Фатих Улусој Archives - Република https://republika.mk/tema/fatih-ulusoj/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 17:56:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фатих Улусој Archives - Република https://republika.mk/tema/fatih-ulusoj/ 32 32 Турскиот амбасадор Улусој го посети Велес https://republika.mk/vesti/makedonija/turskiot-ambasador-ulusoj-go-poseti-veles/ Wed, 31 Jul 2024 18:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=802081

Турска делегација на чело со амбасадорот на Република Турција во земјава Фатих Улусој денеска ја посети општина Велес. Амбасадорот го придружуваа советникот и заменик-амбасадор Мухамед Челикаја, советникот за верски работи Мустафа Бодур и советникот за трговија Синан Танроен.

Како што информира Општина Велес, во име на градоначалникот Марко Колев, амбасадорот го пречекал претседателот на Советот на Општина Велес Даниел Јаневски и заменик-градоначалникот Коста Нојков. Гостите го посетиле Паркот Каршијака во Велес, кој претставува мост на пријателството и соработката меѓу македонскиот и турскиот народ.  Во него е поставен и споменикот на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Претседателот на Советот и турскиот амбасадор оцениле дека пријателството и соработката на културно и економско поле меѓу Велес и збратимените градови Каршијака, Адалар и Чан треба да се интензивира со почеста комуникација, соработка и меѓусебна посета, како во времето пред епидемијата.

Амбасадорот Улусој бил запознат и со Интернационалниот фолклорен фестивал  „Велес“, кој од неодамна е на мапата на светските фестивали, во кој секоја година учествуваат фолклорни ансамбли од Турција. Тој посакал на следниот фестивал да бидат поканети фолклорни групи од збратимените градови,  а добил и покана да биде почесен гостин на 20. издание на фестивалот догодина.

The post Турскиот амбасадор Улусој го посети Велес appeared first on Република.

]]>

Турска делегација на чело со амбасадорот на Република Турција во земјава Фатих Улусој денеска ја посети општина Велес. Амбасадорот го придружуваа советникот и заменик-амбасадор Мухамед Челикаја, советникот за верски работи Мустафа Бодур и советникот за трговија Синан Танроен. Како што информира Општина Велес, во име на градоначалникот Марко Колев, амбасадорот го пречекал претседателот на Советот на Општина Велес Даниел Јаневски и заменик-градоначалникот Коста Нојков. Гостите го посетиле Паркот Каршијака во Велес, кој претставува мост на пријателството и соработката меѓу македонскиот и турскиот народ.  Во него е поставен и споменикот на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Претседателот на Советот и турскиот амбасадор оцениле дека пријателството и соработката на културно и економско поле меѓу Велес и збратимените градови Каршијака, Адалар и Чан треба да се интензивира со почеста комуникација, соработка и меѓусебна посета, како во времето пред епидемијата. Амбасадорот Улусој бил запознат и со Интернационалниот фолклорен фестивал  „Велес“, кој од неодамна е на мапата на светските фестивали, во кој секоја година учествуваат фолклорни ансамбли од Турција. Тој посакал на следниот фестивал да бидат поканети фолклорни групи од збратимените градови,  а добил и покана да биде почесен гостин на 20. издание на фестивалот догодина.

The post Турскиот амбасадор Улусој го посети Велес appeared first on Република.

]]>
Mинистерката Јаневска се сретна со турскиот амбасадор Улусој https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-janevska-se-sretna-so-turskiot-ambasador-ulusoj/ Thu, 18 Jul 2024 14:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=798151

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска имала средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој, на која разговарале за протоколот за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите, што треба да биде потпишан до крајот на годинава.

Како што информира МОН, се очекува со овој протокол уште повеќе да се зацврстат добрите билатерални односи, обезбедувајќи нови можности за академскиот кадар и наставно-научната фела во двете земји.

-Оваа тема беше во фокусот на денешната средба, на која двете страни изразија задоволство од добрите досегашни односи меѓу државите и очекувања за заемно делување и во иднина. Министерката Јаневска на состанокот информираше за тековните активности на министерството во насока на обезбедување поквалитетен образовен систем. Сподели и дека над 8000 ученици следат настава на турски наставен јазик во македонските училишта и дека грижата за квалитетно образование на турската заедница, како и за сите останати во државата, ќе продолжи да биде интензивна и подеднаква во иднина, соопшти МОН.

Јаневска на средбата информирала и за активностите кои се веќе почнати во Министерството, а се дел од новата програма за работа на институцијата.

-Честитајќи и на министерката за именувањето на позицијата, амбасадорот Улусој изрази подготвеност за соработка и нови иницијативи во сите образовни сегменти, додава Министерството за образование и наука.

The post Mинистерката Јаневска се сретна со турскиот амбасадор Улусој appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска имала средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој, на која разговарале за протоколот за соработка во областа на науката, технологијата и иновациите, што треба да биде потпишан до крајот на годинава. Како што информира МОН, се очекува со овој протокол уште повеќе да се зацврстат добрите билатерални односи, обезбедувајќи нови можности за академскиот кадар и наставно-научната фела во двете земји.
-Оваа тема беше во фокусот на денешната средба, на која двете страни изразија задоволство од добрите досегашни односи меѓу државите и очекувања за заемно делување и во иднина. Министерката Јаневска на состанокот информираше за тековните активности на министерството во насока на обезбедување поквалитетен образовен систем. Сподели и дека над 8000 ученици следат настава на турски наставен јазик во македонските училишта и дека грижата за квалитетно образование на турската заедница, како и за сите останати во државата, ќе продолжи да биде интензивна и подеднаква во иднина, соопшти МОН.
Јаневска на средбата информирала и за активностите кои се веќе почнати во Министерството, а се дел од новата програма за работа на институцијата.
-Честитајќи и на министерката за именувањето на позицијата, амбасадорот Улусој изрази подготвеност за соработка и нови иницијативи во сите образовни сегменти, додава Министерството за образование и наука.

