Европски сојуз за промени Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-sojuz-za-promeni/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jan 2024 15:59:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европски сојуз за промени Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-sojuz-za-promeni/ 32 32 Европскиот сојуз за промени бара да се испита дали Груби им доделил пари на невладини организации блиски до ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/evropskiot-sojuz-za-promeni-bara-da-se-ispita-dali-grubi-im-dodelil-pari-na-nevladini-organizatsii-bliski-do-dui/ Sun, 28 Jan 2024 15:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=737836

Како да не беа доволни бизнисите со игрите на среќа, како што сме информирани деновиве, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое го предводи вицепремиерот Артан Груби, им додели големи суми на пари на неколку невладини организации кои се блиски до ДУИ или
кои се раководат од високи кадри на ДУИ.

Станува збор за сума од 350.000 евра, која завршила кај лица вработени во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во Министерството за култура, високите функционери на ДУИ, па дури и кај поранешни пратеници и државни секретари.

За да биде сомнежот поубедлив дека се работи за перење пари служи и фактот што дел од овие луѓе, кои ги раководат со овие организации, се и официјални донатори на ДУИ. Тоа налага да се мисли дека се работи за сериозна финансиска манипулација, бидејќи од една страна се чини дека Артан Груби издвојува државни пари за овие организации, а од друга страна истите пари се враќаат во ДУИ.

Поради ова ние бараме од Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство да го истражат овој случај и да откријат кои се вистинските причини поради кои Артан Груби им доделил средства на овие
организации, под какво образложение биле пуштени тие средства и, што е најважно, каде завршиле истите средства? Дополнително, очекуваме Финансиската полиција и Обвинителството да ја истражат и поврзаноста меѓу овие средства и донации кои одат во Демократската унија за интеграција или дури и во џебовите на одредени функционери на оваа партија. Доколку нема истраги, расте сомнежот и кај истражните органи дека и тие се заробеи.

Како и да е, Европскиот сојуз за промени по 8 мај годинава ќе иницира истражна постапка за овој предмет и дефинитивно ќе има одговорност. Не можеме повеќе да дозволиме заробена државата и висока корупција во име на европската интеграција.

The post Европскиот сојуз за промени бара да се испита дали Груби им доделил пари на невладини организации блиски до ДУИ appeared first on Република.

]]>

Како да не беа доволни бизнисите со игрите на среќа, како што сме информирани деновиве, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое го предводи вицепремиерот Артан Груби, им додели големи суми на пари на неколку невладини организации кои се блиски до ДУИ или кои се раководат од високи кадри на ДУИ. Станува збор за сума од 350.000 евра, која завршила кај лица вработени во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во Министерството за култура, високите функционери на ДУИ, па дури и кај поранешни пратеници и државни секретари. За да биде сомнежот поубедлив дека се работи за перење пари служи и фактот што дел од овие луѓе, кои ги раководат со овие организации, се и официјални донатори на ДУИ. Тоа налага да се мисли дека се работи за сериозна финансиска манипулација, бидејќи од една страна се чини дека Артан Груби издвојува државни пари за овие организации, а од друга страна истите пари се враќаат во ДУИ. Поради ова ние бараме од Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство да го истражат овој случај и да откријат кои се вистинските причини поради кои Артан Груби им доделил средства на овие организации, под какво образложение биле пуштени тие средства и, што е најважно, каде завршиле истите средства? Дополнително, очекуваме Финансиската полиција и Обвинителството да ја истражат и поврзаноста меѓу овие средства и донации кои одат во Демократската унија за интеграција или дури и во џебовите на одредени функционери на оваа партија. Доколку нема истраги, расте сомнежот и кај истражните органи дека и тие се заробеи. Како и да е, Европскиот сојуз за промени по 8 мај годинава ќе иницира истражна постапка за овој предмет и дефинитивно ќе има одговорност. Не можеме повеќе да дозволиме заробена државата и висока корупција во име на европската интеграција.  

The post Европскиот сојуз за промени бара да се испита дали Груби им доделил пари на невладини организации блиски до ДУИ appeared first on Република.

