ФАЦ Archives - Република https://republika.mk/tema/fac/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Oct 2023 12:34:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФАЦ Archives - Република https://republika.mk/tema/fac/ 32 32 Мицкоски: Германски ФАЦ до срж ја разголе пирамидата на криминалот кој што функционира во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-germanski-fats-do-srzh-ja-razgole-piramidata-na-kriminalot-koj-shto-funktsionira-vo-makedonija/ Thu, 19 Oct 2023 11:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=692838

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ беше во посета во општина Зелениково и запрашан за коментар на германскиот ФАЦ кој ја критикува владата истакна дека овој весник до срж практично ја разголе пирамидата на криминалот која што функционира во Македонија.

Германскиот реномиран весник ФАЦ до срж практично ја разголе пирамидата на криминалот која што функционира во Македонија и кога ние алармираме 6 години дека ова се случува, за жал и од страна на одредени европски политичари тоа наидува на игнорирање - потенцираше Мицкоски.

Претседателот Мицкоски во врска со ова овој проблем укажа дека тој треба да се реши, а тоа ќе биде преку промени кои што ќе донесат една нова иднина, политичари со план и визија како да ја развиваат Македонија.

Овдека проблемот станува се подлабок и потежок за решавање и тоа е наш проблем и треба ние да си го решиме. Како ќе го решиме? Се знае со промени. Затоа е важно за неколку месеци од денес да направиме промени кои што ќе донесат една нова иднина, политичари со план и визија како да ја развиваат Македонија. Во спротивно ќе продолжиме да тонеме во криминал и политичка корупција која што ја гледаме 6 години и од ден во ден станува се поакутна и би рекол алармантна, се доведува под знак прашање непостоењето на системот, тука постоењето на државата - додаде Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/germanski-fats-so-naslovna-za-makedonija-koruptsija-na-vladata-vo-ime-na-eu/

The post Мицкоски: Германски ФАЦ до срж ја разголе пирамидата на криминалот кој што функционира во Македонија appeared first on Република.

]]>

ФАЦ анализа: Добри вести за Албанија на патот кон ЕУ, но не и за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/fac-analiza-dobri-vesti-za-albanija-na-patot-kon-eu-no-ne-i-za-makedonija/ Mon, 18 Jul 2022 14:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=530712

Македонија и Албанија можат да ги започнат преговорите за членство во ЕУ, но за Скопје тие преговори можат многу скоро да завршат со повторна блокада, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.

ФАЦ пишува дека по гласањето во македонскиот парламент за францускиот предлог пристигнале честитки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и германскиот канцелар Олаф Шолц, но се сомнева дека европскиот пат сега е отворен за земјата.
„Колку далеку ќе стигне Македонија на овој пат е нејасно, затоа што Бугарија поставува предуслови од кои дел се неостварливи. Притоа, во најголем дел се работи за историјата и идентитетот на словенските Македонци.“

ФАЦ ја цитира изјавата на Фон дер Лајен во македонскиот парламент, каде таа даваше гаранции дека „билатералните теми, како интерпретацијата на историјата, не се услов во преговорите“.
„Тоа е нејзината и позицијата на Европската комисија“, пишува весникот, „но прашање е дали така мисли и Бугарија“.

Прва пречка- Уставот 

Во тој контекст, првата пречка, според ФАЦ, е промената на Уставот за внесување на Бугарите во него.

„Прашањето на признавањето на бугарско малцинство во Македонија ќе беше споредливо лесно за решавање. Но владата на премиерот Ковачевски во моментов е многу оддалечена од двотретинско мнозинство за да може да организира промена на Уставот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го поддржи и за такво нешто постојат добри причини. Кој гарантира дека Бугарија, по промената на Уставот, нема да поставува нови барања? Не само националистите во Скопје го поставуваат тоа прашање“.

„За надминување на оваа недоверба во јавноста циркулира предлогот за ‘условена промена на Уставот'. Според него, парламентот во Скопје би можел да ја изгласа промената на Уставот за вметнување на бугарското малцинство, со клаузула дека промената ќе стапи во сила кога Македонија ќе влезе во ЕУ, или барем во заедничкиот пазар“, наведува ФАЦ.

