фабрика за оружје Archives - Република https://republika.mk/tema/fabrika-za-oruzhje/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 12:58:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фабрика за оружје Archives - Република https://republika.mk/tema/fabrika-za-oruzhje/ 32 32 Влез со најмалку 25 милиони; Албанија ќе ги ослободи од данок сите кои ќе инвестираат во фабрики за оружје https://republika.mk/vesti/balkan/vlez-so-najmalku-25-milioni-albanija-ke-gi-oslobodi-od-danok-site-koi-ke-investiraat-vo-fabriki-za-oruzhje/ Sun, 09 Jun 2024 13:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=785922

Албанската влада подготви Нацрт-закон за производство на оружје „Made in Albania“ со кој се уредува индустријата за производство, истражување и развој на оружје, муниција, опрема и воени технологии, како и нивна трговија.

Се очекува Нацрт-законот деновиве да биде ставен на јавна расправа, по што ќе биде разгледан во собраниските комисии, а во септември и на седница на парламентот за усвојување.

Предлог-законот предвидува заживувањето на албанската индустрија за производство на оружје да и биде доверено на Агенцијата за одбранбена индустрија, која ќе биде дел од Министерството за одбрана. Оваа агенција е државен орган одговорен за лиценцирање, надзор и регулирање на секторот за производство, трговија, истражување и развој на военото вооружување, наведуваат медиумите.

Во документот е нагласено дека сите албански или странски компании кои ќе аплицираат за лиценцирање ќе треба да планираат почетна инвестиција од најмалку 25 милиони евра.

По добивањето на лиценцата, компаниите, ќе бидат ослободени од данок на добивка, а ќе плаќаат и намален данокот на додадена вредност, кој ќе изнесува 10 отсто. За да се избегне продажбата на оружје од албанско производство во земјите под воени санкции, албанската влада со законот предвидува низа мерки, додаваат медиумите.

Агенцијата за одбранбена индустрија ќе води и објавува „црна листа“ на субјекти, за кои ќе биде утврдено дека направиле многу сериозно прекршување на одредби од овој закон или кои преку

својата дејност производство или трговија ја нарушиле националната и меѓународната безбедност.

Албанија имаше значајна индустрија за оружје која процвета особено во 70-тите и 80-тите години откако Кина, како главен сојузник, помогна во изградбата на неколку нови комплекси, додека порано со руска помош беа изградени производствени линии.

Албанија имаше комбинат за производство на оружје и муниција во Поличан, вклучувајќи ја и фабриката за оружје и муниција во Чекин кај Грамш, каде се произведуваа пушки, калашникови и уште неколку видови оружја. Функционираше и погонот за експлозиви во Елбасан, како и линиите за поправка на авионите „МИГ“ во Кучово, која сега е воздухопловна база на НАТО.

The post Влез со најмалку 25 милиони; Албанија ќе ги ослободи од данок сите кои ќе инвестираат во фабрики за оружје appeared first on Република.

]]>

Албанската влада подготви Нацрт-закон за производство на оружје „Made in Albania“ со кој се уредува индустријата за производство, истражување и развој на оружје, муниција, опрема и воени технологии, како и нивна трговија. Се очекува Нацрт-законот деновиве да биде ставен на јавна расправа, по што ќе биде разгледан во собраниските комисии, а во септември и на седница на парламентот за усвојување.
Предлог-законот предвидува заживувањето на албанската индустрија за производство на оружје да и биде доверено на Агенцијата за одбранбена индустрија, која ќе биде дел од Министерството за одбрана. Оваа агенција е државен орган одговорен за лиценцирање, надзор и регулирање на секторот за производство, трговија, истражување и развој на военото вооружување, наведуваат медиумите.
Во документот е нагласено дека сите албански или странски компании кои ќе аплицираат за лиценцирање ќе треба да планираат почетна инвестиција од најмалку 25 милиони евра.
По добивањето на лиценцата, компаниите, ќе бидат ослободени од данок на добивка, а ќе плаќаат и намален данокот на додадена вредност, кој ќе изнесува 10 отсто. За да се избегне продажбата на оружје од албанско производство во земјите под воени санкции, албанската влада со законот предвидува низа мерки, додаваат медиумите.
Агенцијата за одбранбена индустрија ќе води и објавува „црна листа“ на субјекти, за кои ќе биде утврдено дека направиле многу сериозно прекршување на одредби од овој закон или кои преку својата дејност производство или трговија ја нарушиле националната и меѓународната безбедност. Албанија имаше значајна индустрија за оружје која процвета особено во 70-тите и 80-тите години откако Кина, како главен сојузник, помогна во изградбата на неколку нови комплекси, додека порано со руска помош беа изградени производствени линии. Албанија имаше комбинат за производство на оружје и муниција во Поличан, вклучувајќи ја и фабриката за оружје и муниција во Чекин кај Грамш, каде се произведуваа пушки, калашникови и уште неколку видови оружја. Функционираше и погонот за експлозиви во Елбасан, како и линиите за поправка на авионите „МИГ“ во Кучово, која сега е воздухопловна база на НАТО.