]]>
МВР во соработка со Пошта да овозможи доставување на личните документи на граѓаните до домовите, предлага Европскиот сојуз за промени https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-vo-sorabotka-so-poshta-da-ovozmozhi-dostavuvane-na-lichnite-dokumenti-na-graganite-do-domovite-predlaga-evropskiot-sojuz-za-promeni/ Wed, 17 Jan 2024 13:12:23 +0000 https://republika.mk/?p=734015

Коалицијата на албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени денеска побара Mинистерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со Пошта на Македонија да ги доставува личните документи до домовите на граѓаните за да се елиминираат долгите редици за вадење на документите.

Саранда Имери, претставничка на Европскиот сојуз за промени, посочи дека на Албанците во земјава и покрај Законот за употреба на албанскиот јазик не им било дозволено да извадат пасош на албански јазик, и како што рече, албанските граѓаните кои мора да патуваат во странство биле должни да извадат пасош на македонски јазик.

Оваа корумпирана влада нѐ враќа во времето на комунизмот кога на Албанците им беше скратено секое право. За жал албанските граѓани кои мора да патуваат во странство се должни да извадат пасош на македонски јазик. Овие редици не се случајни, ова се прави така што албанскиот граѓанин треба да повика некој да интервенира и на тој начин Владата да го услови за уште еден глас – рече Имери.

The post МВР во соработка со Пошта да овозможи доставување на личните документи на граѓаните до домовите, предлага Европскиот сојуз за промени appeared first on Република.

]]>

Коалицијата на албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени денеска побара Mинистерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со Пошта на Македонија да ги доставува личните документи до домовите на граѓаните за да се елиминираат долгите редици за вадење на документите. Саранда Имери, претставничка на Европскиот сојуз за промени, посочи дека на Албанците во земјава и покрај Законот за употреба на албанскиот јазик не им било дозволено да извадат пасош на албански јазик, и како што рече, албанските граѓаните кои мора да патуваат во странство биле должни да извадат пасош на македонски јазик.
Оваа корумпирана влада нѐ враќа во времето на комунизмот кога на Албанците им беше скратено секое право. За жал албанските граѓани кои мора да патуваат во странство се должни да извадат пасош на македонски јазик. Овие редици не се случајни, ова се прави така што албанскиот граѓанин треба да повика некој да интервенира и на тој начин Владата да го услови за уште еден глас – рече Имери.
 
The post МВР во соработка со Пошта да овозможи доставување на личните документи на граѓаните до домовите, предлага Европскиот сојуз за промени appeared first on Република.

]]>
Минимумот што го очекуваме од техничката влада е промена на импотентните Бојан Маричиќ и Бујар Османи, велат од Евроспкиот сојуз за промена https://republika.mk/vesti/makedonija/minimumot-shto-go-ochekuvame-od-tehnichkata-vlada-e-promena-na-impotentnite-bojan-marichik-i-bujar-osmani-velat-od-evrospkiot-sojuz-za-promena/ Wed, 20 Dec 2023 19:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=725026

Чекавме неколкy дена шокираните од резултатите на Брисел да се вразумат и да станат свесни за кочењето на интеграцискиот процес на земјата, но гледаме дека ова време не им послужи на нив за да се освестат и да рефлектираат за (не)резултатите, рече денеска Фари Хисени од Европскиот сојуз за промена, додавајќи дека ова „ни дава да разбереме дека нивното разочарување е толку лажна како што е и нивната цел за интеграција, инаку пред граѓаните на оваа земја ќе излегоа со отчетност и одговорност, а не со поплаки“.

Бидејќи сме свесни дека ниту се случило, а ниту ќе се случи некој да понесе одговорност за овој неуспех на Владата, тука сме уште еднаш да го истакнеме нашето незадоволство и да побараме итна оставка на заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во реалност, сите министри на оваа Влада имаат значителна улога во овој неуспех, но овие две личности се оние кои го носат знамето на неуспехот и не заслужуваат да останат ниту еден ден во оваа Влада, а останиот состав на Владата ги бројат деновите. Минимумот што го очекуваме од техничката влада е промена на овие двајца импотентни министри, кои резултираа со уназадување, додека граѓаните да имаат трпение до 8 мај за да се спасат од ПСЕУДО Европскиот фронт. Во меѓувреме, Европскиот сојуз за промена останува вистинската адреса за постигнување на оваа цел и ќе остане единствен фактор што ќе обезбеди европски реформи и ќе се бори против корупцијата по секоја цена, носејќи ја долгоочекуваната европската промена кај граѓаните, рече тој.