Добра вест... за Албанија 

Но, пишува понатаму германскиот весник, сосема е друга приказната кога станува збор за прашањата на историјата и идентитетот.

„Бугарското гледиште - а тоа се претставува како обврзувачки наратив - на кој треба да се придржуваат и јавните медиуми и сите државни органи во Македонија, не може да се спроведе и не одговара на слободата на академската настава."

„Меѓу Бугарија и Македонија уште пред неколку години беше формирана историска Комисија за 'решавање' на историските спорови. Но, Бугарија во тоа подразбира дека Скопје треба да го прифати бугарскиот поглед на 'заедничката историја'. Од Скопје има предлози да се именуваат и странски историчари во комисијата. Сепак, според извештаите, Бугарија отфрла интернационализација на комисијата."

„Добри вести“, ФАЦ гледа само во случајот на Албанија која ја опишува како досегашна „колатерална штета“ на македонско-бугарскиот историски спор, и го цитира албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека со почетокот на преговорите на неговата земја „завршува апсурдното заложништво“.

„Но за желбата на неговата земја за членство во ЕУ, тоа не мора многу да значи. Црна Гора преговара веќе една деценија, без притоа воопшто да се приближи до некаков датум за членство“, заклучува ФАЦ.

The post ФАЦ анализа: Добри вести за Албанија на патот кон ЕУ, но не и за Македонија appeared first on Република.

]]>

Македонија и Албанија можат да ги започнат преговорите за членство во ЕУ, но за Скопје тие преговори можат многу скоро да завршат со повторна блокада, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг. ФАЦ пишува дека по гласањето во македонскиот парламент за францускиот предлог пристигнале честитки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и германскиот канцелар Олаф Шолц, но се сомнева дека европскиот пат сега е отворен за земјата. „Колку далеку ќе стигне Македонија на овој пат е нејасно, затоа што Бугарија поставува предуслови од кои дел се неостварливи. Притоа, во најголем дел се работи за историјата и идентитетот на словенските Македонци.“ ФАЦ ја цитира изјавата на Фон дер Лајен во македонскиот парламент, каде таа даваше гаранции дека „билатералните теми, како интерпретацијата на историјата, не се услов во преговорите“. „Тоа е нејзината и позицијата на Европската комисија“, пишува весникот, „но прашање е дали така мисли и Бугарија“. Прва пречка- Уставот  Во тој контекст, првата пречка, според ФАЦ, е промената на Уставот за внесување на Бугарите во него. „Прашањето на признавањето на бугарско малцинство во Македонија ќе беше споредливо лесно за решавање. Но владата на премиерот Ковачевски во моментов е многу оддалечена од двотретинско мнозинство за да може да организира промена на Уставот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го поддржи и за такво нешто постојат добри причини. Кој гарантира дека Бугарија, по промената на Уставот, нема да поставува нови барања? Не само националистите во Скопје го поставуваат тоа прашање“. „За надминување на оваа недоверба во јавноста циркулира предлогот за ‘условена промена на Уставот'. Според него, парламентот во Скопје би можел да ја изгласа промената на Уставот за вметнување на бугарското малцинство, со клаузула дека промената ќе стапи во сила кога Македонија ќе влезе во ЕУ, или барем во заедничкиот пазар“, наведува ФАЦ. Добра вест... за Албанија  Но, пишува понатаму германскиот весник, сосема е друга приказната кога станува збор за прашањата на историјата и идентитетот. „Бугарското гледиште - а тоа се претставува како обврзувачки наратив - на кој треба да се придржуваат и јавните медиуми и сите државни органи во Македонија, не може да се спроведе и не одговара на слободата на академската настава." „Меѓу Бугарија и Македонија уште пред неколку години беше формирана историска Комисија за 'решавање' на историските спорови. Но, Бугарија во тоа подразбира дека Скопје треба да го прифати бугарскиот поглед на 'заедничката историја'. Од Скопје има предлози да се именуваат и странски историчари во комисијата. Сепак, според извештаите, Бугарија отфрла интернационализација на комисијата." „Добри вести“, ФАЦ гледа само во случајот на Албанија која ја опишува како досегашна „колатерална штета“ на македонско-бугарскиот историски спор, и го цитира албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека со почетокот на преговорите на неговата земја „завршува апсурдното заложништво“. „Но за желбата на неговата земја за членство во ЕУ, тоа не мора многу да значи. Црна Гора преговара веќе една деценија, без притоа воопшто да се приближи до некаков датум за членство“, заклучува ФАЦ.

