фабрика за цигари Archives - Република https://republika.mk/tema/fabrika-za-cigari/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Feb 2022 13:20:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фабрика за цигари Archives - Република https://republika.mk/tema/fabrika-za-cigari/ 32 32 Фабриката за тутун Сараево која работеше подолго од 140 години, ќе престане со работа на последниот ден од март https://republika.mk/vesti/balkan/fabrikata-za-tutun-saraevo-koja-raboteshe-podolgo-od-140-godini-kje-prestane-so-rabota-na-posledniot-den-od-mart/ Mon, 14 Feb 2022 13:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=458385

Фабриката за тутун Сараево (ФДС) која работеше подолго од 140 години, ќе престане со работа на последниот ден од март, врз основа на одлуката која ја донел надзорниот одбор ставајќи на тој начин точка на долгогодишниот матен процес на приватизација на компанијата.

Претседателот на синдикатот на тутунската индустрија на Босна и Херцеговина Мехмед Авдагиќ им потврди на медиумите дека работниците на ФДС го известиле дека надзорниот одбор во јануари донел одлука за ликвидација на фабриката, која ќе стапи на сила на 31 март.

Таквата одлука Авдагиќ ја нарече разочарувачка истакнувајќи дека тоа е резултат на фактот дека никој не реагирал на бројните предупредувања дека ФДС се урива уште од 2016 година, кога со сомнителна приватизација компанијата Адријатик инвестментс, со седиште во Виена и која соработува со Бритиш Американ тобако (БАТ), од владата на Федерација БиХ го купи контролниот пакет од 40 отсто акции по цена нешто поголема од 20 милиони евра.

Потоа од ФДС е формирана нова компанија наречена Бадеко Адрија, а следеше откуп на акции во сопственост на помали акционери и низа заплеткани трансакции кои доведоа до уривање на производството. Највредните марки цигари како легендарната сараевска Дрина или поновата Аура се продадени.

Работниците на време предупредуваа, испраќаа дописи до претставници на меѓународната заедница, финансиската полиција, владата на ФБиХ, на сите, но за жал немаа доволно сила да се изборат против оние кои сакаа да ја уништат таа фабрика“, кажа Авдагиќ истакнувајќи дека само продадените марки чинеле најмалку 40 милиони евра.

Вкупната годишна вредност на пазарот на тутун во БиХ Авдагиќ ја проценува на над 500 милиони евра.

Откако ФДС ќе згасне, ќе останат бројни недвижности низ БиХ чиј сопственик беше таа компанија, а вредат стотици милиони евра.

ФДС беше првиот произведувач на цигарите Малборо во поранешна Југославија и еден од лидерите на тутунската индустрија во поранешната држава. По ликвидацијата на фабриката, формирана уште во 1880 година, а која не престана да работи ни за време на опсадата на Сараево, брз работа ќе останат околу 150 нејзини сегашни работници.

The post Фабриката за тутун Сараево која работеше подолго од 140 години, ќе престане со работа на последниот ден од март appeared first on Република.

]]>

Фабриката за тутун Сараево (ФДС) која работеше подолго од 140 години, ќе престане со работа на последниот ден од март, врз основа на одлуката која ја донел надзорниот одбор ставајќи на тој начин точка на долгогодишниот матен процес на приватизација на компанијата. Претседателот на синдикатот на тутунската индустрија на Босна и Херцеговина Мехмед Авдагиќ им потврди на медиумите дека работниците на ФДС го известиле дека надзорниот одбор во јануари донел одлука за ликвидација на фабриката, која ќе стапи на сила на 31 март. Таквата одлука Авдагиќ ја нарече разочарувачка истакнувајќи дека тоа е резултат на фактот дека никој не реагирал на бројните предупредувања дека ФДС се урива уште од 2016 година, кога со сомнителна приватизација компанијата Адријатик инвестментс, со седиште во Виена и која соработува со Бритиш Американ тобако (БАТ), од владата на Федерација БиХ го купи контролниот пакет од 40 отсто акции по цена нешто поголема од 20 милиони евра. Потоа од ФДС е формирана нова компанија наречена Бадеко Адрија, а следеше откуп на акции во сопственост на помали акционери и низа заплеткани трансакции кои доведоа до уривање на производството. Највредните марки цигари како легендарната сараевска Дрина или поновата Аура се продадени.
Работниците на време предупредуваа, испраќаа дописи до претставници на меѓународната заедница, финансиската полиција, владата на ФБиХ, на сите, но за жал немаа доволно сила да се изборат против оние кои сакаа да ја уништат таа фабрика“, кажа Авдагиќ истакнувајќи дека само продадените марки чинеле најмалку 40 милиони евра.
Вкупната годишна вредност на пазарот на тутун во БиХ Авдагиќ ја проценува на над 500 милиони евра. Откако ФДС ќе згасне, ќе останат бројни недвижности низ БиХ чиј сопственик беше таа компанија, а вредат стотици милиони евра. ФДС беше првиот произведувач на цигарите Малборо во поранешна Југославија и еден од лидерите на тутунската индустрија во поранешната држава. По ликвидацијата на фабриката, формирана уште во 1880 година, а која не престана да работи ни за време на опсадата на Сараево, брз работа ќе останат околу 150 нејзини сегашни работници.

The post Фабриката за тутун Сараево која работеше подолго од 140 години, ќе престане со работа на последниот ден од март appeared first on Република.

]]>