The post Минимумот што го очекуваме од техничката влада е промена на импотентните Бојан Маричиќ и Бујар Османи, велат од Евроспкиот сојуз за промена appeared first on Република.

Европски сојуз за промени: Дали Љупчо Палевски е вмешан во организацијата на случајот „Монструм“? https://republika.mk/vesti/makedonija/evropski-sojuz-za-promeni-dali-lupcho-palevski-e-vmeshan-vo-organizatsijata-na-sluchajot-monstrum/ Fri, 08 Dec 2023 14:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=721033

Неодамнешните трагични случувања со убиството на 14-годишното девојче и 74-годишниот велешанец, отвораат дополнителни сомнежи за делата што главниот осомничен за организацијата на делото, Љупчо Палевски, познат по прекарот Палчо, беше вклучен и во „другите монтирани случаи“, изјавија денеска од Европскиот сојуз за промени.

Кога министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека главниот осомничен кој го изврши убиството на Вања, како и неговите соработници, работеле за моќни антизападни центри, тогаш логично е да се сомневаме дека истите организатори на убиството на Вања, се вмешани и во организацијата на случајот „Монструм“ каде на грозоморен начин беа убиени пет млади момчиња. И сето тоа, во пресрет на верските празници, со цел преку меѓуетнички тензии да предизвикаат дестабилизација на општеството. Затоа, Европскиот Сојуз за Промени бара од Министерството за внатрешни работи и од правосудните истражни органи да излезат и јавно да ја информираат јавноста каде бил Љупчо Палевски – Палчо на 24 април 2012 година, денот кога се случи монтираниот случај “Монструм”? Од друга страна, бараме од Министерството за правда и МВР, не само да ја заморуваат јавноста со изјави во кои се објаснуваат постапките за екстрадиција, туку да го истражат и конкретно да го наведат денот кога ќе биде екстрадиран од Турција главниот осомничен за организирање на убиството на Вања и Панче, велат од Евроспки сојуз за промени.

The post Европски сојуз за промени: Дали Љупчо Палевски е вмешан во организацијата на случајот „Монструм“? appeared first on Република.

Врвот на ДУИ вмешан во меѓународен скандал, обвинуваат од Европскиот Сојуз за Промени https://republika.mk/vesti/makedonija/vrvot-na-dui-vmeshan-vo-megunaroden-skandal-obvinuvaat-od-evropskiot-sojuz-za-promeni/ Sat, 25 Nov 2023 13:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=716161

Ќе објавиме скандалозни сознанија за дејноста која се одвива во овој деловен простор, лоциран во ТЦ Мавровка, истакнаа од Европскиот Сојуз за Промени.

Овој објект од 2014 до 2021 година бил во сопственост на ДУИ, која го издава на компанија која се занимава со приредување игри на среќа за само 500 евра месечно, додека реалната вредност е 10 пати поголема.

Истиот деловен објект во 2021 е купен од истата компанија за смешни 190 евра м2. Значи фирмата БАНАНА КИЦК ДОО Тетово, на браќата Емир и Илир Шефити, од закупец станува сопственик на овој деловен простор. Овие сознанија ги објави и Фокус, а до нас пристигнаа уште многу други детали кои сакаме да ги изнесеме.

Она што е многу важно јавноста да го знае е дека Емир и Илир Шефити не се случајни луѓе кои случајно го зеле под закуп, а подоцна и го купиле овој деловен простор по смешни износи. Овие браќа се први роднини на Елмедин Адеми, сопственик на фамозната Еуровиа која ги добива сите поважни тендери и е главен донатор на ДУИ.

Бидејќи сме сигурни дека се работи за уште еден огромен скандал во режија на сицилијанскиот октопод на раководството на ДУИ, денес ќе поставиме неколку прашања.