The post ФАЦ анализа: Добри вести за Албанија на патот кон ЕУ, но не и за Македонија appeared first on Република.

]]>
ФАЦ: Во Скопје знаат дека убавите зборови на германскиот канцелар не значат многу https://republika.mk/vesti/makedonija/fac-vo-skopje-znaat-deka-ubavite-zborovi-na-germanskiot-kancelar-ne-znachat-mnogu/ Fri, 10 Jun 2022 19:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=513678

Мали се шансите посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц да помрдне нешто во бугарско-македонскиот спор и да му го отвори патот на Скопје кон ЕУ, оценува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во денешната анализа што ја пренесува Дојче Веле.

Разговорите во Софија требаше да бидат финалето и можеби дипломатскиот белег на патувањето на Шолц на Балканот, имено како германски придонес во обидите да се смири, барем површно, ‘историскиот спор’ што го предизвика Бугарија со Македонија, оценува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во пресрет на доаѓањето на канцеларот Олаф Шолц во регионот.

Надежта е дека Македонија, со германска помош, на седницата на Европскиот совет на 23 јуни конечно ќе добие зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ. Досега тоа беше блокирано од Бугарија со вето. Но, сега се чини дека Шолц лета директно во владина криза, наведува натаму ФАЦ.

Весникот потсетува дека во средата се распадна четирипартиската коалиција на бугарскиот премиер Кирил Петков, откако шоуменот Слави Трифонов ги повлече своите министри од владата. Една од причините за заминувањето, според Трифонов, е и „националното предавство“ кое го прави Петков во обид да го тргне ветото за Македонија. 

„Трифонов ја застапува националистичката линија во Бугарија во однос на Македонија. Според неа, врз основа на бугарско-македонскиот договор за пријателство од 2017 година, кој не само во Скопје се смета за изнудувачки, Македонците мора да признаат дека воопшто не постојат како народ и дека нивниот јазик потекнува од бугарскиот. Тоа не е наведено буквално така во договорот, но натаму одат барањата на Софија“, пишува ФАЦ.

И онака малите шанси дека посетата на Шолц ќе донесе одржлив компромис во спорот меѓу Бугарија и Македонија, сега се уште помали. Надежите дека добронамерните сили во Софија ќе го решат спорот и онака беа авантуристички, затоа што од Скопје се бара нешто што е тешко да се исполни: македонската влада треба да го смени Уставот со двотретинско мнозинство за да го вметне бугарското малцинство во него како конститутивен народ. Дополнително, треба да се направат и други отстапки во компоненти од македонскиот идентитет за кои воопшто не може да се преговара. (…) Скопје и онака веќе има лошо искуство со измени на Уставот заради нејасната ‘европска перспектива’. Поранешниот премиер Зоран Заев, со огромен политички ризик, изврши промена на името во Cеверна Македонија. За да се охрабрат Македонците на овој чекор, во 2018 во Скопје допатува и канцеларката Ангела Меркел и индиректно го поддржа преименувањето. Грција потоа го отстрани ветото за трансатлантскиот пат на соседот. Но, наместо да следува награда во форма на почеток на преговорите за членство во ЕУ, веднаш настапи Бугарија со ново вето, се наведува во анализата наа германскиот весник.

Зоран Заев во меѓувреме се повлече од политиката, потсетува весникот и прашува: „Дали неговиот наследник Димитар Ковачевски има волја и способност, е непознаница. Но, во Скопје веќе знаат дека убавите зборови на германската канцеларка или канцелар не значат многу“.

