евровизија 2024 Archives - Република https://republika.mk/tema/evrovizija-2024/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 09:11:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евровизија 2024 Archives - Република https://republika.mk/tema/evrovizija-2024/ 32 32 По оваа „Евровизија“ знам дека донесов правилна одлука што ја одбив МТВ, вели Андријана Јаневска https://republika.mk/scena/muzika/po-ovaa-evrovizija-znam-deka-donesov-pravilna-odluka-shto-ja-odbiv-mtv-veli-andrijana-janevska/ Sun, 12 May 2024 15:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=777362

Минатата година, тимот на МТВ ме покани да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024 во Малме, откри Андријана Јаневска.

Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година, кога се натпреварував со „Твоето писмо моја библија" или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со „Носталгија". Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик.
Денес имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план. Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои.
Благодарност до МТВ за укажаната можност, но, после ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука, вели пејачката.

The post По оваа „Евровизија“ знам дека донесов правилна одлука што ја одбив МТВ, вели Андријана Јаневска appeared first on Република.

]]>

Минатата година, тимот на МТВ ме покани да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024 во Малме, откри Андријана Јаневска.
Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година, кога се натпреварував со „Твоето писмо моја библија" или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со „Носталгија". Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик. Денес имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план. Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои. Благодарност до МТВ за укажаната можност, но, после ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука, вели пејачката.

The post По оваа „Евровизија“ знам дека донесов правилна одлука што ја одбив МТВ, вели Андријана Јаневска appeared first on Република.

]]>
Евровизија: Израелската претставничка не смее да ја напушти собата, ја чува силно обезбедување https://republika.mk/scena/muzika/evrovizija-izraelskata-pretstavnichka-ne-smee-da-ja-napushti-sobata-ja-chuva-silno-obezbeduvane/ Sun, 05 May 2024 06:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=774358

На претставничката на Израел на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, Еден Голан, и беше кажано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на Евровизија, поради пропалестинските протести во шведскиот град Малме, градот каде што се одржува натпреварот.

Од полицијата ѝ рекле да остане надвор од очите на јавноста освен за време на настапот, објави Еуроњуз.

Таа пристигна во Малме овој викенд, со силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар.

Повиците за бојкот на настанот пристигнуваат подолго време, а повеќе од 1.000 шведски уметници бараат да се забрани учеството на Голан, како и 1.400 фински уметнички работници.

https://www.youtube.com/watch?v=lJYn09tuPw4

The post Евровизија: Израелската претставничка не смее да ја напушти собата, ја чува силно обезбедување appeared first on Република.

]]>

На претставничката на Израел на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, Еден Голан, и беше кажано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на Евровизија, поради пропалестинските протести во шведскиот град Малме, градот каде што се одржува натпреварот. Од полицијата ѝ рекле да остане надвор од очите на јавноста освен за време на настапот, објави Еуроњуз. Таа пристигна во Малме овој викенд, со силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои сè уште ги држи Хамас. Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар. Повиците за бојкот на настанот пристигнуваат подолго време, а повеќе од 1.000 шведски уметници бараат да се забрани учеството на Голан, како и 1.400 фински уметнички работници. https://www.youtube.com/watch?v=lJYn09tuPw4

The post Евровизија: Израелската претставничка не смее да ја напушти собата, ја чува силно обезбедување appeared first on Република.

]]>
Слушнете ги песните на Хрватска, Украина и Италија кои се фаворити за победа на „Евровизија“ https://republika.mk/scena/muzika/slushnete-gi-pesnite-na-hrvatska-ukraina-i-italija-koi-se-favoriti-za-pobeda-na-evrovizija/ Sun, 17 Mar 2024 15:26:06 +0000 https://republika.mk/?p=755606

Избраните песни да ги претставуваат Хрватска, Украина и Италија на „Евровизија“, се фаворити за победа на музичкиот натпревар, според податоци од обложувалници на интернет.

„Рим тим таги дим“, „Тереза и Марија“ и „Ла ноја“ ги заземаат првите три позиции, откако може да се слушнат сите 37 песни што ќе се натпреваруваат во мај во Шведска.