– Дали е точно дека со дозвола на врвот на ДУИ во оваа просторија НЕЛЕГАЛНО се приредуваат игри на среќа преку интернет, таканаречено онлајн коцкање?

– Дали е точно дека нелегалното коцкање се приредува за државјани на Турција и Албанија да играат на овие платформи, бидејќи во нивните држави игрите на среќа се забранети?

– Ако е ова е точно, дали ДУИ е директно вмешан во овој нелегален бизнис?

Веќе е очигледно дека врвот на ДУИ е до гуша вмешан во коцкарскиот бизнис. Како што се чини ги поминале и границите на Македонија и стануваат регионален центар за овој нелегален бизнис.

За ова мора да има политичка и правна одговорност. Ако лицето на срамот на ДУИ е Артан Груби, тогаш тој веднаш треба да си замине од Владата.

Артан Груби јавно ја злоупотребува политичката моќ и се дрзнува да се заканува на судии, затоа што е убеден дека правосудните органи не можат да преземат ништо против него.

Но, ние сме убедени дека казната за Груби и ДУИ на следните избори ќе дојде од граѓаните. После тоа, нема бегање од правдата, нагласија од Европскиот Сојуз за Промени.

The post Врвот на ДУИ вмешан во меѓународен скандал, обвинуваат од Европскиот Сојуз за Промени appeared first on Република.

]]>

Ќе објавиме скандалозни сознанија за дејноста која се одвива во овој деловен простор, лоциран во ТЦ Мавровка, истакнаа од Европскиот Сојуз за Промени. Овој објект од 2014 до 2021 година бил во сопственост на ДУИ, која го издава на компанија која се занимава со приредување игри на среќа за само 500 евра месечно, додека реалната вредност е 10 пати поголема. Истиот деловен објект во 2021 е купен од истата компанија за смешни 190 евра м2. Значи фирмата БАНАНА КИЦК ДОО Тетово, на браќата Емир и Илир Шефити, од закупец станува сопственик на овој деловен простор. Овие сознанија ги објави и Фокус, а до нас пристигнаа уште многу други детали кои сакаме да ги изнесеме. Она што е многу важно јавноста да го знае е дека Емир и Илир Шефити не се случајни луѓе кои случајно го зеле под закуп, а подоцна и го купиле овој деловен простор по смешни износи. Овие браќа се први роднини на Елмедин Адеми, сопственик на фамозната Еуровиа која ги добива сите поважни тендери и е главен донатор на ДУИ. Бидејќи сме сигурни дека се работи за уште еден огромен скандал во режија на сицилијанскиот октопод на раководството на ДУИ, денес ќе поставиме неколку прашања. – Дали е точно дека со дозвола на врвот на ДУИ во оваа просторија НЕЛЕГАЛНО се приредуваат игри на среќа преку интернет, таканаречено онлајн коцкање? – Дали е точно дека нелегалното коцкање се приредува за државјани на Турција и Албанија да играат на овие платформи, бидејќи во нивните држави игрите на среќа се забранети? – Ако е ова е точно, дали ДУИ е директно вмешан во овој нелегален бизнис? Веќе е очигледно дека врвот на ДУИ е до гуша вмешан во коцкарскиот бизнис. Како што се чини ги поминале и границите на Македонија и стануваат регионален центар за овој нелегален бизнис. За ова мора да има политичка и правна одговорност. Ако лицето на срамот на ДУИ е Артан Груби, тогаш тој веднаш треба да си замине од Владата. Артан Груби јавно ја злоупотребува политичката моќ и се дрзнува да се заканува на судии, затоа што е убеден дека правосудните органи не можат да преземат ништо против него. Но, ние сме убедени дека казната за Груби и ДУИ на следните избори ќе дојде од граѓаните. После тоа, нема бегање од правдата, нагласија од Европскиот Сојуз за Промени.

The post Врвот на ДУИ вмешан во меѓународен скандал, обвинуваат од Европскиот Сојуз за Промени appeared first on Република.