The post ФАЦ: Во Скопје знаат дека убавите зборови на германскиот канцелар не значат многу appeared first on Република.

ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/fac-petkov-bara-bugarskoto-malcinstvo-da-se-vkluchi-vo-makedonskiot-ustav-a-ne-saka-da-chue-za-makedonsko-malcinstvo-vo-bugarija/ Tue, 18 Jan 2022 11:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=446322

Бугарскиот премиер Кирил Петков денес е во прва официјална посета на Македонија, а пред посетата најави нов пристап во разговорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) денеска излезе со анализа токму на таа тема, со наслов „Проба за поправање на односите во Скопје“.

ФАЦ пишува дека Хрватска е последната држава која што се приклучила на Европската Унија во летото во 2013 и Европското проширување од тогаш е ставено во мирување. Постојат неколку аргументи зошто ова е точно. Францускиот Премиер Емануел Макрон често укажува на паузата во проширувањето на ЕУ. Со години, тој укажува дека ЕУ едвај преживува со постоечките земји членки кога е во прашање донесување на важни одлуки, кои мора да се донесат со едногласност. Макрон сака прво ЕУ да ги реформира процедурите за гласање барем за важните одлуки. На Балканот, постојат држави кои сеуште посакуваат и прават се за да се приклучат на ЕУ. Приклучувањето кон ЕУ на овие држави е главната надворешна политика. Тие се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Сепак, ниту една држава нема направено отстапки и нема платено повеќе од Македонија.

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас дури успеаја да го сменат името на државата, која претходно се викаше само Македонија, во 2018, со што го надминаа долгогодишниот спор околу името кој  Македонија го имаше со Грција. Меѓутоа, веднаш кога грчкото вето беше спуштено, земјата беше повторно блокирана: Сега Бугарија ја спречува  Македонија од започнување на пристапни преговори со ЕУ со серија на таканаречени историски барања. На пример,  Македонија повеќе не смее да ја нарекува бугарска окупација од Втората светска војна окупација, мора да признае дека корените на македонскиот јазик се бугарски и да го признае постоењето на бугарско малцинство во преамбулата на својот устав – пишува ФАЦ.

Иако ваквите барања од Софија не се ништо ново, тие не беа забележани во Европа во минатото поради поапсурдните барања од страна на Грција, пишува весникот. Пред 10 години, поранешниот бугарски премиер Росен Плевнелиев кажа дека, доколку Македонија сака да почне какви било преговори со ЕУ, државата мора да престане со анти-Бугарската политика.

Сепак, во тоа време, во Скопје постоеше сомнителна историска политика. Меѓутоа, моменталното лидерство во државата во никој случај не смее да биде обвинето за било какво нешто слично. Како резултат на бугарското вето, од кое страда и Албанија како колатерална штета, последните спомени од Европска политика на проширување на Балканот како да тонат. Помеѓу другото, тоа значи дека и влијанието кое ЕУ го има на Балканот станува се помало – пишува ФАЦ.

Сега, новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој е премиер од декември 2021 година, почнува да размислува за промени. Новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, кој е премиер околу 72 часа, го пречекува на разговори во Скопје. Ковачевски стана премиер после Заев, кој беше политички ослабен од пропаднатите европски ветувања и одлучи да го отстапи своето место од првиот ред од политиката во земјата.

Петков и Ковачевски сакаат да најдат решените за одново започнување на преговорите. Доколку успеат, проширувањето на ЕУ би можело барем формално да биде рестартирано. Петков, кој има завршено на „Харвард“ и кој навлезе во политиката од бизнис секторот, сака да ја воведе својата држава во еврозоната, не се смета за бугарски националист – пишува ФАЦ.

Во интервју за агенцијата МИА, кое го даде пред планираниот пат во Скопје, наведува медиумот, тој се претставува себеси како прагматичен човек.

Нема потреба за нови декларации, туку проблемите кои се важни за луѓето во двете држави треба да се решат - рече Петков.

Главниот фокус треба да биде во инфраструктурата. До денес, Скопје и Софија не се директно поврзани ниту со автопат ниту со железница. Не постои ни директна авио-линија меѓу двата града. Тоа мора да се смени.