The post Влез со најмалку 25 милиони; Албанија ќе ги ослободи од данок сите кои ќе инвестираат во фабрики за оружје appeared first on Република.

]]>
Акциите на германскиот концерн за воена техника „Рајнметал“ за првпат надминаа 400 евра https://republika.mk/vesti/svet/aktsiite-na-germanskiot-kontsern-za-voena-tehnika-rajnmetal-za-prvpat-nadminaa-400-evra/ Sun, 25 Feb 2024 10:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=747976

Акциите на грманскиот концерн за производство на оружје и воена опрема „Рајнметал“ за прв пат надминаа 400 евра, а повод за таквиот раст е објавувањето на плановите за изградба на нова фабрика за производство на артилериска муниција во Украина. Декларацијата беше потпишана на Минхенската безбедносна конференција.

Каде и кога ќе се гради фабриката сè уште не е прецизирано, но според најавите, се очекува да произведе стотици илјади НАТО-стандардна муниција од 155 милиметри за украинските вооружени сили.

https://republika.mk/vesti/svet/germanija-i-ukraina-zaednichki-ke-gradat-fabrika-za-munitsija-na-ukrainska-teritorija/

Изградбата на вакви фабрики и воопшто проширувањето на производствените капацитети станаа фактор за раст на германската компанија. Уште во 2022 година, „Рајнметал“ брзо сфати дека може да заработи многу пари од украинскиот конфликт - и тоа го направи.

Веќе во 2023 година, „Рајнметал“ ја купи фабриката „Експал системс СА“ (Expal Sistems SA) во Шпанија, како и повеќе од 70% од акциите во фабриката „Аутомеканика медиас“ (Automecanica Medias) во Романија. Нова фабрика за муниција со заедничкото вложување  - Рајнметал Хунгари Мунисипоалс Зрт“ (Rheinmetall Hungari Municipals Zrt) е изградена во Варпалот, Унгарија.

Пред нешто повеќе од една недела почна изградбата на фабриката за муниција „Верк Нидерсахсе“ (Werk Niedersachse) во Долна Саксонија, која ќе произведува до 200.000 гранати годишно, а во јануари почна изградбата на линијата за производство на експлозиви во фабриката Варпалот.

Со ваквото проширување на активностите, „Рајнметал“ планира да произведе 700.000 гранати до 2025 година, а се додека трае војната во Украина, побарувачката за производите на „Рајнметал“ нема да запре.

The post Акциите на германскиот концерн за воена техника „Рајнметал“ за првпат надминаа 400 евра appeared first on Република.

]]>

Акциите на грманскиот концерн за производство на оружје и воена опрема „Рајнметал“ за прв пат надминаа 400 евра, а повод за таквиот раст е објавувањето на плановите за изградба на нова фабрика за производство на артилериска муниција во Украина. Декларацијата беше потпишана на Минхенската безбедносна конференција. Каде и кога ќе се гради фабриката сè уште не е прецизирано, но според најавите, се очекува да произведе стотици илјади НАТО-стандардна муниција од 155 милиметри за украинските вооружени сили. https://republika.mk/vesti/svet/germanija-i-ukraina-zaednichki-ke-gradat-fabrika-za-munitsija-na-ukrainska-teritorija/ Изградбата на вакви фабрики и воопшто проширувањето на производствените капацитети станаа фактор за раст на германската компанија. Уште во 2022 година, „Рајнметал“ брзо сфати дека може да заработи многу пари од украинскиот конфликт - и тоа го направи. Веќе во 2023 година, „Рајнметал“ ја купи фабриката „Експал системс СА“ (Expal Sistems SA) во Шпанија, како и повеќе од 70% од акциите во фабриката „Аутомеканика медиас“ (Automecanica Medias) во Романија. Нова фабрика за муниција со заедничкото вложување  - Рајнметал Хунгари Мунисипоалс Зрт“ (Rheinmetall Hungari Municipals Zrt) е изградена во Варпалот, Унгарија. Пред нешто повеќе од една недела почна изградбата на фабриката за муниција „Верк Нидерсахсе“ (Werk Niedersachse) во Долна Саксонија, која ќе произведува до 200.000 гранати годишно, а во јануари почна изградбата на линијата за производство на експлозиви во фабриката Варпалот. Со ваквото проширување на активностите, „Рајнметал“ планира да произведе 700.000 гранати до 2025 година, а се додека трае војната во Украина, побарувачката за производите на „Рајнметал“ нема да запре.

The post Акциите на германскиот концерн за воена техника „Рајнметал“ за првпат надминаа 400 евра appeared first on Република.

]]>