Факултетот за странски јазици Archives - Република https://republika.mk/tema/fakultetot-za-stranski-jazitsi/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 08:39:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Факултетот за странски јазици Archives - Република https://republika.mk/tema/fakultetot-za-stranski-jazitsi/ 32 32 На 5 февруари почнуваат курсевите по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана https://republika.mk/vesti/kultura/na-5-fevruari-pochnuvaat-kursevite-po-makedonski-jazik-na-fakultetot-za-stranski-jazitsi-vo-tirana-2/ Tue, 30 Jan 2024 08:39:25 +0000 https://republika.mk/?p=738412

Македонската амбасада во Тирана ги информира студентите, припадниците на македонското национално малцинство и сите заинтересирани лица дека на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана курсевите по македонски јазик, како воннаставен предмет, почнуваат на 5 февруари и оти сè уште има простор за аплицирање.

- Одлична можност за проширување на вашето портфолио во стручната наобразба и зголемување на можностите во идната кариера. Преведувањето, бизнисот, туризмот се само дел од сферите каде што постои дефицитарен кадар. Заинтересираните сè уште може да аплицираат на следниот линк:https://forms.gle/KiLa89K27ENGUm6KA, стои во објавата на Амбасадата.

Се додава дека за дополнителни информации може се обратат лично во Центарот за курсеви за странски јазици, зграда А, 1 кат, на Факултетот за странски јазици.

Наставата по македонски јазик, литература и култура ќе ја спроведува д-р Славица Свидерска, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа од понеделник до четврток од 8:30 до 16:30 и петок од 8:30 до 14 часот.

Објава за почетокот на курсевите деновиве имаше и Факултетот за странски јазици, во која се наведува дека тие се бесплатни и се реализираат во соработка на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Македонија и оти на крајот на курсот, студенти ќе добијат сертификат за соодветно ниво на познавање.

Отворањето на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, свечено беше означено на 18 месецов во Универзитетот во Тирана. Како што потврдија и денеска за МИА, од Македонската амбасада, до сега располагаат со податок дека се пријавени дваесеттина студенти.

 

The post На 5 февруари почнуваат курсевите по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана appeared first on Република.

]]>

Македонската амбасада во Тирана ги информира студентите, припадниците на македонското национално малцинство и сите заинтересирани лица дека на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана курсевите по македонски јазик, како воннаставен предмет, почнуваат на 5 февруари и оти сè уште има простор за аплицирање. - Одлична можност за проширување на вашето портфолио во стручната наобразба и зголемување на можностите во идната кариера. Преведувањето, бизнисот, туризмот се само дел од сферите каде што постои дефицитарен кадар. Заинтересираните сè уште може да аплицираат на следниот линк:https://forms.gle/KiLa89K27ENGUm6KA, стои во објавата на Амбасадата. Се додава дека за дополнителни информации може се обратат лично во Центарот за курсеви за странски јазици, зграда А, 1 кат, на Факултетот за странски јазици. Наставата по македонски јазик, литература и култура ќе ја спроведува д-р Славица Свидерска, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа од понеделник до четврток од 8:30 до 16:30 и петок од 8:30 до 14 часот. Објава за почетокот на курсевите деновиве имаше и Факултетот за странски јазици, во која се наведува дека тие се бесплатни и се реализираат во соработка на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Македонија и оти на крајот на курсот, студенти ќе добијат сертификат за соодветно ниво на познавање. Отворањето на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, свечено беше означено на 18 месецов во Универзитетот во Тирана. Како што потврдија и денеска за МИА, од Македонската амбасада, до сега располагаат со податок дека се пријавени дваесеттина студенти.  

The post На 5 февруари почнуваат курсевите по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана appeared first on Република.

]]>