европски совет Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-sovet/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 06:09:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европски совет Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-sovet/ 32 32 Мишел: Мисијата е завршена, ги избравме носителите на врвните функции во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/mishel-misijata-e-zavrshena-gi-izbravme-nositelite-na-vrvnite-funktsii-vo-eu/ Fri, 28 Jun 2024 06:09:09 +0000 https://republika.mk/?p=791416

Задоволство ми е да објавам дека Европскиот совет донесе одлука поранешниот португалски премиер Антонио Кошта да биде избран за нов претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен да биде предложена за претседателка на Европската комисија и во следниот мандат, а естонската премиерка Каја Калас да биде кандидат за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави актуелниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел.

Мисијата е завршена. Европскиот совет испорача. Имавме важна тема што требаше да ја завршиме и ние го направивме тоа, нагласи Мишел на прес-конференција по завршување на Самитот на ЕУ.

Според него, Европскиот совет ја манифестирал својата одговорност со тоа што ја донесе ваквата важна, есенцијална и тешка одлука и успеа да го заврши Самитот во еден ден, минувајќи ги сите точки од дневниот ред, иако беше планирано тој да трае два дена.

Со номинациите е испратен моќен сигнал, моќен европски демократски сигнал, бидејќи ги земавме предвид изборните резултатите, порача Мишел.

Тој најави дека сега ќе продолжи институционалната процедура за избор на претседателката на Европската комисија и на високата претставничка од страна на Европскиот парламент.

Сега Европскиот парламент ќе ја одигра својата улога и ќе ја покаже својата одговорност, додаде Мишел, посакувајќи им успех во работата на новите носители на врвните позиции во ЕУ.

Новоизбраниот претседател на Советот на ЕУ, Кошта во обраќање на прес-конференцијата преку видео конференциска врска, им се заблагодари на европските лидери за укажаната доверба со неговиот избор.

Тој изрази задоволство што ќе биде дел од тимот со Фон дер Лајен и Калас, кои како што рече, се „извонредни Европејки“.

Сигурен сум дека нашата соработка ќе биде многу успешна во служењето на Европа и на европските граѓани. Европа и светот се соочуваат со предизвикувачки момент, но Европската унија ја манифестираше својата отпорност, секогаш наоѓајќи ја силата во единството. Изградбата на единството меѓу сите земји членки ќе биде мој главен приоритет кога ќе ја преземам функцијата во декември, истакна Кошта.

Тој додаде и дека ќе се фокусира на поставување на усвоената Стратешка агенда на ЕУ на вистинскиот пат и упати благодарност до Португалија и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса за поддршката за добивање на овој мандат.

Фон дер Лајен, исто така, изрази благодарност до лидерите на ЕУ за нејзината номинација за втор мандат како претседателка на Европската комисија.

Почестена сум и воодушевена што овој специјален момент можам да го споделам со мојот драг пријател Антонио Кошта, но исто така и со мојата драга пријателка Каја Калас, која ќе биде и потпретседателка на Европската комисија, додаде Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека сега очекува Европскиот парламент да го потврди нејзиниот избор, откако таа претходно пред европратениците ќе ги презентира своите политички насоки за следните пет години.

Изразувајќи благодарност за нејзината номинација за висока претставничка, Калас рече дека тоа за неа претставува огромна одговорност во време на геополитички тензии.

Има војна во Европа и растечка нестабилност на глобално ниво, кои претставуваат главен предизвик за европската надворешна политика. Моја цел е да работам на европското единство, заштита на европските интереси и вредности во геополитички контекст и на изградба на партнерства кои се многу важни во ова време, истакна Калас, додавајќи дека е подготвена да соработува и со земјите членки и со европските институции.

Таа изрази задоволство што ќе може да соработува со Фон дер Лајен и со Кошта, со кои, како што нагласи, ќе претставуваат одличен тим во остварување на целите на Европската унија.

- Многу сум почестена и благодарна. Ова не е чест само за мене, туку исто така и за Естонија, која е членка на ЕУ 20 години, потенцира Калас.

Изборот на тројцата врвни функционери во Унијата беше извршен врз основа на договорот постигнат меѓу трите партиски групации од т.н. „проевропско“ мнозинство во Европарламентот, Европската народна партија, социјалдемократите и либералната група „Да ја обновите Европа“.

Според дипломатски извори, италијанската премиерка Џорџа Мелони, која претходно изрази несогласување со договорот за распределба на највисоките позиции во ЕУ, се воздржала од гласањето за кандидатурата на Фон дер Лајен, а се изјаснила „против“ изборот на Кошта и Калас.

