Европски синдикати Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-sindikati/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Oct 2022 17:48:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европски синдикати Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-sindikati/ 32 32 Европски синдикати: Одлуките на ЕУ за енергетската криза се недоволни и нецелосни https://republika.mk/vesti/svet/evropski-sindikati-odlukite-na-eu-za-energetskata-kriza-se-nedovolni-i-necelosni/ Fri, 21 Oct 2022 19:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=564139

Генералниот секретар на Конфедерацијата на европски синдикати, Лука Висентини, ги поздрави напорите на лидерите на ЕУ да постигнат компромис за ценовниот шок во енергијата, но смета дека мерките не се доволни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Го цениме фактот што заклучоците на Советот разгледуваат механизам за ограничување на енергетските цени и некаков вид реформа на пазарот на енергетски цени, но тоа што беше најавено е нецелосно и недоволно - е ставот на Висентини.

Според него, вчерашните најави остануваат само декларации, без конкретни и смели мерки, додека цените продолжуваат вртоглаво да растат.

Европските синдикати сакаат да видат поконкретни одлуки, како оданочување на големите профити на компаниите, што би било неопходно за да се стави крај на пазарната шпекулација, но и ќе помогне за фер редистрибуција на богатството и солидарноста. Синдикатите, кои пред неколку дена објавија студија за падот на платите на работниците и растот на профитите на корпорациите, жалат што ЕУ лидерите не се осврнале на итноста на состојбата со платите во ЕУ.

Иако заклучоците содржат неколку референци за потребата да се земат предвид неколку мерки на солидарност во ЕУ, што е важен напредок, нема никаква референца за итната потреба за вонредни ЕУ алатки базирани на заеднички долг за да се поддржат работниците, домаќинствата и бизнисите кои се борат со кризата - изјави Висентини.

Тој потсети дека ситуацијата во која се наоѓа Европа бара итна реакција.

Оваа криза ќе биде пострашна од пандемијата и ќе ги погоди работниците уште повеќе, поради тоа мора да се решава со највисок степен на амбиција и солидарност, како што беше сторено во 2020 - порача генералниот секретар на Конфедерацијата на европски синдикати.

The post Европски синдикати: Одлуките на ЕУ за енергетската криза се недоволни и нецелосни appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Конфедерацијата на европски синдикати, Лука Висентини, ги поздрави напорите на лидерите на ЕУ да постигнат компромис за ценовниот шок во енергијата, но смета дека мерките не се доволни, јави дописничката на МИА од Брисел.
Го цениме фактот што заклучоците на Советот разгледуваат механизам за ограничување на енергетските цени и некаков вид реформа на пазарот на енергетски цени, но тоа што беше најавено е нецелосно и недоволно - е ставот на Висентини.
Според него, вчерашните најави остануваат само декларации, без конкретни и смели мерки, додека цените продолжуваат вртоглаво да растат. Европските синдикати сакаат да видат поконкретни одлуки, како оданочување на големите профити на компаниите, што би било неопходно за да се стави крај на пазарната шпекулација, но и ќе помогне за фер редистрибуција на богатството и солидарноста. Синдикатите, кои пред неколку дена објавија студија за падот на платите на работниците и растот на профитите на корпорациите, жалат што ЕУ лидерите не се осврнале на итноста на состојбата со платите во ЕУ.