фалсификување пари Archives - Република https://republika.mk/tema/falsifikuvanje-pari/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jan 2024 09:52:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фалсификување пари Archives - Република https://republika.mk/tema/falsifikuvanje-pari/ 32 32 Народна банка лани обучи над 200 вработени како да препознаат фалсификувани пари https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-lani-obuchi-nad-200-vraboteni-kako-da-prepoznaat-falsifikuvani-pari/ Tue, 16 Jan 2024 09:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=733532

Народната банка денеска соопшти дека во текот на минатата година од страна на експерти за брзо воочување на сомнителни примероци на пари обучени се над 200 вработени во деловните банки и во институциите во системот за справување со фалсификување пари.

Најважната алка во синџирот на справување со фалсификувањето на парите се лицата кои вршејќи ја својата професионална дејност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите. Оттука, со зајакнувањето на капацитетите на сите засегнати ракувачи со готовина се обезбедува брзо воочување на сомнителните примероци, нивно отстранување од оптек и доставување во Народната банка, се наведува во соопштението.

Од централната банка посочуваат дека низ годините, експертите од Народната банка организираат редовни задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути, за вработените во финансиските институции, односно во банките и центрите за готовина.

Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка, како што се наведува во соопштението, ги проширила обуките опфаќајќи и претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција.

Како единствена овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите пари деноминирани во денари и во странски валути, централната банка врши и експертска анализа и обезбедува соодветна поддршка во процесот на справување со фалсификатите. Во изминатиов период, засилено се вршеше и навремена размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари, се вели во соопштението.

The post Народна банка лани обучи над 200 вработени како да препознаат фалсификувани пари appeared first on Република.

]]>

Народната банка денеска соопшти дека во текот на минатата година од страна на експерти за брзо воочување на сомнителни примероци на пари обучени се над 200 вработени во деловните банки и во институциите во системот за справување со фалсификување пари.
Најважната алка во синџирот на справување со фалсификувањето на парите се лицата кои вршејќи ја својата професионална дејност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите. Оттука, со зајакнувањето на капацитетите на сите засегнати ракувачи со готовина се обезбедува брзо воочување на сомнителните примероци, нивно отстранување од оптек и доставување во Народната банка, се наведува во соопштението.
Од централната банка посочуваат дека низ годините, експертите од Народната банка организираат редовни задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути, за вработените во финансиските институции, односно во банките и центрите за готовина. Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка, како што се наведува во соопштението, ги проширила обуките опфаќајќи и претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција.
Како единствена овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите пари деноминирани во денари и во странски валути, централната банка врши и експертска анализа и обезбедува соодветна поддршка во процесот на справување со фалсификатите. Во изминатиов период, засилено се вршеше и навремена размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари, се вели во соопштението.

The post Народна банка лани обучи над 200 вработени како да препознаат фалсификувани пари appeared first on Република.

]]>
Фалсификувани пари пронајдени во Охридско https://republika.mk/vesti/crna-hronika/falsifikuvani-pari-pronajdeni-vo-ohridsko/ Sun, 10 Jul 2022 12:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=526514

Фалсификувани пари и дрога пронашла охридксата полиција кај малолетник од селото Елшани.

МВР денеска соопшти дека кај 16-годиншкикот биле пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1.050 евра и дрога.

– При преглед извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одземаа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана, стои во информацијата.

Лицето е приведено синоќа во 22 часот и 30 минути во СВР Охрид, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави

The post Фалсификувани пари пронајдени во Охридско appeared first on Република.

]]>

Фалсификувани пари и дрога пронашла охридксата полиција кај малолетник од селото Елшани. МВР денеска соопшти дека кај 16-годиншкикот биле пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1.050 евра и дрога. – При преглед извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одземаа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана, стои во информацијата. Лицето е приведено синоќа во 22 часот и 30 минути во СВР Охрид, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави

The post Фалсификувани пари пронајдени во Охридско appeared first on Република.

]]>
Приведени сопружници од Штип: Фалсификувале банкноти од 1.000 денари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-sopruznici-od-shtip-falsifikuvale-banknoti-od-1-000-denari/ Sun, 10 Apr 2022 14:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=486256

По преземени мерки и активности од Секторот за внатрешни работи Штип информираат дека бил расчистен случај на фалсификување пари и од слобода биле лишени сопружниците Б.Ф.(38) и С.Ф.(33), двајцата од Штип.

При преземањето мерки било утврдено дека Б.Ф. испечатил четири банкноти од 1.000 денари од кои три ѝ дал на С.Ф., а четвртата ја фрлил бидејќи била оштетена.

Исто така, било утврдено дека С.Ф. една од банкнотите разменила со малолетничка од Штип за две по 500 денари, една дала на лице од Штип за да подмири долг кон него, а последната, откако слушнала дека делото е пријавено, ја скинала и фрлила.

Банкнотите биле пронајдени и одземени, како и печатачот и компјутерот на кој биле направени. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Приведени сопружници од Штип: Фалсификувале банкноти од 1.000 денари appeared first on Република.

]]>

По преземени мерки и активности од Секторот за внатрешни работи Штип информираат дека бил расчистен случај на фалсификување пари и од слобода биле лишени сопружниците Б.Ф.(38) и С.Ф.(33), двајцата од Штип. При преземањето мерки било утврдено дека Б.Ф. испечатил четири банкноти од 1.000 денари од кои три ѝ дал на С.Ф., а четвртата ја фрлил бидејќи била оштетена. Исто така, било утврдено дека С.Ф. една од банкнотите разменила со малолетничка од Штип за две по 500 денари, една дала на лице од Штип за да подмири долг кон него, а последната, откако слушнала дека делото е пријавено, ја скинала и фрлила. Банкнотите биле пронајдени и одземени, како и печатачот и компјутерот на кој биле направени. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Приведени сопружници од Штип: Фалсификувале банкноти од 1.000 денари appeared first on Република.

]]>