Во објава на Икс, Мелони оцени дека ваквиот договор е „погрешен по методологијата и суштината“, додавајќи дека гласала на начинот на кој што гласала „од почит кон граѓаните и индициите што го добила од тие граѓани за време на изборите“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој договорот го оцени како срамен, пак гласал „за“ изборот на Кошта, „против“ номинацијата на Фон дер Лајен и се воздржал од гласање за кандидатурата на Калас.

The post Мишел: Мисијата е завршена, ги избравме носителите на врвните функции во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Задоволство ми е да објавам дека Европскиот совет донесе одлука поранешниот португалски премиер Антонио Кошта да биде избран за нов претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен да биде предложена за претседателка на Европската комисија и во следниот мандат, а естонската премиерка Каја Калас да биде кандидат за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави актуелниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел.
Мисијата е завршена. Европскиот совет испорача. Имавме важна тема што требаше да ја завршиме и ние го направивме тоа, нагласи Мишел на прес-конференција по завршување на Самитот на ЕУ.
Според него, Европскиот совет ја манифестирал својата одговорност со тоа што ја донесе ваквата важна, есенцијална и тешка одлука и успеа да го заврши Самитот во еден ден, минувајќи ги сите точки од дневниот ред, иако беше планирано тој да трае два дена.
Со номинациите е испратен моќен сигнал, моќен европски демократски сигнал, бидејќи ги земавме предвид изборните резултатите, порача Мишел.
Тој најави дека сега ќе продолжи институционалната процедура за избор на претседателката на Европската комисија и на високата претставничка од страна на Европскиот парламент.
Сега Европскиот парламент ќе ја одигра својата улога и ќе ја покаже својата одговорност, додаде Мишел, посакувајќи им успех во работата на новите носители на врвните позиции во ЕУ.
Новоизбраниот претседател на Советот на ЕУ, Кошта во обраќање на прес-конференцијата преку видео конференциска врска, им се заблагодари на европските лидери за укажаната доверба со неговиот избор. Тој изрази задоволство што ќе биде дел од тимот со Фон дер Лајен и Калас, кои како што рече, се „извонредни Европејки“.
Сигурен сум дека нашата соработка ќе биде многу успешна во служењето на Европа и на европските граѓани. Европа и светот се соочуваат со предизвикувачки момент, но Европската унија ја манифестираше својата отпорност, секогаш наоѓајќи ја силата во единството. Изградбата на единството меѓу сите земји членки ќе биде мој главен приоритет кога ќе ја преземам функцијата во декември, истакна Кошта.
Тој додаде и дека ќе се фокусира на поставување на усвоената Стратешка агенда на ЕУ на вистинскиот пат и упати благодарност до Португалија и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса за поддршката за добивање на овој мандат. Фон дер Лајен, исто така, изрази благодарност до лидерите на ЕУ за нејзината номинација за втор мандат како претседателка на Европската комисија.
Почестена сум и воодушевена што овој специјален момент можам да го споделам со мојот драг пријател Антонио Кошта, но исто така и со мојата драга пријателка Каја Калас, која ќе биде и потпретседателка на Европската комисија, додаде Фон дер Лајен.
Таа нагласи дека сега очекува Европскиот парламент да го потврди нејзиниот избор, откако таа претходно пред европратениците ќе ги презентира своите политички насоки за следните пет години. Изразувајќи благодарност за нејзината номинација за висока претставничка, Калас рече дека тоа за неа претставува огромна одговорност во време на геополитички тензии.
Има војна во Европа и растечка нестабилност на глобално ниво, кои претставуваат главен предизвик за европската надворешна политика. Моја цел е да работам на европското единство, заштита на европските интереси и вредности во геополитички контекст и на изградба на партнерства кои се многу важни во ова време, истакна Калас, додавајќи дека е подготвена да соработува и со земјите членки и со европските институции.
Таа изрази задоволство што ќе може да соработува со Фон дер Лајен и со Кошта, со кои, како што нагласи, ќе претставуваат одличен тим во остварување на целите на Европската унија. - Многу сум почестена и благодарна. Ова не е чест само за мене, туку исто така и за Естонија, која е членка на ЕУ 20 години, потенцира Калас. Изборот на тројцата врвни функционери во Унијата беше извршен врз основа на договорот постигнат меѓу трите партиски групации од т.н. „проевропско“ мнозинство во Европарламентот, Европската народна партија, социјалдемократите и либералната група „Да ја обновите Европа“. Според дипломатски извори, италијанската премиерка Џорџа Мелони, која претходно изрази несогласување со договорот за распределба на највисоките позиции во ЕУ, се воздржала од гласањето за кандидатурата на Фон дер Лајен, а се изјаснила „против“ изборот на Кошта и Калас. Во објава на Икс, Мелони оцени дека ваквиот договор е „погрешен по методологијата и суштината“, додавајќи дека гласала на начинот на кој што гласала „од почит кон граѓаните и индициите што го добила од тие граѓани за време на изборите“. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој договорот го оцени како срамен, пак гласал „за“ изборот на Кошта, „против“ номинацијата на Фон дер Лајен и се воздржал од гласање за кандидатурата на Калас.