Бугарската влада сака да ја зацврсти довербата, која е уништена, со сериозни проекти. Пет работни групи (за бизнис, култура, инфраструктура, европска интеграција и историја), кои би требало да се сретнуваат еднаш неделно, би требало да воведат до забрзување на подобрување на односите – се вели во текстот.

Петков беше цитиран со изјава дека имал конструктивен разговор по телефон со Ковачевски. Двајцата премиери се договориле да доведат што е можно повеќе компании од двете држави за да се зајакнат економсксите односи. Сепак, вели медиумот, иако Петков е прагматичар, не е јасно дека нешто ќе може да се смени во преговорите помеѓу двете држави.

Бугарскиот премиер ќе мора да се откаже од многу работи, бидејќи Социјалистичката партија, која е традиционално националистичка кон  Македонија, е дел од владата на Бугарија. Претседателот на Бугарија Румен Радев, поранешен борбен пилот кој тренирал во земјите на Варшавскиот пакт, е човек кој комплетно ја доведе до прашање цела социјалистичка историографија. Неговите националистички изјави кон  Македонија често укажуваат дека тој никогаш нема да може да се одвои од таа бивша социјалистичка политика. Тој зборува на националистички теми, чие место е 19-тиот век – се вели во анализата.

Во интервјуто, Петков укажа дека постојат деструктивни сили и во двете држави кои работат против добрососедкиот односи.

Сепак, некои екперти сè уште не се сигурни колку Петков ќе можа да се дистанцира од тие деструктивни сили. Бугарскиот историчар Росен Милев, кој често ја критикува Бугарската националистичка политика кон Македонија, укажува на една контрадикција. Иако Петков, во линија со националистичките елементи во Бугарија, бара да се прифати бугарското малцинство во Македонија и тоа да биде вклучено во Уставот на земјата, тој одбива дури и да разговара за постоењето на македонско малцинство во Бугарија.

Тоа е скандалозно. Како може еден премиер во Европа да зборува дека една држава мора да го признае малцинството во соседна држава, но одбива да зборува за спротивниот случај? Тоа оди против сè во Европа, објаснува Милев – завршува ФАЦ.