За Хрватска пее Бејби Лазања:

https://youtu.be/xTBrVNZtnys?si=6oDh_U10xcBSUyS-

За Украина пеaт Алјона Алјона и Џери Хеил:

https://youtu.be/k_8cNbF8FLI?si=nylpqBNSGECwxfEr

За Италија пее Ангелина Манго:

https://youtu.be/TO85laH-ATY?si=IFYhaoqnMCgMqj_U

Во најдобрите десет моментално, според обложувалници, се и песните на Швајцарија, Холандија, Белгија, Грција, Израел, Шведска и Франција.

Шеесет и осмото издание на „Евровизија“ ќе се одржи во Малме на 7,9 и 11 мај. Како водителки на натпреварот, најавени се холивудската ѕвезда Малин Акерман и Петра Меде, која им е добро позната на евровизиските фанови од претходни години.

The post Слушнете ги песните на Хрватска, Украина и Италија кои се фаворити за победа на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>

Избраните песни да ги претставуваат Хрватска, Украина и Италија на „Евровизија“, се фаворити за победа на музичкиот натпревар, според податоци од обложувалници на интернет. „Рим тим таги дим“, „Тереза и Марија“ и „Ла ноја“ ги заземаат првите три позиции, откако може да се слушнат сите 37 песни што ќе се натпреваруваат во мај во Шведска. За Хрватска пее Бејби Лазања: https://youtu.be/xTBrVNZtnys?si=6oDh_U10xcBSUyS- За Украина пеaт Алјона Алјона и Џери Хеил: https://youtu.be/k_8cNbF8FLI?si=nylpqBNSGECwxfEr За Италија пее Ангелина Манго: https://youtu.be/TO85laH-ATY?si=IFYhaoqnMCgMqj_U Во најдобрите десет моментално, според обложувалници, се и песните на Швајцарија, Холандија, Белгија, Грција, Израел, Шведска и Франција. Шеесет и осмото издание на „Евровизија“ ќе се одржи во Малме на 7,9 и 11 мај. Како водителки на натпреварот, најавени се холивудската ѕвезда Малин Акерман и Петра Меде, која им е добро позната на евровизиските фанови од претходни години.

The post Слушнете ги песните на Хрватска, Украина и Италија кои се фаворити за победа на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>
Хрватите се решија за малку поинаква песна: Слушнете ја евровизисјата „Рим тим таги дим“ на Бејби Лазања https://republika.mk/scena/muzika/hrvatite-se-reshija-za-malku-poinakva-pesna-slushnete-ja-evrovizisjata-rim-tim-tagi-dim-na-bejbi-lazana/ Mon, 26 Feb 2024 10:05:38 +0000 https://republika.mk/?p=748429

Победник на овогодишниот музички натпревар „Дора“, кој ќе ја претставува Хрватска на „Евровизија“ во Малме, Шведска, е Бејби Лазања со песната „Рим тим таги дим“. Пејачот, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, пред новинарите потоа, емотивно и со солзи, победата му ја посвети на семејството.

Тешко е да се посвети победа на еден човек, но семејството е секогаш на прво место, затоа ова го посветувам на семејството, рече Марко,

Победата на Бејби Лазања предизвикува поделени мислења и контроверзии во хрватската јавност.

https://youtu.be/uA7nSlo-tQE?si=Os-SNqHY93OmYZQy

Инаку, тој влезе во натпреварот како резерва, т.е. замена за пејачката За-За. Таа потоа ја поздрави неговата победа, како и други негови колеги. Бејби Лазања доби 74 поени од жирито и дури 247 според гласовите на публиката.

The post Хрватите се решија за малку поинаква песна: Слушнете ја евровизисјата „Рим тим таги дим“ на Бејби Лазања appeared first on Република.

]]>

Победник на овогодишниот музички натпревар „Дора“, кој ќе ја претставува Хрватска на „Евровизија“ во Малме, Шведска, е Бејби Лазања со песната „Рим тим таги дим“. Пејачот, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, пред новинарите потоа, емотивно и со солзи, победата му ја посвети на семејството.
Тешко е да се посвети победа на еден човек, но семејството е секогаш на прво место, затоа ова го посветувам на семејството, рече Марко,
Победата на Бејби Лазања предизвикува поделени мислења и контроверзии во хрватската јавност. https://youtu.be/uA7nSlo-tQE?si=Os-SNqHY93OmYZQy Инаку, тој влезе во натпреварот како резерва, т.е. замена за пејачката За-За. Таа потоа ја поздрави неговата победа, како и други негови колеги. Бејби Лазања доби 74 поени од жирито и дури 247 според гласовите на публиката.

