Фалк Шрајбер Archives - Република https://republika.mk/tema/falk-shrajber/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 21:05:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фалк Шрајбер Archives - Република https://republika.mk/tema/falk-shrajber/ 32 32 Директорот на Царина Николовски се сретна со царинскиот офицер за врски на Германија https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-tsarina-nikolovski-se-sretna-so-tsarinskiot-ofitser-za-vrski-na-germanija/ Wed, 31 Jul 2024 14:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=802116

Зајакнување на капацитетите за царински контроли, во насока на подобрување на безбедноста на границите и сузбивање на криминалот и корупцијата, беа дел од главните теми на денешната средба на директорот на Царинска управа Бобан Николовски и Фалк Шрајбер, царински офицер за врски на Република Германија. Фалк Шрајбер покрај за нашата држава, како царински офицер за врски задолжен е и за Бугарија и Романија.

За време на состанокот потенцирана беше успешната соработка помеѓу Царините на двете земји, особено во делот на истрагите и царинските контроли, како и во делот на обуки и подобрување на стручноста на човечките капацитети во службата.

„Добрата соработка и помошта што Царинската управа ја добива од германската Царина е од големо значење. Во периодот што следи максимално ќе се фокусираме на борбата против организираниот криминал, шверцот и подобрување на мерките во борбата против корупцијата“, истакна директорот Николовски и изрази подготвеност за продлабочување на соработката преку непосредна комуникација и размена на искуства, што ќе ни помогнат во унапредување на службата.

The post Директорот на Царина Николовски се сретна со царинскиот офицер за врски на Германија appeared first on Република.

]]>

Зајакнување на капацитетите за царински контроли, во насока на подобрување на безбедноста на границите и сузбивање на криминалот и корупцијата, беа дел од главните теми на денешната средба на директорот на Царинска управа Бобан Николовски и Фалк Шрајбер, царински офицер за врски на Република Германија. Фалк Шрајбер покрај за нашата држава, како царински офицер за врски задолжен е и за Бугарија и Романија. За време на состанокот потенцирана беше успешната соработка помеѓу Царините на двете земји, особено во делот на истрагите и царинските контроли, како и во делот на обуки и подобрување на стручноста на човечките капацитети во службата.