The post Mинистерката Јаневска се сретна со турскиот амбасадор Улусој appeared first on Република.

]]>
Турција испрати два авиони и хеликоптер за гаснење на пожарите https://republika.mk/vesti/makedonija/turtsija-isprati-dva-avioni-i-helikopter-za-gasnene-na-pozharite/ Mon, 15 Jul 2024 10:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=796966

Република Турција на барање на властите на Македонија испрати помош во два авиони и еден хеликоптер за гаснење на пожарите во земјава, потврди денеска турскиот амбасадор Фатих Улусој.

-Врз основа на барањето на Владата на Република Македонија, вчера во попладневните часови интервениравме брзо и два авиони и еден хеликоптер веќе се стигнати со цел да се борат против пожарите. Ние стоиме секогаш до наша братска и пријателска Македонија и во добри и во тешки денови, рече амбасадорот Улусој на церемонијата по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство, која што денеска ја приреди во Турската Амбасада.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов претходно информира дека два турски авиони за гаснење пожар „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава. Леталата рано утрово слетале на аеродромот во Скопје.

Двата турски „ер трактори“ заедно со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе интервенираат на пожарот во општина Ново Село, еден полициски хеликоптер рано утрово веќе започнал со гасење на пожарот на планината Серта, а набргу на него се очекува да му се приклучи и еден армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер.

На 15 јули 2016 година во Турција се случи неуспешен обид за државен удар започнат од група воени службеници во кој загинаа над 250 лица, а над 2.000 беа повредени.

Турските власти сметаат дека терористичката организација (ФЕТО) на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стои зад пучот

The post Турција испрати два авиони и хеликоптер за гаснење на пожарите appeared first on Република.

]]>

Република Турција на барање на властите на Македонија испрати помош во два авиони и еден хеликоптер за гаснење на пожарите во земјава, потврди денеска турскиот амбасадор Фатих Улусој.
-Врз основа на барањето на Владата на Република Македонија, вчера во попладневните часови интервениравме брзо и два авиони и еден хеликоптер веќе се стигнати со цел да се борат против пожарите. Ние стоиме секогаш до наша братска и пријателска Македонија и во добри и во тешки денови, рече амбасадорот Улусој на церемонијата по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство, која што денеска ја приреди во Турската Амбасада.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов претходно информира дека два турски авиони за гаснење пожар „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава. Леталата рано утрово слетале на аеродромот во Скопје. Двата турски „ер трактори“ заедно со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе интервенираат на пожарот во општина Ново Село, еден полициски хеликоптер рано утрово веќе започнал со гасење на пожарот на планината Серта, а набргу на него се очекува да му се приклучи и еден армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер. На 15 јули 2016 година во Турција се случи неуспешен обид за државен удар започнат од група воени службеници во кој загинаа над 250 лица, а над 2.000 беа повредени. Турските власти сметаат дека терористичката организација (ФЕТО) на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стои зад пучот

The post Турција испрати два авиони и хеликоптер за гаснење на пожарите appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со турскиот амбасадор Фатих Улусој https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-turskiot-ambasador-fatih-ulusoj/ Wed, 05 Jun 2024 14:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=785020

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со турскиот амбасадор Фатих Улусој. На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи, коишто се традиционално пријателски, во духот на стратешкото партнерство меѓу двете држави и сојузништвото во НАТО алијансата.

- Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за севкупната поддршка што Турција ја дава од првите денови на македонската независност и ја истакна својата посветеност да работи на натамошно унапредување на односите меѓу двете држави во сите сфери од заемен интерес. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата за создавање на неопходните услови за интензивирање на соработката меѓу бизнисите од двете држави, со цел зголемување на трговската размена, се вели во соопштението.

На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби во двете земји, безбедносните и политичките случувања во регионот, како и за предизвиците во однос на македонските евроинтеграции.

Претседателката Сиљаноска Давкова изразила очекување дека Турција и во иднина ќе биде конструктивен партнер и поддржувач на нашата држава на билатерален и на мултилатерален план.

На средбата била нагласена и улогата и придонесот на турската заедница во севкупниот развој на државата.

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со турскиот амбасадор Фатих Улусој appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со турскиот амбасадор Фатих Улусој. На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи, коишто се традиционално пријателски, во духот на стратешкото партнерство меѓу двете држави и сојузништвото во НАТО алијансата.
- Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за севкупната поддршка што Турција ја дава од првите денови на македонската независност и ја истакна својата посветеност да работи на натамошно унапредување на односите меѓу двете држави во сите сфери од заемен интерес. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата за создавање на неопходните услови за интензивирање на соработката меѓу бизнисите од двете држави, со цел зголемување на трговската размена, се вели во соопштението.
На средбата биле разменети мислења за актуелните состојби во двете земји, безбедносните и политичките случувања во регионот, како и за предизвиците во однос на македонските евроинтеграции. Претседателката Сиљаноска Давкова изразила очекување дека Турција и во иднина ќе биде конструктивен партнер и поддржувач на нашата држава на билатерален и на мултилатерален план. На средбата била нагласена и улогата и придонесот на турската заедница во севкупниот развој на државата.

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со турскиот амбасадор Фатих Улусој appeared first on Република.

]]>