The post Мишел: Мисијата е завршена, ги избравме носителите на врвните функции во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Европски совет: Хамас, без никакви условувања, под итно да ги ослободи заложниците https://republika.mk/vesti/svet/evropski-sovet-hamas-bez-nikakvi-uslovuvana-pod-itno-da-gi-oslobodi-zalozhnitsite/ Sun, 15 Oct 2023 19:50:48 +0000 https://republika.mk/?p=691488

Лидерите на Европскиот совет денеска усвоија заедничка изјава со која се дефинира ставот на Европската унија во однос на развојот на ситуацијата на Блискиот исток, повикувајќи ги милитантите на Хамас веднаш да ги ослободат заложниците, без никакви услови.

„Европската унија најостро ги осудува Хамас и нивните брутални терористички напади низ Израел, изразувајќи длабоко жалење за загубените животи. Нема оправдување за теророт. Нагласуваме дека правото на Израел е да се брани во согласност со хуманитарните и меѓународните закон, по ваквите насилни и недискриминирачки напади. Ја повторуваме важноста да се обезбеди заштита на сите цивили во секое време, во согласност со меѓународното право“, соопшти Европскиот совет на својата веб-страница.

The post Европски совет: Хамас, без никакви условувања, под итно да ги ослободи заложниците appeared first on Република.

Европскиот совет на 17 октомври ќе одржи вонреден состанок за војната меѓу Израел и Хамас https://republika.mk/vesti/svet/evropskiot-sovet-na-17-oktomvri-ke-odrzhi-vonreden-sostanok-za-vojnata-megu-izrael-i-hamas/ Sun, 15 Oct 2023 09:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=691355

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека во вторник на 17 октомври ќе се одржи вонреден видео - состанок на лидерите на Европската унија, на кој ќе се разговара за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Бруталните терористички напади на Хамас врз Израел минатата сабота доведоа до трагична загуба на над илјада невини израелски цивили. Заложниците мора веднаш да бидат ослободени и без никакви предуслови. Нема оправдување за теророт, се вели во изјавата на Мишел.

Тој додаде дека ЕУ е во целост солидарна со израелскиот народ и со жртвите на терористичките напади и нагласи дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното право.

The post Европскиот совет на 17 октомври ќе одржи вонреден состанок за војната меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека во вторник на 17 октомври ќе се одржи вонреден видео - состанок на лидерите на Европската унија, на кој ќе се разговара за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. Бруталните терористички напади на Хамас врз Израел минатата сабота доведоа до трагична загуба на над илјада невини израелски цивили. Заложниците мора веднаш да бидат ослободени и без никакви предуслови. Нема оправдување за теророт, се вели во изјавата на Мишел. Тој додаде дека ЕУ е во целост солидарна со израелскиот народ и со жртвите на терористичките напади и нагласи дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното право.

The post Европскиот совет на 17 октомври ќе одржи вонреден состанок за војната меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>
ЕУ ја повика Кина да ја убеди Русија да го почитува меѓународното право https://republika.mk/vesti/svet/eu-ja-povika-kina-da-ja-ubedi-rusija-da-go-pochituva-megjunarodnoto-pravo/ Sat, 12 Nov 2022 16:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=573075

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ја повика Кина да ги „искористи сите средства“ за да ја убеди Русија да го почитува меѓународното право, неколку дена пред самитот на Групата 20 најиндустриски развиени земјиво светот и земји во развој (Г20) посветен на конфликтот во Украина.

„Ги охрабруваме кинеските власти да ги искористат сите средства што им се на располагање за да ја убедат Русија да ги почитува меѓународно признатите граници и да го почитува суверенитетот на Украина“, рече Мишел.