The post Хрватите се решија за малку поинаква песна: Слушнете ја евровизисјата „Рим тим таги дим“ на Бејби Лазања appeared first on Република.

]]>
Се бара дискфалификација: „Косово е срцето на Албанија“, порачува албанската претставничка на Евровизија https://republika.mk/scena/muzika/se-bara-diskfalifikatsija-kosovo-e-srtseto-na-albanija-porachuva-albanskata-pretstavnichka-na-evrovizija/ Sun, 18 Feb 2024 16:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=745410

Пејачката Беса Кокедима, која ќе ја претставува Албанија на овогодинешниот избор за песна на „Евровизија“ во Малме, преку „Инстаграм“ ја честиташе годишнината од осамостојувањето на Косово.

Среќно слободно и гордо Косово! Ти си срцето на Албанија и најслатката лулка на Албанија! Те сакам! Слава на мачениците, напиша таа.

Српската јавност реагира на пораката. Тие бараат дискфалификација на пејачката, имајќи предвид дека „Евровизија“ забранува секаков вид политички пораки.

Бесрамно е ова да го прави претставник на Евровизија. Ќе има ли дисквалификација?, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

The post Се бара дискфалификација: „Косово е срцето на Албанија“, порачува албанската претставничка на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Пејачката Беса Кокедима, која ќе ја претставува Албанија на овогодинешниот избор за песна на „Евровизија“ во Малме, преку „Инстаграм“ ја честиташе годишнината од осамостојувањето на Косово.
Среќно слободно и гордо Косово! Ти си срцето на Албанија и најслатката лулка на Албанија! Те сакам! Слава на мачениците, напиша таа.
Српската јавност реагира на пораката. Тие бараат дискфалификација на пејачката, имајќи предвид дека „Евровизија“ забранува секаков вид политички пораки.
Бесрамно е ова да го прави претставник на Евровизија. Ќе има ли дисквалификација?, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

The post Се бара дискфалификација: „Косово е срцето на Албанија“, порачува албанската претставничка на Евровизија appeared first on Република.

]]>
„Или тие или ние“: Финска бара забрана за Израел на „Евровизија“ https://republika.mk/scena/muzika/ili-tie-ili-nie-finska-bara-zabrana-za-izrael-na-evrovizija/ Thu, 11 Jan 2024 11:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=731870

Повеќе од 1.400 фински професионални музичари потпишаа петиција со која се бара забрана за Израел да учествува на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија поради, како што велат, „воените злосторства“ врз Палестинците во Појасот Газа. Доколку Израел не биде исклучен од натпреварот, тие бараат од јавниот сервис ИЛЕ да ја повлече апликацијата на Финска за најголемиот европски музички натпревар, чиј домаќин годинава ќе биде шведскиот град Малме.

Лукас Корпелаинен, еден од иницијаторите на петицијата, за финските медиуми изјави дека не е прифатливо Израел да „учествува на Евровизија за да го подобри својот имиџ“. Меѓу потписниците има музичари кои ја претставуваа Финска на претходните натпревари за песна на Евровизија.

Тие го обвинуваат ИЛЕ за двојни стандарди, велејќи дека радиодифузерот бил меѓу првите кои побарале на Русија да ѝ биде забранет настап на изборот за песна на Евровиозија во 2022 година. Еден ден откако Русија ја започна инвазијата на Украина во 2022 година, претставник на финскиот јавен радиодифузер, Виле Вилен, рече дека нападот на Москва е „против сите вредности за кои се залага ИЛЕ и другите европски радиодифузери“.

Организаторот на Евровизија набргу потоа ѝ забрани на Русија да се натпреварува.

Вилен сега вели дека ситуацијата во Израел и Појасот Газа „не е сосема иста“ како руската агресија против Украина.

Колку и да е ужасно, тоа не е вид на војна што Русија ја започна против Украина, изјави тој за финскиот таблоид Илта-Саномат минатиот месец.