The post ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков денес е во прва официјална посета на Македонија, а пред посетата најави нов пристап во разговорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) денеска излезе со анализа токму на таа тема, со наслов „Проба за поправање на односите во Скопје“. ФАЦ пишува дека Хрватска е последната држава која што се приклучила на Европската Унија во летото во 2013 и Европското проширување од тогаш е ставено во мирување. Постојат неколку аргументи зошто ова е точно. Францускиот Премиер Емануел Макрон често укажува на паузата во проширувањето на ЕУ. Со години, тој укажува дека ЕУ едвај преживува со постоечките земји членки кога е во прашање донесување на важни одлуки, кои мора да се донесат со едногласност. Макрон сака прво ЕУ да ги реформира процедурите за гласање барем за важните одлуки. На Балканот, постојат држави кои сеуште посакуваат и прават се за да се приклучат на ЕУ. Приклучувањето кон ЕУ на овие држави е главната надворешна политика. Тие се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Сепак, ниту една држава нема направено отстапки и нема платено повеќе од Македонија.
Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас дури успеаја да го сменат името на државата, која претходно се викаше само Македонија, во 2018, со што го надминаа долгогодишниот спор околу името кој  Македонија го имаше со Грција. Меѓутоа, веднаш кога грчкото вето беше спуштено, земјата беше повторно блокирана: Сега Бугарија ја спречува  Македонија од започнување на пристапни преговори со ЕУ со серија на таканаречени историски барања. На пример,  Македонија повеќе не смее да ја нарекува бугарска окупација од Втората светска војна окупација, мора да признае дека корените на македонскиот јазик се бугарски и да го признае постоењето на бугарско малцинство во преамбулата на својот устав – пишува ФАЦ.
Иако ваквите барања од Софија не се ништо ново, тие не беа забележани во Европа во минатото поради поапсурдните барања од страна на Грција, пишува весникот. Пред 10 години, поранешниот бугарски премиер Росен Плевнелиев кажа дека, доколку Македонија сака да почне какви било преговори со ЕУ, државата мора да престане со анти-Бугарската политика. Сепак, во тоа време, во Скопје постоеше сомнителна историска политика. Меѓутоа, моменталното лидерство во државата во никој случај не смее да биде обвинето за било какво нешто слично. Како резултат на бугарското вето, од кое страда и Албанија како колатерална штета, последните спомени од Европска политика на проширување на Балканот како да тонат. Помеѓу другото, тоа значи дека и влијанието кое ЕУ го има на Балканот станува се помало – пишува ФАЦ. Сега, новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој е премиер од декември 2021 година, почнува да размислува за промени. Новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, кој е премиер околу 72 часа, го пречекува на разговори во Скопје. Ковачевски стана премиер после Заев, кој беше политички ослабен од пропаднатите европски ветувања и одлучи да го отстапи своето место од првиот ред од политиката во земјата. Петков и Ковачевски сакаат да најдат решените за одново започнување на преговорите. Доколку успеат, проширувањето на ЕУ би можело барем формално да биде рестартирано. Петков, кој има завршено на „Харвард“ и кој навлезе во политиката од бизнис секторот, сака да ја воведе својата држава во еврозоната, не се смета за бугарски националист – пишува ФАЦ. Во интервју за агенцијата МИА, кое го даде пред планираниот пат во Скопје, наведува медиумот, тој се претставува себеси како прагматичен човек. Нема потреба за нови декларации, туку проблемите кои се важни за луѓето во двете држави треба да се решат - рече Петков. Главниот фокус треба да биде во инфраструктурата. До денес, Скопје и Софија не се директно поврзани ниту со автопат ниту со железница. Не постои ни директна авио-линија меѓу двата града. Тоа мора да се смени. Бугарската влада сака да ја зацврсти довербата, која е уништена, со сериозни проекти. Пет работни групи (за бизнис, култура, инфраструктура, европска интеграција и историја), кои би требало да се сретнуваат еднаш неделно, би требало да воведат до забрзување на подобрување на односите – се вели во текстот. Петков беше цитиран со изјава дека имал конструктивен разговор по телефон со Ковачевски. Двајцата премиери се договориле да доведат што е можно повеќе компании од двете држави за да се зајакнат економсксите односи. Сепак, вели медиумот, иако Петков е прагматичар, не е јасно дека нешто ќе може да се смени во преговорите помеѓу двете држави. Бугарскиот премиер ќе мора да се откаже од многу работи, бидејќи Социјалистичката партија, која е традиционално националистичка кон  Македонија, е дел од владата на Бугарија. Претседателот на Бугарија Румен Радев, поранешен борбен пилот кој тренирал во земјите на Варшавскиот пакт, е човек кој комплетно ја доведе до прашање цела социјалистичка историографија. Неговите националистички изјави кон  Македонија често укажуваат дека тој никогаш нема да може да се одвои од таа бивша социјалистичка политика. Тој зборува на националистички теми, чие место е 19-тиот век – се вели во анализата. Во интервјуто, Петков укажа дека постојат деструктивни сили и во двете држави кои работат против добрососедкиот односи. Сепак, некои екперти сè уште не се сигурни колку Петков ќе можа да се дистанцира од тие деструктивни сили. Бугарскиот историчар Росен Милев, кој често ја критикува Бугарската националистичка политика кон Македонија, укажува на една контрадикција. Иако Петков, во линија со националистичките елементи во Бугарија, бара да се прифати бугарското малцинство во Македонија и тоа да биде вклучено во Уставот на земјата, тој одбива дури и да разговара за постоењето на македонско малцинство во Бугарија. Тоа е скандалозно. Како може еден премиер во Европа да зборува дека една држава мора да го признае малцинството во соседна држава, но одбива да зборува за спротивниот случај? Тоа оди против сè во Европа, објаснува Милев – завршува ФАЦ.

The post ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија appeared first on Република.

]]>