Тој престојува во Пном Пен, каде денеска и утре учествува на самитот на лидерите на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН). Мишел потоа ќе отпатува на индонезискиот остров Бали на самитот на Г-20, на кој ќе присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг

.„Важно е во овој брутален момент од човечката историја да постои меѓународна соработка и Г-20 ќе биде уште една можност да се погледнеме во очи“, рече Мишел и додаде дека е потребна соработка со земјите кои имаат различни политички ставови, но веруваат дека меѓународното право треба да биде заштитено.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, лидерите на ЕУ неколкупати ја повикаа Кина јавно да ги осуди постапките на Русија.

The post ЕУ ја повика Кина да ја убеди Русија да го почитува меѓународното право appeared first on Република.

ЕУ ги укинува царините за украинските производи https://republika.mk/vesti/svet/eu-gi-ukinuva-carinite-za-ukrainskite-proizvodi/ Wed, 25 May 2022 09:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=506665

Советот на Европската унија, кој претставува 27 земји-членки, одобри укинување на една година на царините за увоз на стоки од Украина со цел да и помогне на економијата на земјата поради руската војната операција.

Мерката, предложена од Европската комисија на 27 април, беше одобрена од Европскиот парламент на 19 мај.

Одлуката сега е потврдена и ќе стапи на сила еден ден по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ, се додава во соопштението на Советот.

Укинувањето на царините „ќе ја олесни трговската размена со Украина и ќе и помогне на нејзината економија - изјави на прес-конференција потпретседателот на Комисијата, Валдис Домбровскис, пренесува Хина.

Билатералната трговска размена меѓу ЕУ и Украина минатата година изнесуваше 52 милијарди евра, соопшти европското извршно тело.

Бруто домашниот производ (БДП) на Украина се очекува да падне за 35 отсто оваа година, според проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавена на 19-ти април.

The post ЕУ ги укинува царините за украинските производи appeared first on Република.

]]>

Советот на Европската унија, кој претставува 27 земји-членки, одобри укинување на една година на царините за увоз на стоки од Украина со цел да и помогне на економијата на земјата поради руската војната операција. Мерката, предложена од Европската комисија на 27 април, беше одобрена од Европскиот парламент на 19 мај. Одлуката сега е потврдена и ќе стапи на сила еден ден по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ, се додава во соопштението на Советот.
Укинувањето на царините „ќе ја олесни трговската размена со Украина и ќе и помогне на нејзината економија - изјави на прес-конференција потпретседателот на Комисијата, Валдис Домбровскис, пренесува Хина.
Билатералната трговска размена меѓу ЕУ и Украина минатата година изнесуваше 52 милијарди евра, соопшти европското извршно тело. Бруто домашниот производ (БДП) на Украина се очекува да падне за 35 отсто оваа година, според проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавена на 19-ти април.

The post ЕУ ги укинува царините за украинските производи appeared first on Република.

]]>
Мишел реизбран за претседател на Европски совет https://republika.mk/vesti/svet/mishel-reizbran-za-pretsedatel-na-evropski-sovet/ Thu, 24 Mar 2022 20:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=477953

Шарл Мишел денеска е реизбран за претседател на Европскиот совет.

Поранешниот премиер на Белгија на функцијата во Европски совет ќе биде до ноември 2024 година.

Мишел нема право на трет мандат.

The post Мишел реизбран за претседател на Европски совет appeared first on Република.

]]>

Шарл Мишел денеска е реизбран за претседател на Европскиот совет. Поранешниот премиер на Белгија на функцијата во Европски совет ќе биде до ноември 2024 година. Мишел нема право на трет мандат.

The post Мишел реизбран за претседател на Европски совет appeared first on Република.

]]>
Мишел: ЕУ ќе ја олесни испораката на воена помош за Украина https://republika.mk/vesti/svet/mishel-eu-kje-ja-olesni-isporakata-na-voena-pomosh-za-ukraina/ Sat, 26 Feb 2022 21:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=464549

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва најави дека ЕУ ќе и помогне на Украина и во одбраната.

„Ќе ја олесниме испораката на воена помош за Украина. Демократска Украина ќе победи“, напиша Мишел на својот Твитер профил.

Мишел го ретвитна претходниот твит на министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, кој за утре во 18 часот закажа виртуелен состанок на Советот на министри на ЕУ, на кој треба да се одлучи за итен пакет европска помош за воените сили на Украина.

The post Мишел: ЕУ ќе ја олесни испораката на воена помош за Украина appeared first on Република.