Владата имале редовни состаноци на кои се разгледувале сите опции и можни решенија и додаде дека е пронајдено најпрагматичното решение, кое, како што рече, ги искористува сите законски можности со единствена цел – заштита на интересите на граѓаните.

Вчера Владата донесе одлука во која побара од ТЕ-ТО да снабдува електрична енергија и пареа како енергенс за БЕГ во временски период од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ до 31 јануари 2022 година. Владата во процесот на преговори со БЕГ и со ТЕ-ТО го заштити интересот на граѓаните и тие можат да бидат спокојни дека домовите ќе им останат топли, нагласи Битиќи.

Министерот Бектеши информира дека проблемот со снабдување топлниска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење.

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за еконмија, во сорабокта и со Регулаторната комисија за енергетика, со ЕСМ, со кабиентот на вицепремеирот, ја донесе Уредбата во делот на критеирумите и условите за прогласување кризна сосотјба на пазарот на топлинска енергија. Согласно оваа Уредба, ќе биде донесена одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија за што деталите ќе бидат дополнително утврдени, рече Бектеши.

Со цел надминување на состојбите, најави дека Владата ќе обезбеди финансиски средства со кои ќе се субвенционираат сметките за топлинска енергија на сите граѓани кои ја користат оваа услуга.

Мерките кои се составен дел од уредбата овозможувааат Владата преку ЕСМ да го стабилзиира пазарот на топлинска енергија. АД ЕСМ деднес го потпиша договорот за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари 2022 година. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија, покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економско исплатливо снабдување во овој период. ТЕ-ТО има сигурен извор на гас и може да работи без пречки. Во периодов има активни договори за продажба на електрична енергија и ќе работи дополнително за време на викенд, а проиведената електрична енергија ќе ја купува АД ЕСМ. Дополнитлено ТЕ-ТО наместо до 22 часот ќе работи до еден часот по полноќ и со ова ќе се произведе потребната топлиснка енергија за Град Скопје и сите корисници, рече Бектеши.

Тој додаде дека до крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја преземе АД ЕСМ со што ќе има доволно топлинска енергија за БЕГ.

Во моментов како што информираа од БЕГ дека не се во можност да работи самостојно компанијата, побара од Владата принудна управа. Донесена е одлука за склучување на договор за деловно техничка соработка помеѓу БЕГ и ЕСМ по задолжение од Влада. Согласно ова задолжение, Владата во текот на наредната недела ќе донесе одлука и ќе го задолжи ЕСМ да склучи таков договор се со цел да ја продлабочи соработката со БЕГ. Исто така за работењето на АД Скопје -Север ќе се склуичи договор за длеовно техничка сораобтка по истиот принцип. Со договорите за деловно техничка соработка сите права и обврски кои ги имале субјектите мируваат, а правата и обврските кои ќе настанат во периодот на важење на договорот ќе бидат на ЕСМ, образложи Бектеши.

Како што информираше Бектеши на прес-конференцијата, АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работерње преку посебна сметка и за тоа ќе доставува извештај до Владата во континуитет. АД ЕСМ, како што рече, веќе поседува лиценци за топлинска енергија и тие ќе бидат проширени откако ќе се добие согласност од РКЕ.

Како Влада сме целосно посветени во решавање на сите проблеми во интерес на граѓаните. Во изминатите неколку дена имавме исцрпни преговори и разговори со сите надлежни институции и успеавме да најдеме решение коешто согласно сите законски можности ја исполнувааат главната цел, а тоа е квалитетна услуга за домаќинствата. Ова решение кое што го постигнавме денеска обезбедува непрекината испорака на топлинска енергија за сите домаќинства во Град Скопје и општините кои се во рамки на Град Скопје, рече министерот Бектеши.

The post Парно ќе има до крајот на грејната сезона appeared first on Република.

]]>

Проблемот со снабдување топлинска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата до крајот на грејната сезона ќе имаат непрекината испорака на парно греење, соопштија на заедничката прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши. Битиќи рече дека радијаторите на граѓаните на Град Скопје и на општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона, додавајќи дека деновиве имаше јавни превирања за тоа каде припаѓа одговорноста за решавање на овој проблем.