Фарк Archives - Република https://republika.mk/tema/fark/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Feb 2022 15:45:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фарк Archives - Република https://republika.mk/tema/fark/ 32 32 Мило Ѓукановиќ со терористите од Колумбија трампал оружје за чист кокаин!? https://republika.mk/vesti/balkan/milo-gjukanovikj-so-teroristite-od-kolumbija-trampal-oruzje-za-chist-kokain/ Sun, 06 Feb 2022 16:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=454722

Пред неколку години, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја вооружил терористичката колумбиска организација Фарк (ФАРК) со оружје останато од Варшавскиот пакт, кое оваа самопрогласена револуционерна армија го плати со чист кокаин, дознава „Српски Телеграф“.

Ова го тврди Небојша Медојевиќ, лидерот на Движењето за промени, кој додава дека тогаш бил уапсен поранешниот италијански сенатор и министер од Бугарија, од каде што луѓето на Мило набавувале оружје што останало по распадот на источниот воен блок.

- Тоа се калашникови и митралези со голема продорна моќ со специјални куршуми кои се произведуваат и денес. Овој бизнис наречен дрога за оружје е многу профитабилен бидејќи на тој начин кокаинот се добивал по поволна цена, а во Јужна Америка килограм од оваа дрога, висока чистота од 90 до 99 отсто, изнесува 5.000 долари - вели Медојевиќ.

Како што пишува „Српски Телеграф“, Мило тогаш воспоставил силен контакт со латиноамериканските нарко картели и го поврзал со црногорската мафија, која ја создал и ја држел под контрола. Во тие години Италијанците ги прекинаа патиштата за шверц на цигари низ Црна Гора, која дотогаш беше најпрофитабилната работа на режимот во Подгорица, па дрогата од Колумбија стана главен извор на баснословни приходи.

Тој на тој начин го отвори патот за Кавачкиот клан, кој дистрибуира кокаин низ Европа, главно преку пристаништата во Шпанија, Холандија и Италија.

The post Мило Ѓукановиќ со терористите од Колумбија трампал оружје за чист кокаин!? appeared first on Република.

]]>

Пред неколку години, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја вооружил терористичката колумбиска организација Фарк (ФАРК) со оружје останато од Варшавскиот пакт, кое оваа самопрогласена револуционерна армија го плати со чист кокаин, дознава „Српски Телеграф“. Ова го тврди Небојша Медојевиќ, лидерот на Движењето за промени, кој додава дека тогаш бил уапсен поранешниот италијански сенатор и министер од Бугарија, од каде што луѓето на Мило набавувале оружје што останало по распадот на источниот воен блок.
- Тоа се калашникови и митралези со голема продорна моќ со специјални куршуми кои се произведуваат и денес. Овој бизнис наречен дрога за оружје е многу профитабилен бидејќи на тој начин кокаинот се добивал по поволна цена, а во Јужна Америка килограм од оваа дрога, висока чистота од 90 до 99 отсто, изнесува 5.000 долари - вели Медојевиќ.
Како што пишува „Српски Телеграф“, Мило тогаш воспоставил силен контакт со латиноамериканските нарко картели и го поврзал со црногорската мафија, која ја создал и ја држел под контрола. Во тие години Италијанците ги прекинаа патиштата за шверц на цигари низ Црна Гора, која дотогаш беше најпрофитабилната работа на режимот во Подгорица, па дрогата од Колумбија стана главен извор на баснословни приходи. Тој на тој начин го отвори патот за Кавачкиот клан, кој дистрибуира кокаин низ Европа, главно преку пристаништата во Шпанија, Холандија и Италија.

The post Мило Ѓукановиќ со терористите од Колумбија трампал оружје за чист кокаин!? appeared first on Република.

]]>