Јере Нурминен, друг претставник на ИЛЕ, изјави дека компанијата ја следи ситуацијата и разговара со ЕБУ и другите јавни радиодифузери. Од финскиот јавен сервис најавија средба и со иницијаторите на петицијата.

Во декември, ЕБУ објави соопштение во кое се вели дека Евровизија е „за радиодифузери, а не за влади“ и дека Израел учествува на натпреварот веќе 50 години.

Се додава дека организациите членки се согласиле дека израелскиот јавен радиодифузер „ги почитува сите правила“ и инсистира на тоа дека натпреварот е „неполитички настан“.

Минатиот месец, исландските музичари поставија слични барања до радиодифузерот РУВ.

The post „Или тие или ние“: Финска бара забрана за Израел на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 1.400 фински професионални музичари потпишаа петиција со која се бара забрана за Израел да учествува на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија поради, како што велат, „воените злосторства“ врз Палестинците во Појасот Газа. Доколку Израел не биде исклучен од натпреварот, тие бараат од јавниот сервис ИЛЕ да ја повлече апликацијата на Финска за најголемиот европски музички натпревар, чиј домаќин годинава ќе биде шведскиот град Малме. Лукас Корпелаинен, еден од иницијаторите на петицијата, за финските медиуми изјави дека не е прифатливо Израел да „учествува на Евровизија за да го подобри својот имиџ“. Меѓу потписниците има музичари кои ја претставуваа Финска на претходните натпревари за песна на Евровизија. Тие го обвинуваат ИЛЕ за двојни стандарди, велејќи дека радиодифузерот бил меѓу првите кои побарале на Русија да ѝ биде забранет настап на изборот за песна на Евровиозија во 2022 година. Еден ден откако Русија ја започна инвазијата на Украина во 2022 година, претставник на финскиот јавен радиодифузер, Виле Вилен, рече дека нападот на Москва е „против сите вредности за кои се залага ИЛЕ и другите европски радиодифузери“. Организаторот на Евровизија набргу потоа ѝ забрани на Русија да се натпреварува. Вилен сега вели дека ситуацијата во Израел и Појасот Газа „не е сосема иста“ како руската агресија против Украина.
Колку и да е ужасно, тоа не е вид на војна што Русија ја започна против Украина, изјави тој за финскиот таблоид Илта-Саномат минатиот месец.
Јере Нурминен, друг претставник на ИЛЕ, изјави дека компанијата ја следи ситуацијата и разговара со ЕБУ и другите јавни радиодифузери. Од финскиот јавен сервис најавија средба и со иницијаторите на петицијата. Во декември, ЕБУ објави соопштение во кое се вели дека Евровизија е „за радиодифузери, а не за влади“ и дека Израел учествува на натпреварот веќе 50 години. Се додава дека организациите членки се согласиле дека израелскиот јавен радиодифузер „ги почитува сите правила“ и инсистира на тоа дека натпреварот е „неполитички настан“. Минатиот месец, исландските музичари поставија слични барања до радиодифузерот РУВ.

The post „Или тие или ние“: Финска бара забрана за Израел на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>
Македонија повторно нема да учествува на „Евровизија“ https://republika.mk/scena/muzika/makedonija-povtorno-nema-da-uchestvuva-na-evrovizija/ Wed, 06 Dec 2023 10:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=720276

На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска нема да учествува македонска делегација, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување.

На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во Малме, во мај следната година, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.

Со длабока тага потврдуваме дека Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме, објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х.


Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.

Македонска делегација на Изборот за песна за Евровизија 2023 година во Ливерпул, немаше поради, како што информира тогаш Македонската Радио Телевизија, зголемената котизација за учество и зголемените трошоци од енергетската криза.

Последниот настап на Евровизија на земјава беше во 2022 година. 

The post Македонија повторно нема да учествува на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>

На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска нема да учествува македонска делегација, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување. На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во Малме, во мај следната година, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.
Со длабока тага потврдуваме дека Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме, објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х.
Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија. Македонска делегација на Изборот за песна за Евровизија 2023 година во Ливерпул, немаше поради, како што информира тогаш Македонската Радио Телевизија, зголемената котизација за учество и зголемените трошоци од енергетската криза. Последниот настап на Евровизија на земјава беше во 2022 година. 

The post Македонија повторно нема да учествува на „Евровизија“ appeared first on Република.

]]>