факултет за медицински науки Archives - Република https://republika.mk/tema/fakultet-za-meditsinski-nauki/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 17:18:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png факултет за медицински науки Archives - Република https://republika.mk/tema/fakultet-za-meditsinski-nauki/ 32 32 Владата ја поништи одлуката: Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ja-ponishti-odlukata-megunarodniot-univerzitet-vo-struga-ne-mozhe-da-osnova-fakultet-za-zdravstveni-nauki/ Fri, 28 Jun 2024 17:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=791655

Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада.

Иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законките услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира. Ова е констатирано од страна на надлежните институции по ревидирање на спроведените активности во досегашниот тек на постапката.

Со оглед дека станува збор за регулирана професија согласно Директивата на Европската Комисија 2005/36 и 2013/55, потребни се темелни и исцрпни анализи пред пристапување кон давање на Одобрение за вршење на високообразовна дејност за образование на овој тип на кадар. Во конкретниот случај, не се направени анализи за потребите од ваков кадар и условите за нивно образование и обука, ниту пак се извршени консултации со релевантни здруженија и надлежни органи по тој повод, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

Имајќи ги предвид констатираните сериозни и бројни недоследности, Одборот за акредитација го поништи решението со кое се акредитира проектот за основање на факултетот, додека Министерството за образование и наука го поништи решението за почеток со работа, донесено од претходниот министер.

Новата Влада и Министерството за образованието и наука се одлучни да го унапредат квалитетот на образовниот систем. Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите.

 

The post Владата ја поништи одлуката: Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада. Иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законките услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира. Ова е констатирано од страна на надлежните институции по ревидирање на спроведените активности во досегашниот тек на постапката.
Со оглед дека станува збор за регулирана професија согласно Директивата на Европската Комисија 2005/36 и 2013/55, потребни се темелни и исцрпни анализи пред пристапување кон давање на Одобрение за вршење на високообразовна дејност за образование на овој тип на кадар. Во конкретниот случај, не се направени анализи за потребите од ваков кадар и условите за нивно образование и обука, ниту пак се извршени консултации со релевантни здруженија и надлежни органи по тој повод, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).
Имајќи ги предвид констатираните сериозни и бројни недоследности, Одборот за акредитација го поништи решението со кое се акредитира проектот за основање на факултетот, додека Министерството за образование и наука го поништи решението за почеток со работа, донесено од претходниот министер. Новата Влада и Министерството за образованието и наука се одлучни да го унапредат квалитетот на образовниот систем. Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите.  

The post Владата ја поништи одлуката: Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки appeared first on Република.

]]>