европски град на спортот Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-grad-na-sportot/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Dec 2023 09:44:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европски град на спортот Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-grad-na-sportot/ 32 32 Штип прогласен за Европски град на спортот за 2024 година https://republika.mk/vesti/makedonija/shtip-proglasen-za-evropski-grad-na-sportot-za-2024-godina/ Fri, 08 Dec 2023 09:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=720951

Штип е прогласен за Европски град на спортот за 2024 година во конкуренција на градови од 25.000-500.000 жители.

Градоначалникот Иван Јорданов објави дека на гала-доделувањата на награди во Европскиот парламент во Брисел, ја примиле наградата и признанието кое претставува одлична можност за уште поголем развој на спортот, спортските клубови и спортската инфраструктура во градот.

Ја користам оваа прилика да најавам дека во првата половина од 2024 година ќе почне изградбата на СЦ „Џексон“ со капацитет до 1000 посетители. Доизградба и целосна реконструкција на градскиот стадион со две модерни трибини и атлетска патека. Изградба на сала за училишен спорт во населба Три Чешми и Караорман. Превземање и доизградба на затворениот базен кој подолго време е во застој. Изградба на сала за боречки спортови, објави Јорданов на Фејсбук.

Градоначалникот најави дека во 2024 година секое населено место во Штип ќе добие модерни спортски терени и содржини, а за спортските клубови и спортистите ќе има финансиска поддршка за нивните достигнувања да бидат уште поголеми.

The post Штип прогласен за Европски град на спортот за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Штип е прогласен за Европски град на спортот за 2024 година во конкуренција на градови од 25.000-500.000 жители. Градоначалникот Иван Јорданов објави дека на гала-доделувањата на награди во Европскиот парламент во Брисел, ја примиле наградата и признанието кое претставува одлична можност за уште поголем развој на спортот, спортските клубови и спортската инфраструктура во градот.