Европски град на годината Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-grad-na-godinata/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 10:10:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европски град на годината Archives - Република https://republika.mk/tema/evropski-grad-na-godinata/ 32 32 Овој европски град е прогласен за град на годината https://republika.mk/zivot/patuvanja/ovoj-evropski-grad-e-proglasen-za-grad-na-godinata/ Thu, 10 Oct 2024 19:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=825185

Списанието Food and Travel го прогласи Берлин за град на годината благодарение на неговата богата и разновидна гастрономска понуда.

Овој град го презеде водството пред Бордо, Кејп Таун, Дубровник, Жирона, Сеул, Сиднеј, Токио и Цирих.

За ова признание својата среќа ја изрази Буркард Кикер, кој работи за туристичкиот портал Visit Berlin.

Воодушевени сме што читателите го препознаа кулинарскиот потенцијал на Берлин. Оваа награда покажува како храната стана вистинска причина за патување, рече тој.

Берлин одамна е познат по својата фантастична храна, а тоа најмногу се должи на многубројните миграциски бранови. Се вели дека турските имигранти го измислиле донер ќебапот во Кројцберг во 1970-тите.

По падот на Берлинскиот ѕид, овој град повторно се етаблира како метропола за гурманите. Дури и во поранешните источни области, како што се Мите или Пренцлауер Берг, денес има бројни ресторани со меѓународна понуда.

Покрај горенаведеното, Food and Travel Magazine ги прогласи најдобрите дестинации за долги и кратки патувања. Јужна Африка ја освои титулата топ дестинација за долги патувања, а Шпанија за кратки патувања.

The post Овој европски град е прогласен за град на годината appeared first on Република.

]]>

Списанието Food and Travel го прогласи Берлин за град на годината благодарение на неговата богата и разновидна гастрономска понуда. Овој град го презеде водството пред Бордо, Кејп Таун, Дубровник, Жирона, Сеул, Сиднеј, Токио и Цирих. За ова признание својата среќа ја изрази Буркард Кикер, кој работи за туристичкиот портал Visit Berlin.
Воодушевени сме што читателите го препознаа кулинарскиот потенцијал на Берлин. Оваа награда покажува како храната стана вистинска причина за патување, рече тој.
Берлин одамна е познат по својата фантастична храна, а тоа најмногу се должи на многубројните миграциски бранови. Се вели дека турските имигранти го измислиле донер ќебапот во Кројцберг во 1970-тите. По падот на Берлинскиот ѕид, овој град повторно се етаблира како метропола за гурманите. Дури и во поранешните источни области, како што се Мите или Пренцлауер Берг, денес има бројни ресторани со меѓународна понуда. Покрај горенаведеното, Food and Travel Magazine ги прогласи најдобрите дестинации за долги и кратки патувања. Јужна Африка ја освои титулата топ дестинација за долги патувања, а Шпанија за кратки патувања.

The post Овој европски град е прогласен за град на годината appeared first on Република.

]]>