]]>
Обединување на албанската опозиција: Главна цел испраќање во историјата на ДУИ и Али Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/obedinuvane-na-albanskata-opozitsija-glavna-tsel-isprakane-vo-istorijata-na-dui-i-ali-ahmeti/ Sun, 05 Nov 2023 15:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=698490

Обединување на албанската опозиција со цел завршување на речиси 20 годишното владеење на ДУИ и Али Ахмети. Алтернатива, Беса и Демократското движење на Изет Меџити ја промовираа коалицијата „Европски сојуз за промени“. Порачаа дека главна цел ќе им биде борбата со корупцијата и испраќањето во историјата на како што го кажаа злото ДУИ, која од своето основање во 2002-ра, само две години беше во опозиција, во периодот од 2006-та до 2008-ма година.

-Желбата на албанскиот народ за промени е толку голема што нас не натера да ги заборавиме разликите од минатото. Како што може да видите и покрај тоа што порано сме си размениле тешки зборови, денес сме заедно. На Али Ахмети и на сите негови слуги сакаме да им порачаме следното, подготвени сме, прочитани сте, тргнуваме во конечна демократска битка за искоренување на злото кое го произведувате за албанскиот народ, изјави Билал Касами, претседател на Беса.

Гаши, Касами и Меџити се на ставот дека претседателските и парламентарни избори треба да се одржат во ист термин. Порачаа дека државата подолг период би била блокирана ако има два изборни циклуси, но и дека тоа ќе претставува непотребно трошење на парите на граѓаните.

-Заедно со претседателските избори, мислам дека треба да бидат и парламентарните и граѓаните да не ги мачиме два пати и да не трошиме многу буџетски пари на граѓаните. Но и рокот во кој државата би била заробена би било 6-7 месеци ако ги одвоиме парламентарните и претседателските. Така да, кога и да е јас сум убеден дека дента на изборите, вечера вака може да ве повикам да славиме заедно, изјави Африм Гаши, претседател на Алтернива.

Еден од главните постулати на оваа коалиција се и евроинтеграциите, но имаат и свој услов за поддршка на уставните измени. Покрај внесувањето на Бугарите, бараат и бришење на 20 проценти за абанскиот јазик, со што тој во Уставот би се израмнил со македонскиот.

-Кога има простор и време значи за многу помали заедници, со што се става и се дефакторизира и се става во прашање и бадинтеровиот принцип, кој што беше клучен принцип за да престане војната и да има Рамковен договор, тогаш треба да има време и за втората заедница, за Албанците и еднаш засекогаш, сите знаеме дека тоа 20 проценти се однесува на албанскиот јазик, треба јасно и гласно да стои во Уставот албански јазик како службен јазик, изјави Изет Меџити, претседател на Демократското движење.

Испратија порака Алијансата на Албанците да соработуваат за претстојните парламентарни избори, но таму најавија самостоен настап. Партијата на Таравари во моментов е дел од владејачката коалиција со СДСМ и ДУИ.

Извор: Алфа

The post Обединување на албанската опозиција: Главна цел испраќање во историјата на ДУИ и Али Ахмети appeared first on Република.

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт https://republika.mk/vesti/makedonija/evropski-sojuz-za-promeni-e-imeto-na-koalitsijata-na-opozitsiskiot-albanski-front/ Sun, 05 Nov 2023 12:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=698430

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт - Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива.

Оваа денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од двајцата претседатели на партиите Изет Меџити и Биљал Касами.

Гаши информира дека врвен приоритет на нивната коалиција останува борбата против корупцијата. Посочи дека го поддржуваат и патот на нашата земја кон евроинтеграциите.

Гаши потенцира дека крајно време е да се тргне навредливата формулација „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со албански јазик.

The post „Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт appeared first on Република.

]]>

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт - Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива. Оваа денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од двајцата претседатели на партиите Изет Меџити и Биљал Касами. Гаши информира дека врвен приоритет на нивната коалиција останува борбата против корупцијата. Посочи дека го поддржуваат и патот на нашата земја кон евроинтеграциите. Гаши потенцира дека крајно време е да се тргне навредливата формулација „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со албански јазик.

The post „Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт appeared first on